игралиште – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 14 Sep 2023 07:17:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png игралиште – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Игралиште за кошарка почна да се гради во Мралино во општина Илинден https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/igralishte-za-kosharka-pochna-da-se-gradi-vo-mralino-vo-opshtina-ilinden/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/igralishte-za-kosharka-pochna-da-se-gradi-vo-mralino-vo-opshtina-ilinden/#respond Thu, 14 Sep 2023 07:17:07 +0000 https://kurir.mk/?p=877858

До подрачното училиште „Ристо Крле“ во населеното место Мралино, Општина Илинден денеска почна да гради игралиште за кошарка, со димензии 15 на 15 метри. -Со изградбата на игралиштето ќе се збогати училишниот двор со уште еден уреден спортски терен кој ќе биде од особено значење за спортскиот живот и подобрување на наставата по физичко и здраствено образование на учениците. Играта на баскет односно уличната кошарка претставува еден вид традиција и урбана култура во општина Илинден. Со изградбата на спортските игралишта уште еднаш ја покажуваме поддршката во спортот, бидејќи само низ игра, рекреација и спорт, децата и младите го развиваат духот на пријателството, соопшти Општина Илинден. Општината додава дека и во наредниот период ќе продолжи со поддршка на спортот и реализација на инвестиции во спортската инфраструктура и во останатите населени места. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/igralishte-za-kosharka-pochna-da-se-gradi-vo-mralino-vo-opshtina-ilinden/feed/ 0
Нови игралишта, парк и фитнес-зона: Љуботенски пат ќе добие спортско-рекреативен центар https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/novi-igralishta-park-i-fitnes-zona-lubotenski-pat-ke-dobie-sportsko-rekreativen-tsentar/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/novi-igralishta-park-i-fitnes-zona-lubotenski-pat-ke-dobie-sportsko-rekreativen-tsentar/#respond Fri, 17 Feb 2023 12:11:29 +0000 https://kurir.mk/?p=801741

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информира дека ќе се гради нов спортско-рекреативен центар во населеното место Љуботенски пат, а ќе го носи името „Бранители“ и ќе биде на површина од 5.000 м2. Просторот на кој ќе се гради спортско-рекреативниот центар во изминатите години бил депонија, но тоа ќе се промени наскоро. – Модерно фудбалско игралиште со вештачка трева, нова метална ограда и ново лед осветлување. – Ново баскет игралиште со специјална подлога. – Фитнес зона за вежбање и рекреирање. – Нов парк и нови зелени површини. – Нови пешачки патеки, нова урбана опрема, како и ново лед осветлување.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/novi-igralishta-park-i-fitnes-zona-lubotenski-pat-ke-dobie-sportsko-rekreativen-tsentar/feed/ 0
​Аеродром доби ново мултифункционално, спортско и детско игралиште https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/aerodrom-dobi-novo-multifunkcionalno-sportsko-i-detsko-igralishte/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/aerodrom-dobi-novo-multifunkcionalno-sportsko-i-detsko-igralishte/#respond Thu, 22 Sep 2022 08:02:55 +0000 https://kurir.mk/?p=736079

Општина Аеродром доби ново мултифункционално, спортско и детско игралиште лоцирано на булеварот ,,Февруарски поход”. Игралиштето кое веќе е атрактивна локација за жителите на овој дел од општината е направено со поддршка од компанијата ,,Рагуза Груп” во чест на нејзиниот основач и прв сопственик, Мирослав Голомеиќ - Мирко 919. Компанијата „Рагуза Груп“ е пример за општествена одговорност која преку инвестициите и соработката со локалната самоуправа придонесува за подобрување на животот на граѓаните на Аеродром. Со новоизграденото игралиште, дечињата и младите од „Тодор Чангов“, „Февруарски поход“ и околината добија ново катче за забава, дружење и спортување, изведено согласно сите стандарди за објекти од ваков вид. Целото игралиште е оградено, а пристапот се наоѓа од внатрешната страна, со што е целосно безбедно за користење. „Аеродром е урбана и спортска општина. Работиме на обезбедување на целосно нова инфрастуктура во делот на спортот и рекреацијата. Со големиот број на тековни инвестиции и проекти вложуваме во здравиот живот и во развојот на младите жители на општината“, истакна градоначалникот Муцунски. Општината Аеродром до крајот на годината ќе реализира уште неколку спортско рекреативни објекти и ќе продолжи со работа за обезбедување услови за забава и рекреација на најмладите во сите делови од општината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/aerodrom-dobi-novo-multifunkcionalno-sportsko-i-detsko-igralishte/feed/ 0
Пуштено во употреба реконструираното ракометно игралиште во ОУ „Коле Канински“ во Битола https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pushteno-vo-upotreba-rekonstruiranoto-rakometno-igralishte-vo-ou-kole-kaninski-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pushteno-vo-upotreba-rekonstruiranoto-rakometno-igralishte-vo-ou-kole-kaninski-vo-bitola/#respond Wed, 31 Aug 2022 13:29:07 +0000 https://kurir.mk/?p=726740

Во основното училиште Коле Канински, денеска беше пуштено во употреба реконструираното ракометно игралиште. За реализација на овој проект беше обезбедена донација од Видеолотарија, во вредност од 3 284 819 денари. Во своето обраќање на денешниот настан градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, нагласи дека овој проект е од особено значење за учениците, што е доста значајно за поттикнување на спортскиот дух кај младите генерации: „Создавањето услови за развој на спортот и подобрувањето на спортската инфраструктура во општината се меѓу главните фактори кои треба да бидат поттик и можност за учениците да го развиваат својот спортски и натпреварувачки дух, истовремено јакнејќи ја дисциплината и одговорноста, да се изградат како здрави личности. Поттикнувањето на позитивните вредности кај младите, особено е важно да биде од најрана возраст, преку предучилишните установи и основните училишта, со цел да се придонесе кон развој на успешни генерации. Како локална самоуправа, нашите активности се насочени токму и во оваа насока, почнувајќи од создавање на нови детски рекреативни катчиња кои ќе овозможуваат физички активности на отворено, па се до еден од капиталните проекти со кој верувам Битола ќе се гордее, а за што во тек е конкурс за избор на идејно решение за изградба на модерен спортско рекреативен центар во градот. Ваквото делување, како што е реализацијата на овој проект, уште еднаш дополнително ја отсликува нашата заедничка заложба за партнерски пристап со сите заинтересирани субјекти, со цел подобрување на условите во заедницата, за развој на спортот, образованието и подобра иднина на младите во Битола. Уште еднаш голема благодарност до Видеолотарија за реконструкцијата на ракометното игралиште во ОУ Коле Канински и посакувам што повеќе млади луѓе да го следат примерот на големите спортисти од Македонија, кои зад себе имаат одбележано високи резултати, а еден од нив, Кире Лазаров е денес и тука со нас, сопственото искуство да го пренесе до најмладите кои веќе од утре започнуваат да чекорат кон нов предизвик. На сите ученици им посакувам лесен почеток на новата учебна година, добро здравје и многу успех“, рече во своето обраќање градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски. Свое обраќање на настанот имаше и директорот на ОУ Коле Канински, Зоран Мирчевски, како и маркетинг менаџерот на Видеолотарија Вики Чадиковска и бренд амбасадорот на Видеолотарија, Кире Лазаров, кој меѓу другото нагласи дека својата професионална ракометна кариера ја започнал токму од Битола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pushteno-vo-upotreba-rekonstruiranoto-rakometno-igralishte-vo-ou-kole-kaninski-vo-bitola/feed/ 0
Стефковски: Пуштено во употреба игралиштето во Керамидница https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-pushteno-vo-upotreba-igralishteto-vo-keramidnica/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-pushteno-vo-upotreba-igralishteto-vo-keramidnica/#respond Thu, 25 Aug 2022 12:10:46 +0000 https://kurir.mk/?p=723803

Денес заедно со жителите од Керамидница и членовите на Советот на општина Гази Баба го пуштивме во употреба спортското игралиште кое го изградивме со најсовремена тартан подлога, објави на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски. На игралиштето се поставени нови табли за кошеви и обрачи, како и две стативи за мал фудбал. Жителите на Керамидница добија нов терен за спортување и рекреација. Секое вложување во спортот повеќекратно се враќа. На овој начин ние не само што вложуваме во спортот, вложуваме и во здравјето и образованието на нашите деца. Верувам дека овој спортски терен ќе им помогне на многу идни спортисти да ги развијат своите таленти и во иднина да се вклучат во професионалниот спорт, пишува Стефковски во својат објава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-pushteno-vo-upotreba-igralishteto-vo-keramidnica/feed/ 0
Аеродром доби ново современо спортско игралиште https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/aerodrom-dobi-novo-sovremeno-sportsko-igralishte/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/aerodrom-dobi-novo-sovremeno-sportsko-igralishte/#respond Sun, 17 Jul 2022 09:24:26 +0000 https://kurir.mk/?p=706470

Аеродром доби уште едно современо спортско игралиште на кое сите наши жители ќе можат да спортуваат, да се дружат и да создаваат спомени за паметење. Спортското игралиште кое е сместено во срцето на Ново Лисиче го носи името на нашиот прерано починат Никола Христовски - Кољо. Со ова игралиште споменот за Никола ќе трае вечно. Се грижиме за секое катче, секој жител на општината добива најсовремени услови за спортување веднаш до својот дом, а Аеродром гордо го носи епитетот најспортска општина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/aerodrom-dobi-novo-sovremeno-sportsko-igralishte/feed/ 0
Костовски: Ќе ги реконструираме сите игралишта во дворот на ОУ „Ацо Шопов“, ова ќе биде убав спортски комплекс https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kostovski-kje-gi-rekonstruirame-site-igralishta-vo-dvorot-na-ou-aco-shopov-ova-kje-bide-ubav-sportski-kompleks/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kostovski-kje-gi-rekonstruirame-site-igralishta-vo-dvorot-na-ou-aco-shopov-ova-kje-bide-ubav-sportski-kompleks/#respond Sat, 16 Apr 2022 11:42:55 +0000 https://kurir.mk/?p=664022

Мило е што денеска се собраа толкав голем број на луѓе на овој настан, недела за недела, викенд за викенд да отвориме уште едно модерно баскет игралиште кад е што ќе можат најмладите, учениците од ООУ Ацо Шопов, но и сите граѓани од населеното место Радишани да се забавуваат на едно модерно баскет игралиште стандардизирано според ФИБА стандарди за баскет три на три, истакна градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски. -Ова игралиште е во вредност од некаде околу 2.3 милиони денари и навистина станува збор за еден велелепен проект кој што ќе даде еден убав момент за дружба на сите луѓе во ова населено место. Се наоѓаме во дворот на училиштето Ацо Шопов, веднаш до нас има и едно тениско игралиште кое што малку е во застарена форма и едно фудбалско игралиште кое што е од многу одамна изградено, тоа е од пред 20на години и во наредниот период убеден сум дека ќе ги реконструираме сите овие три игралишта и ќе добиеме еден убав квалитетен спортски комплекс. Спортот и тоа како е една битна работа, битна карика за да се развива едно општество квалитетно, Бутел е спортска општина но каскаме морам да си признам со спортската инфраструктура и во таа смисла јас и мојот тим си дадовме за цел да работиме за да ја поправиме спортската инфраструктура и по тоа да бидеме предводници на државно ниво здравје боже, вели тој. Костовски истакна: „И не само во однос на спортот, на 50на метри од тука се  наоѓа и реката Серава каде што уште на самиот почеток на мандатот ја исчистивме, во моментов се проектира изградба на ново корито и нова трим патека и на некој начин овој дел од Бутел ќе добие сосема една нова слика. И она што исто така е битно и во овој момент би сакал да го спомнам е дека во соработка со Министерството за Образование одвоени се сериозни средства за доградба на ООУ Ацо Шопов и конечно да го надминеме оној проблем со дечињата кои што немаат каде да се сместат после часовите“. -Така да, би било вака на кусо и уште еднаш ви благодарам што дојдовте и сосема на крај голема благодарност е што денеска тука заедно со нас е и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што знае на вистински начин да не измотивира сите како градоначалници да го сработиме она што го ветивме па и малку над тоа, посочи градоначалникот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kostovski-kje-gi-rekonstruirame-site-igralishta-vo-dvorot-na-ou-aco-shopov-ova-kje-bide-ubav-sportski-kompleks/feed/ 0
Градоначалникот на Ѓорче: Кој лаже, тој краде и на таван спие. Кој е тоа? Читај СДСМ! https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnikot-na-gjorche-koj-laze-toj-krade-i-na-tavan-spie-koj-e-toa-chitaj-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnikot-na-gjorche-koj-laze-toj-krade-i-na-tavan-spie-koj-e-toa-chitaj-sdsm/#respond Sat, 09 Apr 2022 19:11:40 +0000 https://kurir.mk/?p=660785

По споделените фотографии од страна на СДСМ дека игралиштето „Бранители“ во Волково не било дофарбано и дека објавата за акцијата е евтин ПР, градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, на ироничен начин ги демантираше. Имено, Стојкоски објави фотографии, кои пред неколку денови беа доставени и до медиумите, а на кои се гледа дека игралиштето добило нов лик. Од нив, може да се потврди дека фарбањето е целосно завршено. Кој лаже, тој краде и на таван спие. Кој е тоа? Читај СДСМ, пишува кратко во својата реакција Стојкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnikot-na-gjorche-koj-laze-toj-krade-i-na-tavan-spie-koj-e-toa-chitaj-sdsm/feed/ 0
Версај повторно ја отвора просторијата во која е основана француската демократија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/versaj-povtorno-ja-otvora-prostorijata-vo-koja-e-osnovana-francuskata-demokratija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/versaj-povtorno-ja-otvora-prostorijata-vo-koja-e-osnovana-francuskata-demokratija/#respond Thu, 31 Mar 2022 07:27:10 +0000 https://kurir.mk/?p=656084

Близу Версајската палата во Париз утре се отвора целосно реновираното и досега неправедно запуштено Игралиште (Сала за рекреација, Salle du Jeu de Paume), просторијата во која се поставени темелите на француската демократија. Салата била изградена за Луј Четиринаесетти во 1686 година, а се користела за спортот „игра со дланки“, претходник на денешниот тенис, популарна игра во француската историја (ја играле кралеви и аристократи). Но, повеќе од еден век подоцна, собата стана место на клучен миг во историјата на Франција… На 20 јуни 1789 година, група народни пратеници од Третиот сталеж, барајќи реформи во монархијата, наишле на затворен влез во Хотел де Мењу-плезир (Hôtel des Menus-Plaisirs), каде што требало да се состанат. Тие барајќи алтернативно место за состанок завршиле во Игралиштето, каде дале заклетва што ја потврдила нивната решеност да инсистираат на промени во режимот на владеење. Пратениците настојувале на нов устав, и покрај кралската забрана. Заклетвата ја потпишале 577 лица, а само еден ја одбил. Заклетвата на Игралиштето (Serment du Jeu de Paume) го означи почетокот на Француската револуција. Потоа е основано Националното конститутивно собрание коешто го укина феудализмот и ја одобри Декларацијата за човекови права. Меѓу луѓето присутни таму тој ден имало многу познати историски личности: Максимилијан де Робеспјер, Оноре Габриел Рикети де Мирабо, Жозеф Ињас Гиљотин (по кого подоцна беше именувана гилотината)… Салата се отвора по осум месеци реновирање, нудејќи ѝ на јавноста „еден заборавен дел од историјата“ на Франција, како што истакна претседателка на Управата на палатата, Катрин Пегар. Просторијата ја краси монументално реставрирано платно засновано на познатото недовршено дело на Жак-Луј Давид, кое го прикажува потпишувањето на Заклетвата. По Револуцијата, салата прво станала складиште, потоа сликарско атеље, а во 1840 година ѝ била вратена намената на игралиште. Подоцна во неа бил сместен Музејот на Француската револуција, а потоа паднала во запуштеност со десетлетија. Палатата повторно се отвора за јавноста, како и просториите што ги користеле членовите на кралската куќа пред Револуцијата, целосно обновени во првичната состојба. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/versaj-povtorno-ja-otvora-prostorijata-vo-koja-e-osnovana-francuskata-demokratija/feed/ 0
Игралиште или пасиште во Аеродром: Деца си играат, а до нив пасат овци – Марин како изреката „Село гори, баба се чешла“(ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/igralishte-ili-pasishte-vo-aerodrom-deca-si-igraat-a-do-niv-pasat-ovci-marin-kako-izrekata-selo-gori-baba-se-cheshla-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/igralishte-ili-pasishte-vo-aerodrom-deca-si-igraat-a-do-niv-pasat-ovci-marin-kako-izrekata-selo-gori-baba-se-cheshla-foto/#respond Fri, 18 Jun 2021 19:49:35 +0000 https://kurir.mk/?p=525232

На игралиштето кај паркот со авиончето во општина Аеродром денес бевме сведоци на несекојдневна глетка. Цело стадо овци, среде оваа скопска општина, беа пуштени да пасат трева во близина на игралиште каде во тие часови имаше огромен број на деца. Непријатна миризба се шири низ цела општина, особено во овој дел до реката Вардар. Дополнително, црн густ чад се издигнуваше и мирисаше ужасно насекаде. Градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, треба да си ги пушти инспекциите на терен. Сигурни сме дека ќе имаат полни раце работа затоа што ова е само еден од проблемите во општината. Ако за него е нормално, среде една од најурбаните македонски општини, слободно да се носи на пасење цело стадо овци, за граѓаните сигурно не е. Ѓубре насекаде, “закрпени“ улици, дупки, раскопани тротоари, палење на отпад што дополнително го загадува воздухот во најзагадената општина... па ни фалеа уште овци. Еве ги, дојдоа и тие. Среде бел ден, среде еден од најпрометните булевари, во еден од најпосетените паркови за деца, Аеродром доби и пасиште. По принипот „Село гори, баба се чешла“, градоначалникот на СДСМ не паметиме кога последен пат сме го виделе да излезе меѓу граѓаните и да спроведе некој од проектите кои чекаат со години по неговите ветувања. Општината за која ветуваше дека ќе ја разелени, остана да чека зеленило. А тоа зеленило кое го има, сега е храна за овци. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/igralishte-ili-pasishte-vo-aerodrom-deca-si-igraat-a-do-niv-pasat-ovci-marin-kako-izrekata-selo-gori-baba-se-cheshla-foto/feed/ 0