Илина Соколовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 12 Dec 2022 09:32:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Илина Соколовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Илина Соколовска освои сребрен медал на Интернационалниот натпревар по ритмичка гимнастика во Германија на песна на „Некст тајм“ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ilina-sokolovska-osvoi-srebren-medal-na-internacionalniot-natprevar-po-ritmichka-gimnastika-vo-germanija-na-pesna-na-nekst-tajm/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ilina-sokolovska-osvoi-srebren-medal-na-internacionalniot-natprevar-po-ritmichka-gimnastika-vo-germanija-na-pesna-na-nekst-tajm/#respond Mon, 12 Dec 2022 09:32:46 +0000 https://kurir.mk/?p=774275

Песната „Кога падна на Пирина“ од „Некст тајм“ беше инспирација на Илина Соколовска за настап на Интернационалниот натпревар по ритмичка гимнастика во Германија и се закити со вицешампионско место. Илина се натпреваруваше за Германија и и донесе сребро во конкуренција на над 20 земји учеснички од целиот свет. Со овој натпревар, кој се одржа во Леверкузен, македонското девојче Илина, кое веќе неколку години реди успеси за Германија, ја заврши сезоната на спортување и има пауза до фебруари, кога ќе стартува новата сезона.
-Среќна сум многу, особено што настапуваа гимнастичарки од над 20 земји од целиот свет. Им се радувам на сите медали што ги освоив за Германија, но ми е жал што не се тоа успеси за Македонија. А оваа песна ја одбрав бидејќи иако живееме во Германија, ние дома постојано слушаме македонска музика, а и ги сакам „Некст тајм“, ни рече Илина. Илина и нејзината помала сестра Ева се дел и од Бундес лига и во претходните два напревари екипно ги освоија вторите места за Бундес лига и на републичкиот напревар. -Се натпреварував екипно и се собираа поени за целиот тим. Ние со нашиот тим по бодови бевме втори уште по вториот натпревар. Четири екипи се сретнаа во финале и се натпреваруваа кој ќе биде првак на Германија, а кој ќе биде во прва Бундес лига, ни рече Илина, која и на двата натпревари се натпреваруваше со повреда. Но, и покрај тоа што имаше проблем со ногата, сепак, успеа екипно да освои најмногу бодови и да го освојат сребрениот медал. – Последниве месеци напорно тренирав, ме чекаа големи натпреварувања и немаше простор за одмор. Одеднаш почна ногата да ме боли, едвај газев на неа, но не се откажав. И покрај болките настапив. Бев на лекар, ми рекоа дека имам истегнат мускул. Затоа во оваа пауза до почеток на новата сезона ќе вежбам само фитнес заради мускулите, ни рече Илина. Нејзината помала сестра, Ева, пак, пред една недела имаше републички напревар и го освои второто месо.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ilina-sokolovska-osvoi-srebren-medal-na-internacionalniot-natprevar-po-ritmichka-gimnastika-vo-germanija-na-pesna-na-nekst-tajm/feed/ 0
Бронза за македонското девојче во Бундес лигата во Германија: Нов успех на Илина Соколовска во ритмичка гимнастика https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/bronza-za-makedonskoto-devojche-vo-bundes-ligata-vo-germanija-nov-uspeh-na-ilina-sokolovska-vo-ritmichka-gimnastika/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/bronza-za-makedonskoto-devojche-vo-bundes-ligata-vo-germanija-nov-uspeh-na-ilina-sokolovska-vo-ritmichka-gimnastika/#respond Thu, 27 Oct 2022 09:06:08 +0000 https://kurir.mk/?p=751091

Срцето му е топло на секој Македонец, кога наши луѓе ќе успеат во светот. Едни од нив се сестрите Илина и Ева Соколовски, кој нижат успеси низ Германија во ритмичка гимнастика. Она што во моментов претставува македоска гордост е успехот на Илина (16) во Бундес лигата, која започна по пауза поради короната. И на стартот на натпреварувањето Илина се закити со бронза. Таа екипно викендот настапуваше во Берлин, каде освои високи поени, но екипно за влакно им побегна среброто. До крајот на спортската сезона претстојат уште многу натпревари, кога на крајот се собрираат поените и се прогласува победникот. -Настапив со три точки, топка, чуневи и лента. Благодарејќи на високите поени во соло настапите идниот месец заминувам за Леверкузен, каде ќе имам интернационален настап, ни рече гордо Илина.
Она што е важно, пак, за нејзината помала сестра Ева (12), е што оваа година таа остана на резервната клупа во нејзината категорија во Бундес, бидејќи поради годините се уште не е дел од ова најголемо германско натпреварување, но поради талентот и наградите што ги има зад себе добила покана да биде дел од Бундес лигата, но само доколку е потребно за замена. А до крајот на спортската сезона овие две македонски сонца, кои боите на Германија го бранат со македонски пасош, ги очекуваат повеќе републички и интернационални натпревари. Колку е голема љубовта кон овој спорт покажува и фактот што Илина минатиот месец  присуствуваше на светскиот натпревар по ритмичка гимнастика, што се одржа во Софија, а таму е пресреќна што се запознала со својот идол. -Неочекувано пред мене се создаде олимпискиот победник од Израел Ашрам. Се израдував и јас ја повикав. Таа дојде до мене и се сликавме. Пресреќна сум, бидејќи таа е најдобра во овој спорт, го сонувам нејзиниот успех и  сонот ми се оствари лично да ја запознаам, вели Илина. Илина и Ева веќе се подготвуваат за наредниот месец во Леверкузен, каде ќе се натпревруваат во нивните категории. И секако, како што е вообичаено, очекуваме да се закитат со некој медал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/bronza-za-makedonskoto-devojche-vo-bundes-ligata-vo-germanija-nov-uspeh-na-ilina-sokolovska-vo-ritmichka-gimnastika/feed/ 0
„Светско, а наше“-Илина Соколовска, македонско девојче, шампионка на германска земја (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/svetsko-a-nashe-ilina-sokolovska-makedonsko-devojche-shampionka-na-germanska-zemja-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/svetsko-a-nashe-ilina-sokolovska-makedonsko-devojche-shampionka-na-germanska-zemja-foto/#respond Tue, 15 Dec 2020 09:13:10 +0000 https://kurir.mk/?p=443383

Малата Илина Соколовска (14) е пример за уште една успешна македонска приказна надвор од границите на државата. Таа со нејзиното семејство живее во германскиот град Билефелд, каде ова талентирано македонско девојче ниже успеси за Германија, но сонува еден ден македонското знаме да го вее на Олимпијада. И ако се погледнат нејзините досегашни успеси во ритмичка гимнастика, несомнено дека овој сон лесно може да и се оствари. По неполна деценија занимавање со овој спорт, нејзиниот дом е преполн со пехари, кои минатата година и го отворија патот да почне да се натпреварува и во Бундес лигата. И таман почна се’ да се одвива  како што треба, се случи корона пандемијата, која го застана животот во целиот свет. Но, Илина и покрај стопирањето на натпреварите не застанува. Нејзиниот живот продолжи со тренирање, за да биде подготвена, кога повторно животот ќе се врати во нормала и ќе почнат натпреварите. „Од февруари до октомври немавме никаков настап. Цела година чекав да се натпреваруваме. Пред десеттина дена се случи еден клупски натпревар, убаво беше, но откажаа многу клубови од Бундес првата и втора лига. Мојот клуб учествуваше, запазувајќи ги сите протоколи за заштита. Мојот клуб се вика СГ Гутерслох- Билефелд, и клубски се натреварувавме. Секој сам танцуваше и на крај со вкупно 80 поени како клуб го освоивме петтото место. Имаше посилни клубови од нас, се натреваруваат на интернационално ниво. Требаше и деновиве да има уште еден натпревар, но поради короната и тој е откажан“ – вели Илина, која пред неколку години на интернационален натпревар во Украина ја освои титулата „принцеза“, освојувајќи најмногу поени. Иако нема натпревари Илина, како и нејзината помала сестра Ева (10), која исто така е гимнастичарка, продолжија да тренираат. Додека беше топло времето тренирале во природа, но сега тренинзите ги прават дома, секој ден по неколку часа. „Многу ни е тешко што не можеме да спортуваме. Сестра ми Ева дури и плачеше бидејќи за следните четири недели се откажани тренинзите и затоа ќе тренираме дома, во дневната соба, бидејќи надвор е веќе студено. Од март до јуни вежбавме така, малку дома, малку надвор. Кога не ослободија многу се израдувавме дека ќе продолжиме со натпреварите, но ете пак не затворија. Сега само одиме на училиште,цело време со маски и со постојано отворени прозорци и врати. На часови седиме со јакни, капи, шалови или ќебе врз себе. Напорно е ама мора да се издржи. Одам во деветто одделени и најдобра сум во класот. Паралелно вежбам и учам. Обврските со спортот и натпреварите не ми пречет на училишниот успех.  А имам време и за другарките. Секогаш прво е учењето, па потоа дружењето“ – вели Илина. Сонот на секој спортист, па и на Илина е успех и само успех. Но најголем сон и е да ја однесе Македонија на Олимпијада, кој ако продолжи со трофеите, како и до сега, секако дека ќе и се оствари. Иако таа се натпреварува за Германија, сепак, засега го има само македонскиот пасош, па оттаму и надежта дека еден ден ќе ја однесе својата татковина на најголемото спортско натпреварување. „Јас отсекогаш сонувам да одам на Олимпијада и се надевам дека ќе успеам. Сега се натпреварувам со многу силни гимнастичарки, кои се постари од мене. Но, тоа ми е мотивација повеќе. Да бидам уште подобра. Кога бев мала, уште во градинка ги гледав девојчиња како вежбаат и гледав колку убави фустанчиња имааат. Така го засакав овој спорт. А потоа, кога почнав да вежбам и да се натпреварувам и да редам успеси уште повеќе почнав да го сакам. Засега имам над осум натпреварувачки фустани, кои веќе ми се мали. Сите од клубот одиме кај една жена која е од Русија и по наша желба ни ги прави“ – вели македонската шампионка на германско тло. „Пред компјутер сум само кога морам. Кога е потребно од училиште. Затоа сакам да им порачам на моите врсници да си размислат дали тоа ќе им помогне во животот и каков успех ке имаат ако по цел ден седат пред комјутер и затворени дома.  Јас најмногу сакам биологија и хемија. Мислам дека кога ќе престанам професионално да се занимавам со гимнастика тоа ќе ми биде животна преокупација, можеби и професија. Сега по 3-4 часа дневно вежбам, после училиште прво јадам, па пишувам домашна и потоа тренирам. Па пак продолжувам со домашното и потоа одморам. Сакам и јазици, покрај македонскиот и германскиот јас паралелно ги учам и англискиот и францускиот. За се’ се наоѓа време“ – вели таа. До минатата година Илина едвај чекаше да дојде лето, за да дојде во Скопје. И додека беше тука на одмор, таа постојано тренираше. „Ми се доаѓа во Скопје многу. Цела година чекав да дојде летото и многу ми беше жал што летово не можевме да дојдеме. А многу сакав кај баба и дедо, кај Нате братучетка ми, кај стрина и чичо. Сакам да ги видам сите, но место тоа, сега комуницираме само по телефон. Се надевам дека до следното лето ќе се вратиме во нормала и се’ ќе биде како порано“ –  вели со надеж Илина, македонската шампионка која ниже успеси на германска земја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/svetsko-a-nashe-ilina-sokolovska-makedonsko-devojche-shampionka-na-germanska-zemja-foto/feed/ 0
Македонски девојчиња: Сестрите Илина и Ева едни од најдобрите во ритмичка гимнастика (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/makedonski-devojchinja-sestrite-ilina-i-eva-edni-od-najdobrite-vo-ritmichka-gimnastika-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/makedonski-devojchinja-sestrite-ilina-i-eva-edni-od-najdobrite-vo-ritmichka-gimnastika-foto/#respond Tue, 16 Jul 2019 12:05:47 +0000 https://kurir.mk/?p=218988

Сестрите Илина (13) и Ева (9) Соколовски со прво и трето место ја завршија сезоната на натпревари по ритмичка гимнастика во Германија и се едни од најдобрите во овој спорт. Ева во завршниот турнир го освои првото место, односно златниот медал во нејзината категорија, додека Илина го освои бронзениот медал, односно третото место. Завршниот натпревар, кој е традиционален летен турнир за летен пехар се одржа во Минстер и по големата победа Илина и Ева заминуваат на заслужен одмор, кој секако ќе биде исполнет со тренинзи бидејќи од есен ги чека нов предизвик и нови победи. -Илина и Ева досега од ниеден турнир не се вратиле без пехар. Ева досега има 12 натпревари и од сите 12 се вратила со прво место. Илина иако има 12 години од последнава сезона поради големиот талент се натпреварува во категорија на спортисти во групата од 15-16 години. Таа минатата година имаше и еден интернационален настап во Украина, каде го освои првото место и беше прогласена за принцеза за ритмичка гимнастика. Овој пат го освои третото место, но со многу мала разлика во поени. Иако и двете се со македонски пасош, сепак, Германија многу вложува во нивниот талент и во клубот каде тренираат доаѓаат светски тренери да им ги покажат вештините во овој спорт, вели нивниот татко Горан Соколовски. Дека македонските девојчиња Илина и Ева се гордост на Германија покажува и фактот што после секој турнир и награда медиумите не штедат зборови за пофалба. Годинава Илина на турнирите четири пати била прва, додека Ева од три натпревари сезонава три пати се вратила со златен медал. Затоа и германските медиуми за нив велат дека каде и да настапуваат се враќаат со награди и дека станатите натпреварувачки треба да се плашат од нивниот талент и успех. „Од секој турнир се враќаат со награди“. Браво за Илина која поради големиот талент и умешност се натпреварува во категорија на спортистки кои се поголеми д неа и на Ева која знае само за прв место“, пишува меѓу другото во медиумите во Германија. Колку Илина и Ева се познати и признати покажува и фактот што дел од фирмите веќе ги ангажираат за заштитни лица за рекламирање на нивните производи. Илина и Ева заминуваат на летен одмор во Македонија, каде секој ден со наши тренери ќе вежбаат по неколку часа на ден. Од есен ги очекува нова сезона со нови успеси. ИЗВОР: ВИСТИНА.МК]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/makedonski-devojchinja-sestrite-ilina-i-eva-edni-od-najdobrite-vo-ritmichka-gimnastika-foto/feed/ 0
Нашата Илина ниже успеси: Германските медиуми ја нарекуваат “мала ѕверка“, а таа е голема гордост за Македонија (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nashata-ilina-nize-uspesi-germanskite-mediumi-ja-narekuvaat-mala-dzverka-a-taa-e-golema-gordost-za-makedonija-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nashata-ilina-nize-uspesi-germanskite-mediumi-ja-narekuvaat-mala-dzverka-a-taa-e-golema-gordost-za-makedonija-foto/#respond Tue, 19 Mar 2019 11:55:32 +0000 https://kurir.mk/?p=176368

Македонското девојче Илина Соколовска се пласира во полуфиналето на првенството во Германија во ритмичка гимнастика. Илина го освои третото место на натпреварот што пред неколку дена се одржа во Германија, а се натпреваруваше со уште 17 спортистки, од кои првите четири се пласираат во полуфинале. Илина има само 12 години, но поради големиот талент настапува во група со спортистки од повисоките категории, кои имаат по 14 или 15 години. -Се натпреваруваше со многу голема конкуренција.  Освои трето место, со многу мала разлика од првата и втората.  Победничката имаше 21 поен, втората 20, 75 а Илина 20,65 поени.  Но, со овие поени и со третото место успеа да се квалифицира во полуфинале на Германија, кое ќе се одржи на 14 и 15 април во Дрезден, во најубавата Арена во Германија, пишуваат германските медиуми. Колку е сериозен натпреварот покажува и фактот што ги оценуваа 32 судии. Но, тоа не е проблем за „малата ѕверка“, како што ја нарекуваат Илина медиумите во Германија. Колку е таа успешна покажува и фактот што Илина веќе ја препознава и публиката во салата и секој нејзин настап е проследен со аплауз.  Настапила со три брзи кореографии- јаже, топка и чуневи, каде ги освоила најголемите поени од судиите. Илина е по потекло од Скопје, но со семејството живее во Германија. Досега на сите натпревари освојувала награди а минатата година на првиот интернационален настап во Украина беше прогласена за принцеза на овој спорт.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nashata-ilina-nize-uspesi-germanskite-mediumi-ja-narekuvaat-mala-dzverka-a-taa-e-golema-gordost-za-makedonija-foto/feed/ 0