„Иловица-Штука“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Oct 2023 11:30:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Иловица-Штука“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Каква е врската меѓу понудата од Бучим за рудникот Иловица од 2019 со бунтот на еко-aктивистите? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kakva-e-vrskata-megu-ponudata-od-buchim-za-rudnikot-ilovitsa-od-2019-so-buntot-na-eko-aktivistite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kakva-e-vrskata-megu-ponudata-od-buchim-za-rudnikot-ilovitsa-od-2019-so-buntot-na-eko-aktivistite/#respond Mon, 09 Oct 2023 11:30:05 +0000 https://kurir.mk/?p=886937

По најновите правни пречки со кои се соочи инвестицијата во рудникот за бакар Иловица-Штука дел од локалното население во југоистокот, под иницијативата „И здравје и работа“ почна да прашува кому му пречи проектот. Според нив, рудникот за бакар би имал големо економско значење за регионот и ќе го поддржат доколку се испочитуваат сите светски стандарди. Тие сега единствено ги гледаат придобивките од инвестицијата, особено откако во Собранието во 2019 година беа усвоени законските измени во Законот за минерални суровини, со кои се забранува употребата на штетни супстанции во новоотворените рудници. Сепак, пред инвеститорот „Еуромакс рисорсис“ да се соочи со дополнителни правни предизвици и особено откако зад него застана канадската компанија „Трафигура“, понуда за инвестиција имаше и од фирмата во чија сопственост е рудникот „Бучим“ во Радовиш. Станува збор за „Солвеј инвестмент груп“. Тоа е компанија со седиште во Швајцарија, сопственост на естонски државјанин, но, како што се вели во шведската истражувачка сторија од 2022 година, „Рударски тајни“, кај концесионерот во Бучим наводно постои скриен руски капитал. Тогаш „Солвеј“ вети поддршка од локалната заедница и еколошките групи. Токму таа спротивставеност на еколошките групи произведоа бројни шпекулации за тоа кој и како ги води тие групи на отпор или подрршка на проектот. Граѓаните прашуваат „кој, колку и од кого има добиено пари на рака преземајќи обврска за регрутирање критична маса за ширење паника меѓу населението“. Костадин Ристоманов од здружението Здрава котлина е еден од најгласните противници на ридникот Иловица – Штука, а за него се и најгласните приказни за наводната поврзаност со „Бучим“. Во изјавата за МКД.мк тој вели дека засега битката на терен била добиена. „Народот не сака и нема да дозволи рудници во струмичката котлина. Таму е невозможно да се направи рудник. Следува војната која сега се префрла на зелена маса на која се преговара за провизиите и репарациите, за обештетувањето кое државата ќе го плати на наводните инвеститори. Заради лакомоста на нашите политичари и нивната сервилност кон сè што доаѓа од Западот, сега државата ќе плаќа казна за нешто што е невозможно да се изгради, рудниците Иловица-Штука. Во моментов се преговара за сумите за провизии и за обештетување и за начинот како тоа да се изведе. Се работи за политички проект како да се профитира. Оваа разврска сега се темпира пред изборите за да му се соопшти на народот дека еве власта е со нив, се грижи за нив и ги спасува. Тоа ќе биде претставено како голем успех, а колкави ќе бидат провизиите – никој не знае. Последните седум години мислам дека успеавме да го разоткриеме бандитскиот однос на нашите влади. Ова не е проект за рудници, ова е политички проект со цел да се продаде на ваков начин. Не е случајно тоа што првата концесија е добиена без елаборат за штетноста на животната средина. Таков елаборат не постои, а врз основа на наводното постоење на таков документ издадена е првата концесија. Дилот бил дозвола за провизија“, вели Ристоманов. Тој признава дека неговата градежна фирма имала деловни односи со „Бучим“ во 2005 година, но тоа било многу порано од проектот на „Еуромакс“. И од „Бучим“ ни одговорија дека тие луѓе веќе не се дел од „деловното работење во компанијата“. Огњан Лазаров од иницијативата И здравје и работа за МКД.мк вели дека тие не се исклучиви противници на рудникот Иловица-Штука. „Да бидеме на јасно за да нема погрешни заклучоци – за нас употребата на цијанид и сулфурна киселина во експлоатацијата е затворено прашање. Не смее да ја има и затоа е забранета со закон. Ние сакаме низ стручна дебата и спротивставување на аргументи со инвеститорите да бидеме уверени и да ни се дадат гаранции дека на пример јаловината ќе се собира во сув ископ наместо во водена брана. Ние веруваме дека во 21 век постои модерен инфраструктурен концепт кој ќе овозможи ем заштитено здравје, животна средина и земјоделие, ем рударски комплекс кој ќе ја раздвижи македонската економија на долг рок и ќе овозможи враќање на младите од туѓина. Ние немаме море и пристаништа, но затоа божицата земја нè дарувала со вредна руда која треба мудро да се користи за да дава живот. Во нашата иницијатива има земјоделци, поранешни рудари, пензионери, родители на деца заминати во туѓина во потрага по подобар живот. Заради гласноста, агресивноста на другите, досега бевме тивки. За неколкумина од гласните противници на изградбата на рудникот се сомневаме во конфликт на интереси и скриени мотиви. Сметаме дека вреди да се размисли за предлогот да се формира едно независно мониторинг тело од нас граѓаните кои во сите фази од евентуална изградба на рудникот ќе врши надзор и ќе води сметка дека сите заштитни механизми се имплементираат од инвеститорот. Нашите мотиви се чесни и насочени исклучиво за обезбедување на иднина на младите, кои за жал се помалку ги има во Струмичката котлина. Дел од жителите на Иловица и Штука велат дека се „за“ рудникот, бидејќи според институциите неговото работење нема да е штетно по здравјето. „Со отворањето на рудникот ќе се вработи овој народ, зашто од него можеме да имаме само ќар, а зијан не. Ќарот ќе е вработувањето, бидејќи ќе се вработат многу луѓе, многу млади. Ќе се вработат граѓани од општините Ново Село и Босилово и рудникот е предуслов за опстанок на овие две општини“, смета Митко Иванов од село Штука. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kakva-e-vrskata-megu-ponudata-od-buchim-za-rudnikot-ilovitsa-od-2019-so-buntot-na-eko-aktivistite/feed/ 0
ДВОЈНИ АРШИНИ НА ЕКО АКТИВИСТИТЕ КОИ СЕ ПРОТИВ РУДНИКОТ „ИЛОВИЦА-ШТУКА“ Дали и тука копаат парите? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvojni-arshini-na-eko-aktivistite-koi-se-protiv-rudnikot-ilovitsa-shtuka-dali-i-tuka-kopaat-parite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvojni-arshini-na-eko-aktivistite-koi-se-protiv-rudnikot-ilovitsa-shtuka-dali-i-tuka-kopaat-parite/#respond Fri, 29 Sep 2023 09:12:56 +0000 https://kurir.mk/?p=883145

По одлуката на Владата да се пишмани од претходното административно спојување на двете концесии за рудникот Иловица-Штука, во јавноста сѐ повеќе се зборува дека дел од активистите кои настапуваат против отворањето на рудникот работат за нечии други интереси, кои немаат никаква врска со заштитата на здравјето, животната средина и земјоделството, објави Плусинфо. Иницијативата „И здравје и работа“ соопшти дека поради неколкумина добро мотивирани гласни противници на изградбата на рудникот „Иловица-Штука“, локалното население и целата македонска јавност нема пристап до сите релевантни информации во врска со технолошкиот процес за изградба на рудникот. Тие прашуваат кој има фирма што работи за потребите за рудник кој врши експлоатација на бакар оддалечен на помалку од 50 километри од „Иловица-Штука“ и дали е точно дека ако овој рудник се отвори, претходниот рудник за бакар ќе претрпи сериозни финансиски штети? Еден од најгласните активисти против рудникот „Иловица-Штука“ Костадин Ристоманов, неодамна во телевизиско гостување во локалната телевизија „Вис“ изјави дека претходно соработувал со рудникот Бучим. – Работев, да, во Бучим од 2004 година до 2008 година кога почна вистинското обновување на капацитетите на Бучим. Ние реновиравме канцеларии, водоводи, пукнати цевки, бањи, опрема и внатре мебел – рече Ристоманов, кој своевремено соработувал со единствениот рудник во земјава кој врши експлоатација на бакар. Ристоманов беше избран за советник во општината Ново Село, од иницијативата „Стига“, на локалните избори во 2021 година. Во истото интервју Ристоманов додаде дека имал информации дека рудникот Бучим имал намера да преземе дел од работата на планираниот рудник во Иловица-Штука. Односно, во Бучим да се врши т.н. флотација за одвојување на рудата од јаловината. Оваа понуда концесионерот во Иловица-Штука, „Еуромакс ресоурцес“ ја одбил. Токму процесот на флотација е еден од главните аргументи на еко-активистите во нападите кон планираниот рудник во југоистокот. Тие обвинуваат дека инвеститорот ќе користи цијанид, иако со законските измени од 2019 година во Законот за минерални суровини оваа материја е забранета за новоотворените рудници, но не и за постоечките кои веќе функционираат. – Имам точно потврдени информации дека се преговарало и разговарало за опцијата како да дојдат до некоја вин-вин ситуација. Тогашниот менаџмент на Бучим имал предлог до премиерот, а премиерот разговарал со Еуромакс околу можноста овде само да се копа, а таму да се врши флотацијата, бидејќи таму имале капацитети. Но, менаџментот на Еуромакс тоа категорично го одбил. Па така, единствената врска со Бучим е таа. Тие предлагаа таму да се врши флотацијата, овде само да се копа, но и таа опција е отфрлена – кажа Ристоманов. Претходно во текот на годината, во интервјуата на Ристоманов може да се забележи дека тој дури и го фали процесот на флотација кој се врши во Бучим. – Сум бил горе во Бучим на езерото и луѓето таму ловат риби. Каде што се користи таква технологија живеат риби внатре – рече Ристоманов во гостување во Алфа телевизија. Упатените во рударскиот бизнис забележуваат дека никој од активистите кои бараат Владата трајно да ги одземе концесиите за „Иловица-Штука“ никогаш не протестирал и не побарал такво нешто за некој друг рудник. Во меѓувреме, дел од инженерите кои не гледаат ништо спорно во изградбата на рудник за бакар во „Иловица-Штука“ повикаа „сите еко-активисти за кои има достапни информации дека работат за интереси на други рудници од Македонија, за партии и други држави-непријатели на НАТО да бидат соодветно неутрализирани“. „Еуромакс ресоурсиес“ е носител на концесијата во Иловица каде еден од главните акционери е канадската корпорација „Трафигура“ која е светски рударски гигант.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvojni-arshini-na-eko-aktivistite-koi-se-protiv-rudnikot-ilovitsa-shtuka-dali-i-tuka-kopaat-parite/feed/ 0