икони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 07 Mar 2023 17:16:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png икони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Утврден законот што ќе овозможи враќање на незаконски изнесените икони во земјава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utvrden-zakonot-shto-ke-ovozmozhi-vrakane-na-nezakonski-iznesenite-ikoni-vo-zemjava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utvrden-zakonot-shto-ke-ovozmozhi-vrakane-na-nezakonski-iznesenite-ikoni-vo-zemjava/#respond Tue, 07 Mar 2023 17:16:50 +0000 https://kurir.mk/?p=809191

Владата го утврди Предлог-законот за ратификација на Договорот за соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија за враќање незаконски изнесени икони во земјата на потекло, предложен од Министерството за надворешни работи и одлучи да го достави до Собранието на Република Северна Македонија. -Со ратификацијата на Договорот, според образложението од Министерството за надворешни работи, исклучително вредното културно наследство, за кое претходно се договорија Северна Македонија и Албанија, ќе биде вратено во Република Северна Македонија. Ова ќе ги продлабочи и унапреди културните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија и ќе ја манифестира сериозната посветеност на двете држави во ефективната заштита на културното наследство и имплементацијата на меѓународните конвенции од оваа област, информираат од Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utvrden-zakonot-shto-ke-ovozmozhi-vrakane-na-nezakonski-iznesenite-ikoni-vo-zemjava/feed/ 0
Албанскиот парламент го ратификуваше договорот за враќање на 20-те икони во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/albanskiot-parlament-go-ratifikuvashe-dogovorot-za-vrakane-na-20-te-ikoni-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/albanskiot-parlament-go-ratifikuvashe-dogovorot-za-vrakane-na-20-te-ikoni-vo-makedonija/#respond Thu, 02 Feb 2023 16:58:27 +0000 https://kurir.mk/?p=795353

Албанскиот парламент попладнево, на пленарна седница, го ратификуваше договорот за соработка меѓу Република Албанија и Република Северна Македонија, за враќање на иконите шверцувани од македонска на албанска територија, јави државната агенција АТА. Договорот беше изгласан со 73 гласа, со што се отвора патот да се вратат 20 икони во „нивната земја на потекло, кои по заплената во Албанија преминаа во сопственост на албанската држава врз основа на одлуките на албанските судови". -Врз основа на направената проценка, иконите се совпаѓаат со културните добра на соседната држава и врз основа на договорот, Министерството за култура ќе го следи целиот процес за нивно враќање во земјата на потекло, согласно обврските дефинирани во Конвенцијата на УНЕСКО од 1970 година, стои во документот. Во истрагата, која албанските власти ја водат под името „Икона“, во октомври 2013 година во Албанија беа запленети повеќе од илјада икони и црковни предмети. Беше утврдено дека 20 меѓу нив се по потекло од Северна Македонија, од каде што биле изнесени илегално.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/albanskiot-parlament-go-ratifikuvashe-dogovorot-za-vrakane-na-20-te-ikoni-vo-makedonija/feed/ 0
Нелегално изнесените 20 икони во Албанија ќе се вратат во Македонија по ратификација на договорот меѓу двете држави https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nelegalno-iznesenite-20-ikoni-vo-albanija-kje-se-vratat-vo-makedonija-po-ratifikacija-na-dogovorot-megju-dvete-drzavi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nelegalno-iznesenite-20-ikoni-vo-albanija-kje-se-vratat-vo-makedonija-po-ratifikacija-na-dogovorot-megju-dvete-drzavi/#respond Tue, 15 Nov 2022 13:37:04 +0000 https://kurir.mk/?p=760957

Со Договорот за соработка меѓу Албанија и Северна Македонија за враќање на незаконски изнесените икони во земјата на потекло, што беше потпишан вчера, се враќаат 20 икони кои пред десетина години беа нелегално изнесени од земјата, а постапката ќе се финализира по ратификација на Договорот во двете држави. Се отвора процесот за враќање и на други икони од Албанија што беа идентификувани неодамна. Како што информираше министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, постапката се реализираше во период од повеќе од девет години и во неа беа вклучени стручни лица од Министерството за култура на Северна Македонија, Управата за заштита на културно наследство, МАНУ, Национален конзерваторски центар, Завод и музеј Битола и Завод и музеј Охрид. -Тимот сите овие години стручните лица работеа синхронизирано и со една цел, враќање на иконите во земјава. Исто така, изразувам благодарност и до албанската страна, со која бевме во постојан контакт. Постојано разменувавме информации и стручни мислења. На заедничко задоволство, процесот има посакуван епилог, благодарение на професионалноста и на почитувањето на одредбите на Конвенцијата на УНЕСКО од 1970 година, за начинот на забрана и спречување нелегален транспорт, извоз и пренос на сопственост на културни добра, чии потписнички сме и ние и Албанија, рече министерката на денешната прес-конференција. Поточно, како што информираше, во рамки на случајот „Икона“, што во текот на октомври 2013 година се спроведе на територија на Република Албанија беа запленети голем број икони и црковни предмети. Во меѓусебна соработка меѓу надлежните органи на двете земји, се разменија информации и сознанија кои потврдија дека 20 икони не се со потекло на Република Албанија, односно дека постојат индиции оти се нелегално изнесени од Република Македонија. -Во натамошната постапка се идентификуваа иконите, црквите и манастирите во Република Македонија од кои иконите се незаконски изнесени, временскиот период кога тоа е сторено и начинот на кој тие се пренеси во Република Албанија, рече министерката. Како што напомена, Управата за заштита на културно наследство, орган во состав на Министерството за култура согласно член 442 а, од Законот за заштита на културното наследство донесе решение со кое 20 икони се утврдија за национално богатство на Република Македонија. Согласно овој член 42 а од Законот за заштита на културно наследство, решение за утврдување на кутлурното наследство се донесува за антиквитети и други предмети на колекции, чија заштита не е востановена на друг начин, во случај кога тие се предмет на барање за извоз или изнесување во странство или кога незаконски се изнесени од територијата на Република Македонија и се предмет на реституција, односно враќање. Истото е во согласност со член 3 и 13 од Конвенцијата за меѓу мерките за забрана и спречување на недозволен увоз и извоз и пренос на сопственоста на културни блага на Организацијата на Обединетите нации за просвета, наука и култура од 1970 година, на која потписник е Република Албанија, како и со Конвенцијата за украдени или незаконски извезени културни добра на Меѓународниот институт за унификација на приватното право од 1995 година. Во меѓувреме, како што додаде министерката, се комплетираше документацијата според меѓународните прописи, а исто така и колегите од Албанија извршија увид во црквите од каде што се украдени иконите. Целиот овој период, како што рече, постоеше и законска постапка која се спроведуваше и на албанската страна. -Се работи за комплексни процеси кои се финализираа со потпишување на овој договор, рече Костадиновска Стојчевска. Таа напомена дека за конечно враќање на иконите, потребно е двете собранија да ги ратификуваат договорите, по што ќе се случи и физичкото враќање на иконите во земјава. -Оваа постапка е успех, но и опомена дека треба да вложиме напори безбедносно да го заштитиме културното наследство со цел истото да не биде предмет на кражби, кои би резултирале со негово незаконско изнесување од државата. Со оглед на тоа што најчесто цел на незаконските изнесувања се археолошките предмети и иконите, мора да ги зголемиме мерките за поголема безбедносна заштита на овој вид културно наследство. Заштитата на културното наследство е наша најголема одговорност, на секој поединец и на сите институции, рече министерката. Токму затоа, напомена, Министерството за култура и стручните установи за заштита на културното наследство изразуваат подготвеност за поголема соработка со МПЦ. -Со оглед на тоа што голем дел од секралните објекти се во непристапни и недоволно населени простори, со самото тоа тие се во ризик. Остануваме отворени за соработка и во делот на користење на депоата во нашите национални установи за времено депонирање на вредното културно наследство со кое располага Македонската православна црква, додаде Костадиновска Стојчевска. Историчарот на уметноста, д-р Сашо Цветковски од МАНУ на прес-конференцијата посочи дека првпат во историјата на нашата држава се потпишува ваков договор и се воспоставува систем на соработка во таа сфера и изрази надеж дека ова ќе продолжи во иднина. Тој информираше дека едниот процес е завршен, но вториот процес околу уште еден контингент икони кои ги идентификуваа сега скоро во Албанија допрва ќе се отвори. Но имајќи ги искуствата од сегашниот процес, Цветковски верува дека тој нема да трае десет години и ќе биде пократок. -Во еден период од 2008 до 2013 година имаше силен бран на насилно влегување во црквите, особено во Западна и Југозападна Македонија, каде што се однесоа стотици икони. Ние насетувавме, но не бевме сигурни дека патот ќе не води кон Албанија. Во 2013 година откако ги добивме првите информаци, тие беа сосема случајно на медиумите од национална телевизија на Албанија, каде што тогашниот премиер Еди Рама направи увид да се види кои се материјалите кои се запленети. Веќе следниот ден се организираше целата постапка, за во декември 2013 година, мала екипа на професионалци, меѓу кои јас, колеги од МВР, отидовме во Тирана во Галерија на современа уметност, каде што беа депонирани, и наш прв впечаток беше фрапантен. Таму имаше илјадници предмети украдени од различни места од различни предели на Албанија, Грција, Македонија, објасни Цветковски. Тој додаде дека колегите во Албанија кои го почнаа процесот биле фрапарини од тоа како да го почнат процесот, затоа што немале евиденција за иконите и за целиот инвертар. -Предноста наша беше што помеѓу крајот на 50 и 70 години, тука во Македонија е реализиран проектот „Евиденција и регистрација на недвижно културно наслество“, конкретно за икони, и благодарение на таа евиденција, ги дознавме најосновните потребни податоци. Тогаш идентификувавме 24 илјади икони. Од тогаш навака откако се објавија во 1982 година, ние имаме подготвено уште два тома, веќе 26 илјади икони се тука, а бројката оди накај 30 илјади. Постојано сме активни во овие истражувања, додаде Цветковски. Како што рече, овие икони се важни како репрезент на едно време од 19 век и она што се творело во доменот на таа културна историја. Сега, според Цветковски, треба еден сериозен пристап бидејќи дел од нив се оштетени, а на дел од нив се вршени интервенции на бришење на словенски сигнатури и натписи. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nelegalno-iznesenite-20-ikoni-vo-albanija-kje-se-vratat-vo-makedonija-po-ratifikacija-na-dogovorot-megju-dvete-drzavi/feed/ 0
Костадиновска-Стојчевска: Со потпишаниот Договор со Албанија, 20 икони се враќаат назад во земјава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostadinovska-stojchevska-so-potpishaniot-dogovor-so-albanija-20-ikoni-se-vrakjaat-nazad-vo-zemjava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostadinovska-stojchevska-so-potpishaniot-dogovor-so-albanija-20-ikoni-se-vrakjaat-nazad-vo-zemjava/#respond Mon, 14 Nov 2022 13:54:55 +0000 https://kurir.mk/?p=760346

Договор за соработка за враќање на незаконски изнесени икони од земјата на потекло потпишаа министерките за култура на Република Македонија и на Република Албанија, Бисера Костадиновска-Стојчевска и Елва Маргарити, како дел од меѓувладината седница на двете земји.

-Со потпишувањето на овој Договор се отвора и ново поглавје во односите меѓу двете држави, особено во ефективната заштита на културното наследство и имплементацијата на меѓународните конвенции од оваа област. Северна Македонија и Албанија, земји кои се кандатки за членство во ЕУ, демонстрираат сериозна посветеност кон почитувањето на меѓународните конвенции. Двете земји покажуваат дека соседите може да имаат соработка преку доследно почитување на важни европски документи од областа на заштитата на културното наследство, потенцираше Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека овој Договор е дел од Конвенцијата за мерките за забрана и спречување на недозволен увоз, извоз и пренос на сопственоста на културните добра на Организацијата на Обединетите нации, за просвета, наука и култура, од 1970 година (чиј потписник е и Република Албанија), како и од Конвенцијата за украдени или незаконски извезени културни добра на Меѓународниот институт за унификација на приватното право, од 1995 година.

Сите податоци поврзани со иконите, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ги достави до надлежните органи во Република Албанија и тие, заедно со запленетите икони, беа доказ во кривичната постапка што за случајот „ИКОНА“ се водеше во Судот на судскиот округ во Тирана, Република Албанија.

Со потпишувањето на овој Договор и враќањето на иконите од македонските цркви и манастири, двете влади манифестираат заедничка посветеност во негувањето на вредното културно наследство, посветеност во продлабочувањето и унапредувањето на односите во областа на културата, почитувајќи ги меѓународните прописи чии потписнички се обете земји.

Во 2013 година на територијата на Република Албанија беа запленети голем број  икони и црковни предмети. Според официјалните податоци во комуникацијата и преку размената на информации и сознанија меѓу надлежните органи на двете земји, беше лоцирано дека 20 икони не се со потекло од Албанија, односно дека постојат индиции дека се нелегално изнесени од Македонија.

При увидот на запленетите икони што го извршија македонски експерти, кои изготвија стручен наод и мислење, се утврди дека потеклото на иконите е од црквите и манастирите на нашата земја.

-Во изминатиот период беше разменета целокупната документација за идентификување на 20-те вредни икони, а албански експерти остварија и увид во црквите во Северна Македонија на кои им припаѓаат иконите, со што се утврди дека предметните икони се составен дел на неколку збирки икони, и тоа: на збирката икони од црквата „Св. Атанасиј“, с. Долно Перово, Општина Ресен, припаѓаат пет икони; три икони се дел од збирката на црквата „Св. Богородица“, с. Ѓавато, Општина Битола; пет припаѓаат на црквата „Св. Атанасиј“, с. Селци, Општина Струга; три икони припаѓаат на црквата „Св. Никола“, с. Радожда, Општина Струга и три се дел од збирката на црквата „Св. Богородица“, с. Буринец, Општина Струга – додаде министерката.

Таа информира дека во идентификувањето на иконите голем придонес има историчарот на уметноста, д-р Сашо Цветковски, од МАНУ.

Иконите се резултат на богатата домашна иконописна традиција од 19 век и имаат историска, уметничка, културна и научна вредност. Иконите, како автентични предмети од движното културно наследство, се документирани и во посебниот „Регистар на евидентирани икони на територија на СРМ“ од 1987 година што се води во Националниот конзерваторски центар.

Управата за заштита на културното наследство, во 2017 година, иконите ги прогласи за национално богатство.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostadinovska-stojchevska-so-potpishaniot-dogovor-so-albanija-20-ikoni-se-vrakjaat-nazad-vo-zemjava/feed/ 0
Изложба на икони во спомен куќата „Тодор Проески“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/izlozba-na-ikoni-vo-spomen-kukjata-todor-proeski/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/izlozba-na-ikoni-vo-spomen-kukjata-todor-proeski/#respond Tue, 07 Dec 2021 07:45:35 +0000 https://kurir.mk/?p=605089

Во спомен куќата „Тодор Проески“ вчера се одржа изложба на икони од авторот Григориј Пецанов, зограф од Струмица. Изложбата ја посети и градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски кој од авторот беше запознаен со мотивот и суштината на изложбата. „Се повеќе настани се организираат во Крушево. Имаме различни културни, но и едукативни настани како овој. Честитам на господинот Пецаков и благодарност за одржување на оваа изложба во Крушево“, изјави градоначалникот Христоски. Покрај овој настан тековна е хуманитарната акција за собирање на финансиски средства во знак на хуманоста на Тоше Проески. Кутија за донации е поставена на влезот од спомен куќата и акцијата трае до 25-ти јануари, денот на раѓање на Тоше. Средствата ќе се донираат во хуманитарни цели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/izlozba-na-ikoni-vo-spomen-kukjata-todor-proeski/feed/ 0
Се празнува основачот на иконописот во Црквата, Св. апостол Лука ги наслика првите икони на Богородицa https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-praznuva-osnovachot-na-ikonopisot-vo-crkvata-sv-apostol-luka-gi-naslika-prvite-ikoni-na-bogorodic/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-praznuva-osnovachot-na-ikonopisot-vo-crkvata-sv-apostol-luka-gi-naslika-prvite-ikoni-na-bogorodic/#respond Sun, 31 Oct 2021 06:04:07 +0000 https://kurir.mk/?p=588335

Покрај дванаесетте, постоеја и други 70 апостоли. Во редот на тие 70 беше и свети Лука. Роден е во Антиохија. Во младоста ги изучи медицината и сликарската уметност. Тој ги наслика првите икони на Богородица, како и на првите меѓу апостолите Петар и Павле. Свети Лука е основачот на иконописот во Црквата. Му беше сопатник и соработник на апостолот Павле се до неговата смрт. Со него патуваше и го проповедаше Христовото Евангелие и во Македонија. По смртта на божествениот Павле, тој едно време помина во Египет, а оттаму отиде во Грција. Таму многу пострада, проповедајќи го воскреснатиот Христос, и најпосле, во Теба Беотиска, незнабошците го обесија на едно маслиново дрво. Од него ни остана едно Евангелие, а ја напиша и книгата Дела апостолски, и двете упатени, како писма, до некој великодостојник Теофил.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-praznuva-osnovachot-na-ikonopisot-vo-crkvata-sv-apostol-luka-gi-naslika-prvite-ikoni-na-bogorodic/feed/ 0
Обвинение за кражба на икони​ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinenie-za-krazba-na-ikoni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinenie-za-krazba-na-ikoni/#respond Fri, 10 Jul 2020 11:36:09 +0000 https://kurir.mk/?p=373275

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 42-годишен скопјанец, кој го сторил кривичното дело „тешка кражба“ од член 236 став 1точка 1 од Кривичниот законик. Истовремено, јавниот обвинител му предложил на Судот, на обвинетиот да му ја продолжи веќе определената мерка притвор, бидејќи постои опасност од бегство. – Обвинетиот го сторил кривичното дело на 8 јули 2020 година, во 22.00 часот, кога провалувајќи влегол во внатрешноста на црквата Св. Петка Исконска, сопственост на МПЦ Скопска епархија, на начин што со употреба на погоден тврд предмет го отворил прозорот на црквата. Тој со намера противправно да ги присвои, одзел икона од светец „Св.Петка Исконска“, икона од светец „Св.Климент“, икона од светец „Св Петка“, икона од светец „Св. Нектарија Египски“ и икона од светец „Св. Илија“. Откако ги одзел иконите, во вкупна вредност од 61.500,00 денари, обвинетиот го напуштил местото на настанот, соопштија од ОЈО. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinenie-za-krazba-na-ikoni/feed/ 0
Неопходно е да се заштити уникатниот иконостас во „Свето Благовештение“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neophodno-e-da-se-zashtiti-unikatniot-ikonostas-vo-sveto-blagoveshtenie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neophodno-e-da-se-zashtiti-unikatniot-ikonostas-vo-sveto-blagoveshtenie/#respond Sun, 07 Apr 2019 13:20:19 +0000 https://kurir.mk/?p=183511

Уникатниот иконостас стар 180 години во прилепската црква „Свето Благовештение“ мора да се заштити зашто може да падне, апелираат од прилеската црква која денеска со огромен број верници го одбележа празникот „Благовец“ и својот празник. Прилепската црква на повеќе начини е со уникатно културно богатство: во црквата се пронајдени уникатните книжни икони, своевремено претставени во светот, на изложба во Њујорк, го има единствениот владичин престол и уникатниот иконостас, стар 180 години, заштитен од Заводот и музеј како културно богатство. Според протојереј Илчо Смилески, старешина на црквата на иконостасот кој го изградил зографот петре гарката со братот и тајфата пред 180 години му се неопходни фумигација и конзервација. -Иконостасот е едно од најпознатите ремек дела на зографството и е уникатен  кој го направил познатиот зограф Петре Гарката и е врсник со храмот, изграден е пред 180 години.Ссостојбата е навистина лоша. Имавме апел да се конзервира и до Прилепскиот музеј, но досега нема ништо. Потребна му е фумигација и конзервација, постојано се интервенира и постои опасноста да падне и да изгубиме врвно културно богатство. Тоа и ние би го направиле но не смееме, зашто е заштитено културно богатство, вели протојереј Смилески. Денеска голем број прилепчани, со посебен пиетет го одбележаа празникот Благовец, но велат, посебно во овој прилепски храм зашто слави 181 година опткако е примена „Благата вест“ дека во Цариград прилепскиот еснаф издејствувал ферман за градење на црквата. денешниот празник е и верски, празник на пролетта, но и голем празник на мајките зашто Богородица ја примила „благата вест“. -Овој соборен храм „Свето Благовештение“ е посветен токму на „благата вест“ која ја донел прилепскиот познат претставник на еснафот Аџи Христо Логотед од Истанбул дека еснафите и православните христијани кои живееле во нашиот град конечно ќе може да изградат свој храм, освен оние храмови кои биле во најпознатата прилепска населба Варош во тој период, но биле помали. Затоа требало да се направи поголем храм со растењето на градот. Инаку, на 21 септември минатата година, на празникот „Мала Богородица“ се навршија 180 години од осветувањето на храмот „Свето Благовештение“, објаснува протојереј Смилески. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neophodno-e-da-se-zashtiti-unikatniot-ikonostas-vo-sveto-blagoveshtenie/feed/ 0
Чудо во Сребреница: Станот изгоре а иконите останаа недопрени од пожарот (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/chudo-vo-srebrenica-stanot-izgore-a-ikonite-ostanaa-nedopreni-od-pozarot-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/chudo-vo-srebrenica-stanot-izgore-a-ikonite-ostanaa-nedopreni-od-pozarot-foto/#respond Wed, 20 Feb 2019 13:46:38 +0000 https://kurir.mk/?p=166049

Од пожарот станот е уништен, а на пеплосаниот ѕид недопрени останаа иконите на Јован Крстител, Исус Христос, Богородица и други… Изгореа гредите, плафонот се сруши, изгорел целиот мебел како и целата покуќнина. Остана само пепел и прашина на сите страни, а недопрени од пожарот останаа само иконите на ѕидот. Кога се вративме во станот, се беше во пепел, се околу нас беше црно, се изгорело освен иконите кои што останаа недопрени од пожарот. Како да немало воопшто и пожар во станот. Застанавме пред иконите се крстивме и единствено знаевме дека Бог не не напуштил и дека има надеж за нас, раскажал Душан Савиќ (59) од Сребреница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/chudo-vo-srebrenica-stanot-izgore-a-ikonite-ostanaa-nedopreni-od-pozarot-foto/feed/ 0