илиноис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 01 Apr 2023 09:58:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png илиноис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најмалку четворица мртви во торнадо во Арканзас и бури во Илиноис https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-chetvoritsa-mrtvi-vo-tornado-vo-arkanzas-i-buri-vo-ilinois/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-chetvoritsa-mrtvi-vo-tornado-vo-arkanzas-i-buri-vo-ilinois/#respond Sat, 01 Apr 2023 09:58:30 +0000 https://kurir.mk/?p=818778

Најмалку три лица загинаа вчера во силно торнадо што мина низ американската сојузна држава Арканзас, додека при делумно уривање на театар во Илиноис од силни бури загина најмалку едно лице, додека повредени се 28 други, соопштија државните власти. Во Арканзас две лица загинаа во градот Вин, изјави на прес конференција гувернерката Сара Хакаби Сандерс, притоа прогласувајќи вонредна состојба и распоредувајќи стотина припадници на Националната гарда. „Централен Арканзас претрпе значителна штета“, напиша таа на Твитер. Третиот смртен случај го потврдија властите од округот Пуласки, каде се наоѓа тешко погодениот главен град на Арканзас, Литл Рок. -Околу 30 луѓе се превезени во болниците во градот, изјави за новинарите Френк Скот, градоначалник на Литл Рок. Националната метеоролошка служба (NWS) издаде предупредувања за торнадо во делови од Тенеси, Илиноис и Ајова. Торнадото зад себе остави пустош со превртени автомобили, откорнати дрвја, скршени телефонски столбови и уништени домови. На северот на земјата, во малото гратче Белвидер, западно од Чикаго во државата Илиноис, силната бура урнала дел од покривот и фасадата на театарот Аполо, каде во тек бил концерт на хеви метал бенд, објавија локалните медиуми. Шон Шедл, шеф на пожарникарите во Белвидер, пријавил еден смртен случај и 28 повредени, вклучително и пет хоспитализирани со сериозни повреди. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-chetvoritsa-mrtvi-vo-tornado-vo-arkanzas-i-buri-vo-ilinois/feed/ 0
(ВИДЕО) Масакр во Илиноис: Ликвидиран напаѓачот кој уби најмалу 5 лица и рани повеќе полицајци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-masakr-vo-ilinois-likvidiran-napagjachot-koj-ubi-najmalu-5-lica-i-rani-povekje-policajci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-masakr-vo-ilinois-likvidiran-napagjachot-koj-ubi-najmalu-5-lica-i-rani-povekje-policajci/#respond Sat, 16 Feb 2019 08:42:35 +0000 https://kurir.mk/?p=164588

Најмалку пет лица се убиени, а уште пет полицајци се ранети синоќа кога напаѓач отвори оган во фабричка зграда во градот Аурора во американската сојузна држава Илиноис, соопшти шефицата на полицијата на тој град, Кристен Зиман. Напаѓачот исто така е убиен, додаде таа, а пренесува АП. Зиман рече дека напаѓачот, кој е идентификуван како Гери Мартин (45), бил вработен во фабриката, додава Ројтерс. Белата куќа соопшти дека претседателот Доналд Трамп е известен за настанот и дека ја следи состојбата додека се подготвува да отпатува за викенд во Палм Бич на Флорида. Американските медиуми претходно јавија дека е во тек пукотница во подрачјето во кое се наоѓа зградата на компанијата Хенри Прат. Во претходните извештаи на медиумите се наведува дека на лице место е локалната полиција, лекарски екипи и тимови на специјалната единица СВАТ и дека во зградата се застрелани шест лица. Официјални лица од округот Кендал во Илиноис за инцидентот известија во 14:35 часот по локално време. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-masakr-vo-ilinois-likvidiran-napagjachot-koj-ubi-najmalu-5-lica-i-rani-povekje-policajci/feed/ 0