„Илинденски марш“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 14 Feb 2023 12:28:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Илинденски марш“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Државата дава НУЛА денари за „Илинденски марш“, општина Аеродром ќе го финансира во целост https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/drzhavata-dava-nula-denari-za-ilindenski-marsh-opshtina-aerodrom-ke-go-finansira-vo-tselost/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/drzhavata-dava-nula-denari-za-ilindenski-marsh-opshtina-aerodrom-ke-go-finansira-vo-tselost/#respond Tue, 14 Feb 2023 12:28:56 +0000 https://kurir.mk/?p=800367

Продолжува негаторскиот однос од страна на СДСМ кон сето тоа што е симбол на традицијата и патриотизмот во Македонија. До мене стигнаа голем број информации и поплаки за одлуката на Министерката за култура за финансирање проекти, но последната која денеска ја добив предизвика сериозна загриженост затоа што станува збор за „Илинденскиот марш“, важен проект за Општина Аеродром и Македонија кој опстојува повеќе од 40 години во минатото, истакнува градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски. -Со последната одлука за финансирање и поддржување на проекти од страна на Министерството за култура, традиционалниот „Илинденскиот марш“ се одбива и за него од буџетот се одвојуваат нула денари. Имено, согласно одлуката потпишaна од министерката Костадиновска - Стојчевска од буџетот на оваа државна институција, која се финансира од средствата на даночните обврзници во Македонија се одвојуваат средства за голем број проекти кои немаат никаква поврзаност со култура и со Македонија. Но, ние работиме поинаку и се грижиме за културното наследство и традицијата, посочува тој. -„Илинденски марш“ е завет од нашите предци и неговата важност за Аеродром и Македонија е голема. Поради ова, ќе предложам Советот на Општината да донесе одлука со која во целост финансиски ќе застанеме зад овој проект кој е доказ за истрајност од ропството во борбата за слобода, симбол на сеќавањето на македонската револуционерна борба и истиот до денес на автентичен начин ја пренесува приказната за храброста, себепочитувањето, рече Муцунски.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/drzhavata-dava-nula-denari-za-ilindenski-marsh-opshtina-aerodrom-ke-go-finansira-vo-tselost/feed/ 0
Во вторник стартува Илинденскиот марш: Ќе учествуваат 20 коњаници, меѓу нив и две девојчиња https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-vtornik-startuva-ilindenskiot-marsh-kje-uchestvuvaat-20-konjanici-megju-niv-i-dve-devojchinja/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-vtornik-startuva-ilindenskiot-marsh-kje-uchestvuvaat-20-konjanici-megju-niv-i-dve-devojchinja/#respond Thu, 22 Jul 2021 11:12:08 +0000 https://kurir.mk/?p=540326

Коњаниците што ќе учествуваат на 43-тиот традиционален коњички марш оваа година по повод националниот празник Илинден ги прават последните подготовки покрај кејот на реката Вардар. На маршот што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, ќе учествуваат 20 коњаници од различна возраст, меѓу кои и две девојчиња. Тие ќе тргнат кон Крушево во вторник, 27 јули, од паркот „Јане Сандански“ во 17:30 часот. Потоа со дефиле низ главните булевари во Аеродром ќе се упатат кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, каде што ќе се одржи народен собир проследен со културно-уметничка програма со настап на музичките групи „Некст тајм“ и триото „Џентлмен“ и каде што поглаварот на МПЦ, г. г. Стефан ќе им даде благослов за маршот. -Задоволство ми е што и оваа година го поддржуваме Илинденскиот марш организиран по повод најголемиот македонски национален празник – Илинден. Илинденското востание го означува почетокот на нова фаза во развојот на македонското ослободително движење и има посебно значење во историјата на македонскиот народ“, изјави градоначалникот Марин. Општина Аеродром финансиски го поддржува коњичкиот марш повеќе години и ќе продолжи и во иднина да ја негува традицијата, бидејќи Илинденскиот марш е една од најголемите и најзначајни културни манифестации во Аеродром.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-vtornik-startuva-ilindenskiot-marsh-kje-uchestvuvaat-20-konjanici-megju-niv-i-dve-devojchinja/feed/ 0
Реакција на генералниот секретар на Илинденскиот марш за инцидентот кај Гумење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-generalniot-sekretar-na-ilindenskiot-marsh-za-incidentot-kaj-gumenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-generalniot-sekretar-na-ilindenskiot-marsh-za-incidentot-kaj-gumenje/#respond Sat, 01 Aug 2020 16:56:31 +0000 https://kurir.mk/?p=384877

Настанатата тепачка, ноќеска во Крушево на местото викано Гумење предизвика остри реакции од јавноста и општина Крушево. Во демант на информациите кои ги добија медиумите се произнесе генералниот секретар на овогодинешниот Илинденски марш Гоце Трпковски. - Најостро ги демантираме лагите и клеветите коишто беа искажани од некои портали и од градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски дека членови на Илинденската коњаница односно Илинденскиот марш од Горно Лисиче изнудиле или предизвикале тепачка на местото Гумење во Крушево, изјави за Сител генералниот секретар на коњаницата Гоце Трпковски. - Коњаницата поминува 5 дена на коњи за да дојде до градот Крушево и да оддаде почит кон паднатите комити илинденци, почит на Крушевската Република и почит кон македонскиот народ и никогаш и никого не поддржуваме во насилие и бараме јавно извинување од градоначалникот на Крушево и сите портали кои ја обвинија Илинденската коњаница. Имено, ноќеска малолетно дете од Скопје во придружба на неговата другарка бил нападнат од 40-годишен крушевчанец кој бил во алкохолизирана состојба. Случајни минувачи и тројца од коњаницата излегле во пресрет на заштита на малолетникот од Скопје при што интервенирала и полицијата, додаде генералениот секретар на коњаницата Гоце Трпковски. Од мое лично име и од името на Илинденскиот марш им го честитаме празникот на сите граѓани на Република Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-generalniot-sekretar-na-ilindenskiot-marsh-za-incidentot-kaj-gumenje/feed/ 0
Тргнаа коњаниците на „Илинденски марш 2018“, Иванов ги испрати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trgnaa-konjanicite-na-ilindenski-marsh-2018-ivanov-gi-isprati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trgnaa-konjanicite-na-ilindenski-marsh-2018-ivanov-gi-isprati/#respond Fri, 27 Jul 2018 19:31:35 +0000 https://kurir.mk/?p=81935

Од Горно Лисиче вечерва тргна традиционалниот коњички марш „Илинденски марш 2018“ што треба да заврши на 2 август во Крушево, каде што треба да се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден. Во црквата „Св. Петар и Павле“ се одржи свечена литургија по што беа испратени 24-те коњаници, кои учествуваат на јубилејниот 40-ти коњички марш организиран од Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“. Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, како покровител на манифестацијата, порача дека како и Крушевската Република, така и овој Илинденски марш е автентичен израз на македонскиот стремеж за слобода. - Овој Илинденски марш на најавтентичен начин симболизира една голема вистина, дека никој и ништо не може да го запре нескротливиот марш кон слобода. Никој и ништо веќе не може да ги спречи коњаниците од цела Македонија достоинствено да се упатат кон Крушево, кон нашата прва република, рече Иванов. Упати повик кон граѓаните од сите краишта на нашата татковина во што поголем број да дојдат во Крушево. - Да дојдат во нашата прва македонска република, да се искачат на Мечкин Камен, за заедно да ги пречекаме овие храбри и посветени коњаници. Да ги пречекаме и поздравиме нивниот истраен и незапирлив марш кон слободата. Бидејќи слободата не се освојува еднаш засекогаш, туку секој ден и постојано, изјави Иванов. Претседателот Иванов, на организаторите на коњичкиот марш Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978“ им го додели признанието „Повелба на Република Македонија“. Повелбата се доделува по повод 40 години од организирањето на традиционалната манифестација „Илинденски коњички марш“, за исклучителен придонес за негувањето на културното наследство и вредностите поврзани со чествувањето на Илинденското востание. Низ 40-годишната традиција на коњичкиот марш досега учествувале над 1.000 коњаници. Коњичкиот марш денеска почна од паркот Јане Сандански во општина Аеродром, придружуван од играорци од КУД „Никола Јонков Вапцаров“. Во рамките на настанот, во организација на Црвен крст „Кисела Вода“, во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ се одржи и крводарителска акција. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trgnaa-konjanicite-na-ilindenski-marsh-2018-ivanov-gi-isprati/feed/ 0
Коњаниците тргнуваат за Крушево https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konjanicite-trgnuvaat-za-krushevo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konjanicite-trgnuvaat-za-krushevo/#respond Fri, 27 Jul 2018 05:58:40 +0000 https://kurir.mk/?p=81575

„Илинденскиот марш 2018“ денеска ќе стартува во 17 часот од паркот „Јане Сандански“ во општина Аеродром, која традиционално е покровител на овој коњички марш. Ќе заврши на втори август во Крушево, каде коњаниците треба да се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден. Градоначалникот на Аеродром Златко Марин на коњаниците ќе им го предаде општинското знаме со што официјално ќе стартува јубилејниот 40-ти коњички марш организиран од Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“. Во рамки на манифестацијата дваесетина коњаници придружувани од игроорци од КУД „Никола Јонков Вапцаров“ ќе се упатат кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, минувајќи низ главните булевари на општината. Во 19 часот коњаницата пристигнува во црквата и почнува вечерната програма. Пред свеченото испраќање на коњаниците од Горно Лисиче, на возраст од 18 до 65 години, во црквата „Св. Петар и Павле“ ќе се одржи свечена литургија и се организира свечена музичка програма каде ќе настапат познати македонски естрадни уметници. Општинската организација на Црвениот крст „Кисела Вода“ во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче ќе одржи крводарителска акција од 17:30 до 20 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konjanicite-trgnuvaat-za-krushevo/feed/ 0
Утре истекува рокот за пријавување за Илинденски марш https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/utre-istekuva-rokot-za-prijavuvanje-za-ilindenski-marsh/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/utre-istekuva-rokot-za-prijavuvanje-za-ilindenski-marsh/#respond Tue, 03 Jul 2018 11:41:09 +0000 https://kurir.mk/?p=72465

Утре истекува рокот за пријавување коњаници за учество на традиционалниот Илинденски марш, кој оваа година се одржува јубилејно по 40-ти пат, информираат од општина Аеродром.

Оттаму додаваат дека подготовките за маршот ќе почнат наредниот викенд покрај кејот на реката Вардар, и оти досега се пријавени 20 коњаници, меѓу кои и две девојки.

Инаку, на маршот, кој на 27 јули ќе стартува од општина Аеродром, ќе се приклучат и коњаници од: Маврово и Горна Река, Чичево, Демир Хисар, Свети Николе и пешадија од Охрид, а традиционално ќе заврши на 2 август во Крушево.

Организатор на традиционалната манифестација е Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, а Општина Аеродром и оваа година финансиски го поддржува настанот.

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/utre-istekuva-rokot-za-prijavuvanje-za-ilindenski-marsh/feed/ 0
Данев: Манифестацијата „Илинденски марш“ после цели 40 години е одбиена од Министерството за култура https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danev-manifestacijata-ilindenski-marsh-posle-celi-40-godini-e-odbiena-od-ministerstvoto-za-kultura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danev-manifestacijata-ilindenski-marsh-posle-celi-40-godini-e-odbiena-od-ministerstvoto-za-kultura/#respond Sat, 05 May 2018 09:37:19 +0000 https://kurir.mk/?p=50187

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на четириесеттата седница на Собранието го праша министерот за култура Роберт Алаѓозоски, зошто е одбиена и не е финансирана манифестацијата „Илинденски марш“ од страна на Министерството. Тој истакна дека оваа манифестација ги поврзува луѓето од Лисиче и Аеродром кои веќе 40 години учествувале на манифестацијата. -Кога веќе станува збор за културата и селективноста на вашите доделувања на одредени проекти и грантови во делот на културата, јас имам сериозни јавувања и реакции од граѓаните од општината од каде што доаѓам од Општина Аеродром, поточно Лисиче и луѓето кои што живеат во Лисиче и кои што ја градат културата во тоа населено место и еве ќе ја искористам оваа прилика да ве прашам по кој тоа критериуми после 40 години ја одбивте манифестацијата Илинденски марш во однос на финансирањето од страна на Министерството за култура. Ако некој би импутирал дека се работи за манифестација во која што гравитираат луѓе , приврзаници, блиски до ВМРО-ДПМНЕ или до други политички одредени субјекти , бидете убедени дека дебело ве излажал затоа што тоа е манифестација која што ги обединува сите лисичани. Тоа е манифестација во која што присуствуваат секое лето граѓаните од цело Лисиче и Аеродром па и цело Скопје независно од било каква нивна посебна припадност. Тука биле функционери и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ и од сите политички партии во Република Македонија  и било гордост и е уште гордост и ќе биде гордост на Лисиче, на Скопје и на Република Македонија. Ако во минатото власта ја практирале и ВМРО-ДПМНЕ па дури и влади на СДСМ што е за сериозна почит, одделувале средства од проектите во Министерството за култура, посочи Данев. Тој се надева дека СДСМ и Алаѓозоски ќе ја исправат неправдата и во интерес на граѓаните ќе ја преинаичат одлуката и ќе најдат средства да го финансираат проектот. -Јас не знам од кои причини, верувам дека се сериозно лукративни. Оваа година оваа манифестација е одбиена и не е финансирана од Министерството за култура. Апропо ова што го зборуваше Јовановски за одредена селективност и регионализација на доделување сретсва по однос на културни проекти на РМ јас сум убеден дека ќе најдете начин да ја исправите оваа сериозна грешка и сериозна неправда и заедно со колегите од СДСМ во интерес на граѓаните на Лисиче и Аердром ќе ја преиначите одлуката или ќе најдете средства да го исфинансирате овој проект. Пак ќе повторам, гордост на цело Лисиче и на цело Скопје кое што опстојува 40 години, рече Данев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danev-manifestacijata-ilindenski-marsh-posle-celi-40-godini-e-odbiena-od-ministerstvoto-za-kultura/feed/ 0