иловица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 04 Oct 2023 09:00:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png иловица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 И Бучим сакаше да биде дел од проектот Иловица-Штука https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/i-buchim-sakashe-da-bide-del-od-proektot-ilovitsa-shtuka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/i-buchim-sakashe-da-bide-del-od-proektot-ilovitsa-shtuka/#respond Wed, 04 Oct 2023 09:00:13 +0000 https://kurir.mk/?p=884969

Истражувачката мрежа Белингкет, финансирана од ЕУ, уште пред неколку години предупреди дека во Македонија во последниот период не случајно се одземаат или пак не се доделуваат концесии во рударството на западни компании. И последните случувања со концесиите околу рудникот Иловица-Штука и компанијата „Еуромакс рисорсис“ се поврзуваат со ваквиот заклучок и наводното влијание на руската компанија „Солвеј“, која во Македонија стопанисува со рудникот „Бучим“. Интерес за проектот нов рудник за бакар и злато во Иловица-Штука „Еуромакс рисорсис“ пројави уште во 2007 година. „Солвеј инвестмент груп“, преку компанијата „Бучим“ во Радовиш, во 2019-та година испратиле понуда до компанијата „Еуромакс рисорсис“, зад која стои канадскиот рударски гигант „Трафигура“, да се вклучат во проектот. Тогаш „Солвеј“ јавно соопшти дека нивната понуда е „единствената остварлива краткорочна можност да се добие проектот Иловица-Штука одобрен од Владата на Македонија и да биде поддржан од локалната заедница и еколошките групи“. Тие ветија „изводливо решавање на еколошките и социјалните прашања со кои се соочи проектот“ преку обработка на јаловината од Иловица во Бучим. Еден од менаџерите на „Солвеј“, Ден Бронстеин, син на Александар Бронстеин, тогаш вети „нова македонска успешна рударска приказна“. Понудата брзо била одбиена, а засега инвестицијата во рудникот за бакар Иловица-Штука на канадската компанија „Трафигура“ и натаму се соочува со административни предизвици и протести на еколошките здруженија. Од „Бучим“, најпрво ни се заблагодарија што се обративме до компанијата затоа што досега на оваа тема никој не ги контактирал. Од ДПТУ Бучим ДООЕЛ Радовиш ни потвдија дека ваква понуда навистина имало. „Нашата матична компанија ‘Солвеј инвестмент груп’ пред неколку години изрази интерес за проектот Иловица Штука и тогаш се обрати со јавна понуда која остана неодговоренa. Денес валидноста на оваа понуда не е актуелна“, ни одговорија кратко од „Бучим“. За ваквата понуда пред четири години зборуваше и првиот човек на Македонската асоцијација за рударство, Николајчо Николов, кој пак воедно беше и заменик генерален директор токму во Бучим и колега на Дмитриј Кудрјаков. „Има начин како од таму да се извади рудата и централизирано да се преработува во ‘Бучим’. Треба да има еден сопственик на рудниците и да се окрупни рударството. Не е битно дали сопственикот на Бучим ќе им го продаде или ќе ја купи Иловица. Со тоа се создава можност да се направи преработувачки капацитет за 30.000 тони бакар, а во Неготино има два комбината за преработка на бакарна жица, а во Радовиш капацитет за преработка на злато кој не работи“, изјавуваше тогаш Николов. За разлика од нив, „Еуромакс рисорсис“ беа доста пообемни во нивниот одговор квалификувајќи ја понудата од руската компанија како непријателска. Тие потсетија дека во март 2019 година на берзата во Торонто беше објавено дека е договорена трансакција за издавање на дополнителни акции на подружницата на „Трафигура групација“, и со реализација на оваа трансакција „Трафигура“ би се стекнала со индиректна контрола врз работењето на „Еуромакс рисорсис“. „Меѓутоа во период од објавата до финалната реализација на трансакцијата, постојните акционери, вклучувајќи ја и ‘Трафигура групацијата’, добија непријателска понуда од ‘Солвеј групацијата’, сопственикот на рудникот ‘Бучим’, за отфлање на веќе договорената трансакција за издавање на дополнителни акции на подружницата на ‘Трафигура групацијата’, нудејќи притоа заедничко вложување каде што постојните акционери би имале 25% од вредноста на проектот Иловица-Штука, додека ‘Солвеј групацијата’ би имала 75% од проектот Иловица-Штука. Во врска со оваа понуда, заседаваше бордот на директори и ја одби истата земајќи го предвид фактот дека веќе е договорена трансакција со ‘Трафигура групацијата’, како и тоа дека со поддршка на ‘Трафигура’, со оглед нејзиниот глобално препознаен имиџ – со вкупни приходи над 300 милијарди долари остварени низ целиот свет, може да се обезбеди стабилност и извесност при изработката и реализацијата на идниот рударски комплекс согласно најдобрите расположливи светски практики за изградба на еден модерен рудник. Учеството на ‘Трафигура’, заедно со другите инвестициски акционери, дава дополнителна гаранција дека рударскиот комплекс Иловица-Штука може да претставува модел на одговорно и одржливо рударство со максимална заштита на животната средина и билошкиот диверзитет“, ни одговорија од „Еуромакс рисорсис“. Од тогаш до денес неизвесноста околу стартот на овој проект продолжува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/i-buchim-sakashe-da-bide-del-od-proektot-ilovitsa-shtuka/feed/ 0
Рударскиот гигант Групацијата „Трафигура“ клучен фактор за концесиите за Иловица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rudarskiot-gigant-grupatsijata-trafigura-kluchen-faktor-za-kontsesiite-za-ilovitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rudarskiot-gigant-grupatsijata-trafigura-kluchen-faktor-za-kontsesiite-za-ilovitsa/#respond Mon, 31 Jul 2023 08:53:06 +0000 https://kurir.mk/?p=861920

Кога противниците на инвестицијата бараат и тврдат дека актуелната Влада не смее по „ниту една цена“ да дозволи да се изгради рудникот Иловица, несомнено треба да се земе предвид дека таа таканаречена „ниту една цена“ всушност има висина и големина како една финансиска атомска бомба која ќе ја раздрма македонска економија до невидени размери. Сегашните постапки на Владата како колектив или индивидуални постапки на одредени министри за рударските концесии може да ја загрозат иднината на повеќе  идни генерации. Една од водечките светски компании во рударската индустрија Групацијата „Трафигура“ се јавува како покровител на инвестицијата во рудникот Иловица. Меѓудругото оваа Групација се занимава и со трговија со метали и други суровини. Оваа компанија е еден од клучните акционери во „Еуромакс ресоурцес“, која пак во Македонија ги застапува правата кои произлегуваат за рударските концесии во Иловица. „Трафигура“ е мултинационална компанија со регионални центри на повеќе континенти. Главното седиште за Европа е во Женева, Швајцарија, а потоа следуваат и Хјустон, САД, како и Монтевидео за Јужна Америка, но и Мумбаи во Индија. Компанијата, освен со метали, се занимава и со енергенси, а е основана во 1993 година. Набрзо прераснува во компанија која има клучни сопственички удели во изградбата и активностите на голем број рудници, топилници, нафтоводи, пристаништа и терминали за складирање во светот. Паралелно „Трафигура“ се наметнува и како најголемиот приватен трговец со метали во светот и втор по големина трговец со нафта, која опстојува во економиите на 36 земји, со отворени преку 65 канцеларии. Во портфолиото на компанијата е истакнато дека тие „најмногу инвестираат во решенија кои придонесуваат за производство на зелена енергија, која пак е најпотребна за енергетската транзиција со нула емисии на јаглерод“. Оттаму велат дека за постигнување на своите цели, инвестирале во повеќе компании и проекти. Меѓу нив се „Пума енерџи“, која контролира пренос на горива, како и „Импала терминали“, која се занимава со складирање на стоки и логистика. Третата покрупна инвестиција е во „Nyrstar“, меѓународен производител на метали и минерали неопходни за постигнување на енергетската транзиција. Покрај тоа, „Трафигура“ е мнозински сопственик на TFG Marine, како и во H2 Energy. „Galena Asset Management“ од друга страна е целосно во сопственост на „Трафигура“ и претставува нејзина инвестициска подружница. Од компанијата „Еуромакс ресоурсес“ неодамна соопштија дека правните можности за покренување меѓународната арбитража против државата произлегуваат од билатералната спогодба за заштита на инвестиции меѓу Македонија и Швајцарија, потпишана уште во 1996-тата година. Тие постојано потенцираат дека нивен мнозински акционер е Групацијата „Трафигура“, која како правно лице подлежи на правото на заштита во согласност со наведената билатерална спогодба. „Спогодбата предвидува дека инвеститорот може да поднесе барање за решавање на спорот до Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови (ICSID) или Ад-Хок Судот воспоставен во согласност со арбитражните правила на Комисијата за меѓународно трговско право на Обединетите Нации (UNCITRAL)“, соопштија од „Еуромакс ресоурцес“. „Еуромакс Ресоурцис“ истакнаа дека ги информирале своите акционери за неодамнешното поништување на претходната Одлука за одобрување за спојување на концесиите од страна на Владата. „Ваквата нова Владина одлука не содржи и не е базирана врз правни аргументи за спротивно одлучување од одлуката со која беше потврдено спојувањето. Компанијата ќе побара од Владата повторно да ја разгледа одлуката за спојување на концесиите со оглед на големата важност за развој на регионот и државата во целина. Земајќи ги предвид актуелните политички околности со кои е прекриена изненадувачката спротивна одлука на првично донесената од Владата, Компанијата со посебно внимание ги проценува следните чекори и ќе ги преземе сите неопходни активности со цел заштита и обезбедување на правата за сите акционери“ Оттаму додадоа дека сите инволвирани страни, што може да се протолкува дека ваквата формулација се однесува и за дејствија на поединечни министри, може да бидат предмет на директни правни дејствија доколку во легална процедура се покаже дека новата одлука е во спротивност со позитивните законски прописи на Република Северна Македонија, или е политички мотивиранa. Според проценките, евентуалната меѓународна арбитража може да ја чини државата најмалку една милијарда евра, не вклучувајќи ги затезните камати од спорот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rudarskiot-gigant-grupatsijata-trafigura-kluchen-faktor-za-kontsesiite-za-ilovitsa/feed/ 0
Митева: СДС и ДУИ водат лицемерна политика, спојувањето на концесиите за Иловица беше резултат на бизнис прилика на власта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-sds-i-dui-vodat-litsemerna-politika-spojuvaneto-na-kontsesiite-za-ilovitsa-beshe-rezultat-na-biznis-prilika-na-vlasta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-sds-i-dui-vodat-litsemerna-politika-spojuvaneto-na-kontsesiite-za-ilovitsa-beshe-rezultat-na-biznis-prilika-na-vlasta/#respond Sun, 30 Jul 2023 11:07:26 +0000 https://kurir.mk/?p=861678

Додека власта прави пиши - бриши политика на јавноста и соопштуваат лажни информации како тие биле против отворање на рудникот Иловица. СДС и ДУИ ако беа против отворање на рудникот во Иловица немаше да одлучуваат на седница на влада за спојување на концесиите. Она што го гледаме сега е обид за тргање на одговорноста која исклучиво тие ја имаат. Но јавноста повторно виде дека СДС и ДУИ биле лицемерни кога воделе кампањи сите овие години, бидејќи во првиот момент кога видоа бизнис прилика за лица блиски до владејачките партии заборавија на сите ветувања, обвинува Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение следува интегрален текст од нејзината прес-конференција Власта треба да даде одговор на сите сериозни и сомнителни прашања кои што се поврзуваат со ДУИ и СДС и луѓе блиски до нив кои се дел од сопственичката структура. Владата од една страна носеше одлука за спојување на концесиите, па од друга страна владини претставници протестираа против истата таа одлука и велеа дека биле доведени во заблуда, за само неколку дена подоцна да направат чекор наназад и да ја поништат одлуката за спојување на концесиите. Ваквите потези почитувани се доказ дека договорената работа на власта за рудникот Иловица не им одеше според планираното, па затоа следеа панични изјави и непромислени одлуки. Фактите го говорат следново: одлуката за доделување на концесија е донесена во 2017-тата година од владата на СДС и ДУИ, истата е поништена во 2019-тата година, за потоа кога Дестани кој што важи за близок до ДУИ влегува во сопственичката структура на „Еуромакс Ресурсис“ и само 15 дена подоцна, институциите носат одлука со која се поништува одлуката за едностраниот раскин на концесијата. Ова е суштината на случајот Иловица и ова се прашањата на кои СДС и ДУИ треба да дадат одговор на јавноста. Прво, дали целта на власта е рудникот да се изгради и дозволиле тоа да го работи фирма која што нема никакво искуство за ископ на бакар и злато, или пак второ, целта е Македонија да се најде на арбитража, фирмата да ги земе парите од арбитража по добивање на случајот и потоа тие пари да завршат кај оние кои што им ја завршиле услугата, а тоа е власта во моментов. СДС и ДУИ водат лицемерна и неискрена политика штетна за граѓаните на Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-sds-i-dui-vodat-litsemerna-politika-spojuvaneto-na-kontsesiite-za-ilovitsa-beshe-rezultat-na-biznis-prilika-na-vlasta/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги лаже граѓаните за рудникот Иловица, откако влезе Дестани во бизнисот оваа влада го оживеа проектот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sds-gi-lazhe-graganite-za-rudnikot-ilovitsa-otkako-vleze-destani-vo-biznisot-ovaa-vlada-go-ozhivea-proektot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sds-gi-lazhe-graganite-za-rudnikot-ilovitsa-otkako-vleze-destani-vo-biznisot-ovaa-vlada-go-ozhivea-proektot/#respond Sun, 30 Jul 2023 07:28:13 +0000 https://kurir.mk/?p=861599

СДС води лицемерна и неискрена политика. Ги лажеше граѓаните во струмичкиот регион дека нема да дозволи изградба на рудник во Иловица, но кога Дестани влезе во „Еуромакс ресурсис“ го променија ставот. Велеа дека не знаеле и дека некој ги измамил на владина седница, за после да се открие дека не само што знаеле еден ден однапред, дека ги имале сите материјали, туку и дека дебатирале на таа тема. Истите тие откако донесоа одлука со која отворија врата за рудник во Иловица, после тоа без грам срам излегоа да протестираат со граѓаните, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа политичка шизофренија на СДС ја навредува интелигенцијата на граѓаните. Во моментот кога Дестани, кој важи за бизнисмен близок на ДУИ, влезе во бизнисот со рудници, владата на СДС ја оживеа идејата за рудник во Иловица. СДС им должи на граѓаните одговор, дали со овој потег го спасуваат владиното мнозинство? Дали со овој потег покорно ги исполнуваат бизнис насоките на доминантниот партнер во владата, ДУИ? Зошто досега не се одзема едната концесија за експлоатација на „Еуромакс“, која е спорна?“ - велат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sds-gi-lazhe-graganite-za-rudnikot-ilovitsa-otkako-vleze-destani-vo-biznisot-ovaa-vlada-go-ozhivea-proektot/feed/ 0
Шукова: Не знаеме дали за „Иловица-Штука“ ќе има арбитража, тоа е само претпоставка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shukova-ne-znaeme-dali-za-ilovitsa-shtuka-ke-ima-arbitrazha-toa-e-samo-pretpostavka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shukova-ne-znaeme-dali-za-ilovitsa-shtuka-ke-ima-arbitrazha-toa-e-samo-pretpostavka/#respond Fri, 28 Jul 2023 16:02:48 +0000 https://kurir.mk/?p=861248

Не е невообичаено било кој министер да побара некоја одлука Владата повторно да ја разгледува, како што тоа беше случајот со одлуката за спојување на концесиите за рудникот за злато и бакар Иловица-Штукa, рече денеска министерката за животна средина, Каја Шукова. Таа посочи дека во моментов не се знае со сигурност дали за случајот ќе се отвори арбитражна постапка и дека тоа сега е само претпоставка. Министерката информира дека Владата ги следи настаните и работи според законите и верува дека доколку инвеститорот отвори таква постапка, исходот нема да биде на товар на граѓаните. „На последната седница на Владата министерот за економија Крешник Бектеши детално ја образложи целата постапка поврзана со рудниците во изминатите речиси две децении, а Владата одлучи да ја поништи одлуката за спојување на концесиите на Еуромакс ресосрис. Како ќе продолжи понатаму постапката зависи од министерството за економија“, рече Шукова. Владата пред два дена ја поништи одлуката за спојувањето на двете концесии за рудникот за злато и бакар „Иловица-Штука“, а тогаш министерот за економија, Бектеши рече дека тоа е враќање назад во состојбата кога немаше никаква одлука за барањето на „Еуромакс ресорсис“. Тој нагласи дека повеќе државни и локални институции со години наназад носат позитивни мислења за потенцијалната инвестиција иако, како што рече, ако донесат еден акт дека отворањето рудник е спротивно на стандардите за заштита на животната средина и потенцијална опасност за водата, почвата и шумите, како што се зборува, тогаш неговото министерство ќе има основа веднаш да ги раскине концесиите. Претходно, во јуни Владата донесе одлука да се спојат двете концесии на „Еуромакс ресурсис“, што предизвика револт кај граѓаните, а еколошките здруженија од регионот организираа протест во Струмица. Тие вчера ја поздравија одлуката на Владата да не се дозволи спојување на концесиите и побараа тие дефинитивно да бидат укинати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shukova-ne-znaeme-dali-za-ilovitsa-shtuka-ke-ima-arbitrazha-toa-e-samo-pretpostavka/feed/ 0
Владата треба да расправа за концесиите на рудникот Иловица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-treba-da-rasprava-za-kontsesiite-na-rudnikot-ilovitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-treba-da-rasprava-za-kontsesiite-na-rudnikot-ilovitsa/#respond Tue, 25 Jul 2023 05:27:58 +0000 https://kurir.mk/?p=859633

Владата денеска на седница се очекува да расправа за концесијата за рудниците Иловица-Штука, а министерот за економија Крешник Бектеши да реферира за сите правни постапки што се преземени за овие рудници почнувајќи од 2012 година. Од владината прес-служба во 14 часот најавија и прес-конференција на министерот Бектеши без дополнителни детали. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера потврди дека Владата ќе расправа за концесијата и повтори дека ќе се почитува одлуката на граѓаните доколку се изјаснат против отворањето на вакви капацитети во овој регион. - Откако ќе ги слушнеме сите моменти, ќе се знае кој е следниот чекор. Како Влада рековме дека ако граѓаните кажат дека не сакаат да имаат рудник, ние ќе постапиме така. Мислам дека таму еднаш имало изјаснување на граѓаните само во Босилово, подготвени сме да помогнеме сите граѓани од целиот тој регион да се изјаснат на референдум дали сакаат или не сакаат да има рудник, изјави вчера Битиќи. Жителите и невладините организации од струмичкиот регион на 15- месецов протестираа против отворањето на рудникот и спојувањето на концесијата, а на протестот учествуваа и министерките за труд и социјална политика и за животна средина и просторно планирање Јованка Тренчевска и Каја Шукова. Од Министерството за економија (МЕ), минатата недела на брифинг со медиумите наведоа дека остануваат на ставот дека административно треба да се спојат двете концесии на Еуромакс Ресоурсис за рудникот Иловица. Тоа, посочија, им следува согласно членот 61 од Законот за минерални суровини, бидејќи концесионерот ги има двете концесии од кои првата се содржи во втората, односно е целосно опфатена во втората. Според МЕ, и да се ревидира одлуката на Владата за спојување на концесиите, повторно компанијата ќе ги има двете концесии и ќе може да се повика на записникот што го има направило Министерството за економија на 5 февруари 2016 година кога излегле на терен и констатирале дека може да продолжи постапката за спојување на концесиите по претходно поднесеното барање на компанијата. За тоа ќе можат да поднесат тужба до Управниот суд кој веќе одлучи да им се врати концесијата што претходно им ја одзеде Министерството за економија. Министерството во три наврати поднело предлог до Владата да се спојат концесиите. Во 2018 година предлогот бил одбиен заради изборите, во 2019 година не добиле ни позитивно, ни негативно мислење. Последниот предлог заедно со комплетната документација и сите претходни позитивни мислења за концесиите од надлежните институции бил доставен на 26 јуни годинава, а на 27 јуни Владата на седница дала позитивно мислење. Од Министерството сметаат дека давањето позитивно мислење за спојување на концесиите ќе спречи компанијата да поведе арбитражна постапка против државата и оти ќе овозможи најрано за четири години Еуромакс Ресорурсис да може да добие дозвола за експлоатација, бидејќи повторно ќе треба да ја почне постапката за нејзино добивање и ќе треба да поднесе нов елаборат за заштита на животната средина што ќе треба да го одобри Министерството за животна средина и просторно планирање и за кој е предвидена јавна расправа со локалното население. Покрај тоа, со спојувањето на концесиите двете ќе важат до 2042 година, а важноста на првата концесија е до 2046 година. Во 2019 година Министерството за економија го одби барањето на Еуромакс Ресоурсис за издавање на дозвола за експлоатација на минерални суровини во Иловица заради некомплетна документација и на 16 декември 2019 година донесе решение за раскинување на првата концесија. Компанијата се жалела на Управен суд кој донел решение за враќање на концесијата на кое Министерството за економија нема право на жалба. Барањето за првата концесија за детални геолошки истражувања е поднесено на 27 октомври 2005 година, а решението за доделување е донесено во 2006 година. Барањето за втората концесија за експлоатација на минерални суровини е поднесено во 2011 година, а одлуката за екосплоатација на бакар и злато е донесена во 2015 година. Владата требаше да расправа за спојувањето на концесиите уште минатата недела, но тоа не се случи поради тоа што министерот за економија беше на службено патување надвор од државата. Расправата ја најави министерката Тренчевска уште при нејзиното учество на протестот на граѓаните против отворањето на рудникот. Според Тренчевска, одлуката за спојување на концесиите за рудникот била донесена како дополнителна точка и во такви случаи „се потпираат на образложението што го дава ресорниот министер“. -Рудник нема да има, затоа што ставот на министрите од Социјалдемократскиот сојуз е ист со ставот на граѓаните од општините во струмичкиот регион, Ново Село, Босилово и Василево. Гласањето за таа точка на самата седница беше ставено дополнително, и вообичаено кога имаме дополнителни точки образложението што го дава министерот надлежен за одреден ресор е образложение на коешто ние се потпираме и затоа ја гласавме точката, изјави Тренчевска. За спојувањето на концесиите во изминатиот период реагираа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од каде обвинија дека на сметка на колективниот интерес на граѓаните во тој регион „се брани интересот на приватниот инвеститор кој е близок до оваа влада и до ДУИ“. -Бектеши ја брани одлуката за спојување на рудници, а пoловина Влада вели дека била излажана. Имаа владина седница пред некој ден ни „а“ ни „б“ поврзано со концесијата и секој ден ги гледаме лажат ли лажат. Тука се е јасно, односно дека Владата брани приватен интерес на компанија која е блиска до ДУИ и оди против интересот на граѓаните од тој крај, изјави минатата недела претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-treba-da-rasprava-za-kontsesiite-na-rudnikot-ilovitsa/feed/ 0
Владата утре ќе расправа за Иловица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-utre-ke-rasprava-za-ilovitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-utre-ke-rasprava-za-ilovitsa/#respond Mon, 24 Jul 2023 11:33:44 +0000 https://kurir.mk/?p=859453

Владата утре на седница се очекува да расправа за концесијата за рудниците Иловица-Штука. Се очекува министерот за економија Крешник Бектеши да реферира за сите правни постапки што се преземени за овие рудници почнувајќи од 2012 година. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и денеска повтори дека ќе се почитува одлуката на граѓаните, односно дека доколку се изјаснат против отворањето на рудници во овој регион, тоа ќе биде испочитувано. - Утре имаме седница на Влада на која министерот за економија е задолжен да реферира за судски и други правни постапки што се преземени за Иловица почнувајќи од 2012 година до денес. Откако ќе ги слушнеме сите моменти, ќе се знае кој е следниот чекор. Како Влада рековме дека ако граѓаните кажат дека не сакаат да имаат рудник, ние ќе постапиме така. Мислам дека таму еднаш имало изјаснување на граѓаните само во Босилово, подготвени сме да помогнеме сите граѓани од целиот тој регион да се изјаснат на референрдум дали сакаат или не сакаат да има рудник, рече Битиќи по посетата на компанијата „Сивус“. Одговарајќи на новинарско прашање дали доколку граѓаните се изјаснат против, Владата е подготвена да му плаќа пенали на инвеститорот, вицепремиерот рече дека не се знаат сите правни моменти затоа што се уште не се знае каков ќе биде точно исходот. На 15 овој месец граѓаните од струмичкиот регион одржаа протест против отворањето на рудникот Иловица-Штука. Во однос на Законот за солидарен данок за кој имаше реакции од стопанските комори кои најавија и оспорување пред Уставниот суд, вицепремиерот рече дека законот е во собраниска процедура и дека доколку Уставниот суд донесе одлука против законот, Владата тоа ќе го почитува. - Законот е во собраниска процедура и Владата е немоќна кога законот е веќе во собраниска процедура. Останува на Собранието да го донесе законот како највисок законодавен орган. Секое оспорување на закон е демократско право. Ако се оспори пред Уставниот суд и тој има одлука за тоа, тогаш Владата секако дека ќе ја почитува таа одлука, рече Битиќи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-utre-ke-rasprava-za-ilovitsa/feed/ 0
Николоски: Отворањето на Иловица е договор меѓу СДС и ДУИ, не очекуваа силна реакција од населението и сега се вадат, ако не сакаат да има рудник нека ја одземат концесијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-otvoraneto-na-ilovitsa-e-dogovor-megu-sds-i-dui-ne-ochekuvaa-silna-reaktsija-od-naselenieto-i-sega-se-vadat-ako-ne-sakaat-da-ima-rudnik-neka-ja-odzemat-kontsesijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-otvoraneto-na-ilovitsa-e-dogovor-megu-sds-i-dui-ne-ochekuvaa-silna-reaktsija-od-naselenieto-i-sega-se-vadat-ako-ne-sakaat-da-ima-rudnik-neka-ja-odzemat-kontsesijata/#respond Wed, 19 Jul 2023 13:02:27 +0000 https://kurir.mk/?p=858143

Отворањето на рудникот Иловица е коалициски договор помеѓу СДС и ДУИ. Тоа што не го очекуваа е реакцијата на народот и толку голем протест како тој во саботата во Струмица. Сега не знаат како да ја менаџираат ситуацијата бидејќи се соочени со огромен револт на населението во струмичко и сега се обидуваат да се извадат од ситуацијата. Нити министрите не биле информирани, нити точката била случајно ставена на дневен ред, нити некој не знаел. Ова си е договорена работа од претходно, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во интервју за МТВ. Николоски истакна дека да не беше така ќе кажеа дека не знаеле пред да се случи протестот во сабатата, а не откако се случи. - Уште еднаш ја изманипулираа јавноста дека во вторник на седница на влада најавуваа и дека ќе се одземе концесијата, а не само разговара. Сега велат ќе одложат за една недела и ќе разговарале, што оди во насока на купување на време, но нека не се лажат населението во струмичкиот крај е будно и ќе има жестока реакција на секој чекор кој ќе биде во насока на отворање на рудник, рече тој. Николоски потенцира дека суштината на проблемот не е само издавање на концесијата, туку кој стои позади неа. - Позади таа концесија стои еден од најголемите бугарски олигарси кои влезе договорно помеѓу тогашните влади на Борисов и Заев, кој се занимава со рударство и стои семејството Дестани преку фирмата Еколог блиски на ДУИ. Суштината на проблемот е природата на капитал кој влегува кој говори дека нема шанси таму да се почитуваат еколошки стандарди, од причина што овие не влегуваат таму да ја одржуваат животната средина туку да прават пари, нагласи Николоски. Николоски посочи дека ако од СДС имаат став дека не треба да има рудник тогаш на седница на влада нека ја одземат концесијата, не може да имаат став против, а на седница на влада да донесуваат концесија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-otvoraneto-na-ilovitsa-e-dogovor-megu-sds-i-dui-ne-ochekuvaa-silna-reaktsija-od-naselenieto-i-sega-se-vadat-ako-ne-sakaat-da-ima-rudnik-neka-ja-odzemat-kontsesijata/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Владата ги спои концесиите за рудник по наредба на ДУИ, Дестани близок човек до владејачката ДУИ е човекот кој ќе копа бакар и злато во Иловица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vladata-gi-spoi-kontsesiite-za-rudnik-po-naredba-na-dui-destani-blizok-chovek-do-vladejachkata-dui-e-chovekot-koj-ke-kopa-bakar-i-zlato-vo-ilovitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vladata-gi-spoi-kontsesiite-za-rudnik-po-naredba-na-dui-destani-blizok-chovek-do-vladejachkata-dui-e-chovekot-koj-ke-kopa-bakar-i-zlato-vo-ilovitsa/#respond Sat, 15 Jul 2023 08:10:45 +0000 https://kurir.mk/?p=856884

Димитар Ковачевски на владина седница по наредба на ДУИ, а на штета на здравјето на граѓаните донел одлука за спојување на двете концесиите за експлоатација на бакар и злато за рудникот Иловица, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Имено, Назиф Дестани кој важи за близок до високи владини функционери од ДУИ, е основач на компанијата „Еколог“, преку својата фирма во Холандија вложил дури три милиони долари во акции од компанијата „Еуромакс рисорсес“, чија цел е всушност отварањето на рудник на бакар и злато во струмичко. Симптоматично е што само 15 дена откако тетовецот Дестани ги купил акциите во „Еуромакс рисорсес“, Вишиот управен суд одлучил да ја уважи жалбата на канадската компанија, која пак како што пишуваат медиумите подолг период се жали пред македонските институции на одлуката на Владата да го раскине договорот за една од концесиите за експлоатација на руда. Димитар Ковачевски е само слуга на ДУИ. Се што ќе побара ДУИ, Ковачевски исполнува. Уште една лага на СДС е разобличена. Владата на СДС дојде на власт со ветување дека глас за СДС е глас за чиста и здрава животна средина, а сега на штета на здравјето на граѓаните носат одлука за спојување на концесиите. До кога Ковачевски само за да опстои на власт ќе прифаќа се што му е наредено од ДУИ? Дали желбата за власт на СДС и ДУИ е поважна од здравјето на граѓаните и чистата животна средина? ДУИ се зелени само декларативно на хартија, но не и кога станува збор за лични интереси и остварување на профити. Впрочем, и лагата на министерката за животна средина Каја Шукова дека ќе присуствува на утрешниот протест е само обид за замајување одд лагите и манипулациите и замачкување на очите на јавноста. Доколку навистина Шукова, Ковачевски и СДС го слушаа мислењето и им беше важно здравјето на граѓаните немаше на владина седница да донесат одлука за отворање на рудникот Иловица. Наместо да собираат политички поени, време е Ковачевски и СДС да го слушнат мислењето на народот на предвремени парламентарни избори, додаваат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vladata-gi-spoi-kontsesiite-za-rudnik-po-naredba-na-dui-destani-blizok-chovek-do-vladejachkata-dui-e-chovekot-koj-ke-kopa-bakar-i-zlato-vo-ilovitsa/feed/ 0
Менаџментот на Иловоца ги потврди наводите на Николоски за поврзаност во сопственоста со фирма од Кајманските острови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/menadzmentot-na-ilovoca-gi-potvrdi-navodite-na-nikoloski-za-povrzanost-vo-sopstvenosta-so-firma-od-kajmanskite-ostrovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/menadzmentot-na-ilovoca-gi-potvrdi-navodite-na-nikoloski-za-povrzanost-vo-sopstvenosta-so-firma-od-kajmanskite-ostrovi/#respond Mon, 04 Jan 2021 15:35:59 +0000 https://kurir.mk/?p=451937

Зошто нема истрага за Галена од Кајмански острови која го купи рудникот Иловица? Ова прашање го постави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Александар Николоски во македонското Собрание.

-Прашање кое сакам да го поставам се однесува на рудникот Иловица. Сакам да кажам дека таму не може да има рудник затоа што треба да се зачува целиот тој регион и јавно сум го кажувал тоа и прецизно сум го кажувал и во текот на изборната кампања и после тоа. Во 2015 година комисијата за заштита на конкуренцијата на 15 април носи решение со кое што известува за концентрација и кажува дека Друштвото Галена рисорсис еквилит лимитид од Кајманските острови ќе се стекне со контрола на Еуромакс рисосрсис која што е носител на коцесијата за Иловица. Галена рисорсис еквилит лимитид е регистрирана со седиште на Мејпл порпр ексервес лимитид на Гранд кајман на Кајмански острови. Тоа за пошироката јавност е оваа зграда. На оваа зграда според информациите на престижниот британски весник Дејли мејл се регистрирани уште 20.000 компании, а зградата како што гледате е прилично мала, истакна Николоски на крајот од минатиот месец. Имајќи предвид дека Галена во овој момент поседува 53,1 процент од Еуромакс рисосрсис, а како нивен претставник во бордот на директори се јавува никој друг туку Иван Вутов син на Цоло Вутов еден од најбогатите луѓе во Бугарија кој што се занима со рударство и кој што нема баш вака домар имиџ во однос на неговите аквизиции и во Бугарија и во останати држави во кои што работел. -Моето прашање е дали односно да бидам попрецизен затоа што не сме виделе ништо во јавноста, зошто надлежните институции кои што се под надлежност на владата, тука пред се мислам на Управата за јавни приходи, Финансиската полиција и Агенцијата за финансиско разузнавање од 15 април 2019 година до денес крајот на годината не го испитале потеклото на капитал на Галена рисорсис имајќи во предвид дека доаѓа од даночен рај од Кајмански острови за кои што поранешниот претседател на САД Барак Обама вели дека се работи или за најголемата куќа во светот што секако дека не е или за најголемата шема за перење на пари? - праша тој. Менаџментот на Иловоца ги потврди наводите на Николоски за поврзаност во сопственоста со фирма од Кајманските острови. Проектната компанија за развој и управување со рударскиот комплекс Иловица – Штука, Еуромакс Ресоурцес Македонија е во 100 процентна сопственост на Еуромакс Ресоурцес Лимитед, мајката компанија која е регистрирана во Ванкувер во Канада и котира на престижната Берза за хартии од вредност во Торонто. За д-р Живко Груевски, одговорен за комуникации и односи со јавноста во Еуромакс Ресоурцес, компанијата има обврска кон своите инвеститори, како и кон акционерите на Берзата во Торонто транспарентно да ги објавува сите информации поврзани со финансиското работење на компанијата, како и нејзините акционери. „Компанијата Еуромакс Ресоурецс Лимитед има диверзифициран меѓународен акционерски капитал што доаѓа од компании од земјите како Канада, САД, Англија, Швајцарија и земји од ЕУ. Сите овие инвеститори го стекнуваат својот удел во компанијата преку финансирање во проектот и очекувањата на сите се дека ова ќе биде проект од светска класа. Односно рудник што ќе биде управуван, организиран и со производство по највисоките стандарди за заштита на животната средина, социјалите аспекти и секако со примена на сите најнови технологии на рударството на 21 век“, изјави д-р Живко Груевски, одговорен за комуникации и односи со јавноста во Еуромакс Ресоурцес. Водечки инвеститор во акционерската структура е групацијата Трафигура, која својот удел го реализира преку својата финансиска институција Галена Асетс Менаџмент од Женева, Швајцарија и нејзината ќерка фирма Галена Рисоурс Еквитис ЛТД, каде како партнер – инвеститор се јавува и Геотецхмин од Бугарија. Индустриската групација Геотецхмин е една од најголемите инвестициски и производствени компании во Бугарија со водечка улога во рударството, градежништвото, енергетскиот сектор и заштита на животната средина. Трафигура е една од најголемите светски компании за трговија, дистрибуција и логистика со енергија, нафтени производи, метали и со минерали. Трафигура мајнинг груп специјализирано се занимава со развивање и управување на рударски комплекси во целиот свет, и во моментов управуваат со над 20 рудници. „Илустрација за големината на Трафигура е дека во 2018 година, според официјалните податоци, остварила приходот над 190 милијарди долари. Други значајни инвеститори се Европската банка за обнова и развој, која е поединечно најголемиот институционален инвеститор во РСМ и американската корпорација Ројал Голд, еден од светските лидери во инвестирање и управување со производство и трговија на скапоцени минерали и метали. Овие акционери, односно инвеститори препознаа вредност во проектот, иднина во овој долгорочен капитален проект во Република Македонија. Тие искажуваат верба во менаџментот на Еуромакс Ресоурцес и веруваат дека, и покрај застоите, нашата држава е земја во која вреди да се инвестира и која може да реализира ваков голем инвестициски проект“, изјави д-р Груевски. Еуромакс Ресоурцес со реализација на проектот Иловица – Штука во првите две години од изградбата ќе вработи околу 1.000 лица, а потоа во периодот на работа на рудникот ќе вработи 500 лица. Преку соработници и снабдувачи ќе се ангажираат дополнителни 2.700 лица. Досега во Проектот се инвестирани повеќе од 50 милиони евра, а за првата фаза на изградба предвидени се околу 340 милиони евра. Инвестицискиот проект се очекува да придонесе за зголемување на бруто домашниот производ за 3% на годишно ниво и да се квалификува во првите ТОП 3 извозни компании од Република Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/menadzmentot-na-ilovoca-gi-potvrdi-navodite-na-nikoloski-za-povrzanost-vo-sopstvenosta-so-firma-od-kajmanskite-ostrovi/feed/ 0