игри на среќа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 23 Oct 2023 09:08:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png игри на среќа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 За осум месеци Грците потрошиле 22,7 милијарди евра на игри на среќа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-osum-mesetsi-grtsite-potroshile-22-7-milijardi-evra-na-igri-na-sreka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-osum-mesetsi-grtsite-potroshile-22-7-milijardi-evra-na-igri-na-sreka/#respond Mon, 23 Oct 2023 09:08:58 +0000 https://kurir.mk/?p=892119

На игри на среќа, односно казина, онлајн казина, лотарии и слично, во првите осум месеци од годинава, Грците потрошиле 22,7 милијарди евра, според податоците од Комисијата за надзор и контрола на игрите, кои ги пренесува грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина. Весникот коментира дека драматично се зголемуваат износите што Грците ги обложуваат на игри на среќа, со што годинава се предвидува дека вкупниот промет на конкретниот сектор, што има значителен придонес во даночните приходи, ќе постигне нов рекорд, бидејќи има зголемување за 28 отсто споредбено со истиот период лани. - Минатата година, на игри на среќа Грците обложија 29,2 милијарди евра, износ што достигна 16 милијарди евра во 2019 година, пишува „Катимерини“. Во периодот јануари - август, најголемиот дел на обложените средства, речиси 17 милијарди евра се однесуваат на онлајн обложувањата и игри на среќа.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-osum-mesetsi-grtsite-potroshile-22-7-milijardi-evra-na-igri-na-sreka/feed/ 0
„САКАМ ДА РАБОТАМ“ до пратениците: Измените на Законот за игри на среќа значат егзодус на 35 илјади луѓе од Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sakam-da-rabotam-do-pratenitsite-izmenite-na-zakonot-za-igri-na-sreka-znachat-egzodus-na-35-iljadi-luge-od-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sakam-da-rabotam-do-pratenitsite-izmenite-na-zakonot-za-igri-na-sreka-znachat-egzodus-na-35-iljadi-luge-od-makedonija/#respond Mon, 16 Oct 2023 13:10:25 +0000 https://kurir.mk/?p=889382

Не постои ниту едно логично објаснување зошто по секоја цена се туркаат скандалозни и противуставни измени на Законот за игрите на среќа и забавни игри, пишува во отвореното писмо на здружението на вработени во сектор игри на среќа „САКАМ ДА РАБОТАМ“ до пратениците од Комисијата за европски прашања, каде на дневен ред денеска се измените на Законот за игри на среќа. Од здружението велат дека во услови на инфлација, растечка сиромаштија, ценовни шокови, непрекинато иселување на работно способно население, да се усвојуваат решенија кои ќе остават на улица 10 илјади вработени, е надвор од секаква здраворазумска логика, посочувајќи дека сето ова се прави со злоупотреба на ЕУ знаме. „САКАМ ДА РАБОТАМ“ во своето писмо до пратениците сликовито, преку лични сведоштва објаснува зошто тие не треба да донесат погрешна и крајно штетна одлука. „Конкурираш на јавен оглас на компанија која од владата на предлог министерството за финансии и е издадена лиценца за организирање посебен вид игри на среќа. Дел од овие компании се странски инвеститори, светски корпорации во оваа индустрија. Тоа влева сигурност и самодоверба дека ако те примат ќе добиеш сигурна работа. Во ова време тоа е реткост. Менаџментот те испраќа на платена обука, бидејќи не можеш да потпишеш договор за работа на неопределено време се додека не си подготвен да ги исполниш строгите стандарди за професионалност при извршување на работните задачи. Почнуваш да работиш, добиваш редовна, добра плата, со сите придонеси, плус со платени двојни дневници за работа во недела, празници, ноќен труд и сменско работење, бидејќи работното време е 24/7. Добиваш финансиска сигурност. Основаш семејство, ти се раѓаат деца, решаваш да подигнеш кредит за да купиш стан, кола, си го планираш животот бидејќи веруваш дека имаш финансиска сигурност и без проблем ќе ги плаќаш ратите. Одеднаш, Владата која издала лиценца за работа, му предлага на Собранието да усвои законски измени заради кои компанијата ќе биде принудена да стави клуч на врата. Странските инвеститори да си одат од земјата. Загрижените лица на менаџерите дополнително те вознемируваат. Закуподавецот на објектот каде работиш станува нервозен бидејќи договорот за закуп ќе мора предвреме да му биде раскинат. Те фаќа несоница од помислата дека ќе останеш без работа. Нема да можеш да ги плаќаш кредитите, те обзема страв дека ќе си имаш работа со извршители. Ќе стане хаос. Немаш избор, почнуваш да бараш контакти во странство за да дознаеш какви можности имаш да работиш таму. Пишуваш биографија и ја испраќаш. Со искуството во индустријата игри на среќа можеш веднаш да најдеш работа во западните земји, во ЕУ. Со горчина во душата почнуваш да го подготвуваш семејството дека можеби ќе нема друг избор освен да се иселите од сопствената земја.“ – се вели во отвореното писмо на „САКАМ ДА РАБОТАМ“. Од здружението посочуваат дека се разочарани и гневни што надлежните државни институции никогаш не застанале во одбрана на нивното достоинство, човекови слободи и уставно загарантирани права на работен однос. „Гласањето на овие законски измени е глас ЗА егзодус на дополнителни 35 илјади луѓе, кои ќе бидат присилени да си заминат од Македонија. Не сакаме да веруваме дека било кој од Вас може мирно да спие откако кренал рака за да нанесе ваква неправда. Никој од Вас не е избран на избори за да отпушта вработени туку да решава проблеми.“- велат од здружението на вработени во сектор игри на среќа. „САКАМ ДА РАБОТАМ“ испрати сериозен апел до пратениците и Владата предупредувајќи да ги повлечат скандалозните и противуставни измени пред да стане предоцна. Здружението испрати порака дека до последно, со сите демократски средства ќе се борат против неправдата која овој предлог Закон може да им ја нанесе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sakam-da-rabotam-do-pratenitsite-izmenite-na-zakonot-za-igri-na-sreka-znachat-egzodus-na-35-iljadi-luge-od-makedonija/feed/ 0
Анализа: Владата сама себе си прави конкуренција со нови три компании во услови кога веќе има монопол https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/analiza-vladata-sama-sebe-si-pravi-konkurentsija-so-novi-tri-kompanii-vo-uslovi-koga-veke-ima-monopol/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/analiza-vladata-sama-sebe-si-pravi-konkurentsija-so-novi-tri-kompanii-vo-uslovi-koga-veke-ima-monopol/#respond Thu, 12 Oct 2023 08:28:29 +0000 https://kurir.mk/?p=887985

Во оваа анализа се вели дека бранејќи се од нападите од ВМРО-ДПМНЕ и од албанската опозиција кои го обвинуваат за отворање на нови три компании кои ќе организираат игри на среќа на интернет, Артан Груби вели дека тоа е „демонополизација на игрите на среќа“ што според познавачите на состојбите во индустријата во најмала рака е потценувачко. Според упатените во проблематиката демонополизација би значела либерализација на пазарот на онлајн игри на среќа при што сите лиценцирани компании кои приредуваат вакви игри би можеле покрај објектите за таканаречено „земско обложување“ да приредуваат и игри на среќа на интернет. На либерализираните пазари во Европа секоја компанија под одредени услови може да организира игри на среќа. Ваков е законот во речиси сите земји од Европската Унија. Либерализација подразбира слободен пазар и еднакви услови за приредувачите, нешто што не може да се спореди со она што го прави Владата со потпис на Груби. Анализата појаснува дека во моментот, Владата преку партнерство со Аустриа Казинос во компанијата „Државна Видеолотарија на Македонија“ е единствен приредувач на игри на среќа на интернет преку платформата 2win.mk. Владата е сопственик 51% во оваа компанија, a 49% приватниот партнер, што значи дека Владата, од која е дел Груби, има монопол врз игрите на среќа на интернет. Познавачите велат дека со тоа што Владата распиша оглас за три нови компании кои заедно со неа на ист начин, преку партнерство од 51% од страна на Владата во секоја од компаниите, ќе приредува игри на среќа, практично, Владата сама на себе си прави конкуренција со нови три компании во услови кога веќе има монопол преку ДВЛМ и платформата 2win.mk. Во објавата се потсетува дека иако домашните компании со години бараа либерализација на пазарот по европски терк, Министерството за финансии повеќе од девет години не ги носи подзаконските акти на Законот за игри на среќа со кои, де факто, сите лиценцирани приредувачи ќе можат да приредуваат игри на среќа на интернет и пазарот ќе се либерализира. Она што Груби се обидува да го направи не е демонополизација на пазарот, туку преземање, е заклучокот на познавачите на индустријата на игри на среќа.
- Она што всушност сака Груби да го направи е внесување на нови компании кои ќе ги „има под свое“ во компанија каде тој, односно Владата имаат 51% сопственост. Како ќе оди изборот на овие компании може лесно може да се претпостави. Груби постави низа блиски соработници на челните позиции во новата видео лотарија која го распиша огласот за новите три нови компании за игри на среќа на интернет. Асистентот од Собранието на Груби додека беше пратеник, Перпарим Бајрами, е директор на оваа нова лотарија, Артин Спахиу, претседател на огранокот на ДУИ во Дебар е член на Надзорен одбор во Нова државна видеолотарија, а Хавуше Лесковица Исмаиљи, која е шеф на кабинет на вицепремиерот Артан Груби е член на Надзорен одбор на новоформираната Државна видео лотарија. Покрај овие лица на раководни позиции во новата лотарија се и други лица кои се директно поврзани со Артан Груби. – посочуваат познавачите на индустријата во објавената анализа.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/analiza-vladata-sama-sebe-si-pravi-konkurentsija-so-novi-tri-kompanii-vo-uslovi-koga-veke-ima-monopol/feed/ 0
АСОМ: Подготвени сме за масовни протести и борба за нашите права и егзистенција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asom-podgotveni-sme-za-masovni-protesti-i-borba-za-nashite-prava-i-egzistentsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asom-podgotveni-sme-za-masovni-protesti-i-borba-za-nashite-prava-i-egzistentsija/#respond Thu, 05 Oct 2023 12:33:15 +0000 https://kurir.mk/?p=885591

Доколку Владата остане глува на нашите апели подготвени сме да излеземе на масовни протести со цел да се бориме за нашите права и егзистенција, порачаа од Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) на денешната прес-конференција пред Владата на РСМ. Асоцијацијата пред Владата уште еднаш јавно го повтори својот став дека владината одлука за отпочнување на постапка за основање на три нови друштва за приредување интернет игри на среќа е незаконска и дискриминирачка за домашните лиценцирани компании и ги истакна своите барања.
„Без исклучок бараме: да се донесат подзаконските акти кои цела деценија се држат во фиока за домашните компании согласно актуелниот закон да може да приредуваат игри на среќа и реално да се либерализира  пазарот, да се поништи незаконската владина одлука која претставува сериозна закана за домашните лиценцирани приредувачи на игри на среќа и итно да се вклучат сите засегнати страни во креирање на сите следни одлуки поврзани со индустријата.“- порача претседателот на АСОМ Васко Илијевски.
АСОМ информираше дека поседува информација дека на Комисијата за европски прашања во Собранието насила ќе се обиде да се истурка новиот предлог Закон за игри на среќа, кој значи крај на легалната индустрија на игри на среќа, што во никој случај нема да го дозволи.
„Нема да стоиме мирно и да гледаме како Владата врши упад во бизнисот со игрите на среќа свесно ставајќи клуч на врата на една легална индустрија, која во буџетот годишно носи прилив од 280 милиони евра и вработува над 10.000 лица.“- истакна Илијевски.
Стоејќи пред Владата од Асоцијацијата јавно потврдија дека ниту една членка на АСОМ, Асоцијација во која членуваат над 95 проценти од претставниците на обложувалниците во земјава нема да учествува на незаконскиот однапред договорен тендер кој го објави Државна лотарија за избор на правни лица заради доделување договор за заедничко вложување во интернет игрите на среќа во коишто доминантно учество со 51 % ќе има Државна лотарија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asom-podgotveni-sme-za-masovni-protesti-i-borba-za-nashite-prava-i-egzistentsija/feed/ 0
АСОМ: Со сите механизми ќе ги спречиме штетните одлуки за отворање на нови три онлајн компании на државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asom-so-site-mehanizmi-ke-gi-sprechime-shtetnite-odluki-za-otvorane-na-novi-tri-onlajn-kompanii-na-drzhavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asom-so-site-mehanizmi-ke-gi-sprechime-shtetnite-odluki-za-otvorane-na-novi-tri-onlajn-kompanii-na-drzhavata/#respond Sat, 30 Sep 2023 13:03:54 +0000 https://kurir.mk/?p=883580

Силна осуда за Владината одлука за отпочнување на постапка за основање на три нови друштва за приредување интернет игри на среќа, изрази Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) на вчерашниот брифинг со новинарите. Според Асоцијацијата одлуката ќе ја доведе во прашање егзистенцијата на постојните приредувачи на игри на среќа, кои веќе имаат инвестирано во кадар, опрема и простор. Станува збор за сериозни работодавачи со над 10 илјади вработени, кои плаќаат данок на државата од околу 280 милиони евра годишно и придонесуваат за општеството.
„Проблемот лежи во тоа што Министерството за финансии од 2014 година ги нема донесено подзаконските акти, без кои во пракса не можеме да приредуваме игри на среќа преку интернет. Вие ја следите нашата борба многу одамна. Со години бараме од Владата да ги донесе тие акти и тие упорно не ги носат, што е незаконски, и не спречуваат да организираме игри на среќа на интернет кои се всушност истите игри на среќа кои и сега ги приредуваме.“- вели Васко Илијевски, претседател на АСОМ .
Од АСОМ објаснуваат дека постоечкиот закон овозможува легалните приредувачи кои се на пазарот да организираат игри на среќа на интернет, а Владата и Министерството за финансии незаконски не ги донесуваат подзаконските акти цели 9 години, иако министерот за финансии бил должен да ги донесе за 6 месеци. Тие потенцираат дека одлуката која Владата три месеци ја криеше е незаконска.
„Државната лотарија се повикува одредбите на член 7, став 3 од Законот за игрите на среќа и забавните игри. Овој член не пропишува постапка и начин како и услови и критериуми за избор на приватен партнер. Преку овој повик јасно се гледа дека се прекршува Законот за игрите на среќа и забавните игри при што без прецизни законски услови и дефинирани критериуми се избираат приватни партнери. Ова е незаконски и намерно направено за тие да може да си изберат кого сакаат.“- објасни Илијевски.
Според АСОМ станува збор за смислено сценарио односно, договорена работа, наменета за странски однапред договорени компании, посочувајќи дека државата прво ги дискриминирала и не им дозволувала да приредуваат интернет игри на среќа, а сега како услов бара да имаат искуство во тоа што јасно укажува дека партнерите се веќе договорени и ги исполнуваат токму наведените специфични услови во јавниот повик. Тие најавија дека нема да отстапат се додека повикот не се поништи.
„Бараме да се поништи повикот кој е незаконски и дискриминирачки, да се донесат подзаконските акти кои со години се држат во фиока и реално да се либерализира пазарот и итно да се вклучат сите засегнати страни во креирање на сите следни одлуки поврзани со индустријата. Срамно, неевропски и недемократски е да се носат закони со кои се уништува гранката без никаква консултација со домашните компании. “ – истакна Илијевски.
Од АСОМ порачаа дека ќе ги преземат сите правни механизми за да ја докажат незаконитоста на владината одлука, најавувајќи дека доколку нивните апели бидат игнорирани тие се подготвени своите права да ги бараат преку протести, бидејќи оваа одлука сериозно ја загрозува егзистенцијата на сите вработени во оваа дејност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asom-so-site-mehanizmi-ke-gi-sprechime-shtetnite-odluki-za-otvorane-na-novi-tri-onlajn-kompanii-na-drzhavata/feed/ 0
АПИС: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apis-drzhavna-lotarija-da-ja-preispita-odlukata-za-organizirane-igri-na-sreka-na-internet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apis-drzhavna-lotarija-da-ja-preispita-odlukata-za-organizirane-igri-na-sreka-na-internet/#respond Thu, 28 Sep 2023 09:19:20 +0000 https://kurir.mk/?p=882658

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа - АПИС ја оценува одлуката на Државна лотарија за капитално учество во основањето три нови трговски друштва за организирање игри на среќа на интернет за упад во досегашниот систем на игри на среќа. Клучната дилема е дали е ова вовед во ставањето клуч на врата на обложувалниците и автомат клубовите? Дали државата сака да остави 10 илјади луѓе без работа за да остварува буџетски приходи преку онлајн игри на среќа? Зошто упорно се игнорира мислењето на АПИС и АСОМ?  Дали студијата која е направена укажува дека интернет игрите на среќа заради полесната достапност се потенцијално поголем ризик за младината? Целокупниот процес е нетранспарентен и со месеци се криел од јавноста. Може само да претпоставуваме кои се мотивите за вака погрешен пристап. Не слушнавме ниту еден издржан аргумент зошто на државата под овие услови и се потребни три нови компании кои ќе организираат игри на среќа на интернет. Отворено се сомневаме дека условите кои треба да се исполнат се креирани така да однапред се знае кој ќе бидат партнерите на Државна лотарија. Скандалозно е да не се почитуваат реализираните инвестиции на актуелните приредувачи на игри на среќа, кои и во овој случај се дискриминирани, иако на дел од нив капиталот им доаѓа од земји членки на ЕУ. Уште пострашно е што ќе се дозволи на компанија која нема ниту еден вработен да приредува игри на среќа, што е надвор од економската логика и спротивно на високите стандарди во индустријата. Ја повикуваме Владата и Државната лотарија да ја преиспитаат одлуката за организирање игри на среќа преку интернет. Без јавна расправа, без да се чуе мислењето на експертската јавност, секое продолжување на постапката ќе биде штетен преседан со сериозни последици. Актуелните приредувачи на игри на среќа како најголем работодавец во земјата имаат право да бараат нивниот глас да се слуша. Нема да дозволиме заради нечии лични бизнис апетити да се разградува постоечкиот систем на игри на среќа, кој е еден од најстрого регулираните во регионот и пошироко.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apis-drzhavna-lotarija-da-ja-preispita-odlukata-za-organizirane-igri-na-sreka-na-internet/feed/ 0
Тројца приведени за нелегално организирање игри на среќа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/trojtsa-privedeni-za-nelegalno-organizirane-igri-na-sreka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/trojtsa-privedeni-za-nelegalno-organizirane-igri-na-sreka/#respond Mon, 03 Apr 2023 10:08:14 +0000 https://kurir.mk/?p=819414

Еден тетовец и двајца скопјани се приведени во Тетово откако полицајци ги затекнале во нелегално организирање игри на среќа. Тие биле приведени ноќеска околу 23 часот во угоситетелски објект на улица „Љуботенска“ во Тетово. -Полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.Х.(43) од Тетово, сопственик на објектот и Ф.Б.(53) од скопско Арачиново и А.Р.(56) од скопски Сингелиќ поради сомнение дека сториле кривично дело „комар“ казниво по член 398 од Кривичниот законик. Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци. Во истиот објект, при извршен преглед над Б.А.(34) од скопски Чаир, бил пронајден нож и против него ќе следува поднесок по член 80 од Законот за оружје, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. Според став 1 од членот 398 од Кривичен законик за неовластено организирање на комар или друга игра на среќа има парична казна или затвор до една година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/trojtsa-privedeni-za-nelegalno-organizirane-igri-na-sreka/feed/ 0
Надополнувал кредити, доби кривична пријава за приредување игри на среќа без лиценца https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/nadopolnuval-krediti-dobi-krivichna-prijava-za-prireduvane-igri-na-sreka-bez-litsentsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/nadopolnuval-krediti-dobi-krivichna-prijava-za-prireduvane-igri-na-sreka-bez-litsentsa/#respond Wed, 08 Mar 2023 11:54:52 +0000 https://kurir.mk/?p=809507

На 07.03.2023 околу 11:50 часот на улица „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Л.Т.(23) од тетовски Требош. Тој се сомничи  дека сторил кривично дело „приредување игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“, казниво по член 156 од Законот за игри на среќа и забавни игри. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени лаптоп компјутер, кој се користел за менаџирање на клиентите и надополнување кредити, како и извесна сума парични средства. Се расчистува и документира случајот и на Л.Т. ќе му биде изготвен поднесок.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/nadopolnuval-krediti-dobi-krivichna-prijava-za-prireduvane-igri-na-sreka-bez-litsentsa/feed/ 0
Претрес во Тетово, приведено едно лице, поради сомнение за приредување игри на среќа без лиценца https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretres-vo-tetovo-privedeno-edno-litse-poradi-somnenie-za-prireduvane-igri-na-sreka-bez-litsentsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretres-vo-tetovo-privedeno-edno-litse-poradi-somnenie-za-prireduvane-igri-na-sreka-bez-litsentsa/#respond Wed, 08 Mar 2023 10:55:25 +0000 https://kurir.mk/?p=809462

На 07.03.2023 околу 11.50 часот на улица „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Л.Т.(23) од тетовски Требош. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „приредување игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“, казниво по член 156 од Законот за игри на среќа и забавни игри.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени лаптоп компјутер, кој се користел за менаџирање на клиентите и надополнување кредити, како и извесна сума парични средства.

Се расчистува и документира случајот и на Л.Т. ќе му биде изготвен поднесок.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretres-vo-tetovo-privedeno-edno-litse-poradi-somnenie-za-prireduvane-igri-na-sreka-bez-litsentsa/feed/ 0
АПИС бара да се обрати пред пратениците за штетите кои следат доколку се изгласаат законските измени за игрите на среќа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apis-bara-da-se-obrati-pred-pratenitsite-za-shtetite-koi-sledat-dokolku-se-izglasaat-zakonskite-izmeni-za-igrite-na-sreka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apis-bara-da-se-obrati-pred-pratenitsite-za-shtetite-koi-sledat-dokolku-se-izglasaat-zakonskite-izmeni-za-igrite-na-sreka/#respond Wed, 08 Mar 2023 08:28:13 +0000 https://kurir.mk/?p=809360

Како Асоцијација на приредувачи на игри на среќа (АПИС) во кои членуваат трговските друштва кои организираат игри на среќа во автомат клубови и казина, претставници на Новоматик и Апекс од Република Австрија, побаравме од Собранието на Република Македонија да се обратиме на седницата на Комисијата за европски прашања кога ќе биде разгледуван Предлог на законот за измени и дополнување на законот за игри на среќа и забавни игри. Нашето барање е во согласност со член 122 став од Деловникот за работа Собранието. Соопштението на АПИС го пренесуваме во продолжение: Наша должност е да ги информираме народните избраници за крајно штетните последици кои неминовно следат доколку законски измени бидат изгласани од Собранието со решенијата кои се дел од предложените законски измени. Иако постоечкото законско решение е најстрого во регионот, ние генерално не сме против законски измени. АПИС се противи на погрешни, противуставни и популистички мотивирани законски измени, кои ќе предизвикаат хаос со игрите на среќа. Затоа, на 16 ноември 2022 со писмени барања адресирани до Владата и Министерството за финансии побаравме нашите правни тимови да бидат вклучени во процесот на изработка на предложените измени. За жал, и покрај писменото ветување на Министерството за финансии од 19.12.2022 дека после изготвувањето на првичниот драфт на измените ќе ни се овозможи како засегната страна да се вклучиме со свои мислења и коментари, тоа не се случи. Напротив, Владата од необјасниви причини одлучи на предложените измени да им стави Европско знаме, што никогаш претходно не било собраниска пракса, земајќи предвид дека измените предизвикуваат драматични финансиски импликации. Демократски обичај е како странски инвеститори, претставници на капитал кој доаѓа од земја членка на ЕУ, да бидеме ислушани и нашата експертиза и знаење да биде земено предвид со цел изработка на одржливо законско решение во согласност со највисоките светски стандарди за организирање игри на среќа. Досега како Групација во Република Македонија сме инвестирале 124 милиони евра, имаме тековни инвестиции од дополнителни 30 милиони евра, вработуваме илјадници луѓе. Како општествено одговорни компании донираме во јавното здравство, спортот, културата и постојано учествуваме или сме покровители на хуманитарни акции. Целата економска дејност – игри на среќа годишно приходува 280 милиони евра во буџетот, што е зафаќање од 6 проценти од приходната страна на централниот Буџет предвиден за 2023 година. Конечно, како Асоцијација на приредувачи на игри на среќа имаме одговорност да ги заштитиме нашите вработени и огромните инвестиции во Македонија кои ја придвижуваат македонската економија напред. Очекуваме од Собранието нашето Барање да биде прифатено.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apis-bara-da-se-obrati-pred-pratenitsite-za-shtetite-koi-sledat-dokolku-se-izglasaat-zakonskite-izmeni-za-igrite-na-sreka/feed/ 0