игор здравсковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Mar 2023 13:21:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png игор здравсковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Здравковски до Ковачевски: Единствено што прогресира во Република Македонија се мизеријата, криминалот, корупцијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravkovski-do-kovachevski-edinstveno-shto-progresira-vo-republika-makedonija-se-mizerijata-kriminalot-koruptsijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravkovski-do-kovachevski-edinstveno-shto-progresira-vo-republika-makedonija-se-mizerijata-kriminalot-koruptsijata/#respond Thu, 02 Mar 2023 13:21:33 +0000 https://kurir.mk/?p=807149

Внимателно ве слушав премиере додека зборувавте во ваш стил, при што за никој не образложивте нешто, ниту кажавте зошто треба да се гласа и зошто треба да се поддржи оваа Влада, туку само ги набројавте имињата на овие кои што треба да станат заменици министри, ниту пак дадовте визија на каде треба да се движи Република Македонија, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравсковски на денешната собраниска седница каде што на дневен ред предлогот за именување на заменици министри. Во однос на говорот кој што премиерот Димитар Ковачевски го имал за време на презентирањето на предлозите за заменици министри, каде што посочува дека оваа била про европска Влада и дека дојден е моментот да ги оправаат институциите на државата, Здравсковски го праша што правеа до сега кога СДСМ е веќе пет, шест години власт и дека од најавеното оправање на институциите нема ништо да биде затоа што оваа коалиција е направена на база на параз. „Вие велите тука во европски определената Македонија во која работи про европска Влада и така натаму, дојден е момент кога својата про европска ориентација треба да ја покажат сите институции во државата. Колку време треба да е премиер. Овие две години што праевте, баевте, чмаевте, што правевте? И сега дошло време институциите да ги оправате, а вие пет-шест години ги потрошивте а сега ќе се оправате. Ништо нема да оправите затоа што оваа коалиција што ја правите е на база на пазар“, рече Здравсковски. Здравковски му посочи на Ковачевски дека во земјава единствен напредок и прогрес во Македонија има во мизеријата, криминалот и корупцијата и тоа го потврдуваат и релевантни институции како што е Транспаренси Интернешнл кој што во време на нивно владеење регистрира над на борбата против коруцијата од 50 места и државата се најде на 111 место. „Велите дека некој работел спротивно од интересот на државата, во однос на корупцијата, во однос на криминалот. Па, не ги измислуваме ние бројките? Транспаренси ви кажува дека од 64 место на 111 дојдовте во вашето владеење, пад за 50 места и после од 111 место имате некакво поместување од таа мизерна цифра, мизерна бројка 111 место дојдовте до 94 и викате Република Македонија има напредок. Па, каков напредок има, нели е страмота да зборувате за некаков напредок, за некаков прогрес? Единствено што прогресира во Република Македонија, за жал, е мизеријата и ништо друго“, истакна Здравковски. Тој додаде дека поради потезите на власта во однос на меѓународната политика, во Македонија прогресира и евроскептицизмот, додека тоа што значи подобар живот за граѓаните тапка во место или уназадува. „Гледаме дека прогресира евроскептицизмот поради вашите потези во однос на меѓународната политика. Гледаме дека прогресира корупцијата, гледаме дека прогресира криминалот. Арно, ама тоа што треба да значи и подобар живот и подобар стандард на граѓаните, за жал, или стои во место или уназадува, а тоа го гледаме и преку конкретните анкети“, рече меѓу другото пратеникот Здравковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravkovski-do-kovachevski-edinstveno-shto-progresira-vo-republika-makedonija-se-mizerijata-kriminalot-koruptsijata/feed/ 0
Здравковски до Апасиев: Ако не се изгласаше „Законот за Колска“ ќе се доведеше во прашање егзистенцијата на стотина вработени кои ги хранат нивните фамилии од таа плата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravkovski-do-apasiev-ako-ne-se-izglasashe-zakonot-za-kolska-kje-se-dovedeshe-vo-prashanje-egzistencijata-na-stotina-vraboteni-koi-gi-hranat-nivnite-familii-od-taa-plata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravkovski-do-apasiev-ako-ne-se-izglasashe-zakonot-za-kolska-kje-se-dovedeshe-vo-prashanje-egzistencijata-na-stotina-vraboteni-koi-gi-hranat-nivnite-familii-od-taa-plata/#respond Sat, 31 Jul 2021 15:35:11 +0000 https://kurir.mk/?p=544462

Поштован Димче, ако ова се однесува на вчерашната седница (затоа што постот е од вчера), треба да кажеш пред граѓаните на Велес дека на дневен ред беше "Законот за Колска" со кој ќе се доведеше во прашање опстанокот на фирмата и егзистенцијата на стотина вработени кои ги хранат нивните фамилии од таа плата што ја земаат од Фабриката за шински возила - Колска, вели Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ, обраќајки се до пратеникот од Левица Димитар Апасиев по објавувањето на Фејсбук статусот „ВМРО Кворумска“. -Имено, ако не се изгласаше овој Закон, луѓето кои и така не одат на работа од 1.7 и се на 70% (веројатно и ова не го знаеше оти не те интересира) до крајот на август а после ќе следуваше стечајна постапка, ќе изгубеа се што можеше да се изгуби. Јас како велешанец сум горд што го поддржав овој закон кој ќе им обезбеди помирни денови во иднина на овие вработени, и што спречивме истите да ја доживеат судбината на моите и твоите родители за време на транзицијата. Ако имаш нешто против овие вработени кој едвај крпат крај со крај кажи, ако не обвини го Кочо Анѓушев оти он ги лажеше дека ќе ги носел во Словачка на обука и ќе им давал плати по 800€, но ако имаш барем малку срам треба да им се извиниш на своите сограѓани. П.С. Ако ова кворумска се однесува на претходниот ден и Законот за државјанство види си го листингот и не мрчи оти фрустрациите не се лечат на Facebook, а и борбата (освен шарената) се води во институциите, додава Здравковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravkovski-do-apasiev-ako-ne-se-izglasashe-zakonot-za-kolska-kje-se-dovedeshe-vo-prashanje-egzistencijata-na-stotina-vraboteni-koi-gi-hranat-nivnite-familii-od-taa-plata/feed/ 0