имиграција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 Jul 2023 14:29:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png имиграција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОН: Предлогот за нов британски закон за имиграција не е во согласност со меѓународното право https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-predlogot-za-nov-britanski-zakon-za-imigratsija-ne-e-vo-soglasnost-so-megunarodnoto-pravo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-predlogot-za-nov-britanski-zakon-za-imigratsija-ne-e-vo-soglasnost-so-megunarodnoto-pravo/#respond Tue, 18 Jul 2023 14:29:04 +0000 https://kurir.mk/?p=857800

Британскиот Парламент гласаше за предлогот за нов закон за имиграција, кој Обединетите нации го оценија дека не е во согласност со меѓународното право. Законот е клучен чекор за конзервативниот премиер Риши Сунак, кој ја стави борбата против илегалната имиграција приоритет. Новиот закон има за цел да ги спречи мигрантите кои нелегално пристигнале во Британија да бараат азил во таа земја. Предлог-законот, кој синоќа го усвои британскиот Парламент, е во спротивност со обврските на Велика Британија кон меѓународните човекови права, се вели во соопштението за печатот на високиот комесар за човекови права на ОН, Фолкер Турк и високиот комесар на ОН за бегалци, Филип Гранди. Тие изјавија дека законот ќе има „длабоки последици за луѓето на кои им е потребна меѓународна заштита“. Нацрт-законот допрва треба да биде потврден од кралот Чарлс Трети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-predlogot-za-nov-britanski-zakon-za-imigratsija-ne-e-vo-soglasnost-so-megunarodnoto-pravo/feed/ 0
Унгарскиот Уставен суд донесе одлука за спорот со ЕУ за имиграцијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ungarskiot-ustaven-sud-donese-odluka-za-sporot-so-eu-za-imigracijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ungarskiot-ustaven-sud-donese-odluka-za-sporot-so-eu-za-imigracijata/#respond Fri, 10 Dec 2021 11:16:28 +0000 https://kurir.mk/?p=606594

Унгарија има право да ги применува сопствените мерки во областите каде што Европската унија допрва треба да преземе соодветни чекори за заедничка примена на правилата на ЕУ, одлучи денеска унгарскиот Уставен суд. Унгарскиот суд ја разгледа жалбата на владата на премиерот Виктор Орбан против пресудата на судот на ЕУ во која се тврди дека Будимпешта ги прекршила законите на Унијата осмислени за да ги заштитат бегалците, со депортирање назад на српската граница. Во својата одлука, унгарскиот суд рече дека не го анализирал прашањето дали правото на ЕУ има приоритет над унгарското право во однос на почитувањето на имиграцискиот став на владата. Министерката за правда Јудит Варга тврди дека примената на одлуката на Европскиот суд ќе резултира со постојан престој на многу мигранти во Унгарија. Реагирајќи на пресудата, унгарскиот премиер Виктор Орбан рече дека владата мора да ја следи одлуката на Уставниот суд. – Се заколнавме дека ќе му служиме на унгарскиот народ и на унгарскиот устав, а не на бирократите во Брисел, изјави Орбан за јавното радио. – Кога станува збор за споровите со Брисел, Уставниот суд е „конечниот арбитар“, додаде премиерот. Орбан, еден од најсилните противници на масовната имиграција во Европа од Блискиот Исток и Азија, одржа референдум во 2016 година против планот на ЕУ за преселување на мигрантите во земјите-членки на ЕУ, на што унгарските гласачи со големо мнозинство се спротивставија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ungarskiot-ustaven-sud-donese-odluka-za-sporot-so-eu-za-imigracijata/feed/ 0
Курц за судирите меѓу Турците и Курдите : Одговорот е рестрективна политика за имиграција и азил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurc-odgovorot-e-restriktivna-politika-za-imigracija-i-azil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurc-odgovorot-e-restriktivna-politika-za-imigracija-i-azil/#respond Tue, 30 Jun 2020 08:57:57 +0000 https://kurir.mk/?p=365620

Австрискиот канелар Себастијан Курц оцени дека повеќедневните судири помеѓу Турците и Курдите на улиците на Виена е последица на неуспешната интеграција и одговор на тоа е рестриктивна политика за имиграција и азил. Тоа се конфликти што се внесени од Турција во Виена и за тоа нема место кај нас, изјави Курц во интервју за телевизијата „Пулс4“. Тој потсети дека пред неколку години во Виена постоеле делови во кои жителите не се чувствуваат како во своја куќа и дека поради тоа бил критикуван, а изминатите инциденти покажуваат дека бил во право. Мораме одлучно да дејствуваме и му наложив на министерот за внатрешни работи да води политика на нулта толеранција, кој сака насилно да се однесува на улица тоа може да го прави во Турција, не овде, наведе Курц. Австрискиот канцелар оцени дека предолго грешел во политиката на интеграција и дека не се случајност инцидентите во 10. Виенска општина Фаворитен, бидејќи таму живеат голем број луѓе со турско потекло. – Успехот на интеграциите зависи од бројот на луѓе кои треба да се интегрираат, истакна Курц при тоа повторувајќи дека е против неограничена имиграција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurc-odgovorot-e-restriktivna-politika-za-imigracija-i-azil/feed/ 0
Трамп ја суспендира имиграцијата во САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-ja-suspendira-imigracijata-vo-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-ja-suspendira-imigracijata-vo-sad/#respond Thu, 23 Apr 2020 05:35:09 +0000 https://kurir.mk/?p=335852

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша извршна наредба за суспензија на имиграцијата во САД. Трамп претходно изјави дека таквата одлука е поради епидемијата со новиот коронавирус и да го заштити американскиот пазар на труд. Претходно, Демократската партија тоа го оцени како обид на Трамп да го сврти вниманието на јавноста од неговото бавно и лошо управување со кризата предизвикана од епидемијата со Ковид-19. Влезот во САД поради епидемијата во голема мера е оневозможен, границите се затворени, а авиосообраќајот е забранет, поради што одлуката на Трамп се толкува како обид да се охрабри неговото избирачко тело. Претходно, американската администрација претходно најави олеснителни услови за добивање на привремени работни визи за сезонските земјоделски работници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-ja-suspendira-imigracijata-vo-sad/feed/ 0