„има таков народ“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 23 Jul 2022 11:30:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „има таков народ“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поради ИТН Бугарија ќе распише предвремени парламентарни избори https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-itn-bugarija-kje-raspishe-predvremeni-parlamentarni-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-itn-bugarija-kje-raspishe-predvremeni-parlamentarni-izbori/#respond Sat, 23 Jul 2022 11:59:01 +0000 https://kurir.mk/?p=709283

„Има таков народ“ (ИТН) четврти пат за 1,5 година ја урива владата во Бугарија, изјави за БНТ претседателот на пратеничката група на „БСП за Бугарија“ во Народното собрание, Георги Свиленски. Тој додаде дека поради ИТН Бугарија четврти пат ќе оди на избори. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Свиленски, ГЕРБ, Движењето за права и слободи и „Има таков народ“ сфатиле дека Бојко Рашков навистина може да биде избран за претседател на Комисијата за борба против корупцијата и конфискација на незаконски стекнат имот. Тој додаде дека кога го виделе Законот за антикорупциска комисија, што беше донесен во прво читање, сфатија за што се работи и полудеа, изјави Свиленски. Според него, петдневниот рок за избор на претседател на Антикорупциската комисија на Бугарија бил проблем за формирање на новата бугарска влада. – Поранешниот министер за внатрешни работи на Бугарија, Бојко Рашков, покажа дека не се плаши и дека има волја да се бори против корупцијата, коментира и Свиленски. Според него, поделбата во бугарското општество веќе не била во насока лево-десно, туку била поврзана со темата за борбата против корупцијата. Во исто време, претседателот на Бугарија Румен Радев ја коментираше тензичната внатрешно-политичка ситуација, кој рече дека БСП треба да го исполни третиот мандат во согласност со Уставот и одлуката на Уставен суд. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-itn-bugarija-kje-raspishe-predvremeni-parlamentarni-izbori/feed/ 0
Бугарската партија „Има таков народ“ бара затворена седница за Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskata-partija-ima-takov-narod-bara-zatvorena-sednica-za-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskata-partija-ima-takov-narod-bara-zatvorena-sednica-za-makedonija/#respond Mon, 13 Jun 2022 20:22:02 +0000 https://kurir.mk/?p=690426

Бугарската партија „Има таков народ" ќе побара затворена седница на Парламентот за Македонија. На седницата министерката за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска „ќе изнесе информации" и ќе ги претстави тајните стенограми за водени разговори за таа тема, изјави претседателот на парламентарната група Тошко Јорданов на прес-конференција, откако се обзнани дека шест пратеници од нивната партија се изјаснија за независни. Според Јорданов, партијата „Продолжуваме со промената" се обидува да го измести фокусот од ветото за Македонија, јави дописникот на МИА од Софија. Тој рече дека станувало збор за таен стенограм, во кој премиерот на Бугарија Кирил Петков пред некои еврокомесари разговарал што планира да прави за оваа тема, прашувајќи дали тоа не е национално предавство и ако не е, што ги спречува да одржат затворена седница. Јорданов рече дека се собрани потребните 48 потписи за одржување затворена седница оваа недела, но претседателот на Парламентот Никола Минчев го одбил тоа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskata-partija-ima-takov-narod-bara-zatvorena-sednica-za-makedonija/feed/ 0
Двајцата министри од „Има таков народ” оставките ќе ги поднесат во понеделник https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dvajcata-ministri-od-ima-takov-narod-ostavkite-kje-gi-podnesat-vo-ponedelnik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dvajcata-ministri-od-ima-takov-narod-ostavkite-kje-gi-podnesat-vo-ponedelnik/#respond Sat, 11 Jun 2022 18:42:19 +0000 https://kurir.mk/?p=689679

Двајцата министри на партијата „Има таков народ“ (надворешни работи и енергетика), која пред неколку дена беше дел од бугарската владејачка коалиција, во понеделник ќе поднесат оставки од функциите, откако лидерот на партијата, Слави Трифонов, најави дека ги повлекува своите министри од владата. Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска во Варна изјави дека во понеделник ќе поднесе оставка, согласно одлуката на ИТН. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Генчовска за БНР коментираше дека Бугарија ја потврдува својата позиција за задржување на ветото за почеток на преговорите во Република Северна Македонија и дека веќе има разбирање од европските партнери за нивниот став. Запрашана за тоа дали не се врши притисок од нивните европски партнери за пристапувањето на Северна Македонија, Генчовска кажа дека сите европски партнери се веќе свесни за бугарската позиција, знаеле за условите на Бугарија од кои таа нема да отстапи. На овој начин, според неа, Бугарија ќе продолжи да ја брани својата позиција. Министерството за енергетика на Бугарија соопшти дека министерот Александар Николов во понеделник ќе поднесе оставка. Бугарскиот заменик министер за енергетика, Пламен Данаилов од „Има таков народ“, за Еуроњуз Бугарија изјави дека од нивната партија било побарано продолжување на договорот со „Газпром“ додека не се најде сигурен извор на снабдување.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dvajcata-ministri-od-ima-takov-narod-ostavkite-kje-gi-podnesat-vo-ponedelnik/feed/ 0
Бугарските „зелени“ нема да гласаат за предлог владата на “Има таков народ“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskite-zeleni-nema-da-glasaat-za-predlog-vladata-na-ima-takov-narod/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskite-zeleni-nema-da-glasaat-za-predlog-vladata-na-ima-takov-narod/#respond Sat, 07 Aug 2021 09:42:29 +0000 https://kurir.mk/?p=547559

Националниот совет на Движењето на зелените, кој е дел од коалицијата Демократска Бугарија, одлучи нејзините пратеници да не го поддржат предлог составот за нова влада на партијата „Има таков народ“ во Националното собрание на Бугарија. Оваа вест ја објави Борислав Сандов, копретседател на „Демократска Бугарија“ и „Зелено движење“, јави дописникот на МИА од Софија. Според бугарските електронски медиуми, лидерите на партиите во коалицијата „Демократска Бугарија“ ќе разговараат за ова прашање, а конечната одлука ќе ја донесе пратеничката група на „Демократска Бугарија“ во Парламентот. Како што потсетува дописникот на МИА од Софија, се очекува бугарскиот Парламент да гласа за предлог владата на Пламен Николов во текот на следната недела. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskite-zeleni-nema-da-glasaat-za-predlog-vladata-na-ima-takov-narod/feed/ 0
„Има таков народ“ ќе предложи нова бугарска влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ima-takov-narod-kje-predlozi-nova-bugarska-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ima-takov-narod-kje-predlozi-nova-bugarska-vlada/#respond Fri, 16 Jul 2021 12:54:33 +0000 https://kurir.mk/?p=537749

Победникот на парламентарните избори во Бугарија на 11 јули „Има таков народ“ ќе предложи нова влада, повторно со свој состав и ќе побара поддршка за неа од двете партии Демократска Бугарија и „Исправи се! Мафија надвор!”, објавија на прес-конференција Тошко Јорданов и Филип Станев, кои се дел од раководството на партијата. Како што јави дописникот на МИА од Софија, „Има таков народ“ има неколку кандидати за премиер. Јорданов рече дека нема да каже за кого станува збор. Доколку идната нацрт-влада на „Има таков народ“ не добие поддршка, тие нема да ја исклучат можноста за нови избори, но додаваат дека не сакаат нови избори. „Има таков народ“ нема да ја поддржи владата на ГЕРБ, БСП и МРФ. Николај Василев, кој беше предложен за премиер од лидерот на „Има таков народ“ рече дека тој не зависи од Движењето за права и слободи и ги отфрли информациите за неговата зависност од бизнисмени и олигарси. Тој рече дека ги поддржува идеите на економскиот тим на победничката партија и дека останува во пријателски односи со нив. Василев истакна дека поради Делјан Пеевски, кој важи за најголемиот олигарх во Бугарија, тој го напуштил Министерството за економија поради неподготвеноста да се приватизира бугарската државна компанија „Булгартабак“. Во четвртокот „Има такав народ“ објави дека ја повлекува предложената влада со премиер Николај Василев и ќе предложи ревидиран состав со друг премиер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ima-takov-narod-kje-predlozi-nova-bugarska-vlada/feed/ 0
Според „Галуп“ партијата „Има таков народ“ е победник во Бугарија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/spored-galup-partijata-ima-takov-narod-e-pobednik-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/spored-galup-partijata-ima-takov-narod-e-pobednik-vo-bugarija/#respond Sun, 11 Jul 2021 20:25:04 +0000 https://kurir.mk/?p=535160

Партијата „Има таков народ“ на телевизискиот водител и шоумен Слави Трифонов победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија , според податоците на агенцијата Галуп од паралелното пребројување на 90 проценти од гласовите. Коалицијата ГЕРБ-СДС останува втора политичка сила. Галуп наведува дека станува збор за резултати според нивна прогноза, а официјалните ќе бидат објавени од ЦИК. „Има таков народ“ освоија 23,2 процента од гласовите, ГЕРБ-СДС – 23 отсто, БСП – 14,3 проценти, „Демократска Бугарија“ – 13,4 отсто, ДПС – 11,5 проценти, „Исправи се! Мафијата надвор!“ – 5,1 процент. Останатите пратии не го преминаа дозволениот праг за влез во Парламентот. Според Галуп, излезноста на изборите била 38,1 процент. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/spored-galup-partijata-ima-takov-narod-e-pobednik-vo-bugarija/feed/ 0