Илхан Ќучук – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 09 Aug 2023 09:43:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Илхан Ќучук – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ќучук: Условите кои Бугарија и Македонија ги договорија мора да се исполнат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kuchuk-uslovite-koi-bugarija-i-makedonija-gi-dogovorija-mora-da-se-ispolnat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kuchuk-uslovite-koi-bugarija-i-makedonija-gi-dogovorija-mora-da-se-ispolnat/#respond Wed, 09 Aug 2023 09:43:49 +0000 https://kurir.mk/?p=864971

Без да ги спроведе потребните реформи, Република Северна Македонија реално не може да ги започне преговорите за пристапување во ЕУ, вели бугарскиот европратеник и известувач за земјава во Европскиот парламент и копретседавач на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ) Илхан Ќучук. Тој во интервју за БГНЕС подвлекува дека без промена на Уставот, земјава не може да почне да преговара со ЕУ. Воедно, предупреди дека доколку Скопје не ги направи овие промени во блиска иднина, ќе се одвои од Албанија на патот кон ЕУ. Така, Северна Македонија, додава тој, ќе остане во групата со Србија, Косово, Босна и Херцеговина – земји со сериозни проблеми со своите соседи. -Од друга страна, тука е и геополитичкиот предизвик, заедно со тоа, можност Украина всушност да почне да преговара со ЕУ, таа е земја која доби статус на кандидат за членка. Односно, изборот е многу јасен - дали Република Северна Македонија сака да продолжи по својот пат, со реформирање на општествените односи, или ќе се приклучи на друга група која нема јасен патоказ за во ЕУ, вели Ќучук, при тоа нагласувајќи дека одлуката е целосно во рацете на македонските политичари. Според него, во македонскиот Парламент нема единство околу целта за влез во ЕУ, туку се игра со стравовите на македонското општество. -Никој не поставува дополнителни услови (на Скопје). Ова се условите и двете страни се договорија - Бугарија и Република Северна Македонија. Тие ги изгласаа овие услови во бугарското, односно во македонското Народно собрание. Отсега овие договори мора да се исполнат, вели европратеникот Ќучук кој е копретседавач на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ).   (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kuchuk-uslovite-koi-bugarija-i-makedonija-gi-dogovorija-mora-da-se-ispolnat/feed/ 0
Ќучук: Уставните измени ќе се најдат во македонското Собрание во рок од две недели https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kuchuk-ustavnite-izmeni-ke-se-najdat-vo-makedonskoto-sobranie-vo-rok-od-dve-nedeli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kuchuk-ustavnite-izmeni-ke-se-najdat-vo-makedonskoto-sobranie-vo-rok-od-dve-nedeli/#respond Fri, 23 Jun 2023 18:39:06 +0000 https://kurir.mk/?p=849142

Постапката во македонското Собрание за уставни измени за вклучување на Бугарите во Уставот на земјава ќе започне во рок од две недели, тврди бугарскиот европратеник и известувач за Европарламентот за земјава, Илхан Ќучук. - Оваа или следната недела Владата ќе го достави конкретниот предлог на Работната група на расправа во Собранието, изјави Ќучук за бугарската телевизија бТВ. Европратеникот кој неделава престојуваше во Скопје во рамки на Жан Моне дијалогот во Собранието, за БНТ пак изјави дека при тоа имал средби со претставници и на власта и на опозицијата. Според него, вклучувањето на Бугарите, Црногорците и Хрватите во Уставот на Северна Македонија е многу чувствителен процес и како и при секое отворањето на кој било устав има сложена процедура кој бара јавна, но пред се политичка дебата. - Врз основа на практиката на Европскиот парламент да не се објавуваат извештаи пред важни прашања, предложив разгледувањето на Извештајот за напредокот на земјата да остане за на есен, изјави Ќучук. Тој смета дека одлагањето на разгледувањето на Извештајот ќе биде во полза за сите, но пред се за земјава, бидејќи ќе го добие потребното политичко време за да ги реши сите проблеми. Ќучук изјави дека во извештајот се повикува земјава да води сметка за „нападита врз лица со бугарска самосвест“ и да преземе мерки согласно законот. Тој негираше дека во подготовката на извештајот не работел под диктат и ги отфрли тврдењата дека од документот ги исфрлил „барањата на Бугарија за престанок на говорот на омраза и за почитување на правата на луѓето со бугарско национално чувство“. - Тоа е цел компромис. Билатералните прашања се посебно теми во секој извештај. Прашањата за правата на Бугарите, нивното место во јавниот живот на Република Северна Македонија и јазикот на омразата се целосно различно прашање, вели Ќучук. Тој посочува дека подготвениот извештај претставува консензуален текст што тој заедно со неговите колеги им го доставува на усвојување на пратеничките групи во Европскиот парламент. Според него, Извештајот не може да ги реши историските прашања и проблемот со идентитетот, посочувајќи дека всушност Договорот од 2017 година, Преспанскиот договор и „францускиот предлог“ се основа на добрососедските односи. - Европскиот парламент промовира добрососедски односи. Се друго се шпекулации, додаде Ќучук.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kuchuk-ustavnite-izmeni-ke-se-najdat-vo-makedonskoto-sobranie-vo-rok-od-dve-nedeli/feed/ 0
Европратениците Валсман и Ќучук во посета на македонското Собрание https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropratenitsite-valsman-i-kuchuk-vo-poseta-na-makedonskoto-sobranie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropratenitsite-valsman-i-kuchuk-vo-poseta-na-makedonskoto-sobranie/#respond Wed, 21 Jun 2023 05:48:59 +0000 https://kurir.mk/?p=848042

Европратениците, олеснувачи на Процесот на Дијалогот Жан Моне, Марион Валсман и Илхан Ќучук денеска ќе имаат средба со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери. На средбата, како што е објавено на веб страната на Собранието, ќе присуствува и амбасадорот на ЕУ Делегацијата, Дејвид Гир. Европратениците Валсман и Ќучук ќе одржат и кратка подготвителна сесија со Работната група за учество на Дијалогот Жан Моне. Во рамките на посетата, европратениците ќе имаат поединечни средби и со потпретседателите на Собранието Горан Мисовски и Хусни Исмаили и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова, како и со координаторите и претставниците на политичките партии застапени во Собранието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropratenitsite-valsman-i-kuchuk-vo-poseta-na-makedonskoto-sobranie/feed/ 0
Ќучук побара одложување на гласањето на извештајот за Македонија во Европскиот парламент https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kuchuk-pobara-odlozhuvane-na-glasaneto-na-izveshtajot-za-makedonija-vo-evropskiot-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kuchuk-pobara-odlozhuvane-na-glasaneto-na-izveshtajot-za-makedonija-vo-evropskiot-parlament/#respond Tue, 20 Jun 2023 15:28:08 +0000 https://kurir.mk/?p=847890

Известувачот во Европскиот парламент за Северна Македонија Илхан Ќучук, побара официјално одложување на гласањето за извештајот во ЕП, што беше закажано за крајот на јуни, соопштија од прес-службата на Ќучук. -Убеден сум дека претстојниот период пред гласањето на извештајот ќе биде сериозен тест за политичката елита во Северна Македонија и ќе ја измери подготвеноста на земјата да продолжи по патот на европската интеграција, преку спроведување на неопходните уставни измени. Во спротивно, критичарите кои не веруваат во европските аспирации на Северна Македонија, може да излезат дека се во право. И во двете опции, Европскиот парламент ќе има јасна линија по која ќе го гласа извештајот со големо мнозинство наесен, рече Илхан Ќучук. Според известувачот на ЕП за Северна Македонија, одложувањето на гласањето ќе помогне за постигнување конструктивен дијалог и во комисијата за надворешни работи на ЕП ќе придонесе за зацврстување на довербата меѓу Северна Македонија и Бугарија, како две соседни земји, кои имаат заедничка иднина и стремеж во европското семејство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kuchuk-pobara-odlozhuvane-na-glasaneto-na-izveshtajot-za-makedonija-vo-evropskiot-parlament/feed/ 0
Ќучук: Има надворешни фактори кои не сакаат Бугарија и Македонија да имаат добри односи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kuchuk-ima-nadvoreshni-faktori-koi-ne-sakaat-bugarija-i-makedonija-da-imaat-dobri-odnosi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kuchuk-ima-nadvoreshni-faktori-koi-ne-sakaat-bugarija-i-makedonija-da-imaat-dobri-odnosi/#respond Sun, 29 Jan 2023 14:45:21 +0000 https://kurir.mk/?p=793385

Има надворешни фактори кои не сакаат Бугарија и Северна Македонија да бидат во добри односи. Тоа се оние луѓе кои не сакаат РСМ да биде дел од Европската Унија. Тоа се оние луѓе кои не сакаат нашата држава да има влијание бидејќи ставањето вето значи дека Бугарија нема пријатели на Балканот, во ЕУ, изјави европратеникот Илхан Ќучук за „БТВ“. Ќучук е категоричен дека мора да инсистираат во Северна Македонија да има владеење на правото и високи демократски стандарди. – Се додека не се признаваат правата на луѓето кои се сметаат за Бугари, тензијата ќе продолжи, вели Ќучук. Треба, додава Ќучук, да се поттикнат сите обиди за намалување на тензиите, а тоа не важи само за бугарската држава, туку и за Скопје. Треба да се најде решение за проблемите. Посочува дека Бугарија е во Европската Унија веќе 17 години, а, како што вели, не може да се приклучи на блокот за важни теми, вклучително и за обезбедувањето на воена помош за Украина и за клучните реформи во ЕУ. – Нашата земја е секогаш на 27 место и никогаш не предлагаме иницијативи, не учествуваме во блокови, не одиме со предлози до Европскиот Парламент, вели Ќучук.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kuchuk-ima-nadvoreshni-faktori-koi-ne-sakaat-bugarija-i-makedonija-da-imaat-dobri-odnosi/feed/ 0
Маричиќ од Брисел: Со европски вредности да се надвладеат провокациите и инцидентите  https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marichik-od-brisel-so-evropski-vrednosti-da-se-nadvladeat-provokatsiite-i-intsidentite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marichik-od-brisel-so-evropski-vrednosti-da-se-nadvladeat-provokatsiite-i-intsidentite/#respond Thu, 26 Jan 2023 10:30:09 +0000 https://kurir.mk/?p=792212

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, на билатералната средба со бугарскиот европратеник и известувач за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук рече дека соработката и меѓусебната почит како модели за успех подеднакво се нужни и за земјите членки на ЕУ и за земјите кои се на пат да станат членки на ЕУ.

- Меѓусебното почитување и уважување изградено врз европски вредности е единствениот модел за успех за сегашните и идните генерации. Знаеме дека секогаш ќе постојат фактори и од двете страни на границата, а и надвор од тие рамки кои сакаат инциденти, национализам, конфликти и враќање во минатото, кажа Маричиќ на средбата.

Вицепремиерот заедно со европратеникот Ќучук потврдија дека покрај сите провокации и обиди за нарушување на добрите односи, двајцата, заедно со граѓаните, сакаат и силно се залагаат за соработка и добрососедство кои носат благосостојба за двете држави и двата народи и дека веруваат дека таа опција е и побројна, и посилна и дека со сигурност ќе надвладее во оваа ситуација.

Маричиќ во рамки на официјалната посета на Брисел во Европскиот парламент се сретна и со европратениците Ирена Јовева и Дејвид Мекалистер со кои разговараа за текот на скрининг процесот, реформскиот план и обврски и задачите кои ги имаме до крајот на оваа година.

На средбата со Мекалистер беше истакнато дека сега Северна Македонија мора фокусот да го стави на реформите и на политичкиот консензус бидејќи тие се гаранти за брз напредок на патот кон ЕУ. Исто така Мекалистер кажа дека Европа се соочува со безбедносни предизвици и затоа е важно регионот да остане стабилен и на европскиот пат.

- Членството во ЕУ е мора да остане наш надворешнополитички приоритет, како и дека ги спроведуваме неопходните реформи за да можеме да ја исполниме нашата цел и визија, 2030 да е година за членство во ЕУ, истакна Маричиќ.

Маричиќ разговараше и со европратеничката Ирена Јовева која му ја потврди позитивната енергија за Северна Македонија и поддршката од европските пратеници и Европскиот парламент за преговорите со ЕУ.

Отворање политички дијалог во Парламентот и заедничка соработка околу евроинтеграциите ќе значи влегување на Северна Македонија во следната фаза од процесот. Северна Македонија има капацитет и сме убедени дека сега е неопходен напредок и опипливи резултати кога станува збор за спроведувањето на реформскиот план и клучните области како владеење на правото, судството и борбата против корупцијата, посочи Маричиќ.

Денеска во Брисел, Маричиќ ќе се сретне со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, со новиот генерален директор на Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија (ДГ НЕАР), Герт Јан Копман, со вршителката на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот Директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Микела Матуела и директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Џикиќ.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marichik-od-brisel-so-evropski-vrednosti-da-se-nadvladeat-provokatsiite-i-intsidentite/feed/ 0
Ќучук: Враќањето на ветото за Скопје би било огромна грешка и ќе ги влоши булатералните односи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kuchuk-vrakaneto-na-vetoto-za-skopje-bi-bilo-ogromna-greshka-i-ke-gi-vloshi-bulateralnite-odnosi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kuchuk-vrakaneto-na-vetoto-za-skopje-bi-bilo-ogromna-greshka-i-ke-gi-vloshi-bulateralnite-odnosi/#respond Wed, 25 Jan 2023 10:00:42 +0000 https://kurir.mk/?p=791600

Враќањето на ветото за Скопје би било огромна грешка и ќе ги влоши булатералните односи, смета бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук. – Тоа би била огромна грешка. Ветото на ниту еден начин не влијаеше позитивно на добрососедските односи. Сосема спротивно. Почнаа провокации, повеќе или помалку, токму од ставањето на ветото, изјави Ќучук за БНР. Според него, тоа што му се случи на Христијан Пендиков е за осуда и тоа го кажале и европските институции. Тој ја оценува тензијата меѓу двете земји како висока која се шири во многу правци и смета дека билатерално ќе има многу бурна непродуктивна година. Тој го нагласува и механизмот за следење и „мерење“ на говорот на омраза, посочувајќи дека министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, формира „голем тим, во кој ќе има и претставници на бугарската заедница“. На прашањето како Брисел ќе реагира доколку Скопје ги спречи бугарските европратеници, политичари и јавни личности да присуствуваат на настани поврзани со Гоце Делчев на почетокот на февруари, Илхан Ќучук вели дека „нема шанси европските институции да поддржат такво однесување од страна на македонските власти“, додавајќи дека „ниту Брисел, ниту Стразбур може да го прифатат тоа како нормален пристап“. – Не можеме да гледаме изолирано на работите. Треба да бараме механизми кои ќе бидат  одржливи. Мора да има механизми за следење во рамките на билатералните односи. Има многу примери на земји со тешки историски односи – Словенија и Хрватска, Словенија и Италија. Од гледна точка на историската меморија, ова не е нешто ново, истакна Ќучук. Изјавата на Ќучук следи по најавата на бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков по средбата на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ во понеделникот дека не е исклучена можноста од ново вето од Бугарија за земјава, додавајќи оти се надева дека тоа сепак нема да се случи. Во врска со ова прашање се огласи и европратеникот Ангел Џамбаски, кој по предлогот на претседателот Стево Пендаровски за прогласување на персона нон-грата еден пратеник во Европскиот парламент и уште неколку лица кои работат на нарушување на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, во објава на Фејсбук побара „враќање на ветото“ за земјава. – Вратете го ветото. Антибугарска, антиевропска, болшевичка, тоталитарна терористичка власт во РСМ треба да биде објавена за „персона нон-грата во Европската Унија“. Македонија била и ќе биде бугарска. Република Северна Македонија е нешто друго, напиша Џамбаски на Фејсбук. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kuchuk-vrakaneto-na-vetoto-za-skopje-bi-bilo-ogromna-greshka-i-ke-gi-vloshi-bulateralnite-odnosi/feed/ 0
Ќучук на Твитер: Македонското собрание испиша историја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kjuchuk-na-tviter-makedonskoto-sobranie-ispisha-istorija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kjuchuk-na-tviter-makedonskoto-sobranie-ispisha-istorija/#respond Sat, 16 Jul 2022 12:41:37 +0000 https://kurir.mk/?p=706199

Македонското собрание испиша историја, а со тоа се отворија вратите за членство на земјата во ЕУ, напиша Ќучук. Известувачот за Македонија, Илхан Ќучук, смета дека македонското собрание пишува историја денес за европска иднина на земјата. Македонското собрание денес испиша историја за иднината на Македонија. Со 68 гласа „ЗА“ беше усвоен францускиот предлог, а со тоа конечно се отворија вратите за членство на земјата во Европска Унија. Време е да се оди напред! [🇪🇺] [🇲🇰] - напиша на Твитер известувачот за Македонија, европратеникот Илхан Ќучук, лидер на Европските Либерали, претставник на бугарската партија ДПС. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kjuchuk-na-tviter-makedonskoto-sobranie-ispisha-istorija/feed/ 0
Ќучук: Бугарија станува проблематична земја која го попречува развојот на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kjuchuk-bugarija-stanuva-problematichna-zemja-koja-go-poprechuva-razvojot-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kjuchuk-bugarija-stanuva-problematichna-zemja-koja-go-poprechuva-razvojot-na-eu/#respond Fri, 24 Jun 2022 09:30:48 +0000 https://kurir.mk/?p=695072

Бугарија станува проблематична земја која ги попречува развојните процеси на ЕУ. Нашето место не треба да е меѓу попречувачите, туку во развојниот простор – да поставиме агенда, да наметнеме различни гледишта кои ќе ја направат ЕУ многу поефикасна и тоа да биде во бугарски национален интерес. Една од темите што требаше да ги води Бугарија беше поврзана со проширувањето на ЕУ и како Албанија и Македонија треба да бидат дел од неа, вели во интервју за БНР Илхан Ќучук, европратеник од „Обнови ја Европа“, член на Комисијата за надворешни работи во ЕП и известувач за Македонија. Тој е категорично против идејата за радвојување на Македонија и на Албанија на европскиот пат, бидејќи смета дека со тоа дополнително ќе се искомплицира меѓународниот имиџ на Бугарија. Според него, предлогот на француското претседателство со Советот на ЕУ е најдобар досега за Бугарија. -Дали ќе биде усвоен од Софија и Скопје е друго прашање… Дефинитивна грешка беше да се префрли прашањето како врел компир во Народното собрание. Позицијата на Бугарија треба да биде изготвена од Министерскиот совет. Според Уставот,  надворешна политика ја води Министерскиот совет, а не Парламентот, вели Ќучук. Тој смета дека доколку Бугарија усвои заеднички став за предлогот за Mакедонија, политичкиот притисок повеќе нема да биде врз неа, туку ќе се бараат други механизми за да се наметне еден или друг предлог. -Бугарија ќе има став, бидејќи не може две години да немаме заедничка позиција за ова прашање. Ќе биде големо непочитување кон ЕУ ако нашата земја не излезе со јасен став како гледа на ова прашање. Во предлогот има доста добри гаранции за решавање на тешките проблеми од минатото и за отворените стари емотивни прашања, како и за правата на Бугарите – тие своите гаранции ќе ги остварат на европски начин, изјави Ќучук. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kjuchuk-bugarija-stanuva-problematichna-zemja-koja-go-poprechuva-razvojot-na-eu/feed/ 0
Груби – Ќучук: Скопје и Софија да го продолжат дијалогот за брзо решавање на спорот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grubi-kjuchuk-skopje-i-sofija-da-go-prodolzat-dijalogot-za-brzo-reshavanje-na-sporot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grubi-kjuchuk-skopje-i-sofija-da-go-prodolzat-dijalogot-za-brzo-reshavanje-na-sporot/#respond Fri, 27 May 2022 13:55:28 +0000 https://kurir.mk/?p=682545

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска имаше средба со бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук, на која е разговарано за досегашниот тек на преговорите со Бугарија, потребата од нивно динамично продолжување со уште поконструктивен пристап со цел деблокирање на интеграцијата на нашата земја во Европската Унија, како и за билатералните проекти кои ќе ги продлабочат добрососедските односи. Како што информираат од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, Груби на бугарскиот европратеник му ја истакна решителноста и непоколебливоста на земјата на патот на евроинтеграциите и го информираше за унапредувањето на работниот процес за реализација на Коридорот 8, најголемиот инфраструктурен проект што поефикасно ќе ги поврзе двете земји. Европратеникот Ќучук му ја пренесе на Груби неговата посветеност за континуираното лобирање за геополитичката важност на интеграцијата на Македонија во ЕУ. Двајцата соговорници на крајот на средбата изразија оптимизам за европската перспектива на Македонија и за прогресивниот развој на двете земји. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grubi-kjuchuk-skopje-i-sofija-da-go-prodolzat-dijalogot-za-brzo-reshavanje-na-sporot/feed/ 0