илинденско востание – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 01 Aug 2021 07:29:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png илинденско востание – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нови документи за илинденскиот период: Илинден темел на државата, погледнете ја шифрираната азбука на Гоце Делчев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-dokumenti-za-ilindenskiot-period-ilinden-temel-na-drzavata-poglednete-ja-shifriranata-azbuka-na-goce-delchev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-dokumenti-za-ilindenskiot-period-ilinden-temel-na-drzavata-poglednete-ja-shifriranata-azbuka-na-goce-delchev/#respond Sun, 01 Aug 2021 07:29:09 +0000 https://kurir.mk/?p=544518

И по речиси 120 години (прецизно, 118 години се од Илинденското востание), историската приказна за славното време е пак нова. Фактите остануваат, дека на 2 август 1903-тата Крушево и Македонија го дадоа Илинденското востание. Непобитноста останува дека заедно се бореле и Македонци, Албанци, Турци, и Власи… Факт е дека Востанието е задушено , ама факт е и темелот за државноста. „Илинден е дел од нас, ненадминат историски настан“, вели директорот на Државниот архив Емил Крстески. Ама, секогаш има можност да се откријат нови сознанија, да се „прочешлаат“ архивите, да осамнат документи, списи, фотографии кои ќе го дополнат мозаикот за историското време околу Илинден. На пример, списи и документи за животот во Крушево, во Прилеп, во околијата, пред, за време и по Илинден, или, на пример, биографиите за илинденците, фотографии на илинденските чети… Ова е приказна за едни нови документи, фотографии, акти кои не „осветлуваат“ нас, поточно нашето историско минато. Најавата дека прилепскиот архив (во соработка со битолското одделение, а преку Државниот архив) дека токму во пресрет на Илинден (на 1 август) на јавноста ѝ предочува нови документи за славниот историски период, пред, за време и по Илинден, го побудува љубопитството. Во што е посебноста, ексклузивноста? – Се презентира документација која јавноста првпат може да ја види: преведени турски документи од Османлискиот период, околу 300 биографии на илинденци кои учествувале во Илинденското востание и повеќе објавени, но, најмногу, необјавени документи за илинденскиот период. Сите ќе бидат презентирани и потврдени со каталог. Тоа се уште еднаш потврдени сознанија за борбата на македонскиот народ за создавање своја држава, а знаеме, Илинден е темел на нашата држава. Ваквите сеќавања и сознанија за овој, Османлиски период, се карактеристични, зашто, народот, почнувајќи од интелектуалците, па до најобичниот простодушен земјоделец кој работел на нивите, од Мариовскиот предел, од Прилепската, Битолската околија, учествувал и се организирал во Илинденското востание, вели за МИА Елена Чагороска, раководител на Прилепскиот архив. Таа нагласува дека голем пресврт прави Илинденското востание во тој период, целиот Балкан и светот зборуваат за него, за идеологијата на Илинденците, зашто најголемиот број биле интелектуалци кои добро се организирале и ја побудиле свеста кај народот. -Ексклузивно е што се непобитни историските докази преку испишаните страници и документи, посебно од фондовите што се користени: од Околиската управа од Прилеп, од Општинската управа од Прилеп од 1869 до 1912 година каде се запишани многу политички, економски промени, општо, живеењето во подрачјето на Крушево и во околината. Единствено сведоштво е и Катастарската управа, па Финансиската управа од Прилеп, Таписката управа, збирката на турски документи од фермани, збирка на фотографии на познатите илинденци: Гоце Делчев, Никола Карев, Пере Тошев. Имаме микро-филмови од Бугарското трговско агентство, како и документи од Јордан Грабулоски за изградбата на Македониумот. Сите тие документи одговараат на многу прашања кои постојано си ги поставуваме, или пак, ги истражуваат историчарите. На пример, има документи кои потврдуваат изградба на телефонска централа од Прилеп од 1869 година, детално објаснува Чагороска. Архивските документи говорат за сознанијата на конзулите од тоа време, заседнати во Битола: оттаму тие праќаат информации во кои велат дека се насетува Илинденското востание, дека насетуваат движење на народот, односно организирање, и дека нешто многу битно се случува. Сето тоа го чуваат архивските документи. А се знае ли како комуницирале илинденците, тајно, да не бидат откриени? Тајната ја чува шифрираната азбука на нашиот деец, Гоце Делчев. Тој ја составил и била основа за комуникација меѓу дејците, илинденците, помеѓу интелектуалците. Така функционирале и се организирале. На тој начин се праќале пораки за обезбедување оружје, за организирањето. Документот со шифрираната азбука на Гоце Делчев е еден од посебните архивски списи. – Карактеристични се писмата од Гоце Делчев, шифрираната азбука и неговите дописи, организирањето на Илинденското востание. Ретки се фотографиите од четите, познати од Илинденското востание. Инаку, најмногу презентираме непознати документи. Користени се дел документи добиени од Турскиот архив, преведени од наш колега, Мустафа Алиоски кој работи на Османлискиот период и ни помогна во сознанијата за животот кој се одвивал пред, за време и по илинденскиот период. Најкарактеристични, би рекла, се тие податоци кои ги водела османлиската власт, катастарските книги, кои, за тој период и за тоа време биле многу прецизни. Докажуваат за животот на луѓето, и не само тоа, туку и за секој, поименично, без разлика на националната припадност. Тоа пак, докажува дека структурата на населениото во Крушево тој, Илинденски период, била поширока. Живееле Македонци, Власи, Бугари, Албанци. И сите учествувале во Илинденското востание, вели Елена Чагороска. Документите откриваат околу 300 биографии на илинденците. Но и многу повеќе тајни се обелоденуваат. -Преживеаните илинденци со години биле малтретирани и биле во затвори. Имаме документи од 50-тите години на овој век кога барале надомест (пензии) од државата. Објавуваме фотографии и на чети, на Востаничкиот штаб на Крушево некогаш. Многу е драгоцена матичната книга на родените во Крушево од 1900 до 1923 година. А замислете го колку е обемен регистерот на жителите од Прилепската околија од 1911 година. Или, на една, заедничка фотографија се 30-тина илинденци, порано политички затвореници, некои осудени на смрт, други доживотно, но амнестирани по Младотурската револуција. Документите, списите, сознанијата не може да се добројат, а има уште многу кои чекаат „да им ја симнеме прашината“, да се проучат, да ја видат светлината на денот, констатира Елена Чагороска, раководител на Прилепскиот архив. И, навистина, не се добројуваат документите, списите, ама даваат одговори на прашањата за сѐ што им се случувало на нашите предци: за административното уредување, за политичкиот и економскиот живот, за панаѓури, уредби за трговија, за пописите, даноците, религијата, за отворањето нови цркви, манастири, џамии, конаци, за оторањето училишта, за конзуларните претставништва, за вооружената борба, за хиерархиската структура на тајната организација, за дисциплината, солидарноста, за страдањата на народот и за Илинденското востание. Историјата секогаш нѐ обврзува ништо и никого да не заборавиме, меѓу другото запишал директорот на Државниот архив, Емил Крстески во каталогот за првата презентација на документи за Прилеп и Крушево од илинденскиот период. Архивот ја отвора вратата за досега непознатите илинденски документи. За ние повеќе да се осознаеме кои сме, а историчарите да се втурнат во обемни истражувања.Тоа би било, еден вид, збогатување на нашата историја и нови докази за тогашниот и понатамошниот период за Македонија. Елизабета Митреска (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-dokumenti-za-ilindenskiot-period-ilinden-temel-na-drzavata-poglednete-ja-shifriranata-azbuka-na-goce-delchev/feed/ 0
МИСТЕРИЈА: Што барал Ѓорче Петров во Женева, а оттаму во Митровица на три месеци пред Илинденското востание? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misterija-shto-baral-gjorche-petrov-vo-zeneva-a-ottamu-vo-mitrovica-na-tri-meseci-pred-ilindenskoto-vostanie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misterija-shto-baral-gjorche-petrov-vo-zeneva-a-ottamu-vo-mitrovica-na-tri-meseci-pred-ilindenskoto-vostanie/#respond Sun, 02 Aug 2020 17:10:03 +0000 https://kurir.mk/?p=385275

Меѓу стотиците нови документи кои се однесуваат на Ѓорче Петров, во Истанбул своевремено беше откриено и едно писмо од април 1903 година кое сведочи за пат на револуционерот во Женева, а потоа негово заминување за Косово, преку Црна Гора, на средба со водачи на тамошните чети Дарко ЈАНЕВСКИ за ДЕНЕШЕН.мк Според шифрираното писмо од 14 април 1903 година упатено до властите на Битолскиот вилает за движењето и контактите на Ѓорче Петров, најавено е негово пристигнување во Митровица и одржување состанок со тамошните бунтовнички чети. Во писмото се вели: ‘Пристигање на Ѓорче Петров од Женева преку Црна Гора во Митровица и одржување состанок со други тамошни четници и комити’. Според турските власти, целта е Ѓорче да постигне договор со четите од Митровица за ‘заедничка соработка со цел преземање активности против османлиската власт.’ Истиот ден до инспекторот во Митровица е испратено известување ‘за пристигање на четниците во Митровица’ со барање ‘тие да се фатат и затворат’. Овие информации содржани во писмото се прилично изненадувачки, бидејќи македонската историја досега немала податоци за вакво патување на Петров. Самиот Ѓорче не кажува ниту збор за ваков или сличен настан во неговите спомени објавени во 1908 година, а запишани од штипјанецот Љубомир Милетич. Од неговите сеќавања тешко е да се прецизира каде тој бил на 14 април 1903 година, но самиот вели дека околу 20 април бил во Софија. Имено, на 20 април според стариот календар се случува загинувањето на Гоце Делчев во с. Баница, а за ова Ѓорче вели: ‘Затоа допуштам дека предавството на Делчев било од Солун. Јас бев тука (во Софија, н.з.) кога се слушна за смртта на Делчев. Страшно бев поразен. Ја криевме неговата смрт извесно време’, сведочи Ѓорче. Во тоа време не било баш така едноставно за човек кој е во илегала, како Ѓорче, за само неколку дена да пристигне од Митровица, каде евентуално водел преговори со албанските чети за настап против османлиската власт, до Софија, каде го стигнала веста за смртта на Делчев, иако не било и неизводливо. Но, засега останува дилема зошто тој би премолчал во своите спомени еден таков настан како што е неговото патување за Женева, па доаѓањето во Црна Гора и заминувањето за Косово на средба со водачите на албански чети. Оваа дилема не е разјаснета ни во годините по откривањето на писмото во Истанбул. Од друга страна, не е тајна дека во тој период и подоцна Ѓорче важел за ‘крал на дипломатијата’ односно ‘крал на разузнавањето’, па не би било чудно настанот навистина да се случил, иако можеби е спорен датумот. Во Митровица можно е Ѓорче да барал некаква координација во акциите или поддршка од албанските првенци како Бедри Пејани, кој сметал дека Албанците и Србите би можеле заеднички да се борат против Османлиите или Хасан бег, кој пак, бил непомирлив српски и османлиски противник. Во секој случај, настанот од Митровица би бил на линија на желбата на Организацијата да најде и создаде што поголем број сојузници во борбата против заедничкиот поробител на Македонија и Косово. Впрочем, не случајно, десет години подоцна, во септември 1913 година е постигнат сојуз меѓу ВМРО и Албанците за заедничко востание, со тоа што кревањето пушка во тој случај било против Србите, а не против турската власта која веќе била протерана од Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misterija-shto-baral-gjorche-petrov-vo-zeneva-a-ottamu-vo-mitrovica-na-tri-meseci-pred-ilindenskoto-vostanie/feed/ 0
Ден на Републиката – чествувања со протоколи и без масовни собири https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-na-republikata-chestvuvanja-so-protokoli-i-bez-masovni-sobiri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-na-republikata-chestvuvanja-so-protokoli-i-bez-masovni-sobiri/#respond Sun, 02 Aug 2020 06:51:12 +0000 https://kurir.mk/?p=384978

Денот на Републиката 2 Август, на кој се празнуваат двата историски Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, поради епидемијата ќе се чествуваат без масовни собири и културно-уметнички програми и со здравствени протоколи за заштита од КОВИД-19 кои ги утврди Комисијата за заразни болести и ги усвои Владата. „Победа за сите“ е заедничкиот лајтмотив на свеченостите кои денеска ќе се одржуваат во Крушево, Пелинце и во Скопје. На чествувањето во Меморијалниот центар „АСНОМ“ во Пелинце ќе се обрати претседателот на државата Стево Пендаровски, а на чествувањето во Скопје кое ќе биде на Скопската тврдина, ќе се обрати премиерот Оливер Спасовски. Одбележувањето на Илинден во Крушево на Мечкин Камен е под покровителство на Собранието на Република Северна Македонија и делегацијата ќе ја предводи потпретседателот на Собранието Горан Мисовски. Дел од официјалната програма и годинава се содржините од Смилево со кои се чествуваат 117 години од Илинденското востание и 78 години од првата борбена акција на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“. Свеченоста на тврдината Кале во Скопје ќе почне со положување цвеќе на споменикот на слободата – „Сила, слава и победа“ и со исполнување на државната химна. Претседателот на Владата Спасовски ќе се обрати на настанот и ќе ја предводи владината делегација во која ќе бидат и вицепремиерот Бујар Османи и министерката за финансии Нина Ангеловска. На свеченоста на Кале ќе претходи положување цвеќе и на спомениците на АСНОМ и на Никола Карев и Методија Андонов-Ченто во центарот на Скопје, каде што владината делегација ќе ја предводи министерот за локална самоуправа Горан Милевски, во придружба на министерот без ресор Музафер Бајрам и заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули. Во Меморијалниот центар „АСНОМ“ во Пелинце, каде што ќе се обрати претседателот Пендаровски, делегацијата на Владата ќе ја предводи вицепремиерката Мила Царовска, заедно со министрите за земјоделство и за информатичко општество, Трајан Димковски и Дамјан Манчевски, и министерската без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска. Во Крушево, пак, каде што настаните ќе се одбележат под покровителство на републичкото Собрание, владината делегација ќе ја претставуваат вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. За настаните во Смилево, според најавата, владината делегација е составена од министрите без ресор Едмонд Адеми и Елвир Хасан и заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески. На спомен-обележјата цвеќе ќе положуват и делегации од други државни институции, од Армијата и Сојузот на борците, претставници на политички партии, здруженија, установи и организации. Оваа година чествувањата се според протоколи и во услови на пандемијата со КОВИД-19. Содржините на програмите се сведени на минимум, само со положување венци цвеќе на спомен-обележјата, со обраќања и без традиционалната културно-уметничка програма и народните собири на отворено, како и без групирања во угостителски објекти. Во програмите нема да учествуваат хорови, играорни групи, дувачки оркестри, а делегациите ќе положуваат цвеќе според протоколи за растојание – просторно од два метра и временско од две минути. Просторот каде што ќе се одржуваат настаните ќе биде заграден и со столчиња поставени на два метра растојание за да ја има потребната дистанца меѓу посетителите. Нивниот број ќе биде ограничен најмногу до 50 проценти од капацитетот на оградениот простор. Ќе има јасни насоки за влез, движење и излез на посетителите, а редарска служба ќе го контролира спроведувањето на мерките и ќе спречува неовластено влегување во просторот. Сите учесници и посетители на настаните, гости, членови на тимовите задолжени за организација, како и гардистите, задолжително треба да носат заштитни маски. Дозери за дезинфекција на рацете ќе има при влез и излез и на неколку места во оградениот простор. Забрането ќе биде служење и поставување штандови со храна и пијалаци, а служење вода ќе биде дозволено само ако е оригинално спакувана. Во зависност од бројот на учесници на настанот, протоколите предвидуваат и мобилни хемиски тоалети, како и медицински екипи со санитетско возило. Целата програма на одбележувањето на празникот од Пелинце, Крушево и од Скопје од 10 часот ќе се пренесува на Македонската радио-телевизија. Чествувањето на 117-годишнината од Илинденското востание, на Гумење во Крушево почна вчера со импровизираниот напад на градот и испукување од крушевското топче и со свечено кревање на знамето на Крушевската република. Во 1903 година почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската република и станал нејзин претседател. Слободната Република траела десет дена. Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево. Последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и крајот на Крушевската република. Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ кај Куманово, 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов-Ченто. Заседанието усвоило неколку документи со државотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-na-republikata-chestvuvanja-so-protokoli-i-bez-masovni-sobiri/feed/ 0
Во Крушево почнуваат чествувањата за Илинден и за 117-годишнината од Илинденското востание https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-krushevo-pochnuvaat-chestvuvanjata-za-ilinden-i-za-117-godishninata-od-ilindenskoto-vostanie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-krushevo-pochnuvaat-chestvuvanjata-za-ilinden-i-za-117-godishninata-od-ilindenskoto-vostanie/#respond Sat, 01 Aug 2020 07:58:05 +0000 https://kurir.mk/?p=384610

Крушево денеска на Гумење ги почнува чествувањата за Големиот Илинден и за 117-годишнината од Илинденското востание. Од 19 часот на Гумење е свеченото кревање на знамето на Крушевската Република, а потоа пред Македониумот е обраќањето за почетокот на чествувањата на градоначалникот на Крушево и претседател на Научно – културните средби „10 дена Крушевска Република“, Томе Христоски. Во чест на големиот Илинден ќе им се оддаде почит и ќе се посетат спомен обележјата на Питу Гули на Гумење каде е неговото вечно почивалиште, на Партизанските гробишта на Гумење, на гробот на Тоше Проески, во криптата на комплексот Илинден и на спомен обележјето на Веле Марков. Вечер е импровизираниот напад на градот и испукувањето од крушевското топче во чест на Илинден и 117-годишнината од Илинденското востание. Утре на 2 август – Илинден, главното чествување е на Мечкин камен, а претходно почит ќе им биде оддадена на претседателот на Крушевската Република – Никола Карев пред неговиот гроб во Македониумот, на загинатите на месноста Слива во крвавата битка за одбрана на населението во Крушево и на споменикот на Илинденците на Мечкин Камен каде е централното чествување. Годинава домаќини на чествувањето се Крушево и Собранието на Република Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-krushevo-pochnuvaat-chestvuvanjata-za-ilinden-i-za-117-godishninata-od-ilindenskoto-vostanie/feed/ 0
Илинденско или Илинденско-Преображенско востание!? (3) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilindensko-ili-ilindensko-preobrazensko-vostanie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilindensko-ili-ilindensko-preobrazensko-vostanie/#respond Sun, 10 May 2020 15:30:17 +0000 https://kurir.mk/?p=344220

Проф. д-р ТОДОР ЧЕПРЕГАНОВ Во годините по осамостојувањето на Р. Македонија станавме сведоци кога скоро секојдневно имаше политичари кои се јавуваа за да ги толкуваат историските настани и личности, без притоа да имаат било какво познавање на истите или да прочитале нешто за истите, а за кажаното не сносеа никакви последици туку уште повеќе настојуваа да ги наметнат своите ставови само поради фактот што го имаа авторитетот на политиката. А голем дел од тоа што го застапуваа беше далеку од вистината. Уште пред потпишувањето на „договорот за добрососедство, пријателство и соработка“ со Бугарија тогашниот градоначалник на Струмица Зоран Заев со брусилка ги избриша зборовите од споменикот подигнат во чест на Благој Јанков Мучето дека истиот е убиен од „... куршум“ а чиј останува енигма. Го избруси зборот „бугарски“ како негов придонес кон добрососедските и пријателските односи со Бугарија што постојано го повторуваше. На таа „брусилка историја“ за жал не реагираше никој. А всушност се работеше за скрнавење на споменик што е казниво со закон. И уште повеќе, во контекст на „добрососедските и пријателските односи“ со Бугарија во својство на премиер, Зоран Заев ќе изјави „дека голем дел од историјата“ со Бугарија  „е заедничка и дека во македонските учебници ќе биде променето сѐ она што не е во новиот дух на соработка помеѓу двете држави“ и дури дека „ние сме братски народ, ние сме един и същ народ“.[1] По потпишувањето на договорот со Бугарија се формира Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија, со цел да се „изврши денационализација и деполитизација на минатото и да се усогласат ставовите како деловите од историјата во учебниците да биде прикажана на начин кој нема да биде навредлив за никого“[2] и во тој контекст да се издвојат датуми за заедничко чествување. Досега комисијата како датуми за заедничко чествување на своите влади ги има предложено Св. Кирил и Методиј, Григор Прличев, Свети Наум и цар Самоил. Меѓутоа, извор на сопнување во работата на Комисиите настана кога бугарската страна го истакна барањето да се прифати дека Гоце Делчев бил Бугарин што македонските членови на Комисијата не го прифатија, а предложија ден на заедничко чествување да биде пренесувањето на моштите на Гоце Делчев од Софија во главниот град на тогашна Народна Република Македонија што не беше прифатено од бугарска страна. Несомнено дека „ценкањето“ околу датумите, личностите и настаните од македонската историја ќе продолжат имајќи предвид дека се работи за политички формирани комисии кои мора да дадат резултат. А политичките одлуки во случајов треба да бидат потврдени од научни работници со изговор дека политиката немала никаков удел во сето тоа. Дежа ву. Исто така често споменуван датум за заедничко чествување е и Илинденското востание, или како што милуваат да кажат Бугарите Илинденско-Преображенското востание. Во тој контекст беа одржани и неколку средби на македонските и бугарските историчари, но  истите завршуваа и пред да почнат. Македонските историчари стоеја цврсто на ставот дека Илинденското востание му припаѓа на македонскиот народ. Она на што настојува бугарската страна е заедничко чествување на Илинденското востание и тоа како Илинденско-Преображенско, со тоа настојувајќи да му се даде сосема друга димензија на истото. Таа настојува да стави равенство меѓу Илинденското и Илинденско-Преображенското востание. Дилемата дали тоа било Илинденско или било Преображенско-Илинденско или Илинденско Преображенско постои само кај оние кои се обидуваат на било кој начин да „докажат” дека тие две востание се раководени од еден центар и за една иста цел. Центарот е Софија и дворот на кнезот, а целта е обединување на Македонија со Бугарија. Дури се појавија и тврдења дека во документите се зборува за Преображенско-Илинденско востание, но македонските историчари ги фалсификувале документите. Но документите се неумоливи. Илинден е исклучиво македонски празник. Кој мисли поинаку се лаже и себе си и другите. Тоа што голем дел од организацијата на востанието одела преку Бугарија не значи дека тоа е бугарско. Истата ја водат, пред се`, македонски револуционери. Македонската револуционерна организација (МРО), како секоја илегална организација, барала помош за реализирање на своите идеи и цели. Во организирањето на востанието го вложила целиот свој физички и материјален потенцијал за тоа да биде што подобро организирано. Од своја страна Бугарија вети „200.000 штикови“ како помош на македонските востаници. Но, тоа не се случи. Востаниците мораа самите да се борат против Османлиите до крајот на ноември 1903 година. Востанието заврши со неуспех, но му ја покажа на светот желбата на еден народ да биде свој на своето, со своја држава, нација, јазик и култура. По востанието, во репресиите страдаше македонскиот народ. И сосема е нормално што Илинденското востание живее единствено во колективната меморија на македонскиот народ, бидејќи само тој, македонскиот народ, ја прифати одлуката на Организацијата да се крене, да учествува и да го води и на крајот да ги трпи последиците од востанието. Ниту еден друг народ на Балканот не учествуваше во ова. И во Бугарија, споменот за Илинден во 20-тите години на XX век започнала да го чествува македонската емиграција бидејќи тој живеел во меморијата на Македонците. Сигурно дека овие факти се добар повод да се направи една ретроспектива на тоа како и кај кој народ живее во колективната меморија ова востание и како се именува. Колективната меморија може да биде оној барометер кој покажува што тој настан или личност значи во историјата на еден народ. Токму во овој контекст би требало да се стави истражувањето во однос на именувањето на востанието. Познато е дека во Бугарија се наоѓаше голема маса македонска емиграција која беше организирана во друштва кои делуваа на разни начини, објавуваа дневни весници и имаа свое влијание во животот  на македонската емиграција. Според постојната документација прославите по повод Илинденското востание започнале да се организираат во Бугарија од страна на македонската емиграција пред Балканските и Првата светска војна, по сопствена иницијатива. Организирано прославување на Илинден настапува со формирањето на Илинденската организација (Основачки когрес 19-21 јануари 1923).[3] Организацијата имaла печатен орган.  Една од задачите на друштвото била и активноста за негување на традициите на македонските револуционерни борба т. е. да се популаризира „македонската историја, македонскиот хероизам, македонското самосознание”.[4] Во нивна организација се започнало со одбележување на годишнини од убиствата на македонски револуционери. Исто така друштвото посебно внимание ѝ посветило на акцијата за пронаоѓање и зачувување на архивите и знамињата на некои револуционерни реони и востанички чети во Македонија.[5] Веднаш по формирањето на илинденските друштва како една од нивните главни активности било организирање прослави по повод годишнините од Илинденското востание. До основчкото собрание на Друштвото „Илинден” организирањето на честувањата по повод Илинденското востание се одвивало по сопствена иницијатива во рамките на илинденските друштва. Непосредно по завршувањето на Првата светска војна, во 1919 година, во знак на сеќавање на загинатите во Илинденското востание биле одржани панахиди од емигрантите од Крушево во црвата „Св. Спас” и од членовите на Исполнителниот комитет на македонските братства, Врховниот комитет „Одринска Трaкија” и „Добруџанската организација” во црквата „Св. Недела”. И во 1920 година македонските емигранти во Бугарија ја продолжиле традицијата на одбележување на Илинден со панахиди.[6] Поорганизирано чествување на Илинден во редовите на македонската емиграција започнува од 1921 година. Голема улога во тоа одиграло Друштвото „Илинден”. Прославата во Софија била организирана од страна на Софиското друштво. По отслужувањето на панахидите за сите македонски револуционери биле организирани: утро (со литературно-музички дел) и народна веселба (литературно-танцувачка вечер, на која учесниците биле облечени во македонски носии).[7] Чествувањето на Илинден меѓу македонската емиграција продолжило и во наредните години. Се одбележувал на истиот начин, со панахиди во црквите, говори за значењето на Илинденското востание и посети на гробовите на исткнатите македонски револуционери, а се организирале и веселби. На самите манифестации учествувале голем број македонски емигранти. На прославата на Илинденското востание во 1922 година во Софија учествувале неколку десетини илјади лица од повеќе средини, и истата била оценета како најмасовна дотогаш, а на честувањето во 1924 година зеле учество над 30.000 луѓе.[8] Во големиот број написи во гласилото на Илинденската организација повеќе нејзини членови се пројавиле со свои написи во кои се осврнувале на значењето на Илинденското востание за македонскиот народ. Со ниту еден збор не се споменува Преображенското востание.[9] Чествувањето на Илинден во 1923[10] година било збогатено и со пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во просториите на Илинденската организација во Софија. На 2 август 1923 година од куќата на М. Чаков посмртните останки на Гоце Делчев биле пренесени до црквата „Св. Недела“. Во процесијата учествувало Раководното тело на Илинденската организација и Националниот комитет на македонската емиграција.[11] Во црквата саркофагот останал до 5 август 1923 година кога биле пренесени во канцеларијата на Илинденската организација. По 1924 година чествувањето на Илинден од македонската емиграција во Бугарија започнува да поприма политички димензии. Од страна на Националниот комитет бил воведен посебен „Ден на Македонија“ со што Илинден бил сведен само на патронен празник на Илинденската организација и покрај фактот што Илинден македонската емиграција во Бугарија го доживувала како „симбол на македонската борбеност” и „македонски ден”, а за Илинденската организација „го симболизира нејголемиот момент во историјата на македонското ослободително револуционерно движење”. Со воведувањето на „Ден на Македонија“ Националниот комитет сметал полека да се изгуби споменот за Илинденското востание меѓу македонската емиграција во Бугарија со смртта на нејзиниот последен член. Чествувањата на Илинден од 1924-1928 година почнуваат да имаат се поскромен карактер и го задржале претходниот начин на чествување со панахиди, говори, посета на гробовите на македонските револуционери и народна веселба. Во 1928 година прославата била одложена поради убиството на Александар Протогеров, а во 1929 година била одложена за „поповолно време”. Од 1930 до 1932 година чествувањата по повод Илинденското востание биле прославувани само со панахиди. Од 1933 година организацијата околу чествувањето повеќе не доаѓала од Илинденската организација туку од Националниот комитет. Прославата на 30-ет годишнината од Илинденското востание не била одржана поради тоа што „Управата на престолнината” го забранила тоа. Чествувањето било направено како и во претходните години.[12] Во документот од Централниот партиски архив[13] во Москва насловен „Бугарската комунистичка партија и националното прашање” се истакнува: „Во 1903 година во Македонија избувна познатото ‘Илинденско’ востание, големо масовно револуционерно движење на христијанските и малку имотните градски маси”.[14] Во Органот на бугарската комунистичка партија „Работнически весник”, во периодот меѓу двете светски војни постојат огромен број на написи кои се однесуваат на Илинденското востание.  Во некои од нив меѓу другото читаме: „Во овој момент целата...македонска емиграција во земјата е возбудена од спомените на величественото македонско народно востание пред 20 години. Илинден[15] е за оваа прогонета, бедна и бездомна емиграција едно знаме, под кое таа секогаш е спремна да се собере и кон кое таа има света верба…Илинден беше знаме свое, знаме народно, знаме македонско…”. И на крајот написот завршува со паролите „Поклон пред споменот на Илинденците! Поклон пред знамето на Илинденското востание”.[16] Во сите написи во периодот меѓу двете светски војни не постои напис во кој не се пишува и истакнува значењето на Илинденското востание. Во ниту еден напис истото не се поврзува со Пеображенското востание. И во 1936 година истиот весник донесува напис под наслов „Да се сплотиме под знамето на илинденските идеали”. Меѓу другото се истакнува: „Македонската историја е исполнета со епизоди на хероизам од страна на македонските револуционери во борбата против тиранијата на султанот. Но по својот масовен карактер Илинденското востание си останува единствено со епохално значење во македонската ослободителна борба”.[17] По повод годишнината од Илинденското востание весникот „Македонски вести” во 1936 ќе донесе повеќе написи за истото. Насловот на првата страница е „Илинден – македонски национален празник”. И меѓу другото се потенцира: „Македонскиот народ си има свој национален празник. Тоа е Илинден. – Денот на кој кога македонскиот роб излезе на решителен двобој со султанските потисници за национално ослободување и економска благодет”.[18] И во органот на Софискиот окружен комитет на ВМРО (о) „Обединист”  од 1935 година во статијата под наслов „Илинден”, се истакнува: „Со Илинденското востание македонскиот народ најдобро докажа дека е готов да умре за остварување на издигнатите од првоапостолите на македонскиот народ пароли. На илинден поробена Македонија ја пројави својата огромна револуционенра моќ и волја за слободен живот”.[19] Што значел Илинден за македонската емиграција во Бугарија најдобро покажува обидот на Националниот комитет на македонските братства да го замени чествувањето на Илинден со Духовден. Во однос на тоа се пројавила македонската емиграција со напис во в. „М. Р.” во кој истакнува: „Врховистичкиот национален комитет, сака да  му се наложи на македонскиот народ и на емиграцијата Св. Дух како ден на Македонија. Тоа беше неопходно за врховизмот да го одречи вистинскиот ден на Македонија, ИЛИНДЕН, за да се фрли маска врз првата македонска револуција и по таков начин да не дозволи на македонските маси да црпат од неа поука и инспирација за револуционерна борба. Тие не сакаат да го прифатат и чествуваат Св. Дух како свој, зошто тој е врховистички ден кој нема никаква врска со историјата на македонската ослободителна борба. Поробена Македонија си има свој историски величествен Илинден во кој целиот македонски народ востана со оружје во рака за национално и социјално ослободување, за слободна и независна Македонија. Илинден е жив спомен, поттик, инспирација и пример за ослободување. Да го запазиме и уште повисоко да го издигниме тој  револуционенрен празник како ДЕН НА МАКЕДОНИЈА...”.[20] За разлика од чествувањето во Бугарија, во делот на Македонија во рамките на Кралството СХС/Југославија било забрането јавното чествување на Илинден. Чествувањето единствено  можело да с организира тајно. Дури се одело и дотаму што и посетите на Крушевчани на Мечкин Камен биле забранети од српските власти. Во овој период единственото масновно организирање на Илинден се случило во организација на ПК на КПЈ за Македонија, кога биле организирани од страна на младината масовни собири во Охрид, Прилеп, Скопје, Струмица. Истите биле проследени со полициска забрана и затворање на голем број учесници во демонстрациите.[21] Треба да истакне дека во 1939 година во исчекување на настаните кои се очекувале да се случат на Балканот, на чествувањето по повод годишнината од Илинденското востание за првпат се забележуваат и претставници на бугарската држава. Така во Варна на илинденската прослава присуствувал градоначалникот на градот, додека во Софија поголема група државни претставници ја посетиле канцеларијата на Организацијата.[22] На прославата во 1940 година по одржувањето на панахидата и молитвата во црквата „Св. Недела” претседателот на Бугарското народно собрание Никола Логофетов од името на бугарскиот народ им се заблагодарил на паднатите учесници во Илинденското востание, посакувајќи им на живите македонски ветерани добро здравје. Истиот меѓутоа не присуствувал на годишнината на Преображенското востание, која по иницијатива на Тракиската организација се одржала на 19 август 1940 година. [23] Почетокот на Втората светска војна и префрлањето на воените акции на територијата на Балканот биле една од основните причини Бугарија како држава да го промени својот однос кон чествувањето на Илинденското востание. Во ситуација кога Бугарија се наоѓала пред реализирањето на својот вековен сон, припојување на Македонија, бугарската држава видела голема можност Илинденското востание да биде искористено во пропагандни цели и да се претстави како едно од најголемите бугарски востанија. Таа улога на себе ја презела Дирекцијата за национална пропаганда која била формирана на 5 април 1941 година со цел да работи на одбрана на интересите на Бугарија. Првата можност јавно да ја промовира својата активност Дирекцијата за пропаганда ја имала во пресрет на годишнината на Илинденското востание во 1941 година. Тогаш за прв пат од 1903 година бугарската држава преку весникот „Целокупна Бугарија” излегува со соопштение дека „во новата историја на Бугарија Илинден го зазеде местото на највисока пројава на бугарското воинство” и покрај тоа што и самите признавале дека Илинден бил „довчера знаме во борбата која Македонија ја водела за своето ослободување”.[24] Дирекцијата за национална пропаганда како орган на бугарската влада со посредство на печатот, радиото, литературата и со организирање на предавања, свечености, прослави и манифестации активно учествувала во креирањето на јавното мислење во државата и имала голема заслуга во подготвувањето на народот да ги прифати и одобри сите постапки вршени од државните служби. Во реализирањето на поставените задачи биле ангажирани сите министерства, спортски организации, читалишта и бугарската православна црква. Официјален орган на Дирекцијата бил весникот „Целокупна Бугарија” кој од првиот број (24 мај 1941 год.) до последниот број (31 август 1944 год.) истрајал на својата поставена цел во докажувањето на бугарскиот карактер на Македонија.[25] Одеднаш бугарските институции, а и самата држава станале многу „свесни” за значењето на Илинденското востание. Истите почнале да го сметаат Илинденското востание како востание кое според покажаната сила на духот, по бројот на учесниците и дадените жртви го заземало првото место во „редицата востанија за ослободување на бугарскиот народ”.[26] По добиената дозвола од нацистичка Германија да ја окупира Македонија (18 април 1941) бугарските окупациони власти по воспоставувањето на административната и полициската власт сфаќајќи го значењето на Илинден за Македонците, а имајќи го предвид значењето на пропагандата веднаш го презела во свои раце организирањето на чествувањето на Илинден. Бугарската власт организираните прослави сакала да ги претвори во покажување на „борбената и нескршлива бугарштина“. Илинденската организација се претворила во инструмент на бугарската фашистичка идеологија. Илинденските традиции ги изедначиле со фашистичките идеали кои биле прокламирани од бугарскиот државен врв. Македонските идеали со еден збор биле присвоени и користени во цели на величење на фашистичката идеологија и нејзините лидери. Обидот да организира што повеќе илинденски друштва од април до август 1941 година резултирал со само две формирани друштва во Делчево и во Крушево. Од тие причини, со цел да го канализираат формирањето на Илинденски организации, бугарските окупаторски власти формирале специјални комитети за организирање на Илинденските манифестации скоро во сите градови на Македонија.[27] Од своја страна Битолската обласна дирекција изработила посебен план во шест точки во кој биле набележани чекорите кои требало да се преземат во однос на чествувањето. Во точка 3 се предвидувало „да се пронајдат и прослават живите дејци од она време“ и во точка 4 „да се пронајдат имињата на загинатите и за нив да се отслужи помен било во црква, било на местото каде што биле убиени. Службата да заврши со говор, а при можност да се приреди и литературно-музичка вечер“.[28] За прославата во 1941 година бугарската влада организирала и бесплатен превоз за македонските емигранти во Бугарија и уште повеќе во Софија во средината на јули 1941 година организирале и Комитет при македонските добротворни братства кој требало да го организира одењето на македонските емигранти на прославата на Илинден.[29] Централната прослава во 1941 година се одржала во Битола. За време на чествувањето им биле дадени големи почести на остарените македонски револуционери од страна на градоначалниците и официјалните бугарски власти. Исто така биле одржани и панахиди, молитви, полагање цвеќиња на гробовите на заганатите учесници во востанието, воени паради, а пред Илинден во некои градови биле одржани и свечени академии.[30] Дури и во Софија се одржало чествување на кое присуствувал и министерот за надворешни работи Петар Габровски, член од свитата на цар Борис III, претседателот на македонските братства и членови на Илинденската организација, а претходно во црквата „Св. Недела“ била отслужена панихида.[31] И во наредните години бугарските окупаторски власт го користеле Илинден во пропагандни цели. Во 1942 година централната прослава се одржала повторно во Битола. Интересно е што Битолската околиска управа во мај 1942 година забележала дека членовите на Илинденската организација носат значки на кои пишувало „Илинден и Независна Македонија – за неа ние се бориме, за неа ние умираме“ и побарале да се избрише слоганот „Независна Македонија“, а да остане само Илинден.[32] На XII конгрес на Илинденската организација одржан во Битола на 2 август 1942 година, а со цел Конгресот да биде помасовен, над 300 членови на Илинденската организација, заедно со претседателот на Раководното тело Л. Томов, претставници од речиси сите патриотски организации (Македонскиот научен институт, Тракискиот научен институт, преображенци, македоноодринци и др.) пристигнале од Бугарија.[33] Во 1943 година централната прослава се одржала во Крушево. Сценариото за сите прослави било исто како и во 1941 година. Меѓутоа во 1944 година поради состојбата на фронтовите и притисокот на Црвената армија одбележувањето било многу скромно. Може да се истакне дека основната цел на бугарските окупаторски власти била да се фашизира чествувањето на Илинден. Во тие историски услови кога македонскиот народ се наоѓал под бугарска окупација членовите на КП на Македонија се обидувале да ги осуетат таквите прослави. Со таква немара во 1941 година издале повик до Македонците, Турците, Албанците и Власите при што биле повикани да го бојкотираат одржувањето на манифестациите.[34] Од своја страна и КП на Бугарија во декември 1941 година издала проглас во кој се критикувало однесувањето на бугарските фашистички окупатори кои се обиделе „да се маскираат со најголема славна дата од револуционерната историја на Македонците-Илинденското востание. Тие бесрамно тврдеа како идеалите на Крушевската република биле идеали на Хитлер и цар Борис - тие заколнати непријатели на слободата на народите. Вие старите Македонци, живи сведоци на Илинден, вие ќе потврдите дека Илинден беше и е македонско, а не на бугарските фашисти, дека на Црвеното Крушевско знаме беа напишани зборовите – слобода, братство и рамноправност“.[35] Исто така в. „Работническо дело“ во летото 1943 година известува дека од Кавадарци и Неготино биле интернирани 35 лица „родители на партизани, мирни селани, граѓани, илинденци, борци“.[36] Причината за нивното интернирање била активноста на нивните синови.[37] Во 1946 година Тодор Павлов во својата статија насловена „Гоце Делчев” ќе истакне „…Кога во време на Илинденското востание се создаде првата национална и социјална република во Крушево под претседателство на национал-револуционерот и социјалистот Никола Карев, таа не само во писмените документи, туку и преку самите дела ги поцрта токму сфаќањата на водачот на македонската национална револуција.” И продолжува „…токму пред Илинденското востание, за кое Гоце и  Ѓорче Петров сметаа дека не беше доволно политички и воено подготвено…“[38] По повод 65 годишнината од чествувањето на Илинденското востание во Бугарија официјално било наречено „Илинденско-Преображенско востание“ и сметано за „заедничка борба на Бугарите од Македонја и Тракија“. При чествувањето раководството на Комунистичката партија им доделило специјални награди на „некогашните учесници во револуционерните борби во двете области“. Од своја страна бугарските историчари водачите на востанието ги именувале како „големи бугарски патриоти“.[39] И Фикрет Аданар  во својата книга „Македонскиöт Въпрос” има посебна глава под наслов „Илинденското востание 1903 г.” каде што со  ниту еден збор не прави корелација со Преображенското востание.[40] Но во „Енциклопедија Бугарија” објавена 1982 година, по партиската директива  има одредница „Илинденско-Преображенско востание 1903” и дефининирано како „врвна точка во национално-револуционерното движење на бугарското население во Македонија и Одринско”.[41] (Продолжува)
[1] https://respublica.edu.mk/blog/2017-07-24-09-13-09, [2] https://www.vecer.press/%D1%88%D1%82%D0%BE-%D1%9C%D0%B5-%D1%81%D0%B5-%D0%B1%D1%80%D0%B8%D1%88%D0%B5-%D0%BE%D0%B4-%D1%83%D1%87%D0%B5%D0%B1%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BF%D0%BE-%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8/ [3] Види поопширно: Вера Гошева, Илинденската организиација (1921-1947). Институт за национлна историја, Скопје, 2004., 24. [4] Цитирано според: Вера Гошева, Илинденската организација…32. [5] Исто таму. [6] Исто, 33. [7] Исто, 34. [8] Исто, 35. Насловите во весниците биле: А. Jовковъ, Илинденъ 1903, „Илинденъ”, III, 5 августъ 1923, 20, 2;  А. Jовковъ, Илинденското възстание въ историята,  „Илинденъ”, III, 19 януарий1923, 3, 1; А. Jовковъ, Илинденското възстание въ историята,  „Илинденъ”, III, 28 януарий 1923, 4, 1; Тържествена прослава на 20-годишнината отъ Илинденското възстание, „Илинденъ”, III, 12 августъ 1923, 21, 1; Илинденъ въ София, „Независима Македония”, II, 9 августъ 1924, 70, 1; Денътъ на Илинденското възстание, „Денъ”, XI, София,, 9 августъ 1922, 431 (3252), 2; Конференцията на илинденци, „Денъ”, XI, София,, 5 августъ 1922, 428 (3249), 2 и др. [9] Исто таму. [10] На 1 август 1923 година српскиот дипломатски претставник од Софија испраќа телеграма до Министерството за надворешни работи во кое известува дека: „на 2 август ќе се прослави во Софија дваесет годишнината на македонското востание. Во таа прилика ќе се изведе голема македонска манифестација во која ќе учествуваат сите македонски братства и сите друштва... Во врска со Вашата телеграма Пов. бр. 738 Ве молам да и изјавите на тамошната влада, дека претстојната македонска манифестација на македонците ја сметаме како предизвикување и спротивно на Нишкиот договор и на мирољубивите уверувања на претседателот на бугарската влада и министерот за надворешни работи...“. Архив на Југославија, ф. Меħународни односи измеħу два Светска рата, Бугарска II. [11]  Посмртните останки биле положени во специјален саркофаг, на кој било запишано: „Ги заколнуваме поколенијата овие коски да бидат погребани во престолнината на Независна Македонија”.  Вера Гошева, Цит. труд., 38. [12] Види поопширно: Вера Гошева, Цит. труд., 163-7. [13] Ibidem. [14] Ibid. [15] Курзивот е во оригиналот. [16] В. „Работнически Вестник”, бр. 52, 1923., 1. [17] В. „Македонски Вести”, бр. 64, 1936., 1. [18] Исто таму. [19] „Обединист”, г. 1, бр. 4, јули 1935,, 2. [20] „М. Р.” г. 1, бр. 4, јуни 1935., 1. [21] Вера Гошева, Цит. Труд, 219. [22] Исто таму, 196. [23] Исто, 196-7.  Меѓутоа, истиот политичар не  ја посетил прославата организирана по повод годишнината од Преображенското востание, која била организирана на иницијатива на Тракиската организација на 19 август 1940 година. Исто., 197. [24] „Целокупна България“, 1 август 1941, 55, 1. Меѓутоа, треба да се истакне дека само неколку години порано Себугарскиот сојуз „Отец Пајсиј”, кој како политичко вонпартиско здружение имал за цел “народносно и државно самозачувување” на целиот бугарски род и на сите Бугари “каде што тие се наоѓаат”, ги повикувал Бугарите во странство да ги празнуваат следните значајни историски датуми: а) 3 март – ослободувањето на Бугарија; б) 24 мај – Св. Кирил и Методиј; в) 27 септември – ден на “Отец Пајсиј”; г) 27 ноември – Потпишувањето на Нејскиот договор. Види поопширно, Вера Гошева, Цит. труд., 191-2. Во овој список Илинден како бугарски празник не постои што било и сосема нормално бидејќи тој бил одбележуван единствено од Илинденската организација во која била организирани македонската емиграција и Илинден во нивната меморија бил дел од македонската историја, а не дел од бугарската историја. [25] Вера Гошева, Цит. труд, 202. [26] Цитирано според: Вера Гошева , Илинденската орг..., 205. [27] Исто таму, 220. [28] Исто. [29] Исто. [30] Исто, 222. [31] Исто. [32] Исто, 210. [33] Исто, 209. [34] Исто, 224. [35] Исто, 224. [36] Исто, 225. [37] Исто, 226. [38] Тодор Павлов, Гоце Делчев, Нариздат, 1946. [39] Чавдар Маринов, Македонското прашање од 1944 до денес. Комунизмот и национализмот на Балканот, Фондација Отворено општество – Македонија, Скопје, 2013, 84. [40] Фикрет Аданаър, Македонскиют Въпрос, София, 2002., 169-207. [41] Енциклопедия България, том 3, И-Л,, Издателство на Българската академия на науките, София 1982., 104.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilindensko-ili-ilindensko-preobrazensko-vostanie/feed/ 0
Откако го „искараа“, Заев ретерира: Илинденското востание било и бугарско https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otkako-go-iskaraa-zaev-reterira-ilindenskoto-vostanie-bilo-i-bugarsko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otkako-go-iskaraa-zaev-reterira-ilindenskoto-vostanie-bilo-i-bugarsko/#respond Mon, 13 Aug 2018 20:36:21 +0000 https://kurir.mk/?p=87537

Откако Зоран Заев неодамна во својата изјава рече дека Илинденското востание е македонско, сега веќе вели дека било и бугарско. -Јас сум политичар кој што секогаш сака да внимава на изјавите кои не се во корист на нашата Македонија. Илинденското востание е Македонско, ако некој граѓанин од Бугарија сака да го чествува – нека го чествува. Јас сум горд што сум првиот премиер што го чествува Илинден како премиер што се поклонува пред гробот на Делчев, изјави Заев. Но, по оваа изјава тој народски кажано беше „искаран“ од премиерот на Бугарија Бојко Борисов по што тој му се извини на бугарскиот народ, погазувајќи го својот.

Заев: Илинден е дел од заедничката историја, да го оставиме популизмот

Политичките интереси и голиот популизам да го оставиме сите на страна, изјави денеска Зоран Заев во врска со барањето на бугарскиот претседател Румен Радев кој вчера побара анекс на Договорот за добрососедство и извинување од македонски премиер. „Апелирам сите заедно да ги тргнеме политичките интереси, голиот популизам или она што навистина не предизвикува да бидеме недоволно внимателни, затоа што договорот за пријателство соработка и добрососедство го потврди тоа преку нашите потписи таму, но треба тоа да го негуваме да го доградуваме“, изјави Заев. На прашањето околу тоа чие е Илинденското востание премиерот вели: Значи ние веќе одбележуваме дел од нашата заедничка историја. И тоа е дел од нашата заедничка историја“, пренесува „Телма“.

Заев преку Фејсбук статус бара прошка од Борисов

Премиерот Зоран Заев им се извини на премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов како и на „пријателите и браќата“ Бугари, со свој Фејсбук статус, за зборовите кажани во телевизиското интервју на „1ТВ“ на 4 август, дека Илинденското востание е македонско. Овој пост следува еден ден по предупредувањето од премиерот на Бугарија Бојко Борисов дека „кога ќе дојде време Бугарија да го искаже своето мислење за пристапување на Македонија кон ЕУ, ќе се сети на овие зборови и ќе донесе своја одлука“. Еве што напиша премиерот Заев: „Гледам во пријателска Бугарија се отвори јавна дебата и се постави дури и прашањето за тоа дали ние двете земји и двата народи градиме ИСКРЕНО пријателство и соработка. Сакам да им порачам на сите граѓани, дури и на критичарите во Македонија и во Бугарија, да немаат дилема дека пријателството и соработката се искрени. Ние повеќе од една година чествуваме заеднички делови од историјата меѓу двата народи, неколку пати заедно одбележуваме историски настани. Јас сум првиот премиер на Македонија што во Бугарија (Благоевград) се поклони пред споменикот на Гоце Делчев при заедничкото одбележување на празникот. Претходно мојот пријател, господинот Борисов, беше прв бугарски премиер кој се поклони пред гробот на Гоце Делчев во Македонија (Скопје) при заедничкото одбележување на празникот. Заедно двајцата претседатели на влади се поклонивме и пред споменикот на Цар Самоил во Софија. Заедно во Рим, во Ватикан оваа година ги славевме Светите браќа Кирил и Методиј, заедничките сесловенски просветители. Премиерот Борисов дојде во Скопје специјално да се поклони пред споменикот на Холокаустот на Евреите. Драги пријатели и браќа од Бугарија, верувајте, искрено градиме пријателство кое неколку децении наназад беше изгубено. Тоа беше загуба за двете земји. Ние повторно го најдовме нашиот пријател и брат. Да не дозволиме да се враќаме назад. Тоа ни е обврска пред нашите деца. Некогаш можеби не сме доволно внимателни ние политичарите, некогаш правиме и грешки, но ве уверувам дека тоа е само невнимание, затоа што искрено сакаме соработка и пријателство како што тоа го потпишавме во договорот за добрососедство и пријателство“, се вели во Фејсбук статусот на премиерот Зоран Заев.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otkako-go-iskaraa-zaev-reterira-ilindenskoto-vostanie-bilo-i-bugarsko/feed/ 0