игра – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 23 Mar 2023 12:33:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png игра – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Претставена играта „Каунтер-страјк 2“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/pretstavena-igrata-kaunter-strajk-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/pretstavena-igrata-kaunter-strajk-2/#respond Thu, 23 Mar 2023 12:33:08 +0000 https://kurir.mk/?p=815463

Компанијата „Валве“ на својот Твитер-профил го претстави „Каунтер-страјк 2“, објавувајќи дека почнува ограничен тест, т.е. пробно играње. Новата видеоигра носи „промени во секој систем, секоја содржина и секој дел од К.С. искуството“, како што вели известувањето на официјалната страница. Се наведува и дека „Каунтер-страјк 2“ претставува „најголем технички скок напред во историјата на игрите“ и ветува надградби и нови функции. Играта ќе биде достапна на пазарот летово оваа, 2023 година, и тоа целосно бесплатно. Играта ќе има и нови мапи, подобри визуелни слики, подобрен кориснички интерфејс, подобар звук и многу повеќе. Засега, играњето на новата игра ќе биде ограничено на „Даст II" мапата во режимите „Детмеч“ и „Анренкд конкурент мечмејкинг“, а наредниот период ќе бидат вклучени и други режими, како и нови мапи. Исто така, тестирањето во мигов е достапно само за „Виндоус“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/pretstavena-igrata-kaunter-strajk-2/feed/ 0
ИКЕА ПОВЛЕКУВА ДЕТСКИ ПРОИЗВОД: Вратете го назад, постои опасност од задушување https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ikea-povlekuva-detski-proizvod-vratete-go-nazad-postoi-opasnost-od-zadushuvane/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ikea-povlekuva-detski-proizvod-vratete-go-nazad-postoi-opasnost-od-zadushuvane/#respond Tue, 21 Mar 2023 11:24:33 +0000 https://kurir.mk/?p=814494

„ИКЕА“ ги повикува сите купувачи кои ги имаат „БЛАВИНГАД“ рибарските (повеќебојни) играчки да престанат да ја користат и да контактираат со синџирот продавници заради целосен поврат. -Безбедноста на купувачите е на прво место за ИКЕА. Затоа преземаме мерки на претпазливост и ја повлекуваме „БЛАВИНГАД фишинг гејм (Мултиколор)“ поради можна предизвикана опасност од гушење. ИКЕА ги развива своите производи со строга програма за проценка на опасности и со тестирање за да се увери дека производите ќе ги задоволат сите важечки закони и регулативи на пазарите каде што се продаваат. Сепак, дознавме дека малите нитни на оваа играчка може да се откачат, што создава потенцијална опасност од задушување, особено за малите деца. Затоа, го повлекуваме „БЛАВИНГАД фишинг гејм (Мултиколор)“, објави компанијата. Детската игра може да се врати во „ИКЕА“ со целосен поврат на парите. Исто така, притоа не е неопходно да се прикачи сметка од купопродажбата, додаваат тие и им се извинуваат на купувачите за можните непријатности што може да ги предизвика повлекувањето на овој производ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ikea-povlekuva-detski-proizvod-vratete-go-nazad-postoi-opasnost-od-zadushuvane/feed/ 0
Компјутерска игра стара 20 години повторно е хит во светот (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kompjuterska-igra-stara-20-godini-povtorno-e-hit-vo-svetot-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kompjuterska-igra-stara-20-godini-povtorno-e-hit-vo-svetot-video/#respond Wed, 25 Jan 2023 08:49:11 +0000 https://kurir.mk/?p=791548

Се сеќавате ли на компјутерската игра „Deluxe Ski Jump“ која беше многу популарна пред 20 години? Сега повторно е хит. Симулацијата на скијачки скокови може да се игра и денес затоа што авторот на играта развил мобилна апликација, а играта во последниве денови е на самиот врв меѓу апликациите на „Apple“ уредите. Играта беше многу едноставна, а можеше да се сними и на ЦД. Заземаше помалку од половина мегабајт и можеше да се игра на секој компјутер. Беше толку популарна што на форумите имаше и дебата за рекордите и совети како да се скокне што подалеку. Играта ја дизајнирал Финецот Јуси Коскела, а популарноста на играта довела до создавање на трет, а потоа и четврти дел, но втората верзија од играта останала најпопуларна. Пред неколку години творците на играта развиле мобилна верзија од класиката за паметни телефони, а во Словенија играта во последниве денови е една од најпопуларните. Моментално е прв избор на бесплатни игри во „Apple Store“ на „Apple“ уредите, а достапна е и за „Android“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kompjuterska-igra-stara-20-godini-povtorno-e-hit-vo-svetot-video/feed/ 0
ВИДЕО: Netflix ја потврди играта Stranger Things VR за следната година https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/video-netflix-ja-potvrdi-igrata-stranger-things-vr-za-slednata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/video-netflix-ja-potvrdi-igrata-stranger-things-vr-za-slednata-godina/#respond Tue, 08 Nov 2022 08:32:59 +0000 https://kurir.mk/?p=757200

Netflix и развивачот Tender Claws ја најавуваат играта Stranger Things VR. Играта Stranger Things VR е најавена за зимата 2023 година и ќе биде достапна за најголемите VR платформи. Во играта гејмерите ќе можат да играат како главен негативец од четвртата сезона на ТВ серијата – Vecna, а целта е да им се одмаздат на Елевен и жителите на градот Хокинс. Stranger Things VR во најавата е опишана како психолошка хорор акција, а ќе ја развива студиото Tender Claws и неговото објавување се очекува на крајот на следната година. Tender Claws претходно ги разви VR игрите Virtual Virtual Reality 1 и 2, како и мобилното AR виртуелно милениче Tendar и авантурата The Under Presents and Tempest. Кога станува збор за Netflix, компанијата продолжува да инвестира во гејминг, а веќе објави неколку игри базирани на популарните серии, како што се Stranger Things: The VR Experience и Stranger Things 3: The Game.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/video-netflix-ja-potvrdi-igrata-stranger-things-vr-za-slednata-godina/feed/ 0
Креаторот на една од најпопуларните игри откри дека таа му го уништила животот: Ја мразам https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kreatorot-na-edna-od-najpopularnite-igri-otkri-deka-taa-mu-go-unishtila-zivotot-ja-mrazam/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kreatorot-na-edna-od-najpopularnite-igri-otkri-deka-taa-mu-go-unishtila-zivotot-ja-mrazam/#respond Fri, 28 Oct 2022 12:20:43 +0000 https://kurir.mk/?p=751813

Flappy Bird е една од најпопуларните мобилни игри на сите времиња. Речиси и нема човек што не ја играл, но творецот на играта нема позитивно мислиње за неа. По лансирањето на Flappy Bird во 2013 година, програмерот Нгуен Ха Донг стана милионер меѓу студентите на Универзитетот за наука и технологија. Иако на почеток не ветуваше многу, играта се покажа како светски хит и во еден момент му носеше повеќе од 50.000 долари дневно од реклами на Донг. Сепак, тој ја сподели и темната страна на својата слава. Иако на почетокот сакал успех, да има пари да си ги дозволи најновите гаџети, да излегува со пријателите и да живее удобен живот, тоа набрзо паднало во втор план.
Играта била мета на критики и обвинета за „копирање“ на Супер Марио, додека Донг беше обвинет и за пишување лажни рецензии за да ја зголеми својата популарност. Младиот човек кој дотогаш водел мирен живот, станал „мета“ на папараците кои го бркале и чекале пред куќата. -Flappy Bird ми го уништи животот! Играм веќе 8 часа и се колнам дека ми крварат очите, беше само еден од твитовите што ги прочита Донг. Критики стигнаа и од родителите и наставниците кои се пожалија дека тоа има штетно влијание врз животот на децата. Некои пишувале дека потфрлиле на работа поради прекумерно играње, па дури и добиле отказ, додека некои признале дека ги скршиле мобилните бидејќи изгубиле. -Можам да го наречам „Flappy Bird“ мој успех. Но, играта исто така ми го уништи мирниот живот. Сега ја мразам, објасни тој.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kreatorot-na-edna-od-najpopularnite-igri-otkri-deka-taa-mu-go-unishtila-zivotot-ja-mrazam/feed/ 0
Наградна игра со цел децата почесто да излегуваат на улица https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nagradna-igra-so-cel-decata-pochesto-da-izleguvaat-na-ulica/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nagradna-igra-so-cel-decata-pochesto-da-izleguvaat-na-ulica/#respond Tue, 13 Oct 2020 14:40:48 +0000 https://kurir.mk/?p=415815

Оваа есен, 7.000 ученици од 27 училишта во Виена, Австрија, имаат можност да соберат поени, да се натпреваруваат и да освојат вредни награди преку – прошетка. Целта на играта „Точки на улицата“ е поголема физичка активност кај децата, но и заштита на климата. Пандемијата на коронавирус уште повеќе го ограничи движењето на најмладите. Игрите со топка со другарчињата, спорт, ластик, трчање, велосипеди – сѐ тоа сега е уште понепопуларно. А сепак, сѐ ова ги прави децата поздрави, среќни, радосни и ги развива нивните моторни, социјални и умствени способности. Преку „Точки на улицата“, децата во Виена собираат поени пешачејќи до училиште, продавница или пак, при посета на пријатели. Наградната игра трае од 2 октомври до 13 ноември. Поставени се 35 кутии за игри на неколку улици, а децата собираат поени со притискање копче на кутиите, па напредувајќи во играта, си го развиваат натпреварувачкиот, но и колективниот дух за успех. Овиие забавно-образовни дејности имаат за цел, меѓу другото, и придонес за зачувување на климата на планетата Земја. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nagradna-igra-so-cel-decata-pochesto-da-izleguvaat-na-ulica/feed/ 0
КРАЈ НА ЕДНА ЕРА: Фејсбук ја гаси една од најиграните игри https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kraj-na-edna-era-fejsbuk-ja-gasi-edna-od-najigranite-igri/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kraj-na-edna-era-fejsbuk-ja-gasi-edna-od-najigranite-igri/#respond Wed, 30 Sep 2020 10:51:56 +0000 https://kurir.mk/?p=410582

Изминатие години голем број луѓе ја играа играта Фармвил, која сега Фејсбук засекогаш ќе ја изгасне. На официјалната Фејсбук страна на оваа игра е потврдено дека оние кои се уште ја играат, купување во апликацијата ќе може да прават до 17 ноември, а потоа играта повеќе нема да извршува плаќање. На играчите на оваа игра им, остануваат уште три месеци уживање, а последниот ден од оваа календарска година ќе биде последен и за Фармвил. Кон средината на оваа година, Фејсбук објави дека од 31 декември повеќе нема да ги поддржува Флеш игрите, а истиот датум Adobe целосно ќе го изгасне Флеш плеер. https://www.facebook.com/notes/farmville/faq-farmville-sunset/10207681856881550/  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kraj-na-edna-era-fejsbuk-ja-gasi-edna-od-najigranite-igri/feed/ 0
Солскјер: Се гледа кога Гринвуд игра на Плејстејшн до доцна во ноќта https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/solskjer-se-gleda-koga-grinvud-igra-na-plejstejshn-do-docna-vo-nokjta/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/solskjer-se-gleda-koga-grinvud-igra-na-plejstejshn-do-docna-vo-nokjta/#respond Thu, 23 Jul 2020 13:34:43 +0000 https://kurir.mk/?p=380358

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер се шегуваше дека знае кога младата sвезда на тимот Мејсон Гринвуд останал до доцна во ноќта да игра на својот Плејстејшн. Напаѓачот успеа да го запише својот 17-ти гол во сезоната на натпреварот против Вест Хем, со што обезбеди бод за неговиот тим. Со овој гол, тој стана само четвртиот играч во историјата на „црвените ѓаволи“ кој постигна толку многу голови за само една сезона на оваа возраст. Солскјер повторно не го криеше восхитот кон играчот. – Мејсон … знаете, очигледно е кога спиел добро и кога останал доцна да игра на својот Плејстејшн, бидејќи тој не ја погодува топката толку добро на тренинзите следниот ден. Но, она што го стори денес (вчера), тој го прави тоа одново и одново, и кога вежбаме завршен удар, можете да видите колку е исклучителен напаѓач. Не е изненадување кога успева да постигне гол. Претпоставувам дека сум ги потрошил сите суперлативи за него затоа што тој е навистина добар напаѓач. Тој нè спаси неколку пати. Тој го стори тоа повторно и тој е апсолутно играч од највисока клса, откако му дадовме шанса против Кардиф во нашиот последен натпревар минатата сезона. Гринвуд расте и неговата доверба расте, тој верува во себе си, неговиот талент, неговите квалитети и неговите вештини и работи на највисоко ниво, изјави Солскјер по мечот со „чеканите“. Осумнаесет годишниот Гринвуд беше прецизен 10 пати на 30 натпревари во Премиер лигата и има 1 асистенција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/solskjer-se-gleda-koga-grinvud-igra-na-plejstejshn-do-docna-vo-nokjta/feed/ 0
Сигурно сте ја играле оваа игра: Како е создадена „Не лути се човече?“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sigurno-ste-ja-igrale-ovaa-igra-kako-e-sozdadena-ne-luti-se-choveche/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sigurno-ste-ja-igrale-ovaa-igra-kako-e-sozdadena-ne-luti-se-choveche/#respond Sat, 11 Apr 2020 19:20:44 +0000 https://kurir.mk/?p=330807

Сигурно се малку оние кои барем во детството не играа „Не лути се, човече“. И покрај многубројните друштвени игри и модерните технологии, оваа стара игра стана забавна за време на изолацијата во нашите домови. Ако не сте знаеле, се игра од 1907 година, кога ја дизајнирал Германецот Јосеф Фридрих Шмит. Од желба да ги забавува своите синови, овој претприемач ја смислил играта со коцка во неговата кујна во стилот на стара индиска игра. Коцката ја направил од изрезбано дрво, а на парче хартија ги исцртал полињата. Интересот за играта се појавил кога започнала војната и кога Шмит испратил донација од 3.000 комплети до воените болници. За повредените, ова им станал омилен начин за губење на времето преку ноќ и кога се вратиле дома ја донеле играта „Не лути се човече“. Играта наскоро станала зависно забавна и најпопуларната игра на табли во Германија. Покрај доброто рекламирање, предност на неговата игра на табли била цената. Сет чинел помалку од половина килограм шеќер, па затоа не е ни чудо што и покрај недостигот и кризата, две години по завршувањето на војната, оваа игра била неизоставен дел од домашниот инвентар во повеќе од еден милион германски домови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sigurno-ste-ja-igrale-ovaa-igra-kako-e-sozdadena-ne-luti-se-choveche/feed/ 0
ИГРА КОЈА ЌЕ ВЕ ВОЗНЕМИРИ: Деца се преправаат дека киднапираат девојчиња и им ги “отсекуваат главите” (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/igra-koja-kje-ve-voznemiri-deca-se-prepravaat-deka-kidnapiraat-devojchinja-i-im-gi-otsekuvaat-glavite-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/igra-koja-kje-ve-voznemiri-deca-se-prepravaat-deka-kidnapiraat-devojchinja-i-im-gi-otsekuvaat-glavite-video/#respond Sun, 28 Oct 2018 16:34:12 +0000 https://kurir.mk/?p=120525

Најмалку пет мексикански деца се снимени во бизарна и крајно вознемирувачка игра која сведочи колкав е порастот на насилство во таа земја. Имено, децата се преправале дека киднапирале и убивале девојче. Снимката за која се верува дека е снимена во Акапулко, прикажува момчиња како им вперуваат пиштоли во главите на девојчињата, а на некои дури и им ги "отсекуваат главите". На почетокот, две девојчиња седат на подот со рацете врзани, а потоа едно од момчињата вели: "Ги носиме". Потоа момчињата ги подигнуваат девојчињата и ги туркаат кон масата каде се преправаат дека ќе ги "обезглават". Оваа снимка е објавена на Интернет, а многумина биле престрашени од играта на овие деца, бидејќи очигледно е дека ги имитираат злосторствата кои речиси секојдневно мафијата и нарко бандите ги спроведуваат во Мексико. Акапулко во последните години од една од најомилените туристички дестинации стана еден од најопасните градови на светот. Само оваа година во тој град каде живеат 100.000 жители регистрирани биле 112 убиства, а се претпоставува дека бројот на жртвите сè повеќе расте, бидејќи многу лица се водат како исчезнати. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/igra-koja-kje-ve-voznemiri-deca-se-prepravaat-deka-kidnapiraat-devojchinja-i-im-gi-otsekuvaat-glavite-video/feed/ 0