импичмент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 11 Jun 2023 07:25:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png импичмент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се подготвува ли импичмент за бугарскиот претседател Радев? https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-podgotvuva-li-impichment-za-bugarskiot-pretsedatel-radev/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-podgotvuva-li-impichment-za-bugarskiot-pretsedatel-radev/#respond Sun, 11 Jun 2023 07:25:24 +0000 https://kurir.mk/?p=844531

По формирањето нова влада во Бугарија, засилено се шпекулира и со можноста за отповикување на претседателот Румен Радев. Таквата можност ја анализира весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Новата бугарска влада би можела да отпочне постапка за отповикување на претседателот Румен Радев поради запрената испорака на оружје за Украина, пишува весникот Франкфуртер алгемајне цајтунг. Неопходното двотретинско мнозинство во парламентот за тој потег веќе постои, а потоа во рок од еден месец ќе треба да се изјасни и Уставниот суд на Бугарија. Доколку Судот пресуди дека претседателот го прекршил Уставот или извршил велепредавство, тој ќе биде отповикан. Иницијативата доаѓа од поранешниот шеф на бугарската тајна служба Атанас Атанасов, кој предводи една мала прозападна партија во новата владина коалиција. Тој укажува на заклучок на парламентот од ноември 2022 година, во кој, со големо мнозинство, беше одобрена испорака на оружје за Украина. Но, одлуката имаше една специфика: парламентарното мнозинство кое ја донесе одлуката, не беше владино мнозинство. Во моментот на гласањето немаше избрана мнозинска влада, туку техничка, која ја именуваше претседателот Румен Радев. Тој е поранешен воен пилот од времето на Варшавскиот пакт, кој со својата реторика, меѓу другото и во спорот со Северна Македонија, постојано покажува колку времето на Советскиот Сојуз и бугарскиот комунизам го обликувале неговото размислување. Радев одлучно се изјаснува против воена помош за Украина. Проблеми за путинофилите Атанас Атанасов сега наведува, доколку се докаже, дека претседателот ѝ наредил на техничката влада да не ѝ ја испорачува воената помош на Украина, а со тоа се ставил над парламентот, што е повод за отповикување. Во таа насока, прво треба да се формира парламентарна истражна комисија која треба да провери дали биле спроведени одлуките на парламентот. Иако останува отворено дали ќе дојде до отповикување на Претседателот, самата дебата на таа тема покажува дека на поддржувачите на Путин и другите пријатели на Кремљ нема да им биде лесно во Бугарија во претстојниот период. Двете најголеми партии, ГЕРБ и Промената продолжува на поранешните премиер Бојко Борисов и Кирил Петков, отворено се залагаат за испорака на оружје за Украина. Путинофилијата не е исчезната од бугарската политичка сцена, но партиите кои ја поддржуваат Русија сега се во опозиција. Колку ќе опстане владата? За Украина тоа не е споредно прашање. Бугарија е мала земја, но фабриките за муниција во земјата се многу важни. Во времето на Варшавскиот пакт, производството на оружје во Бугарија беше меѓу водечките во т. н. Источен блок. Фактот што сѐ уште се произведува муниција од советски тип е особено интересно за украинската армија. Тоа го знае и Москва, на која може да ѝ се припишат повеќе напади и пожари врз производството последниве години. Повеќе бугарски фабрики за оружје уште во 2022 година го зголемија производството и вработија дополнителен персонал. Тоа што претседателот Радев го критикуваше формирањето на новата влада и сакаше тоа да го спречи, не изненадува никого со оглед на позадината. Единственото прашање е колку ќе опстане коалицијата. Затоа што меѓу партиите на Борисов и Петков, иако на иста надворешнополитичка линија, сепак постои длабок раздор на внатрешнополитички план. Локалните избори наесен, кога ќе се борат едни против други за власта на локално ниво, ќе биде првата голема проба за коалицијата. (Дојче веле) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-podgotvuva-li-impichment-za-bugarskiot-pretsedatel-radev/feed/ 0
Перуанскиот претседател избегна импичмент по обвинувањата за корупција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peruanskiot-pretsedatel-izbegna-impichment-po-obvinuvanjata-za-korupcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peruanskiot-pretsedatel-izbegna-impichment-po-obvinuvanjata-za-korupcija/#respond Tue, 29 Mar 2022 06:53:16 +0000 https://kurir.mk/?p=654901

Перуанскиот претседател Педро Кастиљо вчера избегна импичмент од Конгресот во кој доминира опозицијата, по повеќе од осум часа парламентарна дебата. За импичмент гласаа 55 пратеници, 54 се изјаснија против, а 19 беа воздржани. Неопходни беа 87 гласа за да се изгласа импичмент на лидерот, кој беше обвинет за корупција и недостиг на морал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peruanskiot-pretsedatel-izbegna-impichment-po-obvinuvanjata-za-korupcija/feed/ 0
Пелоси го потпиша решението за импичментот на Трамп во Претставничкиот дом https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pelosi-go-potpisha-reshenieto-za-impichmentot-na-tramp-vo-pretstavnichkiot-dom/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pelosi-go-potpisha-reshenieto-za-impichmentot-na-tramp-vo-pretstavnichkiot-dom/#respond Thu, 14 Jan 2021 06:30:25 +0000 https://kurir.mk/?p=455022

По синоќешното гласање за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп во Претставничкиот дом на САД, спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, повтори дека претседателот е отповикан затоа што поттикнуваше на бунт и оцени дека тоа претставува „актуелна закана за нацијата“. Пелоси потоа пред новинарите ја потпиша одлуката на Долниот дом на Конгресот за отповикување на претседателот Трамп, што ќе биде испратена до Сенатот за натамошно постапување. Откако ја потпиша одлуката Пелоси без збор или дополнителен коментар ја напушти салата за прес-конференции. Вкупно 232 конгресмени во Претставничкиот дом гласаа „за“ повлекување, наспроти 197, додека четворица не гласаа, потврди Си-Ен-Ен. Вкупно седум пратеници во Долниот дом на Конгресот немаат право на глас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pelosi-go-potpisha-reshenieto-za-impichmentot-na-tramp-vo-pretstavnichkiot-dom/feed/ 0
Трамп повторно силно го осуди насилството во Капитол https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-povtorno-silno-go-osudi-nasilstvoto-vo-kapitol/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-povtorno-silno-go-osudi-nasilstvoto-vo-kapitol/#respond Thu, 14 Jan 2021 06:21:31 +0000 https://kurir.mk/?p=455018

Американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, синоќа, по гласањето за отповикување во Претставничкиот дом, повторно го осуди минатонеделното насилство во Капитол и рече дека сите што учествувале во немирите ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Трамп, чии налози се блокирани на сите важни социјални мрежи, се обрати преку видео порака на профилот на Белата куќа на Твитер и во својот говор ниту еднаш не ја спомна одлуката на Претставничкиот дом за негово отповикување. -Сакам да бидам јасен: недвосмислено го осудувам насилството што го видовме минатата недела, рече Трамп, истакнувајќи дека ваквото насилство е спротивно на се во што тој верува. “Ниту еден мој вистински поддржувач не можеше никогаш да поддржи политичко насилство. Ниту еден мој вистински поддржувач не можеше да не го почитува спроведувањето на законот или нашето големо американско знаме”, рече Трамп во петминутното обраќање. -Доколку направите нешто од овие работи, не го поддржувате нашето движење, го напаѓате и ја напаѓате нашата земја. Не можеме да го толерираме тоа, рече американскиот претседател повикувајќи на смирување на тензиите. „Насилството треба да престане“, додаде тој, истакнувајќи дека минатата година имаше премногу насилство, немири и кршење на законот. -Без разлика дали сте десно или лево, демократ или републиканец, нема оправдување за насилството. Нема изговори. Нема исклучоци. Америка е правна држава. Оние што учествуваа во нападите од минатата недела ќе бидат изведени пред лицето на правдата, рече американскиот претседател. Трамп кажа и дека е информиран од тајните служби дека во следните денови се можни нови немири. Тој повтори дека им издал наредба на сојузните агенти да ги ангажираат сите ресурси за воспоставување ред и дека Националната гарда е распоредена во Вашингтон за да го обезбеди градот и да обезбеди трансфер на власта да биде мирен и без инциденти. Тој вели дека секој Американец има право да го слушне својот глас, но дека тоа мора да го стори со почит и во мир. На крајот од своето обраќање, тој повика на единство на нацијата. -Треба да се фокусираме на напредокот на целата нација, на испораката на чудесните вакцини, на победата над пандемијата, на реконструкцијата на економијата, на заштитата на националната безбедност и владеењето на правото, заклучи Трамп во својот говор од Белата куќа на Твитер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-povtorno-silno-go-osudi-nasilstvoto-vo-kapitol/feed/ 0
Лиз Чејни и Џон Катко ќе гласаат за импичмент на Трамп https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liz-chejni-i-dzon-katko-kje-glasaat-za-impichment-na-tramp/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liz-chejni-i-dzon-katko-kje-glasaat-za-impichment-na-tramp/#respond Wed, 13 Jan 2021 07:49:04 +0000 https://kurir.mk/?p=454564

Пратеничката Лиз Чејни, која зазема високо место во републиканското раководство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, изјави дека ќе гласа за отповикување на актуелниот шеф на државата Доналд Трамп. Таа истакна дека Трамп „ја свикал и ја собрал толпата, и го запалил пламенот на овој напад“ врз американскиот Конгрес на 6 јануари, нагласувајќи дека ќе гласа за импичмент на претседателот. Инаку, Лиз Чејни е ќерка на поранешниот републикански потпретседател Дик Чејни. Претходно, републиканскиот претставник во Конгресот, Џон Катко беше првиот од редовите на републиканците, кој најави дека ќе гласа за отповикување на Трамп и ја поддржи таквата идеја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liz-chejni-i-dzon-katko-kje-glasaat-za-impichment-na-tramp/feed/ 0
Претставничкиот дом гласаше за отповикување на Трамп од должноста претседател на САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretstavnichkiot-dom-glasashe-za-otpovikuvanje-na-tramp-od-dolznosta-pretsedatel-na-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretstavnichkiot-dom-glasashe-za-otpovikuvanje-na-tramp-od-dolznosta-pretsedatel-na-sad/#respond Thu, 19 Dec 2019 06:21:00 +0000 https://kurir.mk/?p=279445

Претставничкиот дом синоќа изгласа отповикување на претседателот Доналд Трамп од власт. Разултатите од гласењето покажаа дека во законодавниот дом на САД постои ненадминлив раскол по партиска линија, јави дописникот на МИА од Вашингтон. По првиот предмет на обвинувањето, злоупотреба на власта, „за“ гласаа 230 законодавачи, а „против“ 197. По вториот предмет, попречување на законот, „за“ гласаа 229 членови, „против“ беа 198. За утврдување на импичмент беа потребни гласови од најмалку 216 законодавачи. Двајца демократи, Колин Петерсон и Џеф Ван Дру, гласаа против. Џаред Голден гласаше „за“ по првото обвинение а против по второто, додека демократката Тулси Габард беше воздржана. Во објаснување на својот став Габард порача дека таа се позиционирала во центарот. – Кога пред три месеци гласав за спроведување на истрагата за импичмент, кажав дека тоа не треба да стане еднопартиски проект… За жал, имено тоа и се случи, изјави таа. Општо земено, и такви беа очекувањата, синоќешното гласање е уште една потврда за длабоката меѓупартиска поделеност во законодавниот дом на САД. Претходно, само двајца американски претседатели, Ендрју Џонсон во 1868 година и Бил Клинтон во 1998 година, беа отповикани, но и двајцата останаа да ги завршат своите мандати до крај. Ричард Никсон си поднесе оставка во 1974 година, без да дочека гласање за импичмент. Иако Претставничкиот дом објави негов импичмент, Трамп и понатаму е претседател. Неговата судбина сега се префрла во Сенатот на американскиот Конгрес, каде специјално оформен суд ќе је разгледа одлуката на Претставничкиот дом по предметите на обвинението, а бранители ќе ја докажуваат неговата невиност. Процесот треба да го води судијата Џон Робертс, претседател на Врховниот суд на САД. За отстранување на Трамп од должност треба да гласа една третина од сенаторите, или не помалку од 67. Процедурата се определува од лидерите во Сенатот, во кој републиканците се мнозинство. Според Уставот, оваа фаза од процесот нема рокови. Спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, синоќа по гласањето укажа дека нема брзање утврдениот импичемент да се префрли во Сенатот, се додека демократите не добијат гаранции за продлабочен и непристрасен суд. И со оние сведоци кои тие побараа лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, да ги повика да сведочат. Се очекува и поинаков развој на настаните. Изјавата на Пелоси значи дека судењето во Сенатот можа да се одложи, Трамп да не биде ослободен од обвинувањата, и да остане етикетиран како отповикан претседател во текот на добар дел од изборната 2020 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretstavnichkiot-dom-glasashe-za-otpovikuvanje-na-tramp-od-dolznosta-pretsedatel-na-sad/feed/ 0
Трамп: Можеби би бил подготвен да сведочам во истрагата за импичмент https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-mozebi-bi-bil-podgotven-da-svedocham-vo-istragata-za-impichment/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-mozebi-bi-bil-podgotven-da-svedocham-vo-istragata-za-impichment/#respond Mon, 18 Nov 2019 16:10:31 +0000 https://kurir.mk/?p=265603

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека можеби би бил подготвен да сведочи во истрагата за импичмент, иако, како што рече, не направил ништо лошо, а демократите кои ја водат истрагата во Претставничкиот дом не го повикаа јавно да сведочи. – Иако не сум направил ништо лошо и не сакам да му дадам кредибилитет на овој процес без да проверка, ми се допаѓа идејата и со цел Конгресот повторно да се фокусира, силно размислувам за тоа, напиша Трамп на Твитер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-mozebi-bi-bil-podgotven-da-svedocham-vo-istragata-za-impichment/feed/ 0
Перуанскиот претседател си поднесе оставка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peruanskiot-pretsedatel-si-podnese-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peruanskiot-pretsedatel-si-podnese-ostavka/#respond Thu, 22 Mar 2018 07:30:10 +0000 http://kurir.mk/?p=32019

Претседателот Перу, Педро Пабло Кучински поднесе оставка во Конгресот каде денеска ќе се гласа за процедура за негово отповикување. – Заради доброто на државата поднесувам оставка на функцијата претседател на републиката, нагласи Кучински истовремено негирајќи обвинувања за купување гласови што ја ослаби неговата влада. Кучински (79) во телевизиско обраќање вети дека транзицијата на власта ќе помине во согласност со Уставот и негираше обвинувања на опозицијата дека е корумпиран. Не е познато дали Конгресот што го контролира перуанската опозиција ќе ја прифати неговата оставка или како што претходно најавено, денеска да се гласа за негов импичмент со образложение дека е „морално неподобен“ да ја води државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peruanskiot-pretsedatel-si-podnese-ostavka/feed/ 0