илинден-тирана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 01 Nov 2021 14:41:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png илинден-тирана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Честитка од МД „Илинден“-Тирана до ВМРО-ДПМНЕ за изборниот успех на локалните избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-md-ilinden-tirana-do-vmro-dpmne-za-izborniot-uspeh-na-lokalnite-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-md-ilinden-tirana-do-vmro-dpmne-za-izborniot-uspeh-na-lokalnite-izbori/#respond Mon, 01 Nov 2021 14:41:46 +0000 https://kurir.mk/?p=589279

Претседателот на македонското друштво „Илинден“- Тирана Никола Ѓурѓај упати честитка до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за, како што вели, изборниот успех на локалните избори. -Дозволете ми во мое лично име и во име на македонското друштво „Илинден“-Тирана и во името на Македонците во Албанија, да Ви ја честитаме големата победа на ВМРО-ДПМНЕ на Локалните избори 2021 година. Татковината Македонија уште еднаш ја покажа својата зрелост со одржувањето на мирни и демократски избори. Македонските граѓани одбраа кој ќе ги води македонските општини во наредните четири години, стои во честитката. Македонското друштво „Илинден“-Тирана и синоќа во објава на Фејсбук се заблагодари на Македонците од Албанија, кои поседуваат македонски пасош и кои вчера го оствариле ова право. -Историска победа, почитувани, браќа и сестри, Македонци од Република Албанија голема благодарност до сите што гласавте на локалните избори во татковината Македонија. Со среќа и успешна работа до сите кандидати на ВМРО-ДПМНЕ. Голема победа за сите за една нова и поубава иднина за татковината Македонија, пишува во објавата. И пред изборите МД „Илинден“ ги повика Македонците од Република Албанија што поседуваат македонско државјанство да дојдат и да го дадат својот глас за кандидатите на ВМРО- ДПМНЕ.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-md-ilinden-tirana-do-vmro-dpmne-za-izborniot-uspeh-na-lokalnite-izbori/feed/ 0
„Илинден“-Тирана почна кампања „Главата горе-изјасни се дека си Македонец“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ilinden-tirana-pochna-kampanja-glavata-gore-izjasni-se-deka-si-makedonec/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ilinden-tirana-pochna-kampanja-glavata-gore-izjasni-se-deka-si-makedonec/#respond Sat, 21 Sep 2019 10:22:13 +0000 https://kurir.mk/?p=243099

Како дел од зацртаните активности за зачувување на македонскиот национален идентитет, македонското друштво „Илинден“-Тирана започна медиумска кампања за подигање на свеста кај Македоците во Албанија да се изјаснат тоа што се. -Кампањата е под мотото „Горе главата – изјасни се дека си Македонец“. Сакаме да ја подигнеме свеста кај Македоците да се изјаснат она што единствено се, Македонци. Не има насекаде низ Албанија. Главно сме концентирани во областите Мала Преспа, Гора, Голо Брдо, но со по неколку десетина илјади не има и во Тирана, Елбасан, Драч, Корча и во други градови, вели Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото. Тој посочува дека албанските власти признаваат постоење на македонско малцинство само на Македонците во Мала Преспа. – Но и тие доколку решат да живеат надвор од Преспа го губат тоа право. И покрај барањата во континуитет по падот на тоталитарниот режим, се уште на Македонците не им се признава статус на малцинство на целата територија на Албанија. Но,без оглед на тоа многу меѓу Македонците чувствуваат и страв и не се изјаснуваат она што се. Буквално се плашат да кажат дека се Македонци, за да не бидат санкционирани, посебно оние кои работат или добиваат некаква социјална помош, додава Ѓурѓај. Кампањата е на три јазици, македонски, албански и англиски јазик, додава тој и нагласува дека освен во електронското издание на весникот „Илинден“ ќе биде и на други медиуми во Албанија. Освен што ги повикуваме да се изјаснат слободно тоа што се, нагласува Ѓурѓај, ќе работиме и на зачувувањето на нашиот идентитетот, културата, традициите, историјата и обичаите. Инаку, според македонските друштва во Албанија живеат од 120.000 до 150.000 Македонци. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ilinden-tirana-pochna-kampanja-glavata-gore-izjasni-se-deka-si-makedonec/feed/ 0