имигранти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 25 Feb 2021 12:15:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png имигранти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Голема акција на Европол – разбиена мрежа за експлоатација на имигранти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golema-akcija-na-evropol-razbiena-mreza-za-eksploatacija-na-imigranti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golema-akcija-na-evropol-razbiena-mreza-za-eksploatacija-na-imigranti/#respond Thu, 25 Feb 2021 12:15:35 +0000 https://kurir.mk/?p=473740

Вкупно 38 лица се уапсени во Франција, Романија и Молдавија за нивната наводна вмешаност во широка трговија со имигранти, соопшти европската полициска агенција Европол и единицата за европска судска соработка Еурожуст. Според двете организации, апсењата се случиле по сомневањата на француските власти за можна „трговија со луѓе“, „нелегално вработување“, „производство на лажни документи за лична карта“ и „перење пари“, јави дописникот на МИА. Апсењата беа извршени во заедничка акција и се резултат на заедничката истрага на полициските сили на Франција, Романија и Молдавија, поддржана од Европол, соопштија двете агенции. - Криминалната мрежа криумчарела и регистрирала молдавски работници во Франција користејќи лажни документи, притоа задржувајќи ги нивните вистински пасоши како гаранција, соопшти Европол. Вкупно биле претресени 44 локации – 17 во Франција, 14 во Романија, 20 во Молдавија – и запленети 15 луксузни автомобили, како и 100.000 евра во готово, прецизира, од своја страна, Еурожуст, додавајќи дека „ се замрзнати 11 банкарски сметки “. Според Европол, криминалната мрежа им обезбедувала на илегалните мигранти фалсификувани романски лични карти и возачки дозволи. - Повеќето од жртвите имаат ниско ниво на образование и затоа се поранливи на нивната експлоатација од оваа криминална мрежа, додаде Европол. - Тие работеа 55 часа неделно за 60 евра на ден. Големи компании во градежниот и реновирачкиот сектор исто така се вклучени во овој криминален систем, соопшти европската полициска агенција, опишувајќи ја активноста на мрежата како „екстремно профитабилна“, со профит проценет на речиси 14 милиони евра. Осомничените ги переле криминалните средства преку осум компании, појаснува Европол, повеќето со седиште во Франција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golema-akcija-na-evropol-razbiena-mreza-za-eksploatacija-na-imigranti/feed/ 0
Околу 150 позитивни случаи на Ковид-19 во хотел со бегалци и мигранти на Пелопонез https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-150-pozitivni-sluchai-na-kovid-19-vo-hotel-so-begalci-i-migranti-na-peloponez/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-150-pozitivni-sluchai-na-kovid-19-vo-hotel-so-begalci-i-migranti-na-peloponez/#respond Tue, 21 Apr 2020 12:28:56 +0000 https://kurir.mk/?p=335038

Околу 150 бегалци и мигранти се заразени со Ковид-19 во хотелот во кој што се сместени во местото Краниди на Пелопонез, според пишувањата на грчките медиуми, но и според заменик –градоначалникот на општината, јави дописничката на МИА од Атина. Откако вчера беше соопштено дека 28-годишна бремена жена од Сомалија, сместена во конкретниот хотел за бегалци и мигранти во надлежност на Меѓународната организација за миграција е позитивна на Ковид-19, претставници на Националната организација за јавно здравје на Грција ги тестираа сите 470 лица кои престојуваат во хотелот, како и вработените. Јосиф Мертирис, заменик –градоначалник на општина Ермионида, во чии рамки е и Краниди, местото каде што се наоѓа хотелот, говорејќи за грчката државна телевизија ЕРТ рече дека до сега, потврдени се 150 позитивни случаи. Од 13 часот по локално време, во тек е состанок во Краниди на заменик-министерот за цивилна заштита на Грција, генералниот секретар за азил, претседателот на Националната организација за јавно здравје на Грција, како и градоначалникот и префектот на периферијата, за евентуално преземање конкретни мерки. Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас пред почетокот на состанокот рече дека не постои причина за паника.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-150-pozitivni-sluchai-na-kovid-19-vo-hotel-so-begalci-i-migranti-na-peloponez/feed/ 0
Словенија: Во почетокот на 2018 година имало 250.000 имигранти – 12 отсто од вкупното население https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovenija-vo-pochetokot-na-2018-godina-imalo-250-000-imigranti-12-otsto-od-vkupnoto-naselenie/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovenija-vo-pochetokot-na-2018-godina-imalo-250-000-imigranti-12-otsto-od-vkupnoto-naselenie/#respond Mon, 16 Dec 2019 07:29:22 +0000 https://kurir.mk/?p=278007

На почетокот на 2018 година, во Словенија живееле 250.000 имигранти, што е 12 отсто од вкупното население. Со тоа, земјата се наоѓа на 16 место на листата на земји од ЕУ по број на странци, покажуваат податоците на словенечкиот Завод за статистика. Луксембург е на списокот со 46,5 проценти имиграција и Полска со 1,8 проценти на последното. Податоците на Заводот за статистика покажуваат дека Словенија е доста дарежлива во давањето државјанство на имигрантите и се смета дека е една од четирите земји на ЕУ со најголем удел на имигранти кои имаат државјанство, покрај Хрватска, Шведска и Холандија. Како што се наведува, тој удел во Словенија е 55 проценти, од кои 94 отсто биле мигранти кои се преселиле во земјата додека таа се уште била дел од Југославија, пред јуни 1991 година. Од натурализираните Словенци, 70 проценти се од поранешна Југославија, а најголем дел од Босна и Херцеговина – дури 43 проценти. Имиграцијата во Словенија ја сочинуваат лица од дури 163 земји во светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovenija-vo-pochetokot-na-2018-godina-imalo-250-000-imigranti-12-otsto-od-vkupnoto-naselenie/feed/ 0