Имир Елези – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 04 Mar 2020 09:57:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Имир Елези – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Власта попушти: Преку ноќ имињата на училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Никола Вапцаров“ во Чаир се сменети со двајца Албанци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-popushti-preku-nokj-iminjata-na-uchilishtata-rajko-zinzifov-i-nikola-vapcarov-vo-chair-se-smeneti-so-dvajca-albanci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-popushti-preku-nokj-iminjata-na-uchilishtata-rajko-zinzifov-i-nikola-vapcarov-vo-chair-se-smeneti-so-dvajca-albanci/#respond Wed, 04 Mar 2020 08:31:30 +0000 https://kurir.mk/?p=311826

Не стивнуваат разбранувањата во јавноста по промената на имињата на училиштата во Чаир кои од „Рајко Жинзифов“ и „Никола Вапцаров“ ќе бидат сменети со имињата „Исмаили Ќемали Беј Влора“ и Имер Елези. Исмаил Ќемали Беј Влора бил истакнал албански политичар и дипломат. Исмаил Ќемали е една од најзначајните фигури во времето на независноста на Албанија. Ќемали се смета за основач на современа Албанија, бидејќи тој е првиот претседател, премиер и министер за надворешни работи на земјата. Ќемали одиграл најважна улога во прогласувањето на независноста на Албанија на 28 ноември 1912 година. По државниот удар, кој на 22 јануари 1914 година го извел Есад Паша Топтани, живеел во егзил. Умрел во Перуџа од срцев удар. Второто име кое ќе го носи училиштето во Чаир е Имир Елези. Единствен податок кој го најдовме за него беше една статија на албански во која тој е опишан како ,,Синоним на битката во Матејче каде што се бореше гради во гради со славо-македонските сили и херојски загина во една акција и стана народен херој.”. Воглавно Имир Елези е член на терористичката група УКЧ која во 2001 водеше битки со македонската полиција и војска. Борец во славната битка на Кошаре 1999 година, борец во областа Карадак 2001 година. Во текот на 80-тите години, Енвер Елези братот на Имриу, беше убиен со рафално пукање од калашникови за време на тогашната воена служба на ЈНА. Името Имри Елези е синоним за битката кај Матејче, каде јуначки се бореше со славо-македонските сили каде што исто така беше мачен за време на една акција. „Денес, со ова име се фали Дизон, се фали Чаир, Скопје и целата нација. Паднат херој за нацијата – Комесар ИМРИ ЕЛЕЗИ“, стои напишано во статијата. Инаку во минатото јавноста е сведок на препукувањата помеѓу министерот за локална самоуправа, Невзат Бејта, и директорот на државниот инспекторат за локална самоуправа, Ванчо Шехтански, околу промената на имињата на четири училишта во скопски Чаир уште во 2012 година. Со одлука на општината Чаир, имињата на училиштата Цветан Димов, Рајко Жинзифов, Јане Сандански и Никола Вапцаров тогаш беа сменети во Исмаил Ќемали, Хасан Приштина, Јашар Бег и Имри Елези. Но државниот инспекторат за локална самоуправа со решение ја поништи таа одлука оценувајќи дека тоа било сторено незаконски и ги врати старите имиња. Општината, пак, таквиот потег на инспекторатот го обжали пред Министерството за локална самоуправа, кое пресече во полза на општината. Шехтански тврдеше дека одлуката на министерот Бејта била беспредметна и незаконска и дека во сила остануваат старите имиња на македонските дејци и револуционери. „Инспекторатот со решение објавено во службен весник на 8 март ги врати во сила старите имиња на училиштата во Чаир. Решението на 6 март ѝ го доставивме на општината Чаир, која уште истиот ден го обжалила пред Министерството за локална самоуправа, а министерот Бејта на 7 март, значи еден ден пред решението да стапи во сила, го отфрла истото во полза на општината Чаир. Ова се факти што покажуваат дека одлуката на Бејта едноставно е беспредметна“, вели Шехтански. Според Шехтански, инспекторатот сè уште не расправал за одлуката на општината Дебар со која имињата на основното училиште Братство-единство и на гимназијата Здравко Чочковски, се преименуваат во Пенестиа, односно во 28 Ноември. „Тој случај сè уште не е разгледуван. Треба да видиме дали постапката на општината Дебар била законски водена, па потоа ќе се изјасниме. Сè дотогаш остануваат старите имиња на училиштето“, вели Шехтански. Инаку, Хасан бег Приштина потекнува од Косово, а по младотурската револуција, во 1910 година станува пратеник во турското собрание. Во 1912 година го предводи албанското востание. По независноста на Албанија кратко време бил и министер на државата. По Првата светска војна, во 1919 година тој формира движење што се противи на враќањето на Косово во Србија и бара обединување на покраината со Албанија. Тој важел за политички противник на албанскиот крал Ахмет Зогу. Неколку дена бил и премиер на Албанија, но бил отстранет по интервенција на Ахмет Зогу. Во април 1933 година тој како предводник на Косовскиот комитет потпишува сојуз со Анте Павелиќ и со Ванчо Михајлов за заедничка борба против тогашна Југославија. На 13 август таа година бил убиен во атентат. Јашар бег Кумбарџи бил Турчин, познат турски бег од Скопје кој, според неговите потомци немал никаква поврзаност со Албанците. Неодамна во јавноста се јави Јегит Кумбарџи, внук на Јашар бег, кој изјави дека некој заради политички интерес си поигрува со историјата на нивното семејство. Тој ги отфрли податоците на историчарите Албанци и на чаирскиот градоначалник Изет Меџити дека Јашар-бег некогаш бил градоначалник на Скопје, ниту пак дека бил претседател на разгранокот на Призренската лига. Исмаил Ќемали е роден во Валона и потекнувал од благородничко семејство. Во 1895 година се преселил во Истанбул, каде што станува државен службеник во Отоманската Империја. Бил гувернер во повеќе градови на Балканот, а бил и гувернер во Бејрут. По Младотурската револуција од 1908 година тој станал пратеник во новиот османлискиот парламент. Но во 1909 година го напушта Истанбул и своите политички активности ги насочува исклучиво кон албанската кауза. Тој е еден од главните фигури во борбата за независност на Албанија и во формирање на владата на независна Албанија. Ќемали беше и премиер на Албанија од 1912 до 1914 година. Имри Елези е припадник на поранешна ОНА, кој во 2001 година бил убиен во престрелка со македонските безбедносни сили. По неговата смрт, во рамките на ОНА беше формирана посебна единица, која го носеше неговото име, а во која според информациите на полицијата членувале муџахедини од странски држави што војувале на страната на ОНА. Две години подоцна Алсат-М напиша дека има една причина за условувањето од ВМРО-ДПМНЕ за непреименување на училиштата од Чаир: името на поранешниот припадник на ОНА, кој треба да го замени името на Никола Вапцаров, во училиштето на Дижонска во Чаир. Името Имри Елези, според сѐ, е трн во окото на ВМРО-ДПМНЕ и проблемот со училиштата нема да се реши сѐ додека не се најде компромис токму за ова училиште. Партијата ВМРО-ДПМНЕ  силно се противи едно од училиштата да го носи името на Имри Елези или на кој било од припадниците на ОНА од 2001 година. Директорката Мерита Коџаџику вели деки името на Имри Елези е избрано од Советот на родители и само тоа тело е надлежно да одлучи за името. „Официјално не сме имале изјава дека токму нашето училиште е проблем за  преименување на четирите училишта. Не сум јас таа што треба да донесе  таква одлука, бидејќи иницијативата е покрената од Советот на родители и јас стојам зад Советот на родители“, велеше Мерита Коџаџику, Директорка на ОУ „Имри Елези“ во 2014 година. Имри Елези завршил основно образование токму во училиштето што треба да го носи неговото име, а во текот на конфликтот од 2001 година, тој беше студент на Правниот факултет при универзитетот „Св Кирил и Методиј“. Тој ги прекина студиите за да ѝ се приклучи на ОНА и падна како херој во Матејче, Липковско.

Муџахедини во Македонија: Дојдоа, се бореа, заминаа – сега се тука нивните ученици

Следбеници на муџахедините кои во 2001 се бореа против Македонија се уште го шират радикалниот ислам низ земјава, анализираше Вечер во 2014 година. Според весникот, околу 150 радикални исламски платеници во 2001 се бореа на страната на ОНА.  Јадрото го сочинуваше мџахединскиот вод на Имри Елези во склоп на 113тата бригада Исмет Јашари која делуваше во кумановскиот регион, предводена од Ндрецај Малиќи.  Најголем дел од припадниците на овој вод беа државјани на Саудиска Арабија, Авганистан, Турција, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија кои посетувале терористички кампови за обуки во повеќе земји. Муџахедините ги регрутираше Јакуп Хсипи, познат како оџата од Слупчане кој беше близок соработник до водството на ОНА, сега раководство на ДУИ кој се школуваше во Сирија. Овој човек донесе над стотина муџахедини во Македонија а му помагаа Даут Харадинај и Џезаир Шаќири попознат како Командант Хоџа. Асипи како што пишува Вечер имаше активна улога во војната во 2001 како дел од муџахединскиот вод во 113тата бригаа, рамо до рамо со Шефќет Красниќи кој минатиот месец беше уапсен во Косово во полициска акција против радикалните исламисти. Красниќи минатите години проповедаше радикален ислам и во Скопје на стадионот во ЧАир и во одметнатите вахабистички џамии над кои ИВЗ нема контрола. Вечер пишува дека командант на муаџехедините бил Ферид Селими а негов заменик Беќир Халими кој пред неколку годин ибеше уапсен во Скопје под сомение дека соработувал со организации на Алкаеда. Иако во неговите канцеларии во Старата скопска чаршија беше пронајдена обемна радикалистичка литература, полицијата не собра доолно докази за да го обвини. Иако најголем дел од Муџахедините си заминаа по завршувањето на конфликтот, еден дел остана да делува во Македонија. Хасипи веќе не е меѓу живите, но неговите предавања може да се видат на профилите на социјалните мрежи на скопјаните кои загинаа во Сирија. Албанската ДУИ и покрај бројните фото и видео докази никогаш не го призна учеството на муџахедините во војната во Македонија,  обвинувајќи дека единствени платеници во регионот се Србите кои учествуваат во конфликтот во Украина.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-popushti-preku-nokj-iminjata-na-uchilishtata-rajko-zinzifov-i-nikola-vapcarov-vo-chair-se-smeneti-so-dvajca-albanci/feed/ 0