илија јованоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 14 Oct 2021 10:47:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png илија јованоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Јованоски прави низа законски повреди поради кои ќе одговара пред надлежните органи https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ok-vmro-dpmne-prilep-jovanoski-pravi-niza-zakonski-povredi-poradi-koi-kje-odgovara-pred-nadleznite-organi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ok-vmro-dpmne-prilep-jovanoski-pravi-niza-zakonski-povredi-poradi-koi-kje-odgovara-pred-nadleznite-organi/#respond Thu, 14 Oct 2021 10:47:43 +0000 https://kurir.mk/?p=578902

Градоначалникот Илија Јованоски последните денови од својот катастрофален мандат ги поминува во изведба на неумешни правни маневри, како да се избегне одговорност од незаконски поништена донација со која е оштетен имотот на општина Прилеп, велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп во врска со отпочнатата постапка од ОЈО Прилеп против Илија Јованоски. -Имено, во 2018 година и покрај донесена одлука на совет на Општина Прилеп за прифаќање на донација – патничко возило Мерцедес, склучен договор за реализација на донацијата и решение од министерство за правда со кое се потврдува донација од јавен интерес, Илија Јованоски се става себеси над законот и еднострано одлучува од само нему познати причини дека нема да изврши прием на возилото кое сега веќе е општински имот. Во меѓувреме од 2018 до 2021 година со овој движен имот не располага општината туку трето лице. Во Септември 2021, после отпочната истражна постапка од ОЈО Прилеп, градоначалникот прави уште една повреда на законите и со надеж дека ќе спаси што може да се спаси го раскинува договорот за донација на возилото и со помош на советничката група на СДСМ на совет донесува одлука за поништување на донацијата и покрај утврдениот јавен интерес. Со ова Илија Јованоски прави низа законски повреди поради кои ќе одговара пред надлежните органи. Никој не е над законот! Не е ни Илија Јованоски! Отчет пред правдата и граѓаните мора да има, стои во нивната објава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ok-vmro-dpmne-prilep-jovanoski-pravi-niza-zakonski-povredi-poradi-koi-kje-odgovara-pred-nadleznite-organi/feed/ 0
Костадиноски: ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп поднесува кривична против градоначалникот Јованоски https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kostadinoski-ok-na-vmro-dpmne-prilep-podnesuva-krivichna-protiv-gradonachalnikot-jovanoski/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kostadinoski-ok-na-vmro-dpmne-prilep-podnesuva-krivichna-protiv-gradonachalnikot-jovanoski/#respond Tue, 12 Oct 2021 08:12:42 +0000 https://kurir.mk/?p=577520

Денес Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, до Основното јавно обвинителство во Прилеп, поднесува кривична пријава против градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, во врска со избор на идејно решение за театар во Прилеп. Центарот за Култура Марко Цепенков и Тетарот Војдан Чернодрински како составен дел од него се во директна надлежност на Министерството за култура и ако некој бил надлежен и требало да распишува конкурс за идејно решение, тоа е министерството за култура. Обвинителството ќе треба да се позанимава со наводите во кривичната пријава и целосната доставена документација од наша страна, истакна кандидатот за советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Прилеп, Марјан Костадиноски. Илија Јованоски во меѓувреме нека одговори пред јавноста во кое својство донел одлука за распишување на Конкурс за избор на идејно решение како посебна постапка со доделување на награди за Театар на дел од дом на култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ако се има предвид горенаведата надлежност по однос на ова прашање? Во кое својство донел одлука за избор на идејно решение како и Доделување на награди по Конкурс бр.2-2018 за Конкурс за идејно решение за театар на дел од домот на култура „Марко Цепенков“ во Прилеп? Во врска со овој конкурс, доделени се парични награди и тоа за првонаградените во висина од 100.000 денари, а за второнаградените 60.000 денари, пари од граѓаните. Тоа што подоцна се изведувани некакви правни гимнастики со ова идејно решение, ќе си го доиспитаат надлежните органи. Со ова се потврдува уште една работа, дека во предизборната кампања Илија Јованоски свесно ги лажеше прилепчани за нов театар во Прилеп. Почитувани, после победата на 17 октомври, на д-р Борче Јовчески и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Прилеп, следува ревизија на сработеното и одговорност за секој еден кој се огрешил пред законот. Граѓаните ќе знаат точно каде завршил секој еден нивни денар. Ќе има правда, ќе има одговорност!, додава Костадиноски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kostadinoski-ok-na-vmro-dpmne-prilep-podnesuva-krivichna-protiv-gradonachalnikot-jovanoski/feed/ 0
Градоначалникот на Прилеп позитивен на корона https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gradonachalnikot-na-prilep-pozitiven-na-korona/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gradonachalnikot-na-prilep-pozitiven-na-korona/#respond Wed, 24 Feb 2021 15:05:54 +0000 https://kurir.mk/?p=473306

Засега се чувствувам добро. Имам само повисока температура и болки во мускулите и чувствувам изнемоштеност, изјавил во телефонски разговор за МИА прилепскиот градоначалник Илија Јованоски кој синоќа го добил позитивниот тест на корона вирусот и е во домашна изолација. Јованоски вели дека се посомневал дека може да ги има симптомите по покачената телесна температура. – Имав температура од 37,2. Се посомневав на симптоми иако немав загубен вкус и мирис. Тестот покажа дека сум позитивен, најверојатно вирусот сум го добил по контакт со позитивен зашто изминатите денови имавме некои состаноци. Сега температурата е 37,6, нема некои проблеми, примам терапија и сум во домашна атмосфера, вели Јованоски. Јованоски кој е и специјалист-ортопед по професија и кој во време на пикот на пандемијата во октомври и ноември минатата година волонтираше во приемниот оддел на инфективното одделение, апелира на почитување на заштитните мерки. Особено да нема собирања на младите и по кафулињата. – Апелирам да се почитуваат сите заштитни мерки. Особено тоа да биде меѓу младите, да не се групираат, да не заседнуваат во кафулињата. Зголемениот број новозаразени во Прилеп е главно поради непочитувањето на мерките и новите бројки се последица, во голем дел, поради собирањата за празникот „Свети Трифун“. Факт е дека новиот, „британски сој“ побрзо се шири и уште поголема опомена е да нема групирања и да се почитуваат мерките, порачува прилепскиот градоначалник Илија Јованоски кој е во домашна изолација, од синоќа позитивен на коронавирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gradonachalnikot-na-prilep-pozitiven-na-korona/feed/ 0
Прилеп бара дополнителни рестриктивни мерки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prilep-bara-dopolnitelni-restriktivni-merki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prilep-bara-dopolnitelni-restriktivni-merki/#respond Fri, 27 Nov 2020 06:34:58 +0000 https://kurir.mk/?p=435071

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски и Општинскиот кризен штаб од Главниот кризен штаб бараат заострување на мерките и воведување дополнителни рестриктивни мерки за заштита од пандемијата со Ковид-19, кои ќе се однесуваат на целата територија на општината заради крајно влошената и загрижувачка ситуација. Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари, пак, има дилема околу воведувањето карантин, бидејќи цени дека тоа би имало тешки последици врз локалната економија на Гостивар, но, како лекар, смета дека воведувањето ваква рестриктивна мерка е неопходна. – Она што е особено загрижувачки и алармантно е дека во последните дваесетина дена драстично и рапидно се зголемува бројот на новозаразени, хоспитализирани и, за жал, починати лица. Со цел да ја превенираме и запреме ваквата застрашувачка тенденција на ширење на заразата, Општинскиот кризен штаб од Главниот кризен штаб бара заострување на мерките и воведување дополнителни рестриктивни мерки, кои ќе се однесуваат на целата територија на Општина Прилеп, рече вчера Јованоски. Одговор, нагласи, се очекува за еден ден, а во меѓувреме се засилуваат локалните мерки, прво за помош на медицинскиот персонал во инфективното одделени, каде од денеска како што најави ќе ротираат тимови од матичните лекари во две смени. Гостиварскиот градоначалник Таравари вчера порача дека има дилема која се создава од функцијата градоначалник и професијата лекар. -Како градоначалник не сум за карантин единствено заради финансискиот опстанок на граѓаните. А како лекар недвојбено е и јасно е, уште утре треба да побараме од Министерството за здравство и Владата карантин за Гостивар. Нашата општина нема големи фабрички капацитети, тука луѓето егизстираат од мали бизниси, дуќани за трговија, кафулиња и работниците главно заработуваат на дневници. Би било погубно тие бизниси да се затворат на еден месец, бидејќи ние немаме државни резерви за такви намени, рече Таравари. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, пак, најави дека од понеделник дополнителни 12 лекари и 20 медицински сестри ќе ги засилат воените екипи кои и во моментов помагаат во здравството за справување со пандемијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prilep-bara-dopolnitelni-restriktivni-merki/feed/ 0
Филипче и Спасовски викаат не мора, нивниот градоначалник во Прилеп вика мора карантин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-i-spasovski-vikaat-ne-mora-nivniot-gradonachalnik-vo-prilep-vika-mora-karantin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-i-spasovski-vikaat-ne-mora-nivniot-gradonachalnik-vo-prilep-vika-mora-karantin/#respond Wed, 25 Nov 2020 11:26:06 +0000 https://kurir.mk/?p=434141

Министрите за здравство и внатрешни работи, Венко Филипче и Оливер Спасовски не гледаат потреба од карантин во Македонија. Но, следејќи ги загрижувачките бројки на заразени и починати, градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски од СДСМ, смета дека мора да има карантин. „Последните 9 дена има 26 починати, вчера имаше само 6 починати пациенти во Прилеп. По две недели од моето поаѓање на Инфективното одделение. Упатив апел до сите здравствени работници кои немаат активности, во дел од слободното време да им помогнеме на здравствените работници. Знаевме дека ќе е вака, се спремаме за таканаречениот трет бран. Има место во болницата во Прилеп, има над 100 болнички кревети на располагање, а 50-тина болни користат дневна болница. Најголем број од пациентите се заразуваат на еден процент на граѓани кои не носат маски. Апелираме, ама одреден број на граѓаните не веруваат во нештото, не се придржуваат до протоколите. Ќе побарам до Централниот кризен штаб за прилем, мораме да имаме карантин, Прилеп по Скопје има најголем број заразени и починати“ - вели градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски за Студио 10 на ТВ24.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-i-spasovski-vikaat-ne-mora-nivniot-gradonachalnik-vo-prilep-vika-mora-karantin/feed/ 0
Прилепскиот градоначалник објавил тендер за компјутери, а незнае на колку ученици им треба https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/prilepskiot-gradonachalnik-objavil-tender-za-kompjuteri-a-neznae-na-kolku-uchenici-im-treba/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/prilepskiot-gradonachalnik-objavil-tender-za-kompjuteri-a-neznae-na-kolku-uchenici-im-treba/#respond Fri, 09 Oct 2020 08:35:08 +0000 https://kurir.mk/?p=414257

И по една недела од почетокот на новата учебна година, прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, абер нема колку ученици од општинските основни и средни училишта, се уште немаат компјутери за следење на он-лајн настава, информираше Алфа телевизија. „Таква бројка се уште немаме. Знаеме дека во сите училишта имаме некоја бројка што се социјални случаеви кои што немаат компјутер, лап-топ…Ние направивме јавна набавка за сите училишта, за потребите…Јавната набавка е во тек и се надеваме дека со отворањето на тендерот, на 30-ти октомври дека ќе ги имаме дотогаш, а знаете дека е проблем со набавка на компјутери во целата држава“, – се оправда градоначалникот Илија Јованоски. Запрашан од наша страна – како е можно јавната набавка да е веќе распишана, а без притоа да се знае бројот на потребните компјутери, тој кажа дека позната била само вредноста на тендерот, што пак, во најмала рака е чудно?! „Значи, бројката не е точно одредена, одредена е сумата – осум милиони и двесте илјади денари се…во зависност од цената на комјутерите…толку ќе бидат и тие. Затоа точната бројка не можам да ви ја кажам…“, се одбрани Јованоски. Инаку, во општина Прилеп има над 10.000 ученици, од кои дури 9.000 основци и средношколци треба да следат он-лајн настава, бидејќи ниту едно од училиштата не доби дозвола од Министерството за следење на наставата со физичко присуство на учениците. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/prilepskiot-gradonachalnik-objavil-tender-za-kompjuteri-a-neznae-na-kolku-uchenici-im-treba/feed/ 0
Младеноски: Наместо 20% поевтини сметки за вода, прилепчани добија повисоки сметки за околу 60% https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mladenoski-namesto-20-poevtini-smetki-za-voda-prilepchani-dobija-povisoki-smetki-za-okolu-60/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mladenoski-namesto-20-poevtini-smetki-za-voda-prilepchani-dobija-povisoki-smetki-za-okolu-60/#respond Wed, 06 Mar 2019 13:44:00 +0000 https://kurir.mk/?p=171912

Иако градоначалникот Илија Јованоски ветуваше намалување на сметките за вода од 20% во предизборната кампања, прилепчани овие денови сведочат за спротивното. СДСМ удира повторно по џебот на обичниот граѓанин кој на своја кожа го почувствува зголемувањето на сметките за водни услуги, истакна Иван Младеноски од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. -Граѓаните се гневни и измамени затоа што поверуваа дека токму новата локална самоуправа предводена од СДСМ ќе си достои на својот збор и ветувањето кое го даде. За жал и на штета на сите прилепчани, со секој изминат ден се соголуваат ветувањата кои беа нафрлани без детална анализа, колку да се добија по некој дневнополитички поен. Она што на крајот од денот го интересира обичниот народ е есапот во секоја една куќа, кој со овие поголеми давачки воведени во време на СДСМ, го осиромашува и онака сиромашниот народ кој едвај врзува крај со крај. И наместо 20% поевтини сметки за вода, прилепчани добија повисоки сметки за околу 60%, рече тој и додаде: „Градоначалниче, прилепчани ве гласаа за 20% поевтини сметки за вода, а не за вработувања и поставување на директори на вашите внуци, зетови, братучеди. Прилепчани ве гласаа за да ги реализирате предизборните проекти, а не да агитирате за смена на име, национално предавство и двојазичен Прилеп. Почитувани, досегашното владеење на СДСМ, како на централно, така и на локално ниво се покажа како крајно ненародно и дрско, кое освен што го влоши животниот стандард на секој еден, не донесе ништо корисно. Затоа мора што поскоро да заврши ова владеење. Затоа што граѓаните заслужуваат подобар живот и власт која ќе се бори за доброто на секој граѓанин!“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mladenoski-namesto-20-poevtini-smetki-za-voda-prilepchani-dobija-povisoki-smetki-za-okolu-60/feed/ 0
СРАМОТА: Градоначалникот на Прилеп го промашил споменикот, наместо на св. Климент Охридски, цвеќе му положил на Ченто https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sramota-gradonachalnikot-na-prilep-go-promashil-spomenikot-namesto-na-sv-kliment-ohridski-cvekje-mu-polozil-na-chento/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sramota-gradonachalnikot-na-prilep-go-promashil-spomenikot-namesto-na-sv-kliment-ohridski-cvekje-mu-polozil-na-chento/#respond Mon, 10 Dec 2018 09:04:43 +0000 https://kurir.mk/?p=137971

По повод патрониот празник на ООУ „Климент Охридски“, делегација од Општина Прилеп предводена од градоначалникот Илија Јованоски и од училиштето викендов положи цвеќиња пред споменикот на првиот претседател на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто и Могилата на непобедените. Јованоски очигледно го промашил државниот празник, па му положил цвеже на Ченто, наместо на св. Климент Охридски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sramota-gradonachalnikot-na-prilep-go-promashil-spomenikot-namesto-na-sv-kliment-ohridski-cvekje-mu-polozil-na-chento/feed/ 0
Се рехабилитира патот од Прилеп до вештачкото езеро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/se-rehabilitira-patot-od-prilep-do-veshtachkoto-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/se-rehabilitira-patot-od-prilep-do-veshtachkoto-ezero/#respond Wed, 25 Apr 2018 16:30:26 +0000 https://kurir.mk/?p=46108

Започна рехабилитација на патнииот правец за вештачкото езеро кај Прилеп во должина од 2,6 километри, што е под ингеренција на претпријатието за јавни и државни патишта, во корелација со локалната самоуправа. Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски нагласи дека реконструкцијата ќе се одвива во две фази. - Инвестицијата е околу 20 милиони денари и по половината, по 10 милиони инвестираат прилепската локална самоуправа и јавното претпријатие за државни патишта. Ова е прва фаза од рехабилитацијата на овок потег, од Прилеп до Вештачкото езеро и се асфалтира овој дел. Втората фаза ќе се прават велосипедски и пешачки патеки. направен е проект кој во наредниот период ќе го реализираме, рече Јованоски. Втората фаза од рехабилитацијата на овој патен правец ќе започне кон крајот на оваа или почетокот на идната година. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/se-rehabilitira-patot-od-prilep-do-veshtachkoto-ezero/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: 100 дена лаги и реваншизам на градоначалникот Јованоски https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vmro-dpmne-prilep-100-dena-lagi-i-revanshizam-na-gradonachalnikot-jovanoski/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vmro-dpmne-prilep-100-dena-lagi-i-revanshizam-na-gradonachalnikot-jovanoski/#respond Wed, 31 Jan 2018 13:51:03 +0000 http://kurir.mk/?p=16699

Поминаа првите 100 дена од изборот на Илија Јованоски за градоначалник на Општина Прилеп. Поминаа срамежливо, штуро, во молк, завиени во квази партиската пропаганда на секторот за односи со јавност на општината кој пробува да прикрие огромен неуспех на градоначалникот да реализира било каков проект во интерес на граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. -И ете јавноста нестрпливо очекува да слушне што Илија Јованоски сработи во изминатиот период, освен што формира оддел за пропаганда и креира нова веб страна на општината која ја користи како излитен партиски медиум. Дали градоначалникот го направи животот на граѓаните подобар или донесе живот за него подобните од кои дел удобно ги вдоми во општината а дел по јавните претпријатија, можат најдобро да оценат прилепчани. Сите помпезно и горделиво најавени проекти се распаднаа како кула од песок. Нема затворен базен, нема вработувања според професионализам и квалификации, младите не се вратија назад, нема економски прогрес на општината, нема поддршка за спортот, нема стадион, неа транспарентност и отчетност, нема уредено вештачко езеро, нема вода и струја за сограѓаните Роми од населбите Три Багреми и Мексико, нема плата од 30.000 денари... Едно големо ништо, велат од партијата. Според ВМРО-ДПМНЕ, Јованоски има само несмасни празни ветувања. -Има партиски отпуштања и реваншизам, поставување на неспособни кадри по партиска линија, има граѓански парламент по мерка на градоначалникот и слаткоречиви изјави исполнети со лаги и потценување кон сопствените граѓани а многу наскоро ќе има двојазичност, двојазични табли и патокази, казни и вработувања по основ на законот за двјазичност. Граѓаните не се чувствуваат безбедно, се палат објекти и автомобили, се рекетираат локалните бизниси и се заплашуваат и шиканираат неистомислениците. Градоначалнику Јованоски, граѓаните успеаа да ве прочитаат многу брзо. Се соочија со реалноста дека наредните 4 години општината не само што ќе стагнира, туку и ќе започне да назадува и во економски и во социјален и во демократски контекст. Ја жртвувате работата на јавните институции и квалитетот на услуги кои ги добиваат граѓаните по цена на инсталација на партиски неподобни кадри. Го жртвувате спортот во Прилеп и иднината на младите, успеавте да ги натерате сите кои ве гласаа горко да се покајат, зошто се што им ветивте не им исполнивте. Не ви држи муабетот дека она што сте наследиле ќе го поправате во наредните 4 години. Таквиот став е доказ дека сте ги излагале граѓаните и проектите кои ги ветивте во предизборието не сте ни имале намера да ги остварите. Чесно е да им признаете дека немате нити желба а нити капацитет да ги остварите и така нереалините ветувања кои ги дадовте. Младите нема да престанат да се иселуваат, економијата нема да расте, образованието нема да се подобри а децата од градинките ќе продолжат да добиваат храна со возило кое не исполнува нити еден стандард за достава на храна. Нема да има нови проекти, нема да има напредок. Ќе има само популистички изјави и фотосесии од градоначалникот кој нема да донесе живот за Прилеп и прилепчани, велат од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. Граѓаните тоа нема да го заборават, порачуваат од партијата, и нема да дозволат иднината на нивните деца да ја уништуваат луѓе вљубени во функционерски фотељи. -Градочалник, земете работете. Не манипулирајте, 4 месеци поминаа, а вие пустош од градов направивте. Граѓаните не ве избраа да им кажувате и да ги подучувате како се слават Коледе и Бадник. Не тие тоа многу добро си го знаат. Од вас очекуваат тоа што го ветивте и да го реализирате. Но за жал ништо од сето тоа, Прилеп се враќа пред 2001 година, завршуваат тие. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vmro-dpmne-prilep-100-dena-lagi-i-revanshizam-na-gradonachalnikot-jovanoski/feed/ 0