името – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 21 Jan 2020 08:11:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png името – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 65% од народот е против договорот од Преспа: Заев треба да се плаши од ставот на граѓаните, а не од најавите од ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/65-od-narodot-e-protiv-dogovorot-od-prespa-zaev-treba-da-se-plashi-od-stavot-na-gragjanite-a-ne-od-najavite-od-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/65-od-narodot-e-protiv-dogovorot-od-prespa-zaev-treba-da-se-plashi-od-stavot-na-gragjanite-a-ne-od-najavite-od-vmro-dpmne/#respond Mon, 20 Jan 2020 18:20:32 +0000 https://kurir.mk/?p=292222

Како што наближуваат изборите, сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да заговара опасни идеи за укинување или поништување на Договорот од Преспа, истакнува денес екс-премиерот Зоран Заев на својата прес-конференција. Тој цитираше дел од изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, како и од членови на партијата, кои зборуваа за поништување на овој договор, кој го сметаат за штетен за Република Македонија. -Неодамна, во октомври 2019 година, Христијан Мицкоски за српски медиуми укажа дека ако имаат 2/3 мнозинство, ќе се отворела можноста за чекор назад по однос на договорот, а за македонските медиуми рече дека ќе го укинеле догворот од Преспа. Советничката на Мицкоски, Каракамишева отворено побара да се укинат амандманите во Уставот, истакна Заев. Екс-премиерот се плашел дека изјавите на функционери од ВМРО-ДПМНЕ, Грција можела да ги сфати како провокации. -ВМРО-ДПМНЕ не е само политичка партија. Денес таа е вградена во највисоките институции во државата. Гледате дека имаме министри кои не го употребуваат уставното име на државата. Ова е формализација. Значи , јас немам предрасуди. Нивните ставови се такви, тие не го почитуваат Уставот, но не смееме да дозволиме државата да не го почитува Уставот. Како може да очекуваме некој дома да го почитува законот и уставот кога владејачката партија преку своите министри или заменици министри, дополнителни министри, не го почитуваат законот и уставот, истакна Заев. Но, лидерот на СДСМ заборави дека за овој Договор се изјаснија и граѓаните. Прво, со бојкот му ја срушија идејата да се вади на резултати од референдум. Но, сепак, на анкета си го кажаа ставот. 65% од народот е против овој договор, па ова треба да е за Заев многу позагрижувачко отколку најавите на политичарите. -Шеесет и пет отсто од македонските граѓани сметаат дека Македонија не треба да го промени името за да влезе во НАТО, покажа анкетата на институтот за демократија „Социетас Цивилис" спроведена на барање на Министерството за одбрана. Од испитаниците кои негативно се изјасниле за промена на името за сметка на влез во НАТО, 84 отсто се Македонци, 7,1 отсто Албанци и 8,9 отсто од другите заедници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/65-od-narodot-e-protiv-dogovorot-od-prespa-zaev-treba-da-se-plashi-od-stavot-na-gragjanite-a-ne-od-najavite-od-vmro-dpmne/feed/ 0
Expres.mk: Освен името ќе се менуваат и парите, милиони евра е трошокот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/expres-mk-osven-imeto-kje-se-menuvaat-i-parite-milioni-evra-e-troshokot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/expres-mk-osven-imeto-kje-se-menuvaat-i-parite-milioni-evra-e-troshokot/#respond Wed, 29 Aug 2018 10:56:39 +0000 https://kurir.mk/?p=93585

Доколку биде изгласан Преспанскиот договор покрај промена на името за надворешна и внатрешна употреба Македонија ќе добие и нови пари, пишува порталот express.mk. Во одреден рок од најверојатно 2 години ќе треба да се повлечат сите книжни, полимерни и ковани денари на кои што сега стои “Народна банка на Република Македонија” и ќе треба да се напише “Народна банка на Република Северна Македонија” како што ќе гласи и новото име на истоимената институција која што ќе ги издава парите. Посебна приказна е изгледот на парите по влегување на сила на законот за јазиците со кој македонскиот денар во сите форми ќе мора да биде означен и на албански јазик. Законот за јазици кој сега е блокиран од претседателот Иванов според владината коалиција треба да влезе во сила догодина кога Македонија ќе добие нов консензуален претседател кој ќе стави потпис на законот. Трошокот за менување на сите македонски денари може да чини десетина милиони евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/expres-mk-osven-imeto-kje-se-menuvaat-i-parite-milioni-evra-e-troshokot/feed/ 0
Власта со договорот со Грција го менува институционалниот идентитет, со тоа се губи целокупниот идентитет на државата и нацијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-so-dogovorot-so-grcija-go-menuva-institucionalniot-identitet-so-toa-se-gubi-celokupniot-identitet-na-drzavata-i-nacijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-so-dogovorot-so-grcija-go-menuva-institucionalniot-identitet-so-toa-se-gubi-celokupniot-identitet-na-drzavata-i-nacijata/#respond Tue, 14 Aug 2018 11:34:40 +0000 https://kurir.mk/?p=87767

Промената на институционалниот идентитет на кој се согласи Заев и владата, потпишувајќи го договорот со Грција за промена на името на Република Македонија директно го загрозува идентитетот на државата и нацијата, со што истиот се губи. Имено со договорот доаѓа до  промена на инстутицуиналниот идентитет на државата. Во сите институции во државата во нивното име ќе биде содржано дека се институциите на Република Северна Македонија. Тоа практично значи дека на влезот на владата ќе пишува Влада на Република Северна Македонија, министерството за здравство ќе биде Министерство за здравство на Северна Република Македонија, ваквиот пример важи за сите институции, сите  државни институции без разлика дали се централни или локални ќе бидат институции на Република Северна Македонија. Називот на државата Република Северна  Македонија ќе стои во сите јавни исправи кои ги издаваат органите на  државната управа, како што се:  личните карти, возачките  дозволи, пасошите, изводите кои ги издава Управата за водење на матичните книги, решенијата од Катастарот на недвижнини итн. Кога граѓанинот   во странство ќе ја приложи јавната исправа издадена од маакедонските власти, таа јавна исправа  ќе биде од  Република Северна Македонија. Заев знаејќи ја опасноста од губење на институционалниот идентитет, во изјава  за  БТВ, бугарскаа национална телевизија, велеше дека ќе го сочува истиот, но набргу потоа се испостави не само што не го ссочувал туку и целосно го променил. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ,  Христијан Мицкоски во изјава за медиумите вчера  во насока на ова изјави: - Гледаме дека владата целокупната своја кампања ја темели на тоа дека го зачувала т.н. идентитет. Еве  едно прашање до владата и до сите оние кои стојат зад таа теза дека е зачуван идентитетот, како е зачуван идентитетот кога институционалниот идентитет е изгубен? Многу пати во минатото претседателот на владата г-дин. Зоран Заев кажал па порекол, да се потсетиме на една таква негова изјава во која што велеше „дека таблата на зградата во која што јас сум претседател на владата пишува, Влада на Република Македонија и така ќе остане“, за неколку недели го порекне тоа што го кажал и ја кажа новата содржина на таа табла. Доколку сево ова би успеало Влада на Северна Република Македонија. Доколку вие го изгубите институционалниот идентитет кој што претставува „трејд марк“ на вашиот национален идентитет, каков идентитет вие сте зачувале. Не станува збор само за институционалниот, не станува збор само за емоционалниот идентитет, туку станува збор за погрешна логистика и погрешна стратегија во целокупниот процес на водење преговори. Губењето на институционалниот идентитет е загуба на индентитетот во целост и тоа е опасност  за државата и нацијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-so-dogovorot-so-grcija-go-menuva-institucionalniot-identitet-so-toa-se-gubi-celokupniot-identitet-na-drzavata-i-nacijata/feed/ 0
Дури 75% од Македонците се против договорот со Грција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/duri-75-od-makedoncite-se-protiv-dogovorot-so-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/duri-75-od-makedoncite-se-protiv-dogovorot-so-grcija/#respond Sun, 22 Jul 2018 09:32:06 +0000 https://kurir.mk/?p=79663

Анкетата која за МКД.мк минатата недела ја спроведе агенцијата Мaркет висион врз репрезентативен примерок од 1200 испитаници покажа дека дури 74,5% од Македонците не го поддржуваат договорот со Грција. Од дрга страна, пак, 94,5%од Албанците стојат зад договорот на Заев и Ципрас. Анкетираните Албанци (25% од 1.200 испитаници) сметаат дека договорот со Грција е добар – 94,7 %. Од нив 5,3 отсто одговорија дека не го поддржуваат договорот со Грција за промена на името, а кај Maкедонците тој процент е 74,5. 25,5 отсто од анкетираните Македонци сметаат дека договорот со Грција е добар. Освен кај Ромите и Србите, кај сите други националности (Турци, Власи, Македонци муслимани, Босанци) мнозинството е за договорот. Таков е односот во однос на сите прашања на телефонската анкетата спроведена од агенцијата Маркет висион од 9 до 15 јули. На прашањето „дали сте за членство во ЕУ и НАТО со променето име“, 52,1 % од граѓаните ќе одговорат негативно, а 47,9 отсто позитивно. Расположението на македонските граѓани измерено минатата недела покажа дека 54,1 отсто од анкетираните не го поддржуваат договорот со Грција за промена на името на Република Македонија, а 45,9 се за тој договор. Кога овие резултати ќе ги распределите на 1.200-те испитаници според националната припадност, големи се разликите во ставовите меѓу Македонците и Албанците. За бојкот на референдумот се 27,5 отсто од испитаниците, а на референдумот ќе учествуваат 47,8 отсто. Повеќе од 24 отсто од испитаниците сѐ уште не одлучиле дали ќе излезат или не на гласањето на референдумот. Од Македонците 41,9 отсто веќе одлучиле дека ќе излезат на референдумот, а за бојкот се 35,8 отсто (неодлучни се 22,2%). Кај Албанците, пак имаме спротивна слика – на референдум ќе излезат 61%, а за бојкот се 31,8 % од албанските гласачи. Во однос на уставните промени, на прашањето „дали верувате дека Македонија ќе биде примена во ЕУ и НАТО доколку го промени уставот и името“, 44,6 отсто од испитаниците одговориле потврдно, а 43,1 % се сомневаат во тоа (12,3% не знаат). Посомничави се Македонците, 53,9 отсто одговориле дека не веруваат дека со промена на Уставот Македонија ќе биде примена во ЕУ и НАТО, а 32,9 одговориле позитивно на ова прашање. Кај Албанците, 72,8 отсто веруваат во приемот во ЕУ и НАТО, а 17,5 % одговориле дека не веруваат. Целата анкета можете да ја видите на МКД.мк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/duri-75-od-makedoncite-se-protiv-dogovorot-so-grcija/feed/ 0
Сведок од пред Собранието: Резултатот од „дружбата“ со полицијата се две скршеници на коски на плешка и дланка (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedok-od-pred-sobranieto-rezultatot-od-druzbata-so-policijata-se-dve-skrshenici-na-koski-na-pleshka-i-dlanka-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedok-od-pred-sobranieto-rezultatot-od-druzbata-so-policijata-se-dve-skrshenici-na-koski-na-pleshka-i-dlanka-foto/#respond Fri, 22 Jun 2018 10:33:08 +0000 https://kurir.mk/?p=68538

Корисниците на социјалните мрежи овие денови се згрозија од фотографиите кои секојдневно ги споделуваат многумина луѓе кои беа сведоци на нападот од страна на полицијата врз демонстрантите пред Собранието на Република Македонија. Еден од нападнатите е и Александар Вучковски кој на својот Фејбук профил објави статус и фотографии од целиот наста пред Собранието. -Малку доцнам но само што излегов од 24 часовен притвор. Вчера Хунтата на сдс преку својата полиција спроведуваше шарено-демократско-прогресивни техники на дисциплинирање народ. Да не ви се колнам сега дека ниту ги удирав, ниту ги гаѓав со камења и флаши ниту плукав, ниту давав отпор при ставање лисици а сепак ми се "потпишаа". Резултат на оваа наша дружба се 2 скршеници на коски, на плешка и дланка. #дојдеживот#режимотпречеше#немаправданемамир-демек#истигомна#, стои во неговиот ФБ статус.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedok-od-pred-sobranieto-rezultatot-od-druzbata-so-policijata-se-dve-skrshenici-na-koski-na-pleshka-i-dlanka-foto/feed/ 0
Героски: Договорот кој Заев го прифати е понижувачки пораз за Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-dogovorot-koj-zaev-go-prifati-e-ponizuvachki-poraz-za-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-dogovorot-koj-zaev-go-prifati-e-ponizuvachki-poraz-za-makedonija/#respond Wed, 13 Jun 2018 09:15:02 +0000 https://kurir.mk/?p=65324

Пред еден месец (на 14 мај), Бранко Героски, како новинар и аналитичар што долго ги следи преговорите за спорот со Грција и името, напиша колумна со наслов „Верувам во Заев, нема да прифати сѐ што ќе побараат Грците!“. Во таа колумна, Героски објаснува дека тој лично поддржува компромисно „ерга омнес“ решение, меѓутоа во форма на целосна исклучиво меѓународна употреба, но не и внатрешна. „Сакам да нагласам дека таа формула erga omnes, која јас ја прифаќам како единствено можно и реалистичко решение во овој момент – да повторам, име за целосна меѓународна употреба! – е огромна отстапка од македонска страна и дури и кршење на логиката на билатералните договори. Имено, правото вели дека билатерален (inter-partes) договор не може да обврзува трети страни. Што значи тоа? Договорот меѓу Македонија и Грција за новото име не мора да ја обврзува Турција, на пример, која може и понатаму слободно да ја ословува нашата земја според билатералниот договор склучен со неа“, пишува Героски. Како што се гледа од насловот на колумната, Героски во текстот изразува силен оптимизам дека оваа генерација македонски политичари не би се дрзнала да прифати ништо повеќе од решение со име за целосна меѓународна употреба, што и самото по себе е „огромна, драматична отстапка од наша страна“, а „голема победа за Атина“. „Повторувам, тоа е огромна, драматична отстапка од наша страна! Голема победа за Атина! Како и да е, тврдам дека никој од Македонија никогаш (сериозно) не преговарал новото компромисно име да се употребува и дома, во нашата земја. Се осмелувам да кажам дека тоа сериозно и не било барано од грчка страна. Зошто? Затоа што употребата на новото име во домашниот правен сообраќај во нашата земја, како и во образованието и секаде каде што официјално се употребува името Република Македонија, за Грција не е никаква придобивка. Какво фајде имаат Грците од тоа? Никакво!“, пишува Героски. Но што ако се преговара за име и за внатрешна употреба, и тоа македонските политичари, пред сé актуелната влада, го прифатат? Героски е дециден во одговорот: Таквото „решение“ би било „едно големо, историско понижување“. Со тие зборови Героски и го продолжува текстот: „А за оваа генерација македонски политичари, таквото ‘решение’ би било едно големо, историско понижување. Затоа, без оглед кој што мисли, говори и пишува, без оглед колку бедно ме напаѓа Штабот на колосалните будали, очигледно избрифирани од еден центар, останувам цврсто уверен дека Зоран Заев, Радмила Шеќеринска и Никола Димитров нема да прифатат едно такво, бесмислено решение, кое не е никаков компромис, туку понижувачки пораз за Македонија. Јас верувам во храбриот Зоран Заев, верувам дека нема да прифати сѐ што ќе побараат Грците.“ Од денешен аспект, ден по објавувањето на договорот меѓу Скопје и Атина – Македонија да се вика Република Северна Македонија и надвор, и внатре, и секаде, оптимизмот на Героски делува трагикомичен. Со тоа не сакаме да го навредиме авторот зашто го имал тој оптимизам, туку исходот (т.е. постигнатиот договор) кој е вон сите разумски очекувања, „дури и според параметрите на Бранко Героски“, што би рекле некои.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-dogovorot-koj-zaev-go-prifati-e-ponizuvachki-poraz-za-makedonija/feed/ 0
Македонците стануваат граѓани на Северна Македонија- членството во НАТО ќе зависи од промената на Уставот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-stanuvaat-gragjani-na-severna-makedonija-chlenstvoto-vo-nato-kje-zavisi-od-promenata-na-ustavot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-stanuvaat-gragjani-na-severna-makedonija-chlenstvoto-vo-nato-kje-zavisi-od-promenata-na-ustavot/#respond Tue, 12 Jun 2018 12:00:35 +0000 https://kurir.mk/?p=64972

Неколку медиуми од Грција веќе објавија дека новото име и за меѓународна и за домашна употреба е Република Северна Македонија (Republic of North Macedonia, на англиски). Следуваат измените во Уставот. Придавката македонски пред државјанството и јазикот останува, со дообјаснување. Македонскиот јазик е словенски јазик, а за државјанството ќе се користи терминот македонско/граѓанин на Република Северна Македонија кој не е поврзан со со античката грчка цивилизација. Од македонскиот Устав ќе треба да се избрише членот кој предвидува грижа за „македонското малцинство“ надвор од границите на државата. За комплетирање на договорот ќе се чека на ратификација во македонскиот парламент, а, како што е и најавено, ако претседателот не го потпише, ќе се оди на второ гласање. Потоа,пишуваат грчките медиуми, грчката влада со писмо ќе ги информира ЕУ и НАТО дека го охрабрува почеток на преговори со ЕУ и добивање покана за членство во Алијансата, откако ќе се извршат уставни промени. На Советот на министри за надворешни работи на ЕУ и подоцна на Самитот на ЕУ, Грција ќе бара да ѝ биде даден позитивен сигнал на Македонија, и покрај противењето на Франција и Холандија, но со поддршка на Германија. На 11 јули, на самитот на НАТО во Брисел, Република Северна Македонија ќе добие покана за членство во НАТО која ќе зависи од уставната ревизија. Македонскиот премиер Заев со писмо ќе ги информира 190 земји членки на ОН дека земјата во иднина ќе го користи името Република Северна Македонија во билатералните односи и во меѓународните форуми. До октомври во Македонија ќе треба да се организира референдум и ако резултатот е позитивен, ќе се продолжи со уставните промени. Ако резултатот е негативен, планот „Б“ е да се свикаат предвремени парламентарни избори кои во истовреме ќе бидат и своевиден референдум за името, анализира порталот МКД.мк. „Откако Скопје ќе го комплетира целиот процес, договорот ќе треба да биде ратификуван од грчкиот парламент, а во истовреме ќе се изврши и ратификацијата за членството на земјата во НАТО“, пишуваат грчките медиуми. По денешниот разговор меѓу Ципрас и Заев, се очекува да се вклучи и медијаторот Метју Нимиц. Ако сѐ оди според планот можна е средба меѓи Зсев и Ципрас во Преспа до крајот на неделава. Maкедонската страна барала целосна имплементација на договорот за 24 месеци, а грчката за 12 месеци, па договорот бил за 18. Се бара модусот за безбедносни гаранции за правна сигурност ако страните не го почитуваат договорот. Медиумите блиски до власта велат дека со овој договор Грција добива сложено име со географска одредница за севкупна употреба што е национална позиција од 2008 (Северна Македонија), ерга омнес и промени во Уставот на Македонија, а тоа значи и во пасошоите и другите документи на македонските граѓани. Како награда за ова, Грција очекува одредени „подароци" од Меркел - одложување на намалувањето на пензиите или подобри услови за  грчкиот долг.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-stanuvaat-gragjani-na-severna-makedonija-chlenstvoto-vo-nato-kje-zavisi-od-promenata-na-ustavot/feed/ 0
ВИДЕО: Пред изборите во 2016 тврдеше дека се нема родено човекот кој ќе го промени Уставот, сега Заев прифати промена на уставното име!  https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-pred-izborite-vo-2016-tvrdeshe-deka-se-nema-rodeno-chovekot-koj-kje-go-promeni-ustavot-sega-zaev-prifati-promena-na-ustavnoto-ime/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-pred-izborite-vo-2016-tvrdeshe-deka-se-nema-rodeno-chovekot-koj-kje-go-promeni-ustavot-sega-zaev-prifati-promena-na-ustavnoto-ime/#respond Tue, 12 Jun 2018 08:01:25 +0000 https://kurir.mk/?p=64807

Човекот кој не сакаше да дискутира за промена на Уставот кога беше опозиција, сега од функција на премиер ги направи сите отстапки кои досега не ги направиле ниту еден претседател, ниту еден премеир на Република Македонија, за на крајот да се гордее дека е првиот од премиерите кои прифатиле промена на името на Република Македонија. -Јас сум првиот македонски премиер кој кажал дека за нас е прифатливо име со географска одредница и мислам дека тоа помогна во преговарачкиот процес, рече премиерот. Овој човек тврдеше дека нема да прифати промена на Уставот, за на крајот да прифати  сè што бара Грција, вклучително и јавно признание дека ерга омнес е прифатлива опција. -Не гледам потреба за промена на Уставот, изјави премиерот Зоран Заев во февруари годинава. Три месеци подоцна, македонскиот премиер информира дека промена на Уставот ќе има и дека ќе се смени уставното име на Република Македонија. – Барањето за промената на Уставот во разговорите за името се грчки став, но ние имаме наш. Македонија го промени својот Устав во 1993 година да го допрецизира членот 49 вградувајќи го амандманот 2. Ние направивме голем чекор за да го отстраниме иредентизмот, рече тогаш Заев. Во 2013 година, од позиција на лидер на опозицијата, Заев не мислеше така. При посетата на Струга, Заев ќе изјави дека „Социјалдемократскиот сојуз нема да дозволи промена на името на Република Македонија, доколку задира во нашиот идентитет и национална посебност“. -Имиња пред Република Македонија или какви било други формулации се за разгледување, но без притоа да се чепне Уставот на државата, мојот национален јазик, мојата национална посебност, мојата култура како Македонец, изјави  тогаш Заев. Изјавата која тогаш ја даде воопшто не наликува на она кое тој го прави денес. Денес, Заев во улога на премиер прифаќа сложено ерга омнес име за севкупна употреба и промена на македонскиот устав, што автоматски значи и промена на идентитетот на македонскиот народ. Во април годинава,  Заев во интервјуто за Радио Слободна Европа (РСЕ) најави промена на Уставот и референдум за името со влезот на Македонија во ЕУ. Ваквите ставови на Заев се целосно спротивни со неговите претходни тврдења дека промена на Уставот не е потребен, а секое евентуално решение ќе биде ставено на референдум за граѓаните да се изјаснат. -Можеби конечното решение ќе биде врзано со гласањето на Македонија, како граѓани, со давањето на нашиот суверенитет на ЕУ, во која сакаме да бидеме членка и тогаш се отвара и Уставот, можеби и тука е решението, поради тоа што знаете дека Грција бара и промена на Уставот, заради промената на уставното име. Јас сум убеден дека креативноста ќе ги изнајде овие решенија, рече Заев во интервјуто за РСЕ. Наспроти ова, Заев многу пати досега во јавноста тврдеше дека промената на Уставот не е неопходна, односно во спорот со Грција нема потреба од менување на Уставот. -Не гледам потреба за промена на Уставот, изјави Заев во февруари годинава, одговорајќи на новинарско прашање дали во процесот на решавање на прашањето за името се разговара и за евентуални уставни измени.

Заев во 2016: Се нема родено таков човек кој би го променил Уставот

Пред парламентарните избори во 2016 година, Заев посочи дека СДСМ ако формира влада ќе ги задржи црвените линии од кои нема отстапување, а истите биле посочени и одржувани и низ изминатите години. -Треба да биде јасно и постојано да се потенцира. СДСМ ќе ги одржува црвените линии за Република Македонија и тоа значи дека нема промена на уставното име, идентитетот и самиот Устав. Никој не може во Македонија, мислам дека се нема ни родено таков човек што би дозволил промена на Уставот и промена на нашиот идентитет, рече Заев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-pred-izborite-vo-2016-tvrdeshe-deka-se-nema-rodeno-chovekot-koj-kje-go-promeni-ustavot-sega-zaev-prifati-promena-na-ustavnoto-ime/feed/ 0
Таки Фити: Име за севкупна употреба значи менување на Уставот и обезличување на Македонците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taki-fiti-ime-za-sevkupna-upotreba-znachi-menuvanje-na-ustavot-i-obezlichuvanje-na-makedoncite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taki-fiti-ime-za-sevkupna-upotreba-znachi-menuvanje-na-ustavot-i-obezlichuvanje-na-makedoncite/#respond Tue, 12 Jun 2018 07:48:27 +0000 https://kurir.mk/?p=64795

Неодамна, претседателот на МАНУ, Таки Фити јасно го изрази ставот на академијата да не се прифаќа во преговорите да се отвора прашањето за идентитетот, како ниту име за севкупна употреба, што според грчката страна сега значи дека евентуалното ново договорено име треба да биде и за внатрешна употреба. – Ерга омнес, односно име за севкупна употреба, никако не смее да се прифати, бидејќи тоа значи менување на Уставот. Тоа носи обезличување на Македонците. Иредентизмот не може да биде оправдување за менување на Уставот. Нашата влада ќе мора да се избори решението да не биде за севкупна употреба, ако сака тоа да биде достоинствено решение. Менување на Уставот и име за севкупна употреба ќе биде опасна ситуација – кажа претседателот на МАНУ, Таки Фити на едно медиумско гостување. Притоа додаде дека доколку се прифати име за севкупна употреба тогаш ниту МАНУ нема да се вика Македонска академија на науките и уметностите, туку ќе треба да се прекрсти во „Академија на науките и уметностите на Република Горна Македонија“, на пример. Од тоа произлегува дека освен МАНУ, ќе треба да бидат преименувани и други национални институции, како Народната банка на Република Македонија, АРМ, Друштвото на писатели на Македонија, Фудбалската федерација на Македонија… Тоа, според претседателот на МАНУ, е апсурдно!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taki-fiti-ime-za-sevkupna-upotreba-znachi-menuvanje-na-ustavot-i-obezlichuvanje-na-makedoncite/feed/ 0
Академик Маџунков: Промена на името е вистинска капитулација на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-madzunkov-promena-na-imeto-e-vistinska-kapitulacija-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-madzunkov-promena-na-imeto-e-vistinska-kapitulacija-na-makedonija/#respond Tue, 12 Jun 2018 07:43:48 +0000 https://kurir.mk/?p=64780

– Името не треба да се менува, тоа е вистинска капитулација на Македонија. Светот да има правни аргументи веќе ќе нѐ притиснеше тоа да го направиме со сила, смета академик Митко Маџунков. -Меѓутоа, бидејќи ги нема тие аргументи нашата страна значи самата македонска политика треба да капитулира за тие да се почувствуваат безгрешни. Сега кога ќе го потпишеме ова, ако го потпишеме ќе дојде на ред албанската платформа со која ќе се воведе двојазичноста, а двојазичноста значи дека Македонија има еден признаен јазик што е албанскиот и еден јазик во исчезнување тоа е македонскиот. Самиот факт дека се извршени сите подготовки, подготвителни вести како онаа со Бугарија божем за пријателски односи итн., и оваа албанската платформа зборуваат дека ние де факто сме окупирани и дека лошо ни се пишува – истакнува Маџунков.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-madzunkov-promena-na-imeto-e-vistinska-kapitulacija-na-makedonija/feed/ 0