илегална трговија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 02 May 2023 15:59:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png илегална трговија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во акција на Европол уапсени 288 лица за илегална трговија на Дарк веб https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-aktsija-na-evropol-uapseni-288-litsa-za-ilegalna-trgovija-na-dark-veb/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-aktsija-na-evropol-uapseni-288-litsa-za-ilegalna-trgovija-na-dark-veb/#respond Tue, 02 May 2023 15:59:43 +0000 https://kurir.mk/?p=829813

Меѓународната акција против илегалната трговија на дарк веб заврши со апсење на 288 лица и заплена на околу 51 милион евра во готовина и криптовалути, соопшти денеска Европол. „Силите за спроведување на законот ја запленија нелегалната платформа (...) и Монополскиот пазар и уапсија 288 осомничени за купување и продажба на дрога на Дарк веб“, се наведува во соопштението на Европската полициска агенција со седиште во Хаг. Дополнително, запленети се 850 килограми дрога и 117 парчиња оружје, додава Европол, што ја координираше меѓународната операција наречена СпекТор во која учествуваа девет земји. Акцијата уследи по операцијата на германската полиција во 2021 година во која беше запленета криминалната инфраструктура на платформата. „Европол ги собра сите информации врз основа на вредните докази што ги обезбедија германските власти“, соопшти полициската агенција. Тие информации „биле основа за стотици национални истраги“, додава агенцијата. Низ повеќе земји на ЕУ беа уапсени повеќе лица - 52 во Германија, десет во Холандија и пет во Франција - но исто така и во Велика Британија (158), САД (55) и еден во Бразил. Меѓу запленетите дроги имало 258 килограми амфетамин, 43 килограми кокаин, 43 килограми МДМА и повеќе од 10 килограми ЛСД и таблети екстази, додава истиот извор. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-aktsija-na-evropol-uapseni-288-litsa-za-ilegalna-trgovija-na-dark-veb/feed/ 0
УНОДЦ: Пандемијата ја зголемува илегалната трговија со дрога https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unodc-pandemijata-ja-zgolemuva-ilegalnata-trgovija-so-droga/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unodc-pandemijata-ja-zgolemuva-ilegalnata-trgovija-so-droga/#respond Thu, 25 Jun 2020 11:33:16 +0000 https://kurir.mk/?p=362746

Пандемијата со новиот коронавирус го зголемува ризикот од трговијата со дрога, оцени денеска Агенцијата на Обединети нации против дрогата и криминалот (УНОДЦ). – Сиромашните и загрозени лица, поради зголемената стапка на невработеност и недостигот од економски можности би можеле да се свртат кон незаконски активности поврзани со дрогата – производство или транспорт, се наведува во извештајот на УНОДЦ. Извршната директорка на УНОДЦ, Гада Вали истакна дека пандемијата со Ковид-19 и забавувањето на економијата „се закануваат да ја влошат опасноста од дрога, додека здравствените и социјалните системи се на раб, а државите имаат проблеми да се изборат со тоа“. Агенциијата на ОН стравува и дека владите ќе ги намалат буџетите наменети за превенција и грижа за конзументите на наркотици, како и финансирањето на меѓународната борба против трговијата со наркотици. УНДОЦ апелира до државите да „покажат поголема солидарност и да ги поддржат посебно земјите во развој во борбата против трговијата“. – Затворањето на границите и другите рестриктивни мерки поради пандемијата предизвикаа недостиг на пазарот на наркотици, но и ја зголемија цената и ја намалија чистотата на супстанците, се наведува во извештајот. Анализираните податоци до почетокот на 2019 година покажуваат раст на конзумирањето на наркотици, посебно во земјите во развој. Околу 269 милиони луѓе конзумирале наркотици во 2018, што е за 30 проценти повеќе во споредба со 2009 година, кога повеќе од 35 милиони корисници имале здравствени проблеми. Во 2018 година најкористена супстанца во светот бил канабисот со околу 192 милиони конзументи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unodc-pandemijata-ja-zgolemuva-ilegalnata-trgovija-so-droga/feed/ 0