илир мета – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Jun 2023 14:59:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png илир мета – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мета оценува дека решението за формирање ЗСО се наоѓа во почитувањето на договорите од Брисел и Охрид https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-otsenuva-deka-reshenieto-za-formirane-zso-se-naoga-vo-pochituvaneto-na-dogovorite-od-brisel-i-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-otsenuva-deka-reshenieto-za-formirane-zso-se-naoga-vo-pochituvaneto-na-dogovorite-od-brisel-i-ohrid/#respond Fri, 09 Jun 2023 14:59:37 +0000 https://kurir.mk/?p=844113

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, смета  дека во надминување на ситуацијата создадена меѓу Србија и Косово, Албанија може да помогне само преку директна и конструктивна комуникација меѓу институциите на Косово и премиерот Албин Курти. Во реакцијата на социјалните мрежи во однос на проследувањето на Нацрт-документ од страна на премиерот Еди Рама до францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц, Мета вели дека нема потреба од еднострани и нетранспарентни интервенции кои ја влошуваат ситуацијата, која изгледа деликатно. -Албанската влада во никој случај не треба да зборува или да предлага политики што треба да се спроведуваат во рамките на Косово, без претходно да се консултира со премиерот и легитимните институции во Косово. Заедницата на српските општини е договор веќе прифатен од актуелната влада на Косово, а е загарантиран со договорите од Брисел и Охрид, реализиран со поддршка и преговори на Европската Унија и Соединетите американски држави. Решението како ќе се постигне формирањето на ЗСО се наоѓа во почитувањето на овие договори, пишува тој. Мета додава дека Курти постојано покажува одговорност и непоколеблива волја за спроведување на Охридскиот договор, додека кај Вучиќ „такво нешто не сме виделе, напротив низа негови постапки го покажаа спротивното“. -Господинот  Рама, ако сакаше да игра улога, можеше да го стори тоа, не како патрон врз Косово, туку само со барање Белград да ги потпише договорите од Брисел и Охрид и нивното спроведување, признавањето на Косово од Србија и отстапувањето од стратегијата на континуирано затегнување на ситуацијата, наведува Мета, кому петгодишниоот претседателски мандат му заврши на 24 јули минатата година.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-otsenuva-deka-reshenieto-za-formirane-zso-se-naoga-vo-pochituvaneto-na-dogovorite-od-brisel-i-ohrid/feed/ 0
Ескобар за коалицијата Мета-Бериша: Граѓаните да не се враќаат назад, кога можат да гледаат во иднината https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eskobar-za-koalitsijata-meta-berisha-graganite-da-ne-se-vrakaat-nazad-koga-mozhat-da-gledaat-vo-idninata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eskobar-za-koalitsijata-meta-berisha-graganite-da-ne-se-vrakaat-nazad-koga-mozhat-da-gledaat-vo-idninata/#respond Wed, 03 May 2023 19:21:48 +0000 https://kurir.mk/?p=830319

Да гласаш за коалицијата Бериша-Мета за САД е враќање назад на земјата, оценил специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во изјава за ТВ Репорт. Во врска со оваа изборна коалиција која настапува на претстојните локални избори, тој додал дека „Не знам зошто луѓето треба да се гледаат назад во минатото, кога можат да гледаат кон иднината“. На констатацијата дека е голема веројатност а тоа е потврдено и во анкетите, сојузот меѓу Сали Бериша и Илир Мета е главната опозициска сила во земјата и на прашањето дали САД ќе соработуваат со Бериша како лидер на опозицијата, Ескобар јасно кажал дека „не разбира зошто Албанците треба да гледаат назад“. Додал дека „би сакал да не го коментирам премногу изборниот резултат, но сакам јасно да кажам и да го свртам вниманието на напредокот што Албанија го постигна во овие 30 години“. -Албанија напредуваше во евроатлантските интеграции и го подигна нивото на кредибилитет на меѓународната арена што никогаш досега го немаше, а има многу предизвици кои треба да бидат вклучени во програмирањето на агендата, нагласил Ескобар. Во средината на април Ескобар беше во посета на Тирана кога избегна средба со Бериша. Тој имаше средби со премиерот Еди Рама, претседателот Бајрам Бегај, вршителот на должноста претседател на ДП, Енкелејд Алибеај, како и со Мета, на кои разговарале и за изборите. Според телевизијата претходно и американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, ги повикала албанските граѓани да не го гласаат Сали Бериша потсетувајќи дека „тој е меѓународно изолиран“. Американскиот Стејт департмент Бериша и неговото семејство, сопругата, синот и ќерката, за непожелни ги прогласи во мај пред две години, а во јуни минатата година Бериша стана непожелен и за Велика Британија. Бериша и Мета се во изборна коалиција „Заедно победуваме“ со уште неколку помали партии. Коалицијата ја предводи Партијата на слободата на Мета, под чие лого настапуваат демократите на Бериша. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eskobar-za-koalitsijata-meta-berisha-graganite-da-ne-se-vrakaat-nazad-koga-mozhat-da-gledaat-vo-idninata/feed/ 0
Мета: Депопулацијата е национална рана, да ставиме крај на оваа драма, не сакаме празна Албанија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-depopulatsijata-e-natsionalna-rana-da-stavime-kraj-na-ovaa-drama-ne-sakame-prazna-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-depopulatsijata-e-natsionalna-rana-da-stavime-kraj-na-ovaa-drama-ne-sakame-prazna-albanija/#respond Tue, 28 Feb 2023 15:00:18 +0000 https://kurir.mk/?p=806128

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, изјави дека „депопулацијата е национална рана" за што како главен виновник го посочи премиерот Еди Рама, кој, според него, прави се за „Албанците, а посебно младите да ја напуштаат земјата". - Депопулацијата е голема рана што ја трпи Албанија денес, како резултат на еден премиер кој прави се за Албанците, а особено младите, да бегаат од земјава. Мора да ставиме крај на оваа драма, не сакаме празна Албанија, рече Мета. Мета, кому петгодишниот претседателски мандат му заврши на 24 јули минатата година, порача дека „Партијата на слободата има национална мисија и голема обврска да стави крај на драмата на депопулација". - Сакаме и сме решени да ставиме крај на драмата на депопулација. Ова е национална мисија и голема обврска што ја имаме кон идните генерации. Веќе не сакаме Албанија со празни градови и преполни чамци, туку Албанија во која градовите ќе бидат преполни со народ и добро развиени и каде младите ќе ја градат иднината, посочи тој. Според неодамнешен извештај на Евростат, од 2014 до крајот на 2022 година 934 илјади албански граѓани заминале во некоја земја членка на ЕУ, што е повеќе од 33 отсто од населението. Доколку се додадат и оние кои заминале во земји кои не се членки на ЕУ, овој процент достигнува најмалку 35 отсто за период од осум години. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-depopulatsijata-e-natsionalna-rana-da-stavime-kraj-na-ovaa-drama-ne-sakame-prazna-albanija/feed/ 0
Мета предупреди дека надворешниот долг на Албанија ќе надмине 107 отсто од БДП https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-predupredi-deka-nadvoreshniot-dolg-na-albanija-ke-nadmine-107-otsto-od-bdp/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-predupredi-deka-nadvoreshniot-dolg-na-albanija-ke-nadmine-107-otsto-od-bdp/#respond Thu, 12 Jan 2023 17:22:57 +0000 https://kurir.mk/?p=786603

Лидерот на Партијата на слободата и до средината на минатата година претседател на Албанија, Илир Мета, предупреди дека надворешниот долг на земјата ќе надмине 107 отсто од бруто домашниот производ. Според него, долгот би можел да биде и повисок, по најавата на Владата за задолжување со еврообврзница, шеста по ред, за што веќе избрала законски консултант. -Владата повторно ќе се задолжи со 500 милиони евра, а оваа сума може да биде и повисока. Во услови кога, како резултат на поскапувањето, Владата инкасира 520 милиони американски долари а тука и издадената еврообврзница од 650 милиони евра во ноември 2021 година, крајно сомнително е задолжувањето со најмалку 500 милиони евра, со што јавниот долг достигнува 107 проценти а може да има уште повисоки вредности, рече Мета на прес-конференција. Според него, „транспарентноста и отчетноста пред јавноста, во услови кога следниот долг од најмалку 500 милиони евра повторно ќе ја оптовари, е непремостлива обврска“. Оценувајќи ја состојбата со нивото на јавниот долг, како критична, Мета упати повик до Собранието и до странските и домашните финансиски институции „што поскоро да направат вистинска и транспарентна проценка на јавниот долг, вклучувајќи ги сите тековни и очекувани обврски на Република Албанија”. Повикувајќи се на последниот извештај на Светска банка тој рече дека во 2023 година Албанија ќе биде земја со најнизок економски раст во споредба со земјите од регионот. -Така, Албанија продолжува да биде најмалку конкурентна земја во регионот. Прашање, кое со право се наметнува во овој случај, е како е можно додека се зема долг по долг, тоа да не носи никаков позитивен ефект за економскиот раст и развој на државата, напротив, проекциите на престижни меѓународни институции зборуваат за влошување на економските и социјалните показатели, констатира Мета.

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-predupredi-deka-nadvoreshniot-dolg-na-albanija-ke-nadmine-107-otsto-od-bdp/feed/ 0
Мета: За тензиите во Косово одговорен е Белград, но и премиерот Рама https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-za-tenziite-vo-kosovo-odgovoren-e-belgrad-no-i-premierot-rama/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-za-tenziite-vo-kosovo-odgovoren-e-belgrad-no-i-premierot-rama/#respond Tue, 27 Dec 2022 10:51:05 +0000 https://kurir.mk/?p=781108

Лидерот на Партијата на слободата Илир Мета, кој до 24 јули беше претседател на Албанија, коментирајќи ги случувањата на северот на Косово, рече дека главната одговорност е на Белград. – Единствена закана за граѓаните на северно Косово се бандите кои таму вршат одредени активности. Одговорноста е на Белград кој ги одржува во живот и ги активира секогаш кога сака да создаде вештачки ситуации, оценува Мета. Наведе дека за политиката на провокации на Србија е одговорен и албанскиот премиер Еди Рама, кој според него „ги поддржал обидите на Белград и овозможувајќи и доминација на Србија во регионот”. -Орелот е извонреден симбол кој треба да не инспирира за одржливост, како народ и нација. Исто така и за волјата да се издигнеме до нови височини и да излеземе од калта на поделбите каде што другите не ставија. Ако Белград продолжи со политиката на постојана провокација, одговорен е и премиерот на Албанија, Еди Рама, кој го придружуваше Вучиќ во иницијативите за доминација на Србија во регионот, додава Мета. Според него, честопати, нејаснотиите на официјална Тирана за некои прашања, не биле во интерес на зајакнувањето на позицијата на Косово, ставајќи го под непотребен притисок да се вклучи во Отворен Балкан. – Има и други случаи со кои и се помагаше на Србија да изгледа како конструктивна земја, а да се направи Косово да изгледа како да е против разговорите. Србија ги искористи овие години за да добие што повеќе пари од ЕУ и да излезе од политиката на ЕУ, рече Мета за албанската државна телевизија.

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-za-tenziite-vo-kosovo-odgovoren-e-belgrad-no-i-premierot-rama/feed/ 0
Партијата на Мета повика на масовност на утрешниот протест пред владата во Тирана https://arhiva.kurir.mk/svet/region/partijata-na-meta-povika-na-masovnost-na-utreshniot-protest-pred-vladata-vo-tirana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/partijata-na-meta-povika-na-masovnost-na-utreshniot-protest-pred-vladata-vo-tirana/#respond Mon, 05 Dec 2022 19:23:26 +0000 https://kurir.mk/?p=771468

По лидерот на фракцијата на Демократската партија, Сали Бериша, вечерва на масовност на утрешниот протест граѓаните ги повика и Партијата на слободата, на поранешниот претседател на  Албанија, Илир Мета. Генералниот секретар на партијата, Теди Блуши, ги повика граѓаните да се приклучат на утрешниот протест на опозицијата кој се одржува под мотото „Придружи се и ти-за Албанија како цела Европа”. Блуши на социјалните мрежи напиша дека протестот е против „разбојничкиот и шизофрен режим, кој без прекин краде од секое албанско семејство и ја поттикнува депопулацијата на земјата”. – Сите заедно за Албанија како цела Европа, против разбојничкиот и шизофрен режим, кој непрекинато краде од секое албанско семејство и ја поттикнува депопулацијата на државата од млади луѓе. Утре, во 12:00 часот, придружете ни се за европска Албанија која им припаѓа на младите“, напиша Блуши. Пред Блуши апел за масовност упати Бериша. -Секој Албанец кој ја сака оваа земја, кој ја сака слободата, човечкото достоинство, својата и иднината на своите деца во слобода и кој верува дека условот на сите услови е слободен глас, придружете ни се утре на плоштадот да му посведочиме на европското лидерство дека сме во битка со жестокиот непријател на албанскиот глас Еди Рама, рече меѓу другото Бериша. Според нивната најава протестот треба да биде од 12 до 16 часот пред владата, на булеварот „Народни херои” кој е вклучен во периметарот за забрана за движење. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/partijata-na-meta-povika-na-masovnost-na-utreshniot-protest-pred-vladata-vo-tirana/feed/ 0
Мета: Владата мора да се жртвува, треба помалку да краде https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-vladata-mora-da-se-zrtvuva-treba-pomalku-da-krade/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-vladata-mora-da-se-zrtvuva-treba-pomalku-da-krade/#respond Fri, 07 Oct 2022 14:12:08 +0000 https://kurir.mk/?p=742541

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, ја обвини владата за корупција и му порача на премиерот Еди Рама „жртвата што треба да ја направи е помалку да краде”. Обраќајќи се на состанокот на Организацискиот одбор на партијата тој обвини за корупција во енергетиката каде се злоупотребени над две милијарди евра. Тој иронично рекол дека владата мора да се жртвува, а тоа е „помалку да краде”.  Но, според него, тоа е невозможно, бидејќи Рама не знае да не краде, зашто тој е премиер „кој сака се повеќе да краде”. – Жртвата што мора да ја направи владата е да краде помалку. Па, Рама не може да го направи тоа. Рама тоа не може да го направи зашто е премиер кој се повеќе сака да краде. Во енергетиката злоупотребата е две милијарди евра, а вкупната корупција е над 12 милијарди евра, обвини Мета. Според него, една од најголемите коруптивни афери е пристаништето Драч, кое Рама договорил да го кради фирма од Обединетите Арапски Емирати. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-vladata-mora-da-se-zrtvuva-treba-pomalku-da-krade/feed/ 0
Мета бара оставка од Рама по кибернападите и објавените доверливи податоци https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-bara-ostavka-od-rama-po-kibernapadite-i-objavenite-doverlivi-podatoci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-bara-ostavka-od-rama-po-kibernapadite-i-objavenite-doverlivi-podatoci/#respond Tue, 20 Sep 2022 15:48:38 +0000 https://kurir.mk/?p=735308

Претседателот на Партијата на слободата и доскорешен шеф на албанската држава Илир Мета актуелната ситуација во земјата ја оцени како „сериозна“ откако хакерите објавија податоци и информации кои можат да и наштетат на националната безбедност и за главен виновник го смета премиерот Еди Рама, од кого побара оставка. – Цела држава ја соголија. Се е разоткриено на срамен начин. Тоа е многу сериозен момент. Само оставката на Еди Рама може да ја врати довербата на граѓаните во институциите. Тој беше гарант по првиот кибернапад, но излезе дека ги имаат сите податоци за секој поединец. Само неговата оставка може да ја врати довербата во државата и институциите, националната безбедност и јавната безбедност. Рама е лажго и измамник, изјави Мета. Тој додаде дека на вакво нешто предупредувал на седница на Националниот совет за безбедност што го свикал како шеф на државата и побара Обвинителството веднаш да почне истрага. – Што се однесува до нарушувањето на националната безбедност, нема ниту дете кое не разбира колку сериозно е нарушена националната безбедност… Но, секако неодговорна личност (Рама) која Албанија ја претвори во градски ан без порти и ја преплави Албанија со банани (се однесува на откриени и неоткриени количини со кокаин во контејнери со банани) и кули со кои се перат милијарди евра, се разбира дека националната безбедност е последната работа. Да поседуваше чувство на одговорност, Албанија немаше да биде во оваа ситуација, обвини Мета. На новинарско прашање дали ќе продолжи со протести тој одговори дека „пролетта на протести започна“. – Пролетта на протести започна. Ја разбирам нетрпеливоста и интересот, љубопитноста и револтот. Нашиот предизвик е да менаџираме со оваа нетрпеливост со цел таа нетрпеливост да се претвори во вистинска сила, и така ќе се случи, рече Мета, кому петгодишниот мандат како претседател на државата му заврши на 24 јули. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-bara-ostavka-od-rama-po-kibernapadite-i-objavenite-doverlivi-podatoci/feed/ 0
Илир Мета и неговата сопруга добија пријава за корупција и прикривање приходи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ilir-meta-i-negovata-sopruga-dobija-prijava-za-korupcija-i-prikrivanje-prihodi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ilir-meta-i-negovata-sopruga-dobija-prijava-za-korupcija-i-prikrivanje-prihodi/#respond Thu, 15 Sep 2022 13:20:03 +0000 https://kurir.mk/?p=733266

Уште една пријава доставена до Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција (СПАК) против поранешниот претседател Илир Мета и неговата сопруга Моника Круемади. Пријавата ја поднесе адвокатот Идајет Беќири, кој бара истрага против Мета за „прикривање приходи“ и „активна корупција на високи државни функционери или локални избраници“. Беќири вели дека како адвокат, но и како лидер на Партијата за национално единство, дал податоци кои отвораат „основани сомневања дека Илир Мета и Моника Круемади ги извршиле кривичните дела наведени во извештајот подготвен од него“ во кој има фактите и документите што ги поседува за Мета и Круемади. Тој тврди дека Мета, Круемади и нивните деца извршиле естетски третмани во приватна клиника во Сан Марино, а за тоа платиле 287.650 евра преку анонимна сметка од офшор банка на Кипар. Трансферот на парите бил извршен на 4 јуни 2018 година, но не е пријавен во нивните годишни извештаи, што значи дека тие плаќале со пари профитирани од коруптивни афери, кои незаконски ги внесувале во банката, посочува адвокатот. Во месец јуни,  Мета заедно со Кримади првпат беа пријавени во СПАК од поранешниот пратеник Халит Валтери под сомнение дека поранешниот шеф на државата перел пари, вршел корупција и ја злоупотребил функцијата. СПАК против Мета веќе води истрага за нелегално лобирање од 700.000 евра, во време кога беше претседател на Парламентот и лидер на Движењето за социјалистичка интеграција, за да обезбеди фотографирање на инаугурацијата на Доналд Трамп за претседател на САД. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ilir-meta-i-negovata-sopruga-dobija-prijava-za-korupcija-i-prikrivanje-prihodi/feed/ 0
Протест во Тирана организиран од Илир Мета https://arhiva.kurir.mk/svet/region/protest-vo-tirana-organiziran-od-ilir-meta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/protest-vo-tirana-organiziran-od-ilir-meta/#respond Tue, 13 Sep 2022 19:31:18 +0000 https://kurir.mk/?p=732417

Под мотото „Протестирај“  вечерва во Тирана беше одржан протест организиран од лидерот на Партијата на слободата, Илир Мета, што е прва ваква негова активност по завршувањето на мандатот како шеф на државата на 24 јули, јави дописничката на МИА од Тирана.  Во својот говор Мета рече дека поминале 559 дена од официјалното доставување пријава за „криминалната афера со инценераторите, но Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК останува и понатаму слепо“.  – Поминаа 559 дена од официјалната осуда на оваа криминална афера, а правдата и понатаму е слепа. Овде сите сме сведоци дека нема горење на отпад, што докажува дека сето тоа е измама. Овде сме да го впериме прстот кон ова место на криминал за да може правдата на СПАК да го тргне од очи шалот што му го ставија и да ги изведе преродбениците пред лицето на правдата, рече меѓу другото Мета, на протестот одржан пред инценераторот во Тирана.  Тој порача дека е „доста со режимско правосудство“.   – За шест години со Албанија состојбата во однос на борбата против корупцијата е влошена за 26 места. Рамаформа (иронија за реформите на владата на Рама) е правда фатена за гуша и диригирана правда која ги апси само сиромашните и добива директиви од конгресот на сината партија, замижувајќи на оваа афера со мафијата на чело со Рама. Рама оди си е надминато, Рама скрши ја главата, порача Мета.   Тој исто така обвини дека е „кристално јасно дека има совршена координација меѓу социјалистите и СПАК за да се купат локалните избори и да казнат некој дебил од втора рака за да кажат дека новата правда продолжува“.    Како и претходно и вечерва тој повика на протести.   -Треба да се протестира секој ден, секоја минута за да се врати демократијата во земјата. Духот на протестот е тој што ќе ја воспостави демократијата, волјата на народот и ќе гарантира дека системот на одговорност ќе функционира во следните 200 години,  нагласи тој.   Освен приврзаници и членови на партијата,  присуствуваа и претставници на Демократската партија, но не и Сали Бериша, а се обратија и актери, режисери, кои го обвинија премиерот Рама за уривањето на објектот на Националниот театар и му порачаа да замине што побрзо.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/protest-vo-tirana-organiziran-od-ilir-meta/feed/ 0