Илир Демири – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 Jul 2023 10:45:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Илир Демири – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Илир Демири нов директор на Клиничката болница Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilir-demiri-nov-direktor-na-klinichkata-bolnitsa-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilir-demiri-nov-direktor-na-klinichkata-bolnitsa-tetovo/#respond Tue, 18 Jul 2023 10:45:46 +0000 https://kurir.mk/?p=857681

Доктор Илир Демири денеска е именуван за нов директор на Клиничката болница во Тетово. Тој е именуван од страна на министерот за здравство, а на оваа функција доаѓа од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, каде работеше како координатор во Ковид-19 центарот. Од Министерството за здравство информираат дека доктор Демири е специјалист инфектолог, кој поседува богато работно искуство и на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби работи од 2004 година. Од 2007 година е асистент по предметот инфективни болести на Медицинскиот факултет во Скопје, а во 2020 година се стекнува со титулата примариус доктор. -Новиот директор на Клиничката болница Тетово е истакнат професионалец и еден од најпосветените здравствени работници кој се бореше против Ковид-19 од самиот почеток на пандемијата. Доктор Демири е добитник на титулата „Европска личност за 2020 година“. Оваа титула се доделува на лица кои имаат посебен придонес во афирмацијата на хумани вредности, а ја доделува Европското движење, и е признание кое доаѓа од страна на граѓаните. Доктор Демири исто така е член на Македонското здружение за инфективни болести, како и на Комисијата за заразни болести, велат од Министерството за здравство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilir-demiri-nov-direktor-na-klinichkata-bolnitsa-tetovo/feed/ 0