игор здравквски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 15 Jun 2022 19:21:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png игор здравквски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Здравковски: Власта е свесна дека нема пари и со ребалансот планира да ги блокира општините за да има изговори и да ги обвинува градоначалниците дека не работат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravkovski-vlasta-e-svesna-deka-nema-pari-i-so-rebalansot-planira-da-gi-blokira-opshtinite-za-da-ima-izgovori-i-da-gi-obvinuva-gradonachalnicite-deka-ne-rabotat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravkovski-vlasta-e-svesna-deka-nema-pari-i-so-rebalansot-planira-da-gi-blokira-opshtinite-za-da-ima-izgovori-i-da-gi-obvinuva-gradonachalnicite-deka-ne-rabotat/#respond Wed, 15 Jun 2022 19:21:12 +0000 https://kurir.mk/?p=691386

Со ребалансот на буџетот нема никакво големи промени за подобрување, туку има намалување на индустријата и власта создава механизам за блокада на општините преку намалување на капитални дотации или финансирање за водовод и канализација, за после да може бара изговор и да вика дека општините не работат, бидејќи власта е свесна дека нема пари, изјави за „Отворено“ на ТВ24, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски. Здравковски потенцираше дека проекциите кои ги гледаме на овој ребаланс на буџетот, наместо да ги намалат оние јазови кои ќе се створат, тие дополнително ги зголемуваат, а кога се работеше буџетот за 2022 година власта веќе знаеше дека ќе има криза затоа што Пендаровски изјави дека уште на 5 ноември знаел и ги информирал во владата за претстојната криза. - Целите ги поставуваше актуелниот премиер кој тогаш беше заменик министер за финансии и тој не убедуваше дека буџетот е развоен и нема непродуктивни трошоци, а по само 5 и пол месеци да излезе и да каже дека ќе крати на непродуктивни трошоци. Така што не гледаме некакви промени освен интенции за намалување на индустријата и за блокирање на општините и сметам дека преку овој ребаланс власта ќе воведе механизам за блокада на општините за да може како изговор во наредните месеци да се кажува дека градоначалниците се неспособни и дека единиците за локална самоуправа не си ја работата, рече Здравковски. Тој истакна дека власта е свесна дека нема пари и од самиот ребаланс се гледа дека се оди во одбрана на нешто што не е одбранливо, отколку да се направи реална проекција и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има поднесено амандмани за ребалансот да застане на страната на економијата. Како политичка партија имаме поднесено 174 амандмани кои се направени и по барање на граѓаните, но и на коморите, синдикатите. Одговорноста е на пратениците и треба да имаме ефикасна расправа да ги согледаме фактите, да ги погледнеме барањата и да донесеме документ кој понатаму би го запрел ова темпо на инфлација и ќе застане на страната на економијата, изјави Здравковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravkovski-vlasta-e-svesna-deka-nema-pari-i-so-rebalansot-planira-da-gi-blokira-opshtinite-za-da-ima-izgovori-i-da-gi-obvinuva-gradonachalnicite-deka-ne-rabotat/feed/ 0