игри – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 09 Jan 2018 12:22:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png игри – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лего коцките навршуваат 60 години во услови на растечко присуство на онлајн игри https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lego-kockite-navrshuvaat-60-godini-vo-uslovi-na-rastechko-prisustvo-na-onlajn-igri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lego-kockite-navrshuvaat-60-godini-vo-uslovi-na-rastechko-prisustvo-na-onlajn-igri/#respond Tue, 09 Jan 2018 12:13:56 +0000 http://kurir.mk/?p=8235

Популарните пластични коцки на Лего навршуваат 60 години во 2018 година. Данската компанија веќе нема заштита на патентот, а имитаторите одамна се обидуваат да го доситгнат и надминат нејзиниот успех. Истовремено вистинската конкуренција всушност се разгорува на друго место. Повеќе од половина век обоените пластични коцки на Лего се користат за изработка на згради, автомобили, авиони и цели имагинарни светови во детските соби ширум светот. Се појавуваат пирати, принцези и вселенски бродови заедно со цела низа конструктори, посветени на блокбастери како „Војна на ѕвездите", „Пиратите од Карибите" и „Хари Потер". Истовремено, конкурентни фирми пуштија „клон" производи, кои многу личат на оригиналните, а данската семејна компанија треба да се натпреварува и со онлајн игрите. Сметководствените документи на Лего повеќе не ја покажуваат претходната добра форма. Се започна пред околу 60 години на 28 јануари 1958 година. Некогашниот извршен директор на Лего, Годфред Кирк Кристијансен регистрира патент за мала пластична коцка со два реда со по четири испакнати делови и три отвори (цевчиња) внатре и така се раѓа познатата фигура Лего. Скриените цевчиња се тајната што ги држи деловите заедно и постабилни од другите коцки.

Техничкиот патент истече за 20 години

Денес, секоја компанија може да ги копира коцките Лего и многу го прават тоа. Слубан, компанија чие европско седиште се наоѓа во Холандија, но производството и е во Кина, прави производи кои можат да се поврзат со Лего коцките, но тие се многу поевтини. Слични стратегии имаат и други компании како Лепин и Леле. Тие дури нудат и веќе разработени теми од Лего. Разликата е во тоа што тие не се откажуваат од војниците и тенковите, кои се табу за Данците од етички причини. Лего не може да направи ништо против копијата, изјави данскиот адвокат, застапник на патенти, Торбјорн Сванстром. - Коцката изгледа така како што изгледа, бидејќи има функција, додаде тој. Со години, Лего ги тужел своите имитатори, често залудно, и Сванстром вели дека Лего коцките повеќе не можат да бидат заштитени. - Сите знаеме: никој од нас не сака конкуренција, прекрасно е да се има монопол, додава Сванстром. Имитациите влегуваат во основните пазари на Лего. Првите конкурентни производи беа продадени само во Азија, потоа во Грција и во Турција. - Сега доаѓаат во северна Европа, рече Сванстром. Дури и во домот на Лего, Данска, еден голем трговски синџир за играчки неодамна ги понуди копиите на Лего, непосредно пред Божиќ. Во Германија, Лего и натаму е неприкосновен лидер на пазарот. Според германската асоцијација за трговија со играчки (БВС), данската компанија е производител со најголем промет на германскиот пазар за играчки - многу пред Равенсбургер, Плејмобил и Симба. - Според германската статистика, копиите на Лего се уште не се појавија, вели шефот на здружението, Вил Фишел. Според здружението, сепак, прометот во Лего во Германија опадна за два проценти меѓу јануари и октомври минатата година. Ова е дел од пошироката тенденција на Лего. Во првата половина од 2017 година, продажбата и профитот на Лего се намали за три до пет отсто во текот на истиот период претходната година. Дури и 2016 година, таа беше полна со предизвици, особено на важните пазари во Европа и САД, каде што продажбата опаѓа. Лего неодамна објави дека ќе скрати 1.400 работни места ширум светот, односно околу осум отсто од персоналот на компанијата. И покрај заканата од растечката конкуренција, данската компанија се чини дека се обидува да остане смирена. - Фер конкуренцијата е во наш интерес, изјави портпаролот на компанијата Роар Рунде Трангбек. Лего ја увиде промената на пазарот на играчки и сега инвестира во онлајн платформа каде што децата можат да преземаат градежни проекти и да споделуваат фотографии од нивните Лего модели. Поентата е да му се даде на производот „дигитален карактер". - Сакаме да бидеме дел од сето она со кое децата го поминуваат времето, изјави Траннгбек. -Се е фокусирано на Лего коцките, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lego-kockite-navrshuvaat-60-godini-vo-uslovi-na-rastechko-prisustvo-na-onlajn-igri/feed/ 0