икеа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 21 Mar 2023 11:26:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png икеа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ИКЕА ПОВЛЕКУВА ДЕТСКИ ПРОИЗВОД: Вратете го назад, постои опасност од задушување https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ikea-povlekuva-detski-proizvod-vratete-go-nazad-postoi-opasnost-od-zadushuvane/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ikea-povlekuva-detski-proizvod-vratete-go-nazad-postoi-opasnost-od-zadushuvane/#respond Tue, 21 Mar 2023 11:24:33 +0000 https://kurir.mk/?p=814494

„ИКЕА“ ги повикува сите купувачи кои ги имаат „БЛАВИНГАД“ рибарските (повеќебојни) играчки да престанат да ја користат и да контактираат со синџирот продавници заради целосен поврат. -Безбедноста на купувачите е на прво место за ИКЕА. Затоа преземаме мерки на претпазливост и ја повлекуваме „БЛАВИНГАД фишинг гејм (Мултиколор)“ поради можна предизвикана опасност од гушење. ИКЕА ги развива своите производи со строга програма за проценка на опасности и со тестирање за да се увери дека производите ќе ги задоволат сите важечки закони и регулативи на пазарите каде што се продаваат. Сепак, дознавме дека малите нитни на оваа играчка може да се откачат, што создава потенцијална опасност од задушување, особено за малите деца. Затоа, го повлекуваме „БЛАВИНГАД фишинг гејм (Мултиколор)“, објави компанијата. Детската игра може да се врати во „ИКЕА“ со целосен поврат на парите. Исто така, притоа не е неопходно да се прикачи сметка од купопродажбата, додаваат тие и им се извинуваат на купувачите за можните непријатности што може да ги предизвика повлекувањето на овој производ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ikea-povlekuva-detski-proizvod-vratete-go-nazad-postoi-opasnost-od-zadushuvane/feed/ 0
ВИДЕО: Поради заразено шестгодишно дете Кинезите ја затворија „Икеа“ со се купувачите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-poradi-zarazeno-shestgodishno-dete-kinezite-ja-zatvorija-ikea-so-se-kupuvachite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-poradi-zarazeno-shestgodishno-dete-kinezite-ja-zatvorija-ikea-so-se-kupuvachite/#respond Tue, 16 Aug 2022 10:56:37 +0000 https://kurir.mk/?p=719262

Хаос избувна во продавница на Икеа во Шангај во саботата, откако клиентите почнаа да бегаат од властите кои се обидоа да ги стават во карантин. Здравствените власти се обиделе да ја затворат продавницата откако клиент бил во близок контакт со лице кое било позитивно тестирано за Ковид. На видеата се гледа како обезбедувањето во еден момент се обидува да ја затвори вратата, но толпата од другата страна насилно ја отвора и бега. Претходно оваа година, Шангај беше во двомесечна блокада, а оттогаш, во градот со 20 милиони луѓе, поради строгата стратегија „нулта случаи на ковид“, наредено е итно заклучување на места каде што има позитивни случаи. Затоа, многумина беа заклучени на необични локации, вклучувајќи ресторани, спортски сали или канцеларии. Ненадејното затворање на продавницата на Икеа беше наредено поради близок контакт на шестгодишно момче кое беше позитивно тестирано по враќањето од патување во Тибет, изјави заменик директорот на здравствената комисија во Шангај, Жао Дандан. Оние кои беа во Икеа и околните области мора да бидат изолирани два дена, по што ќе бидат следени пет дена, објасни Жао. До недела беа откриени речиси 400 блиски контакти на шестгодишното момче, кое е асимптоматично, а на дури 80.000 луѓе им беше наредено да одат на тестирање. Кина се придржува до својот пристап за „нула случаи на ковид“ за да се спречи ширењето на коронавирусот, и покрај фактот што таквиот пристап има големо влијание врз економијата, а јавноста се повеќе се противи на тоа, пишува Би-Би-Си. Сцените на паника во Икеа следеа по објавувањето на видеото минатата недела на кое се прикажуваат луѓе во друг дел на Шангај како излегуваат од зградата поради гласините за абнормален резултат од тестот за Ковид. Заклучувањето ширум Шангај претходно оваа година доведе до широко распространети извештаи за недостиг на храна и лоши услови за живеење во карантинските центри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-poradi-zarazeno-shestgodishno-dete-kinezite-ja-zatvorija-ikea-so-se-kupuvachite/feed/ 0
ИКЕА и Фолксваген ја прекинуваат работата во Русија и Белорусија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ikea-i-folksvagen-ja-prekinuvaat-rabotata-vo-rusija-i-belorusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ikea-i-folksvagen-ja-prekinuvaat-rabotata-vo-rusija-i-belorusija/#respond Thu, 03 Mar 2022 14:14:38 +0000 https://kurir.mk/?p=640272

Шведската компанија ИКЕА и германскиот производител на автомобили Фолксваген  денеска соопштија дека ќе ја прекинат работата во Русија, поради нападот на таа земја врз Украина. ИКЕА соопшти дека привремено ги напушта пазарите на Русија и Белорусија и дека ќе одвои околу 41 милион долари за помош на бегалците од Украина. „ИКЕА ја прекинува работата во Русија и Белорусија. Покрај тоа, ИКЕА и Фондот на ИКЕА ќе донираат повеќе од 400 милиони шведски круни во добротворни цели за да им помогнат на оние кои беа принудени да ја напуштат Украина поради војната“, се вели во соопштението. Од ИКЕА изјавија дека работните места и платите на вработените ќе бидат зачувани, а на нивните семејства ќе им пружат секаква поддршка. Германскиот производител на автомобили соопшти дека ќе го прекине производството на возила во Русија. Компанијата на Твитер објави дека извозот на нејзините возила во Русија веднаш ќе биде прекинат. Фолксваген наведе дека „многу сериозно ја сфаќа одговорноста за работниците во Русија погодени од овие мерки“ и додаде дека на сите ќе им исплати надомест за скратено работно време.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ikea-i-folksvagen-ja-prekinuvaat-rabotata-vo-rusija-i-belorusija/feed/ 0
ИКЕА се претвори во огромна спална соба за купувачи и вработени кои останаа заробени во салонот поради снежно невреме https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ikea-se-pretvori-vo-ogromna-spalna-soba-za-kupuvachi-i-vraboteni-koi-ostanaa-zarobeni-vo-salonot-poradi-snezno-nevreme/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ikea-se-pretvori-vo-ogromna-spalna-soba-za-kupuvachi-i-vraboteni-koi-ostanaa-zarobeni-vo-salonot-poradi-snezno-nevreme/#respond Fri, 03 Dec 2021 08:48:04 +0000 https://kurir.mk/?p=603434

Продажен салон на „ИКЕА“ стоковна куќа во северна Данска се претвори во огромна спална соба, откако шест купувачи и дваесетина вработени останаа заробени во него поради снежно невреме. До мигот кога стоковната куќа во Алборг се затвори во средата вечерта, паднаа до 75 см снег, па луѓето беа принудени да преноќат во продавницата. – Спиевме во нашиот изложбен салон на првиот кат, каде што имаме кревети, душеци и каучи. Тоа беше можност луѓето да го изберат токму креветот што отсекогаш сакале да го пробаат. Беше тоа добра ноќ! Многу забавно!, изјави менаџерот на продавницата, Питер Елмос за тамошните медиуми. Тие ја минале вечерта гледајќи телевизија со закуски. Данската јавна телевизија ДР соопшти дека луѓето кои работат во продавница за играчки која се наоѓа веднаш до „ИКЕА“, исто така, ја минале ноќта во стоковната куќа. – Само се смеевме на состојбата, затоа што веројатно нема да ја доживееме повторно, прокоментира една продавачка. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ikea-se-pretvori-vo-ogromna-spalna-soba-za-kupuvachi-i-vraboteni-koi-ostanaa-zarobeni-vo-salonot-poradi-snezno-nevreme/feed/ 0
ИКЕА престанува да го објавува каталогот по 70 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ikea-prestanuva-da-go-objavuva-katalogot-po-70-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ikea-prestanuva-da-go-objavuva-katalogot-po-70-godini/#respond Mon, 07 Dec 2020 14:42:26 +0000 https://kurir.mk/?p=440057

Шведскиот производител на мебел Икеа одлучи да престане да го објавува каталогот по 70 години, едно од најголемите годишни публикации во светот, бидејќи клиентите се повеќе се свртуваат кон интернет, објави компанијата. Каталогот на Икеа се печати веќе 70 години, а најголемиот тираж го достигна во 2016 година, кога повеќе од 200 милиони примероци беа дистрибуирани до домаќинствата и продавниците на Икеа на повеќе од 50 пазари. Неговото прво издание имаше вкупно 285 илјади примероци и беше дистрибуирано на југот на Шведска. Последното издание, заклучно со оваа година, е отпечатено во 40 милиони примероци. Таквиот потег е дел од напорите на компанијата да го зајакне дигиталниот бизнис, бидејќи потрошувачите се повеќе бараат инспирација преку интернет, а исто така и се повеќе купуваат преку интернет. За 12 месеци до крајот на август, продажбата на Икеа преку интернет се зголеми за 45 проценти. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ikea-prestanuva-da-go-objavuva-katalogot-po-70-godini/feed/ 0
По 4.000 евра бонус за сите вработени: Ваков газда секој посакува https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-4-000-evra-bonus-za-site-vraboteni-vakov-gazda-sekoj-posakuva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-4-000-evra-bonus-za-site-vraboteni-vakov-gazda-sekoj-posakuva/#respond Thu, 02 Jan 2020 14:12:16 +0000 https://kurir.mk/?p=284827

Норвешката компанија „Икеа“ ги израдуваа своите вработени со бонуси за Божиќ и Нова година. Компанијата своите вработени ги наградила со празничен бонус во вредност од 40.000 круни или околу 4.000 евра. Имено, на секој еден од вкупно 3.000 вработени во компанијата, без оглед на својата позиција, компанијата му исплатила божиќен и новогодишен бонус во вредност од 4.000 евра. -Секој работник што поминал најмалку шест месеци во нашата компанија ќе добие бонус, изјавија од компанијата која за празнички бонуси издвои околу 12 милиони евра. Ова е досега најголем износ што компанијата им го исплатила на своите вработени во Норвешка како бонус за новогодишните празници. -Кога ќе постигнеме добри резултати, тоа првенствено се должи на успешното работење на нашиот персонал. Затоа сакаме да им се оддолжиме на сите кои на одреден начин придонеле за тоа, а бонусите се добра можност да го сториме тоа, велат од Икеа. Инаку, Икеа бележи значителен раст во однос на 2018 година кога нивната продажба се намали за прв пат по 20 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-4-000-evra-bonus-za-site-vraboteni-vakov-gazda-sekoj-posakuva/feed/ 0
Повредената Македонка во сообраќајката во Солун е во критична состојба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povredenata-makedonka-vo-soobrakjajkata-vo-solun-e-vo-kritichna-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povredenata-makedonka-vo-soobrakjajkata-vo-solun-e-vo-kritichna-sostojba/#respond Mon, 12 Feb 2018 13:55:26 +0000 http://kurir.mk/?p=20766

Девојката која во саботата беше повредена во сообраќајна несреќа во Солун е приклучена на машини и е во критична состојба, додека пак на повредениот маж утре ќе му биде извршена операција на бутната коска, јави дописникот на МИА од Атина повикувајќи се на информации од болницата. Двајцата македонски државјани беа повредени во сообраќајка што се случи во Солун во саботата попладне во близина на ИКЕА, додека стоеле на островче, кога во нив удрило возило кое изгубило контрола, веројатно поради голема брзина и излетало од коловозот. Како што јавува дописникот на МИА од Атина, двајцата Македонци, 27 годишна девојка и 38 годишен маж и возачот веднаш биле пренесени во болница.  Семејствата на повредените, веднаш по несреќата биле известени од Конзулатот на Република Македонија во Солун, а македонското ДКП е во постојан контакт и со докторите од двете грчки болници во кои се пренесени повредените и со родителите на двајцата македонски државјани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povredenata-makedonka-vo-soobrakjajkata-vo-solun-e-vo-kritichna-sostojba/feed/ 0