игор пехчевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 08 Jul 2023 08:09:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png игор пехчевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пациентот со цистична фиброза до Меџити: Дај Боже вие да го доживеете истото шоу – да молиш за лек, а да нема https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patsientot-so-tsistichna-fibroza-do-medhiti-daj-bozhe-vie-da-go-dozhiveete-istoto-shou-da-molish-za-lek-a-da-nema/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patsientot-so-tsistichna-fibroza-do-medhiti-daj-bozhe-vie-da-go-dozhiveete-istoto-shou-da-molish-za-lek-a-da-nema/#respond Sat, 08 Jul 2023 08:09:59 +0000 https://kurir.mk/?p=854276

Пациентот Игор Пехчевски кој боледува од цистична фиброза, а за кој министерот за здравство Фатмир Меџити во интервју за „Макфакс“ кажа дека правел шоу сликајќи се во болница со транспарент преку кој бара лек, им порача на институциите: „Нема и не ви дозволувам да ме умрете млад“. Пациентот побара јавно извинување од Меџити, но досега не го доби. Побара и итна набавка на лекот „трикафта“ кој исто така не го доби. „И покрај потешкотиите со болеста што ја имам, нема да се предадам ни на болеста ни на вас. Дај Боже вие министер Фатмир Меџити да го доживеете истото шоу, на вас и на вашите најблиски. Да молиш за лек, а да нема воопшто лек. Па да видиш што е болка“, напиша Пехчевски. Министерот за здравство, Фатмир Меџити не признаваше дека нема „трикафта“ за сите пациенти со цистична фиброза. Тој тврдеше дека дури сега се финализира протоколот кој ќе треба да покаже кои пациенти ќе треба да го примаат овој лек кој го стопира прогресирањето на болеста. Зборуваше и за случајот на пациентот Игор Пехчевски кој постојано бара терапија со „трикафта“, кого го обвини дека правел шоу. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patsientot-so-tsistichna-fibroza-do-medhiti-daj-bozhe-vie-da-go-dozhiveete-istoto-shou-da-molish-za-lek-a-da-nema/feed/ 0
Се бореше за сите да го имаат лекот кој тој не го доби, а сега му свртеа грб: АЦФ се огради од изјавата на Пехчевски, еве што им порача пациентот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-boreshe-za-site-da-go-imaat-lekot-koj-toj-ne-go-dobi-a-sega-mu-svrtea-grb-atsf-se-ogradi-od-izjavata-na-pehchevski-eve-shto-im-poracha-patsientot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-boreshe-za-site-da-go-imaat-lekot-koj-toj-ne-go-dobi-a-sega-mu-svrtea-grb-atsf-se-ogradi-od-izjavata-na-pehchevski-eve-shto-im-poracha-patsientot/#respond Sat, 15 Apr 2023 12:43:44 +0000 https://kurir.mk/?p=824258

Од Асоцијацијата за цистична фиброза преку официјалниот фејсбук профил се оградија од изјавата на пациентот Игор Пехчевски член на АЦФ кој за Слободен печат раскажа дека директорката на Детската клиника од почетокот не е во добри односи поради тоа што преку медиумите и социјалните мрежи постојано алармира за својата тешка состојба и го бара лекот „трикафта“. „АЦФ којашто ги застапува интересите на сите пациенти без никаков исклучок како и досега ќе продолжи да дејствува за обезбедување современа терапија за сите пациенти со цистична фиброза. Во врска со најновите случувања и изјава на пациентот Игор Пехчевски, член на АЦФ, Асоцијацијата се оградува од лично изнесениот став на пациентот поврзан со лечењето и третманот кон него. Воедно, како Асоцијација на пациенти немавме и немаме забелешки за професионалниот пристап и третманот од страна на здравствените работници задолжени за оваа специфична здравствена состојба. Напротив, токму заради професионалниот пристап, голема е почитта кон сите нив меѓу кои и професорката Стојка Фустиќ, особено затоа што е достапна во секое време, без разлика дали станува збор за празник или нејзин слободен ден. Сметаме дека личното незадоволство на нашиот член Игор, потенцијално може да оди на штета на сите пациенти и на она што Асоцијацијата до овој момент успеа да го постигне“, стои во нивното соопштение. Игор Пехчевски пациент болен од цистична фиброза денеска со нов напис на социјалните мрежи и со нова порака за болните од цистична фиброза, откако Асоцијацијата за цистична фиброза се огради од неговата изјава дадена вчера за Слободен печат, упатувајќи низа критики за здравствениот систем -Сострадувам и се борам за сите мои соборци болни од цистична фиброза, но се смеам кога потпретседателот и претседателот први ќе добијат од лекот, а пред да го добијат ќе цимолат и неможат да добијат ништо додека едно дете кое никој не го знае и познава не излезе со транспарент од болничкиот кревет „Трикафта за сите“. Потоа, во името на Асоцијацијата за цистична фиброза каде сите треба да бидеме еднакви организираат средби, работни групи за да на крај го добијат лекот и без срам се оградуваат од БОРБАТА на еден свој СОБОРЕЦ, нарекувајки го Игор Пехчевски П.С. Фики Гаспар и Ивана Атанасоска, нели капетаните последни го напуштаат бродот, Вие први го сторивте тоа. Нека ви служи на честа, пишува Пехчевски на неговиот фејсбук профил. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-boreshe-za-site-da-go-imaat-lekot-koj-toj-ne-go-dobi-a-sega-mu-svrtea-grb-atsf-se-ogradi-od-izjavata-na-pehchevski-eve-shto-im-poracha-patsientot/feed/ 0
Пехчевски: Докторката ми кажа дека ако продолжам да давам изјави, за мене нема да има место во болницата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pehchevski-doktorkata-mi-kazha-deka-ako-prodolzham-da-davam-izjavi-za-mene-nema-da-ima-mesto-vo-bolnitsata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pehchevski-doktorkata-mi-kazha-deka-ako-prodolzham-da-davam-izjavi-za-mene-nema-da-ima-mesto-vo-bolnitsata/#respond Fri, 14 Apr 2023 18:50:32 +0000 https://kurir.mk/?p=824102

Игор Пехчевски кој е сместен на Универзитетската клиника за детски болести каде прима терапија за цистична фиброза, ја обвини Д-р Стојка Нацева Фуштиќ, која е в.д. медицински директор на детската клиника дека му се заканила oти ако дава изјави за лекот „трикафта“, за него нема да има место во болницата за лекување. „Д-р Стојка Фуштиќ со дрзок тон и завчера и вчера дојде 2-3 пати во болничката соба и ми кажа доколку пак дојдат новинарски екипи за викендот да давам изјави за лекот Трикафта, дека за мене повеќе немало да има место во оваа болница за Цистична фиброза за лекување. Докторке оваа болница не лично Ваша за да може така дрско да се однесувате со пациентите и да давате изјави дека пациентот ќе си оди на 15.04.2023г. А имам документ со отпусна листа која е со датум 18.04.2023год. Како ќе ме погледнете во очи мене и другите пациенти за ова што ми го правите пред цела Македонска јавност“, пишува Пехчевски на социјалните мрежи. Пехчевски кажа дека со отпусната листа му се ускратени уште цели два дена од примањето на венската терапија. Претходно денес од Универзитетската клиника за детски болести објавија дека Пехчевски е во стабилна состојба и утре ќе биде пуштен дома. Со спроведување на препишаните терапии и редовна физикална терапија, може да се одржува стабилен, наведоа од клиниката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pehchevski-doktorkata-mi-kazha-deka-ako-prodolzham-da-davam-izjavi-za-mene-nema-da-ima-mesto-vo-bolnitsata/feed/ 0