икона – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 May 2023 05:45:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png икона – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Илјадници Грци се поклонија во Атина пред чудотворната светогорска икона на Богородица https://arhiva.kurir.mk/svet/region/iljadnitsi-grtsi-se-poklonija-vo-atina-pred-chudotvornata-svetogorska-ikona-na-bogoroditsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/iljadnitsi-grtsi-se-poklonija-vo-atina-pred-chudotvornata-svetogorska-ikona-na-bogoroditsa/#respond Tue, 16 May 2023 05:45:34 +0000 https://kurir.mk/?p=834559

Илјадници верници во Атина, кои пристигнаа од различни делови на Грција во изминатите две седмици се поклонија пред чудотворната икона на Пресвета Богородица од Света Гора, која специјално беше донесена во грчката метропола, јави дописничката на МИА од Атина. Иконата заштитничка на светогорските манастири, насликана во ерата на византиското иконоборството во Константинопол и наречена „Аксион ести“ (Достојно е) се изнесува ретко од Света Гора и само во специјални прилики, а ова е осми пат во изминатите 60 години да биде достапна за сите верници да се поклонат пред неа. Во Соборниот храм во центарот на Атина пристигна на 3 мај, првично беше планирано да остане до вчера, меѓутоа, поради огромниот интерес кај граѓаните и по барањето до Света Гора упатено од поглаварот на Грчката Православна црква, архиепископот Јеронимос, чудотворната икона на полуостровот Атос ќе се врати утре. Дописничката на МИА од Атина го посети Соборниот храм, поразговара со верниците кои трпеливо чекаа во ред за да влезат во црквата и да се поклонат, а во изминатите денови поради зголемениот интерес се чекаше и по еден час. -Би чекала и до пет часа, ако е потребно, бидејќи вреди, вели за МИА помлада Гркинка. Верниците влегуваат во групи од 30-40 лица, на секои десет минути, а Соборниот храм е отворен од рано наутро до полноќ, или како што велат надлежните, додека не влезе и последниот верник. Неофицијалните процени се дека околу четири до пет илјади граѓани дневно се поклонуваат пред иконата на Богородица, а дел од верниците велат дека воопшто не им пречи да чекаат бидејќи станува збор за ретка и несекојдневна можност. Особено е голем интересот кај жените, со оглед на тоа дека немаат пристап до Света Гора, каде што се чува иконата во Светиот храм во Кареја. -Имам многу здравствени проблеми, загубив едно од моите деца, генерално сум верник и често доаѓам во црква. Меѓутоа, за конкретната икона на Пресвета Богородица имав особена желба да се поклонам. Како жена, немам можност да ја видам иконата во Света Гора, вели повозрасна Гркинка за МИА. Меѓу верниците беа и две жени кои на колена, со лазење влегоа во црквата. Ова е осми пат иконата да биде изнесена од Света Гора, а во Атина дојде по пауза од 24 години. Според грчките медиуми, иконата на Пресвета Богородица во минатото била три пати донесена во Атина, во 1963 година за време на прославата на Милениумот на Света Гора, во 1987 година за време на официјалната посета на тогашниот вселенски патријарх и во септември 1999 година по големиот земјотрес. Во Солун била два пати и по еднаш на Кипар и во градот Комотини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/iljadnitsi-grtsi-se-poklonija-vo-atina-pred-chudotvornata-svetogorska-ikona-na-bogoroditsa/feed/ 0
Дојде периодот на куќните слави: Има правила кои мора да ги почитувате, една работа која многумина ја прават е голем грев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojde-periodot-na-kukjnite-slavi-ima-pravila-koi-mora-da-gi-pochituvate-edna-rabota-koja-mnogumina-ja-pravat-e-golem-grev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojde-periodot-na-kukjnite-slavi-ima-pravila-koi-mora-da-gi-pochituvate-edna-rabota-koja-mnogumina-ja-pravat-e-golem-grev/#respond Fri, 11 Nov 2022 14:26:44 +0000 https://kurir.mk/?p=759189

Православниот заштитник на еден македонски дом се обележува со одредени правила и обичаи. Меѓутоа, многу од обичаите немаат никаква врска со нашата традиција. Се повеќе има домаќини кои себеси си дозволуваат планирање на славата по сопствени убедувања, така што целата слава се претвора во обична пијанка. Многу домаќини не знаат каде ѝ е местото на славската икона, па ја чуваат закачена на било кој ѕид, или пак на ормарите како украсен детаљ. Иконата всушност без никакво сомнение, се чува закачена на источниот ѕид, бидејќи според православните учења од истокот доаѓа Спасителот. Најголем грев е кога славата за време на големи пости се слави како мрсна слава. Затоа, свештениците велат, подобро не го славете Свети Никола, отколку да го славите со мрсна трпеза.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojde-periodot-na-kukjnite-slavi-ima-pravila-koi-mora-da-gi-pochituvate-edna-rabota-koja-mnogumina-ja-pravat-e-golem-grev/feed/ 0
По 8 години: Гугл Хром добива нов изглед на иконата https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/po-8-godini-gugl-hrom-dobiva-nov-izgled-na-ikonata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/po-8-godini-gugl-hrom-dobiva-nov-izgled-na-ikonata/#respond Mon, 07 Feb 2022 11:03:47 +0000 https://kurir.mk/?p=628011

Гугл одлуки 2022 година да биде годината кога се ќе модернизира, а прво што ќе направи ќе биде промена на иконата за Гугл Хром. Оригиналното Хром лого од 2008 година беше 2Д, а во 3Д е сменето во 2011 година. Во 2014-тата иконата беше модернизирана последен пат и осум години не е сменета. Гугл исто така сака на секој оперативен систем иконата да изгледа исто. Веќе е почнато ажурирањето и луѓето полека ќе ја добиваат новата икона, додека во следните два месеци сите корисници на своите платформи ќе го имаат новиот изглед.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/po-8-godini-gugl-hrom-dobiva-nov-izgled-na-ikonata/feed/ 0
ФОТО: Чудо во Црна Гора, се расплака иконата на Богородица https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-chudo-vo-crna-gora-se-rasplaka-ikonata-na-bogorodica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-chudo-vo-crna-gora-se-rasplaka-ikonata-na-bogorodica/#respond Fri, 13 Dec 2019 08:17:11 +0000 https://kurir.mk/?p=276930

Копија на иконата на Богородица која се наоѓа во храмот Свети Јован Владимир во Црна Гора, вчера заплака. Иконата веќе извесно време мироточела по малку, а синоќа заплакала за што сведочат и фотографиите кои кружат на социјалните мрежи. Храмот Свети Јован Владимир во Бар е најголемата соборна црква во Црна Гора, а трет по големина православен храм во светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-chudo-vo-crna-gora-se-rasplaka-ikonata-na-bogorodica/feed/ 0
Албанија ја укина одлуката, нема да ја донира иконата „Воскрение на Свети Лазар“ на УНЕСКО https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-ja-ukina-odlukata-nema-da-ja-donira-ikonata-voskrenie-na-sveti-lazar-na-unesko/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-ja-ukina-odlukata-nema-da-ja-donira-ikonata-voskrenie-na-sveti-lazar-na-unesko/#respond Thu, 31 Oct 2019 06:22:03 +0000 https://kurir.mk/?p=258080

Албанската Влада ја поништи одлуката, што ја донесе пред една година, со која на УНЕСКО требаше да му ја донира иконата „Воскресение на Свети Лазар“. Врз основа на новодонесена одлука иконата не може да стане сопственост на УНЕСКО. „Иконата успешно е реставрирана и владата сакаше да ја донира на УНЕСКО. Сега владата одлучи таа да остане во Албанија, наведува тиранската телевизја Топ чанел. -Се укинува одлуката на Советот на министри бр.564, од 29 септември 2018 година, за донација на УНЕСКО на иконата „Воскресение на Свети Лазар“, во рамки на 60-годишнината од членството на Албанија во оваа организација, пишува на одлуката потпишана од премиерот Еди Рама. Уште стои дека одлуката е донесена врз основа на член 100 од Уставот и член 113 од Законот за административна процедура на Албанија по предлог на Министерството за култура, кое е надлежно за нејзино спроведување]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-ja-ukina-odlukata-nema-da-ja-donira-ikonata-voskrenie-na-sveti-lazar-na-unesko/feed/ 0
ФОТО: Стоилов потсокнуваше на шанси и се радуваше на головите на Македонија! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-stoilov-potsoknuvashe-na-shansi-i-se-raduvashe-na-golovite-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-stoilov-potsoknuvashe-na-shansi-i-se-raduvashe-na-golovite-na-makedonija/#respond Mon, 04 Feb 2019 09:59:07 +0000 https://kurir.mk/?p=159908

Футсал репрезентацијата на Македонија имаше голема поддршка на натпреварот против Албанија (3-2), а еден од присутните во салата беше капитенот на Вардар и македонски ракометен репрезентативец, Столе Стоилов. Во друштво на пријатели и неговиот брат Стефан, ракометарот го следеше футсал-мечот во слободното време што го доби од клубот. Потскокнуваше на секоја шанса, но и бурно се радуваше на секој погодок на македонските футсалци. Кружниот напаѓач важи за еден од спортистите кој ги пратат сите спортски настани во нашата земја. Покрај на футсал, Стоилов може да го видиме и на кошаркарски и фудбалски натпревари, како дава поддршка на Македонија и Вардар. Извор: gol.mk ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-stoilov-potsoknuvashe-na-shansi-i-se-raduvashe-na-golovite-na-makedonija/feed/ 0
ФОТО: Солзи течат од иконата на Пресвета Богородица, мироточење во црквата во Трубарево https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-solzi-techat-od-ikonata-na-presveta-bogorodica-mirotochenje-vo-crkvata-vo-trubarevo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-solzi-techat-od-ikonata-na-presveta-bogorodica-mirotochenje-vo-crkvata-vo-trubarevo/#respond Thu, 04 Jan 2018 12:41:34 +0000 http://kurir.mk/?p=6454

Иконата на Пресвета Богородица која прв пат почна на мироточи на 9 Април 2016 година, повторно го повтори процесот, но овој пат со зголемен интензитет. Верниците во црквата во Трубарево, кои на 01.01.2018-та  биле на утринската молитва биле воодушевени што иконата повторно почнала да мироточи, но овој пат со поголем интензитет. За овој случај јавува порталот РЕЛИГИЈА. За настанот известена е скопката митрополија, а верниците од утрово доаѓаат да се поклонат и помолат пред иконата. Дел од верниците кои ни ги испратија овие фотографии, велат дека чудото се повторило по утринската молитва, кога тие во црквата разговарале околу начинот како годинава да се прославува Бадник и Божик. Голем број верници биле за тоа да се празнува традиционално со бадникарски огнови, по што, како што раскажуваат тие, го забележале повторниот процес на мироточење, пишува порталот. Од Скопската епархија засега нема коментари за овој нов процес на мироточење на оваа икона. Иконата на Пресвета Богородица во Трубарево мироточеше околу два месеци, по што процесот прекинал. Сега тој чудтворен процес се повтори. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-solzi-techat-od-ikonata-na-presveta-bogorodica-mirotochenje-vo-crkvata-vo-trubarevo/feed/ 0