игротеки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 22 Apr 2021 10:20:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png игротеки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 И денеска протест на ТУК, се приклучува и Комората на сметководители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-deneska-protest-na-tuk-se-prikluchuva-i-komorata-na-smetkovoditeli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-deneska-protest-na-tuk-se-prikluchuva-i-komorata-na-smetkovoditeli/#respond Thu, 22 Apr 2021 10:20:15 +0000 https://kurir.mk/?p=500756

Протестот на Туристичко угостителската комора продолжува и денеска. Од Комората најавија дека ќе протестираат се до исполнување на барањата. Членовите на Туристичко-угостителската комора, претставници на угостителските објекти, ноќни клубови, ресторани за свадби, игротеки, туристички агенции, туристички водичи и превозници, пред два дена пред Министерството за финансии започнаа протест преку кој бараат континуирана финансиска поддршка за спас на овие дејности. Под мотото „Ќе можете ли“, ги повикува надлежните институции итно да ја обезбедат бараната финансиска поддршка. Кон протестот вчера се приклучи и Комората на сметководители која години наназад реагира на репресивната улога на Министерството за финансии и неговата улога во уништувањето на сметководствената професија. Структури од Секторот за финансиски систем од ова министерство, наместо да ги извршуваат своите работните задачи во интерес на граѓаните, за што земаат плата, делуваат низ призма на исполнување на своите лични интереси притоа загрозувајќи ја егзистенцијата на 10.000 професионалци од дејноста. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-deneska-protest-na-tuk-se-prikluchuva-i-komorata-na-smetkovoditeli/feed/ 0
Нов протест на ТУК: Се бара континуирана финансиска поддршка за спас на повеќе дејности https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-protest-na-tuk-se-bara-kontinuirana-finansiska-poddrshka-za-spas-na-povekje-dejnosti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-protest-na-tuk-se-bara-kontinuirana-finansiska-poddrshka-za-spas-na-povekje-dejnosti/#respond Wed, 21 Apr 2021 08:55:07 +0000 https://kurir.mk/?p=500256

Протестот на Туристичко угостителската комора продолжува и денеска. Од Комората вчера најавија дека ќе протестираат се до исполнување на барањата. Членовите на Туристичко-угостителската комора, претставници на угостителските објекти, ноќни клубови, ресторани за свадби, игротеки, туристички агенции, туристички водичи и превозници, вчера пред Министерството за финансии започнаа протест преку кој бараат континуирана финансиска поддршка за спас на овие дејности. Под мотото „Ќе можете ли“, ги повикува надлежните институции итно да ја обезбедат бараната финансиска поддршка. – Угостителскиот сектор од почетокот на кризата минатата година се до денес работи под бројни рестриктивни мерки, а во одредени периоди и со целосен прекин на активноста, што без соодветна и навремена поддршка доведе до престанок на деловната активност за многу субјекти во секторот и загуба на многу работни места. Ние во изминатите години докажавме дека знаеме и можеме да работиме, и од нула изградивме претприемачки извор на егзистенција преку кој чесно ги издржуваме нашите семејства. Сега без наша вина, не сме во можност да работиме, а тоа ја доведува во прашање не само иднината на деловните субјекти туку и егзистенцијата на нашите семејства. Затоа и ги повикуваме надлежните институции да се потсетат на нивниот изборниот слоган „Можеме“ и да покажат дека навистина можат и да ни помогнат кога тоа навистина ни е потребно за спас на дејноста на правните лица и егзистенцијата на нашите семејства. Денеска сите ние од тука јасно и гласно ги прашуваме „Ќе можете ли?“ да одговорите на барањата и да ни ја обезбедите помошта која е потребна, изјави Мартин Ангеловски, потпретседател на Туристичко-угостителската комора. Се бара еднократна финансиска помош за регистрираните угостителски објекти на кои повеќе од една година им е забранета примарната дејност со уредба на Влада, и кои со месеци немаат никаква помош, не само за зачувување на работните места туку немаат никаква помош ни за основните трошоци за егзистенција и се под закана за губење на домовите и објектите од банки и извршители. -Под помош не сметаме понуди од владата за користење на кредити од Развојна банка, тоа е само дополнително задолжување од еден кредит да имаме два. Бараме еднократна финансиска помош за секој од регистрираните категоризирани објекти, кои повеќе од една година се затворени во целост, а со цел покривање на досегашните трошоци и долгувања акумулирани поради забраната за работа. Исто така бараме и еднократна финансиска помош во вид на грант за сите регистрирани угостителските објекти, поделени во 3 категории врз основа на големината на бројот на вработени во 2020 година како и утврдување на мораториум или репрограмирање со грејс период на кредитите од комерцијалните банки и Развојна банка се додека не ни дозволи владата да работиме без рестрикции за нашиот сектор, велат од туристичко-угостителската комора. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-protest-na-tuk-se-bara-kontinuirana-finansiska-poddrshka-za-spas-na-povekje-dejnosti/feed/ 0
Со нови протоколи се отвораат игротеките безбедни за децата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-novi-protokoli-se-otvoraat-igrotekite-bezbedni-za-decata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-novi-protokoli-se-otvoraat-igrotekite-bezbedni-za-decata/#respond Fri, 02 Oct 2020 07:53:12 +0000 https://kurir.mk/?p=411415

Групацијата на забавни, рекреативни и едукативни дејности во рамки на Услужната комора при Сојуз на стопански комори на Македонија го поздрави носењето на протоколите за отворање и работа на игротеките кое значи и нивно повторно отпочнување со работа. Според нив со целосно почитување на протоколите, игротеките се подготвени да овозможат безбеден и сигурен престој на децата. Протоколите изготвени од Комисијата за заразни болести содржат над триесет мерки и активности со чие почитување и имплементирање во пракса ќе се спречи ширење за заразни заболувања. Вработените во игротеките, родителите и децата ќе ги почитуваат протоколите, просторите и предметите редовно ќе се дезинфицираат и проветруваат. -Групацијата на игротеки при ССК ги известува родителите и дечињата дека согласно протоколите подготвени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, а прифатени од Владата, по седум месечна пауза се овозможува игротеките да ги отворат своите врати за прослава на детските родендени. Конечно родендените ќе може да се слават во безбеден, сигурен и дезинфициран простор. Многу подобро за сите нас е дејноста да продолжи и да се одвива во чиста средина, во контролирани услови со почитување на протоколите и преземање на ригорозни мерките за заштита на личното како и на колективното здравје. Затоа повелете резервирајте термин во вашата омилена игротека, да продолжи детската радост за нивниот најважен ден, вели Трајко Николовски, претседател на Групацијата за забавни, рекреативни и едукативни дејности. Игротеките и едукативните центри беа затворени со владина уредба пред седум месеци и се меѓу последните дејности за кои се дефинираат правилата за отворање и работа. Во изминатиот период прославите на детски родендени се организираа, во небезбедни неконтролирани услови без работа на игротеките, што со носењето на протоколите се очекува да се надмине.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-novi-protokoli-se-otvoraat-igrotekite-bezbedni-za-decata/feed/ 0
Игротеки, установи за едукација, објекти за веселби бараат итно донесување протоколи и финансиска помош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/igroteki-ustanovi-za-edukacija-objekti-za-veselbi-baraat-itno-donesuvanje-protokoli-i-finansiska-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/igroteki-ustanovi-za-edukacija-objekti-za-veselbi-baraat-itno-donesuvanje-protokoli-i-finansiska-pomosh/#respond Tue, 25 Aug 2020 08:56:19 +0000 https://kurir.mk/?p=394992

Игротеките, приватните установи за едукација и грижа на деца, објектите за свадби, родендени, крштевки, како и други семејни веселби, кои се затворени со владина Уредба поради Ковид-19 и веќе шести месец не остваруваат никаков приход, очекуваат новата Влада итно да го реши нивниот финансиски проблем, во спротивно најавуваат протест. -Станува збор за над 1 000 субјекти, кои се пред пропаѓање и во исклучително тешка состојба. Претпријатијата од овие дејности бараат итно протоколи за почеток со работа или доколку се одлучи принудно да останат затворени, да се донесат мерки за финансиска поддршка со кои ќе ја преживеат кризата. Овие сектори се принудно затворени, немаат никакви приходи и иако се уште им се генерираат трошоци за плати, наемнини и режиски трошоци за нив веќе со месеци нема никаква финансиска поддршка, потенцираат од Сојуз на стопански комори на Мак­­едонија. Оттаму истакнуваат дека во континуитет се доставувани писмени барања со издржани предлози до надлежните институции, како и протоколи за работа согласно оние од земјите во регионот и пошироко, каде на овие дејности уште пред неколку месеци им е овозможено да работат. Доколку се утврди дека нема можност за извршување на дејноста, економските оператори бараат да се донесе економски пакет од шест мерки за финансиска помош за опстанок. Тие шест мерки се: субвенции за плати за сите досегашни и идни месеци додека се принудно затворени од институциите, во износ на минималната бруто плата; одложување од обврските за плаќање кон претпријатијата кои вршат комунални дејности до крајот на годината; како и ослободување од обврските за аконтативно односно однапред плаќање на данок на добивка и персонален данок на доход. Потоа, како четврто барање е наведено ослободување од плаќање на данок на имот спрема општините и Градот Скопје за месеците за кои принудно не вршат дејност; петто-мораториум со репрограм за кредитните обврски спрема банките до крајот на годината и еднократна парична помош за сите објекти врз основа на претходно определени критериуми и параметри засновани на годишни приходи и платените даноци во изминатите години. -Со формирање на новата Влада, претпријатијата од овие дејности очекуваат во најкраток можен рок да се реши моменталната состојба, во спротивно својот револт ќе го истакнат на протест. Да се затворат принудно со месеци без услови со кои ќе можат да ја преживеат кризата е нечовечки и помош или деблокада се единствениот излез, велат од Сојуз на стопански комори на Мак­­едонија. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/igroteki-ustanovi-za-edukacija-objekti-za-veselbi-baraat-itno-donesuvanje-protokoli-i-finansiska-pomosh/feed/ 0
Игротеките бараат помош од Владата и датум за нивно повторно отворање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/igrotekite-baraat-pomosh-od-vladata-i-datum-za-nivno-povtorno-otvoranje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/igrotekite-baraat-pomosh-od-vladata-i-datum-za-nivno-povtorno-otvoranje/#respond Thu, 28 May 2020 09:22:10 +0000 https://kurir.mk/?p=350962

Финансиска помош за обезбедување средства за хигиена, пролонгирање на поддршката од 14.500 денари и во јуни или разгледување на можноста за еднократна финансиска помош за наредниот месец, како и најавување датум за повторно отворање, бараат игротеките од Владата. Тие денеска на прес-конференција се пожалија дека поради коронавирусот не работат веќе 80 дена, па имаат проблеми не само со обезбедувањето плати, туку и со плаќањето на сметките и кириите. Сепак, отпуштања во дејноста засега нема. Игротеките не се против да направат скрининзи ако така одлучи Комисијата за здравство, но и за тоа, велат, се потребни пари. -Платите се проблем, сметките за струја, комуналии и телефон се проблем, кириите се проблем. Нема игротека што не е во загуба од пандемијата. Поголемите веројатно имаат поголеми загуби, а помалите помали. Вработените се на работните места, а секоја компанија има до максимум десет вработени, не повеќе, рече претседателот на Групацијата на забавни и рекреативни дејности при Сојузот на стопански комори, Трајко Николовски. Тој  укажа и на неопходноста од дополнителни разговори со надлжените за прецизно да биде утврден протоколот на работа и превентивните мерки за повторно отворање на игротеките што е најдобро да биде на истот датум кога ќе се отворат и установите за згрижување деца. -Во Групацијата членуваат пред сé микро и мали компании кои со донесената уредба на Владата за превенција од КОВИД-19, трет месец не ја вршат својата дејност. Работата им е намалена за сто проценти и не остваруваат никаков промет. Во секторот припаѓаат забавни и рекреативни дејности како игротеки за деца, но и голем број поврзани дејности, како приватни установи за грижа на деца и нивна едукација, дејности од прехранбената и услужната индустрија, истакна Николовски. Објаснувајќи ја потребата од владина помош за која изрази уверување и дека ќе биде одобрена, Николовски потенцира дека е исклучително важно не само за вработените во игротеките, туку и за родителите и за децата, хигиената да биде на највисоко ниво. Родителите, нагласи Николовски, треба да знаат дека ќе игротеките ќе обезбедат услови за децата да бидат на сигурно, чисто, дезинфицирано – на место кое не е извор на зараза. -За таа цел потребна е одредена помош од Владата со која би се  обезбедиле средства неопходни за превенција и заштита, при работа во нашата дејност. За задржување на работните места и дејноста да може да опстои, потребно е мерката за финансиска помош во висина од 14.500 денари да важи и за месец јуни или да се разгледа можноста за еднократна финансиска помош за наредниот месец. Потребно е да биде најавен и датум за повторно отворање на игротеките со оглед дека голем број прослави се одложени, рече претседателот на Групацијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/igrotekite-baraat-pomosh-od-vladata-i-datum-za-nivno-povtorno-otvoranje/feed/ 0