илир хасани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Oct 2023 10:46:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png илир хасани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ристески до Хасани: Дали сте го виделе извештајот на Државниот завод за ревизија за Клиниката за онкологија и какви се вашите коментари? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/risteski-do-hasani-dali-ste-go-videle-izveshtajot-na-drzhavniot-zavod-za-revizija-za-klinikata-za-onkologija-i-kakvi-se-vashite-komentari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/risteski-do-hasani-dali-ste-go-videle-izveshtajot-na-drzhavniot-zavod-za-revizija-za-klinikata-za-onkologija-i-kakvi-se-vashite-komentari/#respond Wed, 25 Oct 2023 10:46:52 +0000 https://kurir.mk/?p=892900

Вие ја извршувате функцијата заменик министер во периодот од септември 2020 до септември 2021 година, релативно краток временски период, но интересен период за оваа анкетна комисија бидејќи се совпаѓа со времето кога мина го посочуваат како период и време во кое биле направени доста злоупотреби на оваа клиника која денес е тема на работата на Анкетната комисија, му се обраќа пратеникот Петар Ристески на поранешниот заменик министер за здравство Илир Хасани, на денешната Анкетна комисија за случувањата на Клиниката за онкологија и радиотерапија. Во однос на тоа Ристески посочи дека се надева дека заменик министерот има информации кои би ги споделил со нив со цел добивање јасна слика што се случувало на клиниката, и при тоа го запраша Хасани, дали министерството за здравство спроведува контроли врз работењето на јавните здравствени, клиники, болници, на кој начин и како се планираат и спроведуваат и дали од истите контроли, доколку биле спроведувани добивале извештаи и дали имале увид во тие извештаи. „Клиниката за онкологија очигледно ја отвори пандорината кутија во здравството, па затоа конкретно за оваа клиника дали сте запознаени со начинот, ефикасноста и резултатите од работењето на клиниката онкологија во периодот додека сте ја извршувале функцијата заменик министер. На кој начин сте ги добивале тие информации и дали сте сигурни дека истите се релевантни и валидни? Дали го видовте извештајот на Државниот Завод за Ревизија за оваа клиника и доколку сте го виделе какви се вашите коментари по извештајот“, праша Ристески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/risteski-do-hasani-dali-ste-go-videle-izveshtajot-na-drzhavniot-zavod-za-revizija-za-klinikata-za-onkologija-i-kakvi-se-vashite-komentari/feed/ 0
Јаревски до Хасани: Дали некогаш изразивте сомнеж или загриженост за состојбите во Онкологија или пак во другите клиники https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jarevski-do-hasani-dali-nekogash-izrazivte-somnezh-ili-zagrizhenost-za-sostojbite-vo-onkologija-ili-pak-vo-drugite-kliniki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jarevski-do-hasani-dali-nekogash-izrazivte-somnezh-ili-zagrizhenost-za-sostojbite-vo-onkologija-ili-pak-vo-drugite-kliniki/#respond Wed, 25 Oct 2023 10:43:03 +0000 https://kurir.mk/?p=892895

Од неколкуте излагање веќе имаме појасна слика што се случувало и какви биле односите во министерството за здравство. И колку е појасна сликата, толку е пострашна, истакна пратеникот Тони Јаревски на денешната седница на Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. „Беше укажано дека не бил дел од тимот Илир Хасани и дека министерот си ги имал преземено сите ингеренции во однос на комуникација, во однос на поставување, во однос на контрола, во однос на следење, во однос на споделување на информации. И заменикот бил или отстранет или пак го држел во мал круг на луѓе, односно тимот. Можете ли да ни укажете колкава група беше тоа 2, 3 или пет луѓе и кој за што беше задолжен“, Јаревски го запраша поранешниот заменик министер за здравство Илир Хасани. Јаревски посочи дека треба да се знае како доаѓале насоките и директивите од кај министерот за здравство. „Второ, ме интересира, бидејќи можеби немале редовна комуникација, но би требало да ги повикуваат на координации, или на брифинзи. Ме интересира дали некогаш изразил сомнеж или загриженост за состојбите во Онкологија или пак во другите клиники“, праша Јаревски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jarevski-do-hasani-dali-nekogash-izrazivte-somnezh-ili-zagrizhenost-za-sostojbite-vo-onkologija-ili-pak-vo-drugite-kliniki/feed/ 0
Милошоски до Хасани: Дали кога би бил на местото министер за здравство и во ваш мандат и време се разоткрива една ваква афера дали ќе си поднесете оставка? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-do-hasani-dali-koga-bi-bil-na-mestoto-minister-za-zdravstvo-i-vo-vash-mandat-i-vreme-se-razotkriva-edna-vakva-afera-dali-ke-si-podnesete-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-do-hasani-dali-koga-bi-bil-na-mestoto-minister-za-zdravstvo-i-vo-vash-mandat-i-vreme-se-razotkriva-edna-vakva-afera-dali-ke-si-podnesete-ostavka/#respond Wed, 25 Oct 2023 10:40:23 +0000 https://kurir.mk/?p=892893

На денешната анкетна комисија за скандалот на Онкологија пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски упати прашање до заменик министерот за здравство Илир Хасани дали тој кога би бил на местото министер за здравство а во негов мандат и време се разоткрива една ваква афера, дали тој како личност или функционер би размислувал да поднесе оставка а со тоа да понесе и политичка и морална одговорност. „На 8 септември 2021 година се случи еден трагичен инцидент со модуларната болница во Тетово а еден ден потоа на 10 септември вие како заменик министер за здравтво си поднесовте оставка. Од она што можевме да видиме од расчистувањето на тој случај вие не сте имале лични институционални ингеренции, по однос на модуларната болница, но вашиот чин јас лично го сметам како чин на понесување на морална и политичка одговорност за еден сериозен скандал“ кажа Милошоски. Милошоски упати прашање до Хасани дали кога тој би бил на местото министер за здравство а во негов мандат и време се разоткрива една ваква афера, дали тој како личност или функционер би размислувал да поднесе оставка а со тоа да понесе и политичка и морална одговорност. „Затоа оваа анкетна комисија денес можеби и немаше да има толку работа за скандалот на онкологија, доколку таква морална и политичка одговорност беа спремни да понесат тогашниот и сегашниот министер за здравство Венко Филипче и Фатмир Меџити. За жал тие не беа подготвени на таков начин да се соочат со овој скандал. Моето прашање е дали вие кога би биле на местото министер за здравство а во ваш мандат и време се разоткрива една ваква афера, дали вие како личност или функционер би размислувале да поднесете оставка а со тоа и да понесете политичка и морална одговорност“ праша Милошоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-do-hasani-dali-koga-bi-bil-na-mestoto-minister-za-zdravstvo-i-vo-vash-mandat-i-vreme-se-razotkriva-edna-vakva-afera-dali-ke-si-podnesete-ostavka/feed/ 0
Заев не ги прифати оставките, вели Филипче и Хасани спасиле илјадници човечки животи – Виновен е прегреаниот кабел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ne-gi-prifati-ostavkite-veli-filipche-i-hasani-spasile-iljadnici-chovechki-zivoti-vinoven-e-pregreaniot-kabel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ne-gi-prifati-ostavkite-veli-filipche-i-hasani-spasile-iljadnici-chovechki-zivoti-vinoven-e-pregreaniot-kabel/#respond Wed, 06 Oct 2021 08:04:55 +0000 https://kurir.mk/?p=573730

Јавноста и опозицијата жестоко реагираа откако премиерот Зоран Заев вчера истакна дека нема да ги прифати оставките на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани кои ги понудија по пожарот во модуларната болница во Тетово во кој животот го загубија 14 лица. Заев по понудените оставки истакна дека ќе чека истрагата да заврши за да каже дали оставките ќе бидат прифатени или не. Од Јавното обвинителство вчера соопштија дека со вештачењето се утврдува дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Сепак целосната истрага не е завршена, а од ЈО посочија дека ова вештачење е само еден од досега обезбедените докази и најавуваат дека се очекува во Основното јавно обвинителство Тетово да пристигнат извештаите и податоците за кои обвинителството има издадено наредби и насоки и до други надлежни институции, како и вештачењето кое треба да пристигне согласно побараната меѓународна правна помош од експертски тим од Германија. Прегревањето на кабелот, информираа од ЈО, предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат. По воочена појава на пламен, потенцираат од ЈОРСМ, присутниот медицински персонал презел обид за гаснење, но настанало бурно ширење на пожарот по целиот објект, простирајќи се по кровните панели кон ниските предели на панелните ѕидови и болничкиот инвентар. – Со оглед на тоа што сите хоспитализирани пациенти биле приклучени на централниот довод за кислородна поддршка, а со тоа и процентуалното присуство на кислород во целиот болнички простор било зголемено, како и поради настанато оштетување на кислородната инсталација во текот на пожарот, огнот се проширил по целиот објект за многу краток временски период. Кон ова придонел и фактот што во поткровниот простор на објектот не постојат прегради помеѓу модулите/просториите и кон ходникот кои би го успориле пренесувањето на огнот, велат оттаму. – Нема причини да се лоцира политичка или менаџерска одговорност кај министерот Венко Филипче и заменик министерот Илир Хасани, кои од морални причини поднесоа оставки. За евентуалните грешки причинети од човечки фактор ќе се произнесат надлежните органи, изјави вчера Заев, додавајќи оти им ја дава довербата да продолжат да го водат здравствениот систем. Заев нагласи дека останува на ставот оти нема да дозволи политизирање на трагедијата во тетовската болница. – Ние политичарите и извршната власт, генерално не смееме и нема да го толкуваме извештајот на вештите лица кои постапуваа по наредба на Јавното обвинителствот на Република Северна Македонија, истакна Заев. Убеден сум, потенцираше Заев, дека Филипче и Хасани направија и професионални и лични ангажмани за македонското здравство и спасија илјадници човечки животи и затоа им ја давам довербата да продолжат да го водат здравствениот систем. Тој наведе дека и тој би сакал да знае што адресираат германските експерти во врска со пожарот. И додека Заев не гледа одговорност во никого, во исто време признава дека модуларните болници се направени во вонредни услови, во ек на пандемија и оти тие не се замислени да бидат вгарадени со кислород. – Тие се градени без системи за кислород или слично. Кога доаѓа третиот бран се вградени самите системи за кислород и верувам тоа е веќе познато на самата јавност, посочи Заев. Тој нагласи дека сите се свесни колку е присуството на кислород во ваквите објект повеќе застапено од вообичаено. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нагласи дека како човек никогаш нема да прифати дека за смртта на 14 луѓе во Тетово може да биде виновен кабел или нечиј полнач за телефон, без да има одговорност за нефункционирањето на системот за кој министерот и заменик министерот се директно одговорни за животите на пациентите во болницата. – Заев треба да престане да се надева дека ќе веруваме во неговите глупости кои имаат јасна цел – да ја сокријат објективната вина, негова и на неговите министри. Кој дозволил таква инсталација во болницата и немање на противпожарни апарати, кој дозволил опасни боци на кислород во необезбедена болница, кој дозволил роднини на пациенти и други цивили во болницата, кој друг ако не министерот, заменикот министер и самата Влада е одговорна за животот на пациентите. Кажете и јавно на јавноста дека Заев и Ахмети здружено, како и за други тендери, се договориле никој да не одговора, потенцираше вчера Мицкоски. Претседателот на Алијансата за Албанците Зиадин Сел вчера го обвини Заев дека не ги третира подеднакво сите граѓани, туку ги штити само своите партиски функционери. Коментирајќи ја одлуката да не ги прифати оставките на министерот и заменик-министерот за здравство, Села рече дека Заев сака вината за трагедијата во Тетово да ја префрли на медицинскиот персонал и да го спаси својот министер. Покрај тоа, првиот човек на АА, наведе пет причини за кои рече дека одговорноста треба да ја преземат Владата, Општина Тетово и дирекцијата на болницата. – Па, за него Филипче е поважен од утехата што треба да ја имаат семејствата на 14-те жртви живи запалени, а тој излегува и ни кажува денеска дека ниту министерот за здравство, ниту заменик -министерот, ниту директорот, ниту градоначалничката на Општина Тетово, имаат каква било одговорност. И знаете каде ќе бара одговорноста овој валкан човек. Ќе се обидува да бара кај оние што со месо и душа се обидуваат да им помогнат на пациентите, на медицинскиот персонал во Тетово кои немаат никаква вина, рече Села. Лидерот на АА нагласи дека има многу елементи за кои Обвинителството требало да постапува до денес. – Прво, 11-годишен директор кој е вршител на должноста. Второ, градоначалничката која нема направено техничко прифаќање на болницата, и се уште не дале дозвола за објектот, додека според законот за секој објект на територијата на општината дава дозвола Општината. Трето, недостатоци на преградни ѕидови на објектите што би го спречиле ширењето на огнот. Четврто, недостаток на апарати за гаснење на пожарот и денес тие луѓе би биле спасени. Петто, присуството на роднини на пациентите во просториите на модуларниот центар, што дојде како резултат на недостаток на медицински персонал, потенцираше Села. Тој рече дека тоа е директна одговорност на премиерот Зоран Заев, додавајќи дека „за палењето на 14-те граѓани во Тетово“ ќе има одговорност и покрај, како што рече, обидот да се сокрие вистината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ne-gi-prifati-ostavkite-veli-filipche-i-hasani-spasile-iljadnici-chovechki-zivoti-vinoven-e-pregreaniot-kabel/feed/ 0
Падна ли предизборен договор Заев – Ахмети: Сите се криви само Филипче НЕ!? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/padna-li-predizboren-dogovor-zaev-ahmeti-site-se-krivi-samo-filipche-ne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/padna-li-predizboren-dogovor-zaev-ahmeti-site-se-krivi-samo-filipche-ne/#respond Tue, 05 Oct 2021 15:40:43 +0000 https://kurir.mk/?p=573480

Претседателот на владата, Зоран Заев, денес не ги прифати понудените оставки на министерот за здравство и неговиот заменик, Венко Филипче и Илир Хасани, кои ги понудија за трагедијата во модуларната Ковид болница во Тетово. -Внимателно ги прочитав наодите на истражителите од вештачењето кои беа објавени денеска. Нема причини да се лоцира политичка или менаџерска одговорноста кај Филипче и Хасани кои од морални причини поднесоа оставки од функциите, рече Заев на прес-конференцијата пред Владата. Јавното обвинителство денеска ги објави причините за пожарот во модуларната болница. Вештачењето на крим-техника утврди дека пожарот во тетовската модуларна болница настанал како последица на прегревање на кабел на дефибрилатор, по што се запалил продолжениот кабел на кој биле приклучени дефибрилаторот, полнач за мобилен и уште еден апарат. Оваа изјава на Заев беше пречекана како на „нож“ од целокупната јавност, па така граѓаните револтот го искажаа на социјалните мрежи преку коментари. Оттука се поставува и едно друго клучно прашање, а тоа е дали ова е коалициски договор помеѓу Зоран Заев и Али Ахмети во пресрет на локалните избори? Ваквото прашање доаѓа апропо реакциите на јавноста веднаш по несреќата, кога речиси сите побараа одговорност од министерот и неговиот заменик, а тие решија да понудат оставки кога јавноста бурно изреагрира на оваа трагедија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/padna-li-predizboren-dogovor-zaev-ahmeti-site-se-krivi-samo-filipche-ne/feed/ 0
Груби смета дека оставките на Филипче и Хасани не треба да се прифатат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grubi-smeta-deka-ostavkite-na-filipche-i-hasani-ne-treba-da-se-prifatat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grubi-smeta-deka-ostavkite-na-filipche-i-hasani-ne-treba-da-se-prifatat/#respond Tue, 05 Oct 2021 14:32:01 +0000 https://kurir.mk/?p=573438

Видепремиерот на Владата, Артан Груби ексклузивно за Телма изјавил дека го разгледал извештајот и според тоа оставките на министерот за здравство Венко Филипче и заменик министер Илир Хасани не треба да бидат прифатени. Тој смета дека тука не постои никаква одговорност, бидејќи се работело за несреќен случај. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grubi-smeta-deka-ostavkite-na-filipche-i-hasani-ne-treba-da-se-prifatat/feed/ 0
Влада: Оставките на Филипче и Хасани се доставени до премиерот и архивирани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-ostavkite-na-filipche-i-hasani-se-dostaveni-do-premierot-i-arhivirani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-ostavkite-na-filipche-i-hasani-se-dostaveni-do-premierot-i-arhivirani/#respond Wed, 15 Sep 2021 12:46:15 +0000 https://kurir.mk/?p=564003

Оставките на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани се доставени до премиерот и се архивирани. Содржината на оставките не отстапува од она што веќе двајцата јавно го споделија, изјави на денешната прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски. Премиерот, рече Арсовски, веќе објасни дека проценката и одлуката по однос на поднесените оставки ќе ја базира, исклучиво на фактите од истрагата, согласно утврдените причини за избувнувањето на пожарот во модуларната болница во Тетово. -Очекувањата се тоа да се случи во следниот период. Премиерот, исто така, апелираше за брза и темелна истрага, изјави Арсовски. Германските експерти, посочи Арсовски, се очекува да пристигнат деновиве и ќе бидат дел од понатамошната истрага. -Истражните органи се независни од извршната власт. Ние како Влада, ги очекуваме тие податоци и апелираме за што побрза истрага и расчистување на случајот, изјави Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање до каде е истрагат на терен. Прашан зошто е прекината градбата на три модуларни болници во Скопје, Арсовски, рече дека нема такви информации и ќе мора да ги провери. -Она што е значајно е дека овие болници се безбедни и дека го зголемуваат капацитетот на инфективните одделенија. Тие беа и се уште се голема поддршка за здравствениот систем во ваква криза. Ваквиот систем на поддршка се применува низ целиот свет во услови на пандемија, изјави Арсовски. Пациценти, посочи тој, во моментов се хоспитализирани во модуларните ковид одделенија во болниците во Гевгелија, Кичево, Штип, Куманово, Струга, Гостивар, Прилеп, Охрид, Велес, Кавадарци, Струмица и на Клиниката во Скопје.  (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-ostavkite-na-filipche-i-hasani-se-dostaveni-do-premierot-i-arhivirani/feed/ 0
Филипче понуди – Хасани, Бесими и Етеми поднесоа оставки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-ponudi-hasani-besimi-i-etemi-podnesoa-ostavki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-ponudi-hasani-besimi-i-etemi-podnesoa-ostavki/#respond Sat, 11 Sep 2021 06:21:04 +0000 https://kurir.mk/?p=562231

По пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица, а 12 беа повредени, оставка од морални причини понуди министерот за здравство Венко Филипче. Неговиот заменик и двајцата директори на тетовската болница поднесоа оставки. Во меѓувреме тече истрагата на истражните органи, а во неа ќе се вклучат и германски експерти од Федералната криминалистичка полиција кои деновиве треба да пристигнат во земјава. Во обраќањето до јавноста, Филипче рече дека нема зборови што може да ја опишат или да ја надоместат загубата на семејствата на починатите. – Последната трагедија во Тетово многу ме погоди, многу жалам за загинатите, сочувствувам со нивните семејства, нема зборови што тоа можат да го опишат, ниту пак начин да се надомести загубата. Како лекар и министер имам интегритет. Затоа од морални причина понудив пишана оставка до премиерот Зоран Заев, рече Филипче. Претходно, оставки поднесоа заменик-министерот за здравство Илир Хасани и двајцата директори на тетовската Болница. – Во овие тешки моменти за сите нас, поднесувам оставка како највисок морален чин. И покрај фактот дека немам никаква врска со процедурите за модуларната болница, иако немам никаква врска со организацискиот дел, оставката е најмалиот чин што можам да го направам во овие моменти, за да ги почитувам жртвите, повредените, јавноста и најмногу јас. Нема ништо над достоинството, напиша заменик-министерот Хасани на социјалните мрежи. Двајцата директори на тетовската болница кои преку социјалните мрежи информираа дека поднесуваат оставки од морални причини, изразија надеж дека истрагата ќе заврши што е можно поскоро и дека ќе се разјаснат причините за пожарот. – По ваквиот трагичен и немил настан, оваа одлука е неизбежна. Во исто време, се надевам дека целосната истрага ќе заврши што е можно поскоро и ќе се разјаснат причините за пожарот во модуларниот центар на Тетовската клиника за пациенти со Ковид-19, напиша директорот на тетовската Болница Фљорин Бесими. Паралелно со ова, во тек е истрагата за утврдување на причините за пожарот. На терен работат петмината јавни обвинители. Од Јавното обвинителство вчера соопштија дека се преземени мерки за обезбедување на видео-снимки од Клиничката болница, од и околу болницата, околните деловни објекти, станбените згради и куќи, како и видео-материјал објавен од индивидуални поединци и на социјалните мрежи. Издадена е наредба за одземање на целокупната документација од болницата и од изведувачот на градбата во врска со изградбата на модуларната болница. Сослушани се дел од сведоците кои биле на местото на настанот и дел од лекарскиот персонал кој бил присутен во модуларната ковид болница. Донесена е и наредба за ангажирање на вешто лице од областа на електротехниката. Во истрагата се вклучува и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кое ќе ги истражува јавните набавки за изградба на модуларните болници. Вчера до Бирото за јавни набавки и до Министерството за труд и социјална политика издадена е наредба за обезбедување на целокупната документација поврзана со изградбата на модуларните болници. – Постапката е во насока на проверка на спроведувањето и реализацијата на јавните набавки за изградба на модуларните болници во државава. За таа цел, денеска до Бирото за јавни набавки и Министерството за труд и социјална политика е издадена Наредба за обезбедување на севкупната документација поврзана со изградбата на сите 19 модуларни болници. Прибраните материјални докази ќе бидат предмет на анализа во насока на утврдување дали документацијата за спроведената јавна набавка соодветствува со техничката документација за овие објекти, информираше Јавното обвинителство. Министерството за здравство претходно соопшти дека ја доставува на увид целосната документација за модуларните болници. – Стоиме на располагање на сите институции и сакаме да соработуваме и да ја приложиме целокупната документација со која располагаме, за поставувањето на сите 17 регионални ковид-центри во државата, истакнаа од Министерството за здравство. Оттаму информираа дека по поставувањето на модуларните болници од страна на изведувачот,, извршено е примопредавањето кое го правеле инженери од министерствата за здравство и за труд и социјална политика и претставници од изведувачот и болниците. – Откако изведувачот ќе ги поставеше модуларните контејнери се вршеше примопредавање на истите. Примопредавањето го правеа инженери од МЗ, МТСП, како и претставници од изведувачот и болниците, со што модуларните контејнери се предаваа на болниците во целост согласно техничките спецификации од договорот, посочија од Министерството. Вчера заврши и обдукцијата и идентификацијата на починатите кои се на возраст од 29 до 78 години. Осум од жртвите се жени, а шестмина мажи. Јавното обвинителство потврди дека од 14-те починати во пожарот, 12 биле пациенти во болницата, а двајца посетители. Оттаму посочуваат дека се истражува причината за присуството на двајцата посетители, односно дали тие подолго време биле присутни во болницата или влегле внатре по опожарувањето за да ги извлечат своите блиски. По налог на Обвинителството извршена е обдукција и на почината пациентка, која настрадала од Ковид-19 и за чиј живот се борел медицинскиот персонал непосредно пред избувнувањето на пожарот. – Телото на веќе починатата пациентка било изнесено во моментот на избувнување на пожарот. Обдукцијата по барање на Обвинителството беше извршена за точно утврдување на причините за смртта, при што се констатира дека настанатата смрт не е последица од пожарот, информираше Обвинителството. Од Ковид центарот во Тетово вчера информираа дека 12-те пациенти кои беа спасени во пожарот се во добра здравствена состојба без повреди од огнот. – Пациентите кои се спасени се во релативно добра здравствена состојба, кај нив нема знаци на повреди од огнот, немаат кожни или други проблеми од инцидентот таа вечер. За среќа, тие пациенти кои се префрлени во други одделенија за кратко време, биле во подобра здравствена состојба и немало проблеми во тој вакуум при преместување од едно во друго одделение, при транспорт немало проблеми, изјави вчера д-р Гзим Нуредини. Во пожарот кој избувна во средата вечерта повредени беа и двајца пожарникари. Според сведоштвото на едниот од нив, Игор Симовски, пожарот се гаснел под голем ризик, а пожарникарите се соочиле со висока температура поради присуството на боците со кислород. – Електричната енергија не беше исклучена, кислородот не беше исклучен и не можеше да се влезе, се гасеше под голем ризик. Можеше да настрада и некој пожарникар од струен удар, имаше детонации од боци, мене ми пукна боца под колено. Ме однесоа до хирургија, примив помош и инфузија. Сега сум добро. Еден колега при пад има истегнување на лигамент. Морам да ја потенцирам големата храброст на колегите што беа на работа, бидејќи знаеја какви услови и каква опасност има внатре. Иако сите знаеја дека струјата не е исклучена – уште кога дојдовме почнаа да пукаат жиците, продолжија со работа за да се изгасне огнот, изјави вчера Симовски. Според неговите проценки, првото противпожарно возило стигнало на лице место за четири минути, но објектот веќе бил целиот во оган.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-ponudi-hasani-besimi-i-etemi-podnesoa-ostavki/feed/ 0
ОСТАВКИТЕ СЕ НИЖАТ: Трет кој поднесе оставка е заменик министерот Хасани! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostavkite-se-nizat-tret-koj-podnese-ostavka-e-zamenik-ministerot-hasani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostavkite-se-nizat-tret-koj-podnese-ostavka-e-zamenik-ministerot-hasani/#respond Fri, 10 Sep 2021 16:10:43 +0000 https://kurir.mk/?p=562118

Оставка поднесе попладнево и заменик мнинистерот за здарвство Илир Хасани. Тој оставката ја објави на ФБ. „Во вакви сериозни моменти за сите нас, давам оставка како највисок морален чин. Дури и покрај фактот дека немам никаква врска со модуларните болнички постапки, иако немам ништо друго со организацискиот дел, оставката е најмал чин што можам да го сторам во овој момент, да ги почитувам жртвите, повредените, мислењето и најчесто самите себе . n Ништо над достоинството!“ , напиша Хасани. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostavkite-se-nizat-tret-koj-podnese-ostavka-e-zamenik-ministerot-hasani/feed/ 0
Според Хасани не треба да се претерува со дополнителни мерки во Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spored-hasani-ne-treba-da-se-preteruva-so-dopolnitelni-merki-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spored-hasani-ne-treba-da-se-preteruva-so-dopolnitelni-merki-vo-tetovo/#respond Thu, 26 Aug 2021 13:16:42 +0000 https://kurir.mk/?p=555273

Заменикот-министер за здравство Или Хасани деновиве учествува на сите состаноци кои ги има кризниот штаб за Општина Тетово, а на средба со новинарите истакна дека нови дополнителни мерки за градот и регионот не се потребни, сметајќи ги како контрапродуктивни. Тој ја оценува состојбата како влошена, а неговото присуство и ангажман во Тетово е во насока на уште поголемо зголемување на вакцинираните луѓе. – Бројот на пациенти се следи, не е голем како што беше пред една недела и се надевам дека дека во Тетово се достигнува пикот на болеста, што не значи дека тој пик е постигнат во цела Република. Тетово веројатно порано „гори“ во однос на другите места, заради сите општи работи и фактори кои настааа во овој регион. Капацитетот на Тетовсата болница која е флексибилна е до 130 места. Отворени се капациитети и во Скопје, рече Хасани. Според него, не се потребни дополнителни мерки за заштита од Ковид-19 само за тетовскиот регион. -Ние ги гледаме сите параметри во Комисијата за заразни болести, утре во осум часот има нова средба и ќе се дискутира за нови мерки. Лично мислам дека не треба да се претерува со мерките затоа што се контрапродуктивни, како собирањето пред маркети, пред и по карантински денови. И овие мерки можат да помогнат, не може да се каже дека народот е недисциплиниран, туку индивидуи. Јас ги поздравувам совесните граѓани, сметам дека не може да се генерализира. Треба да се одржува дистанца, да се носи маска, да не се прават свадби, прослави и забави, рече заменик-министерот Хасани. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spored-hasani-ne-treba-da-se-preteruva-so-dopolnitelni-merki-vo-tetovo/feed/ 0