империја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 30 Mar 2023 09:59:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png империја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зоранчо Митровски, сопственикот на „Езимит“, доби условна казна затвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zorancho-mitrovski-sopstvenikot-na-ezimit-dobi-uslovna-kazna-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zorancho-mitrovski-sopstvenikot-na-ezimit-dobi-uslovna-kazna-zatvor/#respond Thu, 30 Mar 2023 09:59:55 +0000 https://kurir.mk/?p=818098

Зоранчо Митровски, сопственикот на компанијата „Еземит“, доби условна казна затвор од две години, во раздвоената постапка за случајот „Империја“ по признание на вина. Двегодишната казна затвор му се изрекува доколку во следните пет години не стори друго кривично дело. Митровски и „Еземит вино" ДООЕЛ солидарно треба да платат и штета од 92,25 милиони денари во корист на буџетот. Обвинетиот на претходното рочиште доброволно даде признание на вина за делата кои му се ставаат на товар за злоупотреба на службена положба и перење пари. Своевремено во периодот 2012-2013 со искористување на своите позиции во Одборот на директори на АД Бетон и за лична корист, заедно со останатите обвинети, нанеле штета од 256 милиони денари или 4 милиони евра на АД Бетон. -Судот за кривично дело злоупотреба на службената положба му утврдува казна затвор од една година и три месеци, додека за делото перење пари казна затвор од една година и еден месец. Согласно законот за двете кривична дела Судот му одредува една единствена алтернативна мерка условна осуда казна затвор од две години затвор, ако во следните пет години не стори друго кривично дело, изјави судијката Николовска Масевска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zorancho-mitrovski-sopstvenikot-na-ezimit-dobi-uslovna-kazna-zatvor/feed/ 0
Зоранчо Митровски ја призна вината во случајот „Империја“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zorancho-mitrovski-ja-prizna-vinata-vo-sluchajot-imperija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zorancho-mitrovski-ja-prizna-vinata-vo-sluchajot-imperija/#respond Mon, 20 Mar 2023 14:58:02 +0000 https://kurir.mk/?p=814223

Обвинетиот Зоранчо Митровски ја призна вината во случајот „Империја“, по што Основниот Кривичен суд Скопје одлучи дека по однос на овој обвинет, постапката ќе се раздвои. Овој процес се води против преостанатите три лица од предметот, по спроведената истражна постапка против 19 лица. Обвинетиот Цветен Панделески, од друга страна, пред судот рече дека не може да го разбере обвинението. - Јас ова обвинение не можам да го разберам, не се чувствувам виновен, рече тој. Панделески одговори дека не се чувствува виновен за ниту едно од делата што му се ставаат на товар. Обвинетиот Јованчо Тасковски, преку неговиот адвокат, побара прекин на постапката од краток временски период, поради увид во штетата. - Се двоуми и да признае вина, и да не признае, поради тоа што се работи за специфичен кривично-правен настан, за кој се работи од 2014 година, односно, со тогашното СЈО 2018 година, при што на мојот клиент му пренесов дека има и трошоци на постапка, а кој не е способен финансиски истото тоа да го покрие. На господинот Тасковски му е неопходен краток временски период, тоа да го консултира и со своите членови на семејството. Затоа бараме од судот да ни овозможи дополнително да се произнесеме, рече адвокатот Мерџан Даути. Судот го прифати ова барање и одлучи постапката да продолжи на 22 март. Претходно, во своите воведни зборови, обвинителката Лиле Стефанова кажа дека ќе го убеди судот за сторените кривични дела на обвинетите. - Судот ќе го убедиме на кој обвинетите Цветан Панделески и Зоранчо Митровски ги пренесувале средствата, на кои сметки отишле и како го сториле кривичното дело користејќи ја својата службена положба и овластување, рече обвинителката Лиле Стефанова. Таа рече дека останува на предлозите од обвинителниот акт во врска со имотната корист како и сите други предлози дадени во доказите. Во овој случај обвинети се Цветан Панделески, Зоранчо Митровски и Јованчо Тасковски, кои се гонат за кривичните дела „злоупотреба на службена положба“, „перење пари“ и „измама“, а Основното јавно обвинителство достави и предлог од тројцата обвинети да се конфискува имот во вкупна вредност од 292 333 000 денари или 4 753 382 евра. Прво и второобвинетиот се гонат за „злоупотреба на службена положба“ и „перење пари“, а на првообвинетиот на товар му се става и кривичното дело „измама“ за кое се товари и третообвинетиот. Според опишаните дејствија во Обвинителниот акт, прво и второобвинетиот и веќе едно осудено лице, во периодот од месец мај до месец август 2013 година како соизвршители ги искористиле своите овластувања како одговорни лица – членови на Одбор на директори на правно лице и претставници на акционерскиот капитал. За дел од лицата опфатени во истражната постапка, помеѓу другото, имаше пресуди врз основа на предлог спогодби, застарување како и решенија за неповедување на кривична постапка. Помеѓу спогодбите беше и спогодбата на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, кој призна вина и се спогоди со Обвинителството за организиран криминал со што беше осуден на 3 години затвор и исплата од 6,1 милиони евра во кеш за уделот во хотелот Мериот и му беше одземен и имот во вредност од околу 30 милиони евра. Спогодба, исто така, направи и бизнисменот Орце Камче кој доби казна затвор од една година и обврска да уплати 5,2 милиони евра на управата за јавни приходи заради пресметан непалтен данок со фирмата „Орка холдинг“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zorancho-mitrovski-ja-prizna-vinata-vo-sluchajot-imperija/feed/ 0
Се запленува имот во предметот „Империја“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-zaplenuva-imot-vo-predmetot-imperija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-zaplenuva-imot-vo-predmetot-imperija/#respond Fri, 15 Apr 2022 16:00:31 +0000 https://kurir.mk/?p=663749

Во рамки на истражната постапка во предметот „Империја“, во текот на вчерашниот и денешниот ден до Основниот кривичен суд Скопје доставени се шест барања за определување на привремена мерка забрана за оттуѓување и располагање со недвижен имот.
Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, барањата се поднесени поради постоење на основано сомневање дека имотот потекнува од кривично дело и дека до крајот на кривичната постапка ќе биде особено отежнато или оневозможено неговото одземање. Од прибраниот доказен материјал, како што се наведува во соопштението, произлегува дека предложениот имот е пренесен на трети лица за да се прикрие неговиот вистински сопственик. -На предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е определена мерка забрана за оттуѓување и располагање со удел на правното лице Друштво за производство, трговија и услуги ДИВЕЛОП ГРУП ДОО Скопје што го поседува во правното лице Хотел Гранд М ДООЕЛ Скопје, удел на физичко лице од 67,5 отсто што го поседува во правното лице Друштво за производство, трговија и услуги ДИВЕЛОП ГРУП ДОО Скопје, удел – основачки влог од 32,5 отсто што го поседува правното лице – Друштвото за градежништво, трговија и услуги БЕСТ ВЕЈ ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ Скопје во правното лице Друштво за производство, трговија и услуги ДИВЕЛОП ГРУП ДОО Скопје, стои во соопштението.
Како што информира Јавното обвинителство, определена е мерка забрана за оттуѓување и располагање со недвижен имот и на Друштвото за трговија и услуги БИЗНИС ПРОПЕРТИ ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ Скопје во вредност од 58.282.500,00 денари согласно книговодствената вредност и тоа апартмани со вкупна површина од 720 м2 и гаражи со вкупна површина од 92 м2. Се запленуваат и 7213 акции што Друштвото за производство, трговија и услуги ЕКСИКО ДООЕЛ Скопје ги поседува во Стопанска Банка А.Д. Битола по номинална вредност од 3.000,00 денари по акција или во вкупна вредност од 21.639.000,00 денари, како и деловен простор во градба лоциран на плоштадот „Македонија“ на Друштвото за производство, трговија и услуги СИС ИНВЕСТ ГРУП ДООЕЛ Скопје со површина од 566,41 м2 и во вредност од 1.699.241 евра.
-Судијата на претходна постапка ги прифати барањата и со решение определи привремени мерки со кои се забранува располагање, заложување и оттуѓување на имотот по каков било правен основ. Привремените мерки согласно закон може да траат најдолго до завршување на кривичната постапка пред првостепениот суд или да бидат укинати по службена должност. Привремените мерки стапија во сила веднаш и заплената на имотот е прибележана во Централниот регистар на РС Македонија и Агенцијата за катастар на недвижности – Центар за катастар на недвижности Скопје. Запленувањето не е конечно, се наведува во соопштението. Случајот „Империја“ се води против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски. Тие се гонат поради основано сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-zaplenuva-imot-vo-predmetot-imperija/feed/ 0
Лиле Стефанова им „згреши“ па ќе ја тргаат од „Империја“? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lile-stefanova-im-zgreshi-pa-kje-ja-trgaat-od-imperija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lile-stefanova-im-zgreshi-pa-kje-ja-trgaat-od-imperija/#respond Thu, 30 Jan 2020 13:25:40 +0000 https://kurir.mk/?p=296993

Се подготвува ли тргање од случајот „ Империја“, па и од обвинителската функција на обвинителката Лиле Стефанова, по нејзиното сведочење во „Рекет“, пишува Република. Ова прашање се наметнува, откако денеска шефицата на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, испрати критики на нејзина адреса и обелодени дека случајот на бизнисменот Орце Камчев, покрај Стефанова, ќе го води и обвинителката Гордана Смаќоска. -Сите кои мислат дека судот постапува непрофесионално, треба да пријават во Судскиот совет. Недозволиво е такви сомневања да се изнесуваат во судница, без да се извести Судскиот совет, изјави денеска обвинителката Рускоска, одговарајќи на прашањето како го оценува сведочењето на Стефанова во „Рекет“ и обвинувањата на адреса на судијката Добрила Кацарска. Во своето сведочење за „Рекет“, одговарајќи на прашање на одбраната на Бојан Јовановски алијас Боки 13, во редот на емисарите, кои ургирале за „Империја“, Стефанова ја спомена судијката Кацарска. Таа, според Стефанова, не ургирала директно кај неа, туку кај нејзин колега од Специјалното јавно обвинителство. Рускоска денеска, одговарајќи на прашање дали е точно дека се интензивираат активностите за „Империја“, меѓу другото изјави дека и обвинителката Гордана Смаќоска „се повеќе навлегува во случајот“. Острата стрела на Рускоска и ангажирањето на Смаќоска можат да бидат сигнали дека на обвинителката Стефанова не и „цветаат рози“. Стефанова доби и кривична пријава од бизнисменот Орце Камчев за злоупотреба на службената положба. Откако и беше прекинат мандатот во поранешното СЈО, Стефанова беше вратена во обвинителството во Радовиш, но предметот „Империја“ повторно и беше доделен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lile-stefanova-im-zgreshi-pa-kje-ja-trgaat-od-imperija/feed/ 0
Укинат куќниот притвор на Сашо Мијалков за „Империја“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinat-kukjniot-pritvor-na-sasho-mijalkov-za-imperija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinat-kukjniot-pritvor-na-sasho-mijalkov-za-imperija/#respond Fri, 29 Mar 2019 12:36:13 +0000 https://kurir.mk/?p=180198

Од Врховниот суд информираат дека е донесено решение со кое му се укинува куќниот притвор на екс директорот на УБК Сашо Мијалков, кој му беше одреден за случајот „Империја“. Сепак и покрај оваа одлука, Мијалков ќе остане во куќен притвор, бидејќи оваа мерка вчера му ја одреди Апелациониот суд, за случајот „Титаник 2“, откако претходно ја укина мерката притвор. -Поради зголемениот интерес на медиумите во врска со предметот познат под името „Империја“, ја информираме јавноста дека Врховниот суд на 27 март 2019 година, донесе решение по предметот заведен под ВКЖ1.бр.19/2019, со кое ја уважи жалбата на бранителот на обвинетиот С.М., адвокат Љупчо Шврговски од Скопје и решението на Апелациониот суд Скопје КСЖ.бр.116/19 од 28.02.2019 година го преиначи на начин што ја укина мерката куќен притвор и го пушти обвинетиот да се брани од слобода веднаш по приемот на решението. Решението е донесено согласно начелното правно мислење утврдено на Општа седница на Врховниот суд одржана на 30.01.2019 година, а бидејќи мерката куќен притвор спрема обвинетиот С.М. е определена по барање на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, кое нема својство на овластен тужител во оваа постапка. Делот од решението со кое се наредува обвинетиот С.М. веднаш да се пушти да се брани од слобода се однесува на извршувањето на решението на Апелациониот суд Скопје КСЖ.бр.116/19 од 28.02.2019 година, информираат од Врховниот суд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinat-kukjniot-pritvor-na-sasho-mijalkov-za-imperija/feed/ 0
Нови 30 дена притвор за Орце Камчев и осомничените во „Империја“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/novi-30-dena-pritvor-za-orce-kamchev-i-osomnichenite-vo-imperija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/novi-30-dena-pritvor-za-orce-kamchev-i-osomnichenite-vo-imperija/#respond Mon, 10 Dec 2018 11:05:40 +0000 https://kurir.mk/?p=138032

Кривичниот суд во Скопје им определи нови 30 дена притвор на осомничените во случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство, дознава „Макфакс“. СЈО до судот доставило предлог со кој бара на осомничените да им биде продолжен притворот за нови 30 дена, поради тоа што сè уште опстојуваат причините поради кои им била првично изречена оваа мерка за обезбедување присуство. Бизнисменот Јордан Камчев, неговите соработници Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска, Цветан Панделески – директорот на комбинатот „Пелагонија“ и Тодор Мирчевски, директорот на контроверзната компанија „Ексико“, остануваат уште еден месец во притвор. За ексшефот на УБК, СЈО дополнително побара притвор за овој случај. Камчев, Мијалков и останатите се обвинети за злосторничко здружување, оштетување и повластување доверители, злоупотреба на слубената положба, измама и перење пари. Во истрагата за „Империја“, осомничени се уште 8 лица: ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, мајката и сестрата на Орце Камчев, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Владислав Стајковиќ, ексдиректорот на компанијата „Финзи“ преку која одеше набавката на израелската опрема за прислушување, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев, Јованче Тасковски и Лилјана Гајдовска.

СЈО тврди дека нивните докази упатуваат на тоа дека осомничените во периодот од 2002 до 2013 година сториле кривични дела лично или преку фирмите кои ги поседуваат. Обвинителството најави проширување на истрагата за нови лица и за нови кривични дела.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/novi-30-dena-pritvor-za-orce-kamchev-i-osomnichenite-vo-imperija/feed/ 0
Фактор: Камчев не е меѓу приведените https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/faktor-kamchev-ne-e-megju-privedenite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/faktor-kamchev-ne-e-megju-privedenite/#respond Fri, 09 Nov 2018 14:15:01 +0000 https://kurir.mk/?p=125815

Извршниот директор на Орка Холдинг, Јордан Камчев не е приведен, велат за Фактор од компанијата. -Шпекулација се информациите кои ги шират дел од медиумите дека Камчев е приведен-велат за Фактор од Орка Холдинг. Од МВР за Фактор пак не сакаа да дадат било каква информација во врска со последната истрага под кодно име „Империја“ упатувајќи го медиумот за информации да се обратат  до СЈО . Имено, СЈО денеска соопшти дека е отворена нова истрага во која повеќе лица се осомничени поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/faktor-kamchev-ne-e-megju-privedenite/feed/ 0
Зошто пропаѓа империјата на Џејми Оливер https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zoshto-propagja-imperijata-na-dzejmi-oliver/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zoshto-propagja-imperijata-na-dzejmi-oliver/#respond Sat, 21 Apr 2018 08:15:31 +0000 https://kurir.mk/?p=44021

Најпознатиот светски готвач Џејми Оливер се соочува со тешки времиња. Од 2014 година наваму тој мораше да затвори многу од своите ресторани. Само во првите месеци од 2018 година мораше да затвори 12 ресторани со 450 вработени. Доктор Паоло Аверса економски експерт смета дека лошата стратегија на Џејми е виновна за падот. – Џејми го изгради брендот околу своето име, а тоа е апсолутно погрешно. Проблемот настанува во моментот кога муштеријата не може да го поврзе доживувањето во рестораните со личноста. Тие одат во рестораните на познатите готвачи со очекување дека тие лично ќе готват за нив. Кога тоа не се случува луѓето го губат чувството на поврзаност, објасни Аверса. Самата компанија пак смета дека дел од причините за падот лежат во тоа што тие главно отвориле ресторани со италијанска храна каде што конкуренцијата е голема, а често и понудата е поголема.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zoshto-propagja-imperijata-na-dzejmi-oliver/feed/ 0