илинденска коњаница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 25 Jul 2023 09:24:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png илинденска коњаница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Муцунски: Илинденската коњаница е симбол на Аеродром и на автентичен начин ја пренесува пораката за борбата за слободна Македонија https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mutsunski-ilindenskata-konanitsa-e-simbol-na-aerodrom-i-na-avtentichen-nachin-ja-prenesuva-porakata-za-borbata-za-slobodna-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mutsunski-ilindenskata-konanitsa-e-simbol-na-aerodrom-i-na-avtentichen-nachin-ja-prenesuva-porakata-za-borbata-za-slobodna-makedonija/#respond Tue, 25 Jul 2023 09:24:18 +0000 https://kurir.mk/?p=859751

Во организација на здружението „Илинденски коњички марш 1978“ и 45-ти пат по ред, илинденската коњаница со дефиле низ општината Аеродром ги одржа завршните подготовки за традиционалниот марш до Крушево со кој се одбележува 120-годишнината од Илинденското востание. Во отсуство на поддршката која здружението секоја година ја добиваше од Министерството за култура, оваа година единствен финансиски поддржувач на настанот е Општина Аеродром. На подготовките на коњаницата присуствуваше и градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, кој напомена дека општината и во иднина ќе дава поддршка на вакви настани и иницијативи кои имаат големо значење за македонската култура и традиција. „На мое задоволство, вчера присуствував на подготвителните активности на Илинденската коњаница, која по 45-ти пат тргнува од Горно Лисиче кон Крушево. На учесниците им посакав среќен и мирен пат, бидејќи тие се хероите на новото време во кое живееме, личности кои со својата храброст секоја година на автентичен начин ја пренесува пораката за издржливоста и упорноста на борците за слободна, независна и самостојна Македонија“, напиша Муцунски на својот Фејсбук профил. Илинденското востание го означува почетокот на нова фаза во развојот на македонското ослободително движење и има посебно значење во историјата на македонскиот народ. Овој празник не потсетува на историската борба и вечниот стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава и на сите оние кои со своите дела и подвизи трајно се вградиле во овој чин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mutsunski-ilindenskata-konanitsa-e-simbol-na-aerodrom-i-na-avtentichen-nachin-ja-prenesuva-porakata-za-borbata-za-slobodna-makedonija/feed/ 0
ФОТО: Кобилата му се повредила уште во Скопје, а тој пешки заедно со Илинденската коњаница тргна кон Крушево https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-kobilata-mu-se-povredila-ushte-vo-skopje-a-toj-peshki-zaedno-so-ilindenskata-konjanica-trgna-kon-krushevo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-kobilata-mu-se-povredila-ushte-vo-skopje-a-toj-peshki-zaedno-so-ilindenskata-konjanica-trgna-kon-krushevo/#respond Fri, 31 Jul 2020 19:14:27 +0000 https://kurir.mk/?p=384532

Томе Саздов е дел од Илинденската коњаница од Горно Лисиче која пред 3 дена го започна традиционалниот марш до Крушево. Но, неговата кобила се повpедила уште на дефилето во Скопје, па Томе решил маршот до Крушево да го помине прешки. Коњаницата вчера пристигна во долненско Ропотово, до каде Томе пропешачил 160 километри. Тој е првиот во 42-годишната традиција на оваа коњаница, кој маршот го поминал пешки.
Dolno Lisice - Krusevo, neplanirano peshki. Bilo moja srekja, kobilata, da mi se povredi, uste - vo Skopje. Ne mozeshe... Posted by Томе Саздов on Thursday, July 30, 2020
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-kobilata-mu-se-povredila-ushte-vo-skopje-a-toj-peshki-zaedno-so-ilindenskata-konjanica-trgna-kon-krushevo/feed/ 0
Крушевчани со аплауз ги пречекаа коњаниците – Пристигнаа од три страни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krushevchani-so-aplauz-gi-prechekaa-konjanicite-pristignaa-od-tri-strani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krushevchani-so-aplauz-gi-prechekaa-konjanicite-pristignaa-od-tri-strani/#respond Wed, 31 Jul 2019 20:09:43 +0000 https://kurir.mk/?p=225272

Со леб и сол, со поздрав и аплауз, крушевчани вечерва ги пречекаа илинденските коњаници пред столбот на Крушевската република кај црквата „Свети Никола“ во центарот на градот. Преку 80 коњаници пристигнаа од три страни и се од повеќе места. Меѓу нив се коњаниците од Горно Лисиче, од манастирот Бигорски, од Кичевско, пренесе МИА. Крушевскиот градоначалник Томе Христоски ги поздрави илинденските коњаници, нагласуваќи дека ова е повеќедецениска традиција која е во чест на големиот национален празник Илинден. – Веќе неколку децении продолжува традицијата на доаѓање на илинденската коњаница од повеќе правци кон Крушево. Традиционално со леб и сол се пречекани пред столбот на Републиката. Со ова ги започнуваме чествувањата во рамките на „10 дена Крушевска Република“. Нашата порака е достоинствено и сите заедно да си го празнуваме овој празник, кој е на сите нас, рече Христоски. Годинава, Научно-културните средби „10 дена Крушевска Република“ нудат богата програма чиј дел се илинденските коњаници. – Со доаѓањето на коњаниците ги означуваме чествувањата за Илинден во рамки на „10 дена Крушевска Република“. Утревечер е свеченото отворање и сите денови манифестацијата нуди богата програма со концерти, пејачки групи, настани, театарски претстави сите десет дена, нагласи секретарот на манифестацијата Трајче Шекрески. Коњаниците од центарот на Крушево се упатија кон Гумење, каде посетителите ги пречекаа срдечно. Според нив, ова е неописливо чувство да се пристигне во Крушево за Илинден. Александар Трајковски е дел од групата од 21 коњаник од коњаницата „Горно Лисиче 1978“. – Јас учествувам првпат и чувството е неописливо и сум посебно горд што стигнавме во Крушево. Патувавме пет дена, рече Трајковски. Седумнаесетгодишната Марија Стамболиска од коњаницата од Горно Лисиче вели дека во семејството имаат илинденски традиции. – Имам 17 години и првпат јавам. Убаво е чувството да си дел од ваква манифестација. Мојот татко јаваше во 2012 година. Имаме семејна историја зашто мојот прадедо бил илинденец. Ова е наше наследство и сме горди, изјави Стамболиска. Според Перо Цаца од коњаницата од Горно Лисиче ова е потсетување за младите генерации. – Ова е потсетување за младите да дознаат што и како било, сето проткаено на културен план. Мислам дека никогаш нема да заборавиме кои сме биле и што сме, рече Перо Цаца. Коњаницата „Патот на Црешовото топче-манастир Бигорски“ учествува 10-ти пат и брои 15 коњаници. – Коњаницата од манастирот Бигорски слави своевиден јубилеј, учествува 10-ти пат. Гордоста и симболиката се големи. Пред почетокот на Илинденското востание, монасите од манастирот Бигорски изработиле две црешови топчиња и по истиот пат, по кој ние јаваме, ги донеле на Гумење каде е означен почетокот на Илинденското востание, објаснува Јован Мазаровски. Своевиден, петгодишен јубилеј на учество има и коњаницата од Кичевско. Сѐ е во чест на националниот празник и загинатите борци, смета Станое Станојоски. – Тргнуваме од манастирот „Пресвета Богородица Пречиста“ од Кичево веќе пет години. Ние сме 15 коњаници. Самиот ден Илинден е еден од најголемите празници за Македонците и сакаме да им оддадеме почит на сите кои ги положија живототите за време на Илинденското востание, во НОБ и другите настани, рече Станојоски. Илинденската коњаница ќе биде на Гумење утревечер при свеченото отворање на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krushevchani-so-aplauz-gi-prechekaa-konjanicite-pristignaa-od-tri-strani/feed/ 0
Мицкоски на испраќање на Илинденската коњаница во Охрид: Почит за бескрајната посветеност за заедничката идеја, традиција и љубов – Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-isprakjanje-na-ilindenskata-konjanica-vo-ohrid-pochit-za-beskrajnata-posvetenost-za-zaednichkata-ideja-tradicija-i-ljubov-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-isprakjanje-na-ilindenskata-konjanica-vo-ohrid-pochit-za-beskrajnata-posvetenost-za-zaednichkata-ideja-tradicija-i-ljubov-makedonija/#respond Sat, 28 Jul 2018 18:57:27 +0000 https://kurir.mk/?p=82254

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со претставници од партијата беше на испраќање на Илинденската коњаница во Охрид. Тој на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека Традицијата е она што не обележува, разликува и обеднува. -  А кога Македонија е во прашање, тогаш таа е непресушен, силен и бескраен извор. Се додека има верни чувари на традицијата, Македонија ќе биде горда и стаменита, се додека има млади луѓе кои ја почитуваат, Македонија е жива, тој пркосен сон на многу срца денес оптоварен со силни предизвици и турбулентни времиња, напиша Мицкоски. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на учесниците им посакал лесен пат. Освен Мицкоски, на испраќањето присуствуваа и членот на Извршниот комитет, Кирил Пецаков, претседателот на Општинскиот комитет на партијата во Охрид, Сашо Донев и претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Лука Кржаловски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-isprakjanje-na-ilindenskata-konjanica-vo-ohrid-pochit-za-beskrajnata-posvetenost-za-zaednichkata-ideja-tradicija-i-ljubov-makedonija/feed/ 0
Велешкиот градоначалник не дозволува Коњаниците да преспијат во Градскиот парк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veleshkiot-gradonachalnik-ne-dozvoluva-konjanicite-da-prespijat-vo-gradskiot-park/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veleshkiot-gradonachalnik-ne-dozvoluva-konjanicite-da-prespijat-vo-gradskiot-park/#respond Sat, 28 Jul 2018 18:36:12 +0000 https://kurir.mk/?p=82245

Илинденската коњаница која традиционално секоја година маршира од скопско Лисиче до Крушево по повод годишнината од Илинденското востание вечерва нема да преспие во Градскиот парк во Велес, бидејќи тоа не им било дозволено од градоначаникот на општината, Аце Коцевски. Претставникот на Илинденски марш вели дека не успеале да најдат заеднички јазик со градоначалникот. -Тоа што не најдовме заеднички јазик со градоначалникот е негов грев, не е наш. Знаат граѓаните дека градоначалникот не дава поддршка на оваа Коњаница, но важно е дека граѓаните со собраа во голем број, и ние сме горди на тоа што го правиме денес. Ова е голем ден за нас, рече претставникот на Коњаницата. Вели дека најважно е граѓаните сплотено да го празнуваат 2. Август. Тој посочи дека Коњаницата наместо во Велес ноќта ќе ја поминат во селото Теово. Инаку, Илинденската коњаница традиционално секоја година ноќта ја поминува во Градскиот парк во Велес, но оваа година градоначалникот не даде согласност тие да преспијат во паркот.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veleshkiot-gradonachalnik-ne-dozvoluva-konjanicite-da-prespijat-vo-gradskiot-park/feed/ 0