Илче Стојановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 13 Apr 2021 08:19:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Илче Стојановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зошто овој јунак денес никој не го знае? „Нема потреба повеќе да ни доаѓате во помош, ќе изгинеме за Македонија!“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-ovoj-junak-denes-nikoj-ne-go-znae-nema-potreba-povekje-da-ni-doagjate-vo-pomosh-kje-izgineme-za-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-ovoj-junak-denes-nikoj-ne-go-znae-nema-potreba-povekje-da-ni-doagjate-vo-pomosh-kje-izgineme-za-makedonija/#respond Tue, 13 Apr 2021 08:19:36 +0000 https://kurir.mk/?p=496341

Се ближи годишнината од грозоморниот масакр кај Вејце каде осуммина бранители маченички си го дадоа животот во одбрана на суверенитетот и интегритетот на Македонија... Да се потсетиме на ликот и делото на ИЛЧЕ СТОЈАНОВСКИ, неговите последни зборови вечно нека им одѕвонува во ушите на оние кои ја продадоа патролата кај Вејце и ги испратија во маченичка смрт. Уште при првите истрели, тројцата полицајци Марјан Божиновски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски, зазеле позиции зад возилото, но, за жал, брзо се здобиле со тешки рани од кои некои се смртоносни. Четвртиот нивни колега Илче за време на заседата кај Вејце успеал да се повлече и да стигне до третото возило „хамер“, каде што заедно со ранетиот „волк“ Игор Костески давале отпор. Преку мобилниот телефон Илче Стојановски се јавил на двапати кај неговиот претпоставен во базата во Тетово и му пренесол дека се нападнати, дека има ранети и загинати и бара да им се испрати итна помош, која за жал, не ја добиле. Кога Илче сфаќа дека патролата е предадена од македонски началници и дека намерно се пратени во смрт, уште еднаш очајнички и беспомошно се јави гласот на Илче преку радиостаница: НЕМА ПОТРЕБА ПОВЕЌЕ ДА НИ ДОАЃАТЕ ВО ПОМОШ. СИТЕ ЌЕ ИЗГИНЕМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА. И радиостаницата замолкна.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-ovoj-junak-denes-nikoj-ne-go-znae-nema-potreba-povekje-da-ni-doagjate-vo-pomosh-kje-izgineme-za-makedonija/feed/ 0
ФОТО: 19 години од загинувањето на хероите кај Вејце https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-19-godini-od-zaginuvanjeto-na-heroite-kaj-vejce/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-19-godini-od-zaginuvanjeto-na-heroite-kaj-vejce/#respond Tue, 28 Apr 2020 10:36:08 +0000 https://kurir.mk/?p=338585

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, заедно со дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Славјанка Петровска и директорот на Бирото за јавна безбедниост Сашо Тасевски, придружувани од претставници на други организациони единици на МВР, денеска во Битола, пред споменикот “Ангел“ (кај Градскиот часовник) како и во кругот на СВР Битола, со положување на цвеќе ја одбележаа 19 годишнината од херојската смрт на четворицата припадници на Посебната единица при СВР Битола - Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски, како и на четворицата припадници на армиската единица “Волци“ – Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Игор Крстевски и Миле Јаневски, кои што ги положија своите животи во одбрана на татковината на денешен ден во 2001 година кај тетовското село Вејце. На комеморативното одбележување на трагичното загинување на овие македонски херои учествуваа и претставници на локалната самоуправа на Битола, на политичките партии како и на семејствата на загинатите бранители. Како што потенцираше министерот Чулев, со овој чин не само што се оддава должната почит кон огромната, неспоредливо најголема жртва на нашите бранители, туку се испраќа и јасна порака дека хероите никогаш не умираат, тие вечно живеат во нашите животи. Тој, исто така, нагласи дека министерството за внатрешни работи, во рамки на своите можности, и натаму ќе остане отворено за семејствата на нашите загинати бранители, за бранителските организации – секогаш да им излезе во пресрет на нивните барања и потреби. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-19-godini-od-zaginuvanjeto-na-heroite-kaj-vejce/feed/ 0