именување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Apr 2022 17:58:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png именување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ѓорчев: Именувањето на клубот во Битола со име „Ванчо Михајлов“ кој е осведочен соработник на фашистичкиот режим е поткопување на максимата за заедничка историја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorchev-imenuvanjeto-na-klubot-vo-bitola-so-ime-vancho-mihajlov-koj-e-osvedochen-sorabotnik-na-fashistichkiot-rezim-e-potkopuvanje-na-maksimata-za-zaednichka-istorija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorchev-imenuvanjeto-na-klubot-vo-bitola-so-ime-vancho-mihajlov-koj-e-osvedochen-sorabotnik-na-fashistichkiot-rezim-e-potkopuvanje-na-maksimata-za-zaednichka-istorija/#respond Mon, 18 Apr 2022 17:58:30 +0000 https://kurir.mk/?p=664907

Република Бугарија добро знае дека Македонската држава е настаната во антифашистичката борба, изјави поранешниот амбасадор во Република Бугарија, Марјан Ѓорчев во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на Сител Телевизија. - Именувањето на клубот во Битола со име „Ванчо Михајлов“ односно човек кој е осведочен соработник на фашистичкиот режим во Хрватска и Италија, човек што негов мотив е политичко насилије и терор ширум Европа претставува поткопување на максимата за заедничка историја. За каква заедничка историја ние зборуваме кога македонската антифашистичка борба и третиот Рајх на Бугарија се две спротивставени страни во историјата, рече Ѓорчев. Ѓорчев посочи дека Република Бугарија ја претставува нашата антифашистичка борба како еднократен чин, ја негира нашата вековна револуционерна борба за создавање македонска држава, ја негира нашето еволуционо сознавање за македонската самосвест. Таа се обидува и да прикаже дека Македонија односно во тој момент Народно Федеративна Македонија настанала еднократно на 2 август 1944 година. - Македонските власти потребно беше да реагираа многу поубедително и на некој начин да им стават до знаење на бугарското малцинство во Македонија дека тие мора да ја почитуваат Македонската држава. Нашата вистинска Македонска вредност е тоа дека ние сме дел од таа Европска антифашистичка борба, истакна Ѓорчев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorchev-imenuvanjeto-na-klubot-vo-bitola-so-ime-vancho-mihajlov-koj-e-osvedochen-sorabotnik-na-fashistichkiot-rezim-e-potkopuvanje-na-maksimata-za-zaednichka-istorija/feed/ 0
Жугиќ: Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје ги отфрла новите имиња на улиците, не може улици да добиваат имиња по странски претседатели, а Трајковски да се брише https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zugikj-sovetnichkata-grupa-na-vmro-dpmne-vo-grad-skopje-gi-otfrla-novite-iminja-na-ulicite-ne-moze-ulici-da-dobivaat-iminja-po-stranski-pretsedateli-a-trajkovski-da-se-brishe/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zugikj-sovetnichkata-grupa-na-vmro-dpmne-vo-grad-skopje-gi-otfrla-novite-iminja-na-ulicite-ne-moze-ulici-da-dobivaat-iminja-po-stranski-pretsedateli-a-trajkovski-da-se-brishe/#respond Fri, 19 Feb 2021 11:30:06 +0000 https://kurir.mk/?p=470915

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Советот на Град Скопје, не се согласува и едногласно ги отфрла предлозите за нови имиња на улици на Градот Скопје. Ниту во еден момент во постапката не гласаше и нема да гласа да го поддржи менувањето на имињата на скопските улици. Шилегов кој себеси се нарекува градоначалник на Скопје, буквално и брутално почна да го одродува градот. Со иницијативата за промена на имињата на улиците во Град Скопје, Шилегов го фрла во заборав Борис Трајковски, ја миноризира неговата улога во македонската држава, а наместо тоа става имиња на улици како УРС-ови синдикати (уједињени раднички синдикати во времето на кралство Југославија), или Суец, или Украина, изјави денеска за медиумите, Јелена Жугиќ советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ. - Со должна почит кон наведените, но, кога станува збор за главен град на држава, предимство во обележје и почест се дава на луѓето, на датумите и местата кои се значајни и врзани за градот односно државата, а потоа на настани, градови и држави кои се пријателски врзани со Скопје и Македонија. Петре Шилегов во Скопје ќе именува улица по познатиот комунист Лав Троцки, а ќе го преименува булеварот Киро Глигоров, во булевар Војводина, вели таа. Жугиќ посочи дека Петре Шилегов покажува целосно непочитување кон ликот и делото на двајцата македонски претседатели чии што лични заложби за мирот и безбедноста се втемелени во македонската држава и историја. - Улиците кои ги носат имињата на почитуваните Трајковски и Глигогоров ќе ги преименува, а при тоа ќе именува улица по Алија Изетбеговиќ, поранешен претседател на БиХ, современик на Глигоров и Трајковски. Дали некому овој апсурд му звучи логично и издржано?!? Кога ќе се прочитаат поголемиот дел од новите имиња за скопските улици по планот на Шилегов, скопјани добиваат чувство како да се во Москва и тоа некаде во период од 50-тите, 60-тите години од минатиот век. Скопските улици ќе добијат имиња, Ленин, Комаров, Троцки и имиња на други видни комунисти и автократи, на сметка на македонските дејци, херои, уметници, писатели и научници, истакна таа. - Оваа рашамонијада која Шилегов ја прави не му оди во полза ниту на Скопје и скопјани, ниту на Македонија, а најмалку на демократијата за која „силно се залагаат”, оти демократи и Октомвриска револуција баш и не соодвествува многу. На крајот почитувани граѓани, се наметнува едно логично прашање - дали и со бришењето на имињата на скопските улици, оваа локална власт се обидува да ја замачка македонската историја и сеќавањата на ликот и делата на личностите кои дале личен придонес во градењето на македонската држава, прашува Жугиќ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zugikj-sovetnichkata-grupa-na-vmro-dpmne-vo-grad-skopje-gi-otfrla-novite-iminja-na-ulicite-ne-moze-ulici-da-dobivaat-iminja-po-stranski-pretsedateli-a-trajkovski-da-se-brishe/feed/ 0
Бајден ги именува најважните дипломати во Стејт департментот, Нуланд се враќа како потсекретар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-gi-imenuva-najvaznite-diplomati-vo-stejt-departmentot-nuland-se-vrakja-kako-potsekretar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-gi-imenuva-najvaznite-diplomati-vo-stejt-departmentot-nuland-se-vrakja-kako-potsekretar/#respond Sat, 16 Jan 2021 16:28:19 +0000 https://kurir.mk/?p=456296

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден денеска ги назначи Венди Шерман за заменик државен секретар и Викторија Нуланд за потсекретар за политички прашања, што значи дека двете ќе ги заземат втората и третата највисока позиција во Стејт департментот. Британските медиуми наведуваат дека Шерман е ветеранка во американската надворешна политика и клучен преговарач за нуклеарниот договор со Иран, постигнат во 2015 година, од кој САД се повлекоа за време на администрацијата на претседателот во заминување Доналд Трамп. Нуланд е дипломат од кариера, која меѓу другото работеше и во администрацијата на поранешниот американски претседател Барак Обама како помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, а исто така беше и амбасадор на САД во НАТО и портпарол на Стејт департментот. Бајден, меѓудругите, еден од своите долгогодишни советници за надворешна политика, Брајан Мекон, денеска го назначи за заменик државен секретар за управување и ресурси, а Бони Џексинс за потсекретар за контрола на воооружување и меѓународни безбедносни работи. Узу Зеј е назначен за потсекретар за граѓанско општество, демократија и човекови права. Бајден во изјавата кажа дека тимот што го назначи го отелотворува неговото верување дека Америка е најсилна кога соработува со сојузниците, додавајќи дека новоназначените „ќе го искористат своето дипломатско искуство и вештини за да го обноват глобалното и моралното лидерство на Америка“. -Америка се врати, рече Бајден. Американските медиуми оценуваат дека со давањето место во Стејт департментот на групата поранешни дипломати од кариера и ветерани од администрацијата на Обама, Бајден посочува дека сака да се врати кон традиционалната надворешна политика после, како што наведе, четирите години на неизвесност и непредвидливост со Доналд Трамп. Новиот американски државен секретар, Ентони Блинкен, треба да бидат потврден во вторник, кога ќе се одржи сослушување во Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат. И назначувањата на Шерман, Мекон, Нуланд, Џексинс и Зеј, исто така, бараат одобрение од Сенатот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-gi-imenuva-najvaznite-diplomati-vo-stejt-departmentot-nuland-se-vrakja-kako-potsekretar/feed/ 0
Лукашенко именува премиер и членови на владата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lukashenko-imenuva-premier-i-chlenovi-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lukashenko-imenuva-premier-i-chlenovi-na-vladata/#respond Wed, 19 Aug 2020 19:01:11 +0000 https://kurir.mk/?p=392807

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко го одобри составот на новата влада, а за премиер го именува Роман Головченко. Кандидатурата на Головченко, кој досега раководеше со Државниот воено-индустриски комитет, треба да биде потврдена во Долниот дом на Парламентот. Во владата остануваат досегашниот министер за надворешни работи Владимир Макеј, министерот за внатрешни работи Јуриј Карајев, министерот за здравство Владимир Карањик и министерот за информации Игор Луцки. Именувањето на составот на новата влада по претседателските избори е предвидено со Уставот на Белорусија. Во заклучоците објавени по денешниот видео-самит на Европската Унија за кризата во Белорусија се наведува дека ЕУ не ги признава претседателските избори, дека Унијата е со народот на Белорусија и ги повикува белоруските власти да изнајдат начин за излез од кризата без насилство и со сеопфатен национален дијалог. – Изборите од 9 август не беа ниту слободни ниту фер и поради тоа не ги признаваме резултатите, се наведува во заклучоците по ЕУ Самитот. Во меѓувреме, почна протестот во Минск, 11. ден по ред, и покрајнаредбата на Лукашенко полицијата да ги задуши протестите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lukashenko-imenuva-premier-i-chlenovi-na-vladata/feed/ 0