Илчо Ѓорѓиоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Jan 2022 10:03:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Илчо Ѓорѓиоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Илчо Ѓорѓиоски е нов тренер на Брегалница https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ilcho-gjorgjioski-e-nov-trener-na-bregalnica/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ilcho-gjorgjioski-e-nov-trener-na-bregalnica/#respond Thu, 06 Jan 2022 09:58:47 +0000 https://kurir.mk/?p=616416

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски од денеска е нов тренер на Брегалница. Штипјани се разделија со Марјан Секуловски и „кормилото“ му го доверија на Ѓорѓиоски, кој и се враќа на тренерската работа по речиси една деценија. - Брегалница со овој чин и именувањето на Илчо Ѓорѓиоски за нов шеф на стручниот штаб отворено ја покажува намерата за дополнителен свој фудбалски развој. Нема потреба да се трошат зборови за тоа кој е Илчо Ѓорѓиоски на македонската фудбалска сцена, па единствено може да посакаме да се продолжи со успешните резултати на ФК Брегалница во иднина, истакна првиот човек на Брегалница, Кирил Гогов, по потпишувањето на договорот со Ѓорѓиоски. Ѓорѓиоски во својата тренерска кариера има освоено три шампионски титули во домашното првенство, две со Вардар и една со Македонија Ѓорче Петров. Тој своевремено беше и селектор на македонската репрезентација до 19 години. На чело на ФФМ беше од 2012 до 2018 година. Брегалница по првата полусезона се наоѓа на 4.место на табелата во домашното првенство со 29 бодови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ilcho-gjorgjioski-e-nov-trener-na-bregalnica/feed/ 0
Ѓорѓиоски: Секогаш работев чесно, посветено и совесно на чело на ФФМ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gjorgjioski-sekogash-rabotev-chesno-posveteno-i-sovesno-na-chelo-na-ffm/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gjorgjioski-sekogash-rabotev-chesno-posveteno-i-sovesno-na-chelo-na-ffm/#respond Fri, 01 Mar 2019 17:10:24 +0000 https://kurir.mk/?p=169997

Поранешниот претседател на Фудбалската Федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, ги отфрла обвинувањата за даночно затајување во периодот додека раководел со куќата на фудбалот. Откако утрово беше обелоденето дека ќе биде покрената кривична пријава против него и ФФМ, Ѓорѓиоски испрати своја реакција до редакцијата на Курир. Во продолжение интегрално Ви ја пренесуваме реакцијата на Ѓорѓиоски: По однос на тоа дека против мене е поднесена најава за кривична пријава за наводно даночно затајување, чуствувам потреба да Ве известам дека, во моето работење како Претседател на ФФМ секогаш сум работел чесно, посветено и совесно, почитувајќи ги сите законски прописи. Во насока на ова одат и бројните позитивни наоди и записници за даночното работење од страна на УЈП за целиот овој период, каде нигде во делот на даночното работење на ФФМ не е утврден ниту прекршок а камо ли криминал. По однос на Тобако во стечај, колку што се сеќавам, ФФМ имаше побарување, кое по судски пат го доби за потоа истото побарување да го предаде за наплата на извршител. По ова се отвори стечај над Тобако, каде ФФМ го пријави ова побарување и истото од страна на надлежен орган беше прифатено и утврдено како основано. Тоа е што јас знам и знам дека како одговорно лице на правно лице сум постапил во целост како налагаат моите обврски. По однос на Југохром, истакнувам дека тоа беше затечен договор од 2010, каде ниту Југохром ниту ФФМ ги немаше исполнето своите меѓусебни обврски во целост, па затоа и беше направен нов договор со кој се утврдија меѓусебните права и обврски помеѓу ФФМ и Југохром. По ова беше утврден износ кој Југохром му го должи на ФФМ согласно извршените обврски од договорот, за потоа од друго правно лице кое беше гарант на Југохром, да се плати долгот. Тоа е она што го знам и за што се сеќавам, но како и да е, не станува збор за никакво даночно затајување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gjorgjioski-sekogash-rabotev-chesno-posveteno-i-sovesno-na-chelo-na-ffm/feed/ 0
Илчо Ѓорѓиоски заминува од ФФМ, кариерата ќе ја продолжи во УЕФА https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ilcho-gjorgjioski-zaminuva-od-ffm-karierata-kje-ja-prodolzi-vo-uefa/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ilcho-gjorgjioski-zaminuva-od-ffm-karierata-kje-ja-prodolzi-vo-uefa/#respond Thu, 19 Jul 2018 13:59:09 +0000 https://kurir.mk/?p=78808

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, со писмо преку интернет-страницата на Федерацијата го објави своето заминување од ФФМ, а неговата кариера ќе ја продолжи во Европската фудбалска унија (УЕФА). Ѓорѓиоски шест години ја предводеше ФФМ, а дојде на местото на дотогашниот претседател Харалампие Хаџиристески. По повод заминувањето во УЕФА, Ѓоргиоски се обрати со отворено писмо до јавноста во кое, меѓу другото, зборува за успесите на ФФМ за време на неговиот ангажман и очекувањата во наредниот период од македонскиот фудбал. - Нема да бидам искрен ако не истакнам дека финансиското работење е голем успех на федерацијата. Убеден сум дека А репрезентацијата преку Лига на Нации ќе обезбеди место на Европското првенство, а неминовен ќе биде напредокот, можеби и до 30. место на фамозната листа на ФИФА. На селекторот, на капитенот Пандев и на соиграчите им посакувам среќа и успех, стои во писмото од Ѓорѓиоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ilcho-gjorgjioski-zaminuva-od-ffm-karierata-kje-ja-prodolzi-vo-uefa/feed/ 0
ФФМ ја поддржа заедничката кандидатура на САД, Канада и Мексико https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ffm-ja-poddrza-zaednichkata-kandidatura-na-sad-kanada-i-meksiko/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ffm-ja-poddrza-zaednichkata-kandidatura-na-sad-kanada-i-meksiko/#respond Thu, 14 Jun 2018 05:59:48 +0000 https://kurir.mk/?p=65631

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја поддржа заедничката кандидатура на САД, Канада и Мексико на Kонгресот на ФИФА кој се одржува во руската престолнина Москва. Северна Америка ќе биде домаќин на фудбалскиот Мундијал во 2026 година. На гласањето, САД, Канада и Мексико добија 134 гласа, додека Мароко го поддржаа 65 членки. Една земја остана воздржана и не гласаше за никого. Мексико досега двапати беше домаќин на СП, во 1970 и 1986, додека САД имаше еден Мундијал, во 1994 година. За Канада ова ќе биде деби на големиот фудбалски настан. Македонија на Конгресот на ФИФА ја претставуваа претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, генералниот сектретар Филип Поповски и потпретседателот на ФФМ, Муамед Сејдини. Ѓорѓиоски е дел од Комисијата на ФИФА за утврдување на условите кои го нудеа државите кои се кандидираа за домаќини на Светскиот Куп во 2026 година. Заедно првиот човек на ФФМ, кој е претставник на организацискиот комитет за натпреварување, во комисијата на ФИФА членуваат и Звонимир Бобан, потоа Марко Вилигер, Томаш Весел и Мукул Мудгал. На само еден ден до почетокот на Светското првенство во Русија челниците на ФИФА ја претставија и новата формула за пресметување бодови според која ќе се формира листата на најдобри репрезентации и изменетата верзија на Етичкиот кодекс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ffm-ja-poddrza-zaednichkata-kandidatura-na-sad-kanada-i-meksiko/feed/ 0
Илчо Ѓорѓиоски ја напушта ФФМ, нов претседател ќе биде познат македонски бизнисмен?! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ilcho-gjorgjioski-ja-napushta-ffm-nov-pretsedatel-kje-bide-poznat-makedonski-biznismen/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ilcho-gjorgjioski-ja-napushta-ffm-nov-pretsedatel-kje-bide-poznat-makedonski-biznismen/#respond Mon, 11 Jun 2018 12:36:48 +0000 https://kurir.mk/?p=64570

Актуелниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, до крајот на овој месец ќе си поднесе оставка, а на неговото место се очекува да дојде Димитар Костадинов, сопственикот на „Горска“. Како што дознава Спорт1, трансферот на власта ќе се одвива мирно, без никакви бранувања, а според сите законски прописи и според Стаутот на ФФМ. До крајот на месецов, од функцијата треба да си замине Ѓорѓиоски, но претходно за нов член на Управниот одбор треба да биде назначен Костадинов. Порано, член на УО се стануваше само на Собрание на ФФМ, но сега со најновите измени, УО има право да назначи четири нови имиња во фудбалската влада, надвор од бројката од 15, која ја избира Собранието. Откако Костадинов ќе влезе во УО, тој ќе биде назначен за втор потпретседател на федерацијата. Потоа планот е Илчо да си поднесе оставка, а функцијата ќе продолжи да ја извршува Костадинов, сѐ до организирањето на изборно Собрание. Изборот на Костадинов ќе биде големо изненадување, зашто досега се вртеа многу имиња како наследници на Ѓорѓиоски – од поранешниот претседател Харалампие Хаџиристески, па Коста Костовски, Влатко Костов и многу други што работеле во фудбалот во претходните владејачки гарнитури. Но, сопственикот на Горска одеднаш влета во игра, слично како и кога Илчо беше назначен за прв човек на најбогатата спортска федерација во Македонија, која има годишен буџет од 11 милиони евра. Не се знае каква ќе биде за ова реакцијата на фудбалските работници, зашто Костадинов не е човек со стаж во фудбалот во Македонија. Има искуство во раководните структури во кошаркарската федерација на Македонија, кога беше потпретседател на МКФ кога прв човек беше Даниел Димевски. Секако тој ќе го носи и бремето врз себе дека е избран со политички амин, речиси исто како и неговиот претходник Ѓорѓиоски. Извор: sport1.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ilcho-gjorgjioski-ja-napushta-ffm-nov-pretsedatel-kje-bide-poznat-makedonski-biznismen/feed/ 0
Ѓорѓиоски: Лани остваривме многу, плодовите допрва ќе ги собираме https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gjorgjioski-lani-ostvarivme-mnogu-plodovite-doprva-kje-gi-sobirame/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gjorgjioski-lani-ostvarivme-mnogu-plodovite-doprva-kje-gi-sobirame/#respond Sat, 17 Feb 2018 14:23:11 +0000 http://kurir.mk/?p=22479

Фудбалската федерација на Македонија во Скопје го одржа Редовното годишно собрание на кое беа присутни 94 од вкупно 98 делегати. Претседателот Илчо Ѓорѓиоски во своето обраќање рече дека минатата година била одлична за македонскиот фудбал и дека сите треба да бидат горди на оствареното. - ФФМ потврди дека може многу. Поставивме стратегија за подобрување на инфраструктура, за инвестирање во младите, успеси на репрезентациите... Никогаш Македонија со А-репрезентацијата не учествувала на едно големо натпреварување, но со настапите кои ги имаше националниот тим во 2017 година никогаш не сме биле поблиску. Тоа е доказ дека можеме и дека ќе продолжиме напорно да работиме, се додека не ја оствариме и таа цел. Покажавме дека може да биде реалност со младата репрезентација до 21 година која учествуваше на Европското првенство во Полска, како и младите селекции до 17 и до 19 години, кои за првпат заедно во една година, се пласираа во елитната рунда во квалификациите. Првпат бевме домаќини на спектакуларен настан, УЕФА Суперкупот. Нашата федерација е дел од фудбалската историја. Со отворањето на инфраструктурата го заокруживме комплетниот тренинг-центар во комплексот Куќа на фудбалот, наведе Ѓорѓиоски. Претседателот на ФФМ го наведе стадионот „Младост“ во Струмица како пример за успешна приказна, бидејќи за помалку од 60 дена беше подготвен за квалификациските натпревари. - Имавме и одлични партнери во Агенцијата за млади и спорт и Општина Струмица. Така и ќе продолжиме насекаде – во Битола, Охрид, Штип, Тетово..., рече Ѓорѓиоски. Според првиот човек на ФФМ, вратите на Федерацијата се отворени за сите кои можат да помогнат,  како и дека ќе продолжат реформите во македонскиот фудбал. - Бидете горди на оствареното. Сега можеме да ја отвараме секоја врата во УЕФА. Оваа федерација се бори за чесен и отворен фудбал. Ние плодовите допрва ќе го собираме, потенцираше Ѓорѓиоски. Делегатите едногласно ја усвоија завршната сметка за 2017 година и го одобрија буџетот за тековната 2018 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gjorgjioski-lani-ostvarivme-mnogu-plodovite-doprva-kje-gi-sobirame/feed/ 0
Пуштен во употреба новиот капитален објект на ФФМ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pushten-vo-upotreba-noviot-kapitalen-objekt-na-ffm/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pushten-vo-upotreba-noviot-kapitalen-objekt-na-ffm/#respond Thu, 15 Feb 2018 13:35:23 +0000 http://kurir.mk/?p=21849

Во присуство на претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски и потпретседателот на Владата на РМ, Кочо Анѓушев денеска на Свечена церемонија е пуштен во употреба новиот капитален објект на Фудбалската федерација на Македонија – сместувачки капацитет за Академијата на ФФМ и младите национални селекции. - Ако ве дефинираат по делата, а не по зборовите тоа значи дека сте успеале. Денеска е голем ден за македонскиот фудбал. Кога пред три години ФФМ влезе во новата програма за развој на УЕФА јасно ги претставивме нашите идеали за развој на младинскиот фудбал. Најмногу внимание посветивме на Академијата – таа да биде школа за иднината со цел да ги подготвиме нашите млади фудбалери, истакна Ѓорѓиоски. Првиот човек на УЕФА, Чеферин е задоволен од работата на ФФМ и придонесот за развивање на фудбалот низ целата држава. - Помогнавме за обновување на многу стадиони во Македонија и ќе продолжиме со поддршката. Посебна е важна поддршката за младинскиот фудбал, а во таа насока е и денешното отворање на сместувачките капацитети за Академијата, рече Чеферин. Тој се осврна на успесите кои ги постигнуваат младите селекции, посебно учеството на ЕП за играчи до 21 година и порача дека чека и сениорската селекција да ја види на едно големо натпреварување. - Условите се тука, веќе нема оправдувања. Македонија преку Лигата на нации има шанси да постигне многу. Ова е многу добра шанса. Тоа му го кажав и на претседателот Ѓорѓиоски, дополни предводникот на Европската фудбалска федерација. Потпретседателот на Владата Кочо Анѓушев им посака многу успеси на младите фудбалери и им порача со многу работа да стигнат до врвот. - Во името на Владата на Македонија се заблагодарувам на УЕФА што помогна да се направи ваков објект кој нуди идеални услови за овие деца. Се согласувам со Чеферин дека откако се создадени услови веќе нема простор за лоши резултати. На младите фудбалери им посакувам многу убави моменти во овие прекрасни простории и среќа и успех во кариерата. Меѓу присутните беше и техничкиот директор на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Марко ван Бастен кој ги посети најмладите од Академијата и им посака успешна кариера. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pushten-vo-upotreba-noviot-kapitalen-objekt-na-ffm/feed/ 0
Чеферин гостин на отворањето на новиот капитален објект на ФФМ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cheferin-gostin-na-otvoranjeto-na-noviot-kapitalen-objekt-na-ffm/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cheferin-gostin-na-otvoranjeto-na-noviot-kapitalen-objekt-na-ffm/#respond Mon, 12 Feb 2018 12:20:03 +0000 http://kurir.mk/?p=20725

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски ќе го пречека Александар Чеферин, претседателот на УЕФА на официјалното отворање на сместувачкиот капацитет во рамки на тренинг центарот „Петар Милошевски“, информираа од ФФМ. Новиот капитален објект на ФФМ ќе биде пуштен во употреба в четврток на 15 февруари. ффм2 Објектот во склоп на комплексот „Куќа на фудбалот“ во себе содржи сместувачки капацитет за учениците од ФФМ/УЕФА, елитната академија, за младите национални тимови, апартмани за селекторите и стручните тимови, како и заеднички простории - сала за состаноци, училници и заедничка кујна и трпезарија. ффм1 - Ова е прв објект од ваков вид во Македонија, а со отворањето се потврдува дека ФФМ работи согласно нејзината визија: Фудбалот на прво место, создаваме можности. Една од главните заложби на Фудбалската федерација на Македонија е да ја препознае и да го направи многу подобар „фудбалскиот живот“ на младите. Со посветеност и системска работа „Фудбалската академија“ веќе ги вреднува резултатите од својата студиска програма, но задача е постојано да се развиваат и унапредуваат содржините на програмата за работа на академијата и младинскиот фудбал, велат од ФФМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cheferin-gostin-na-otvoranjeto-na-noviot-kapitalen-objekt-na-ffm/feed/ 0