имран кан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 26 Sep 2023 13:07:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png имран кан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пакистански суд му го продолжи притворот на Имран Кан за уште 14 дена https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pakistanski-sud-mu-go-prodolzhi-pritvorot-na-imran-kan-za-ushte-14-dena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pakistanski-sud-mu-go-prodolzhi-pritvorot-na-imran-kan-za-ushte-14-dena/#respond Tue, 26 Sep 2023 13:07:36 +0000 https://kurir.mk/?p=881861

Пакистански суд денеска му го продолжи притворот на поранешниот премиер на земјата Имран Кан за уште 14 дена во случај во кој тој е обвинет за оддавање државни тајни, потврди неговиот адвокат. Сослушувањето за „случајот шифра“ се одржа во затвор во североисточниот кварт Аток, на околу 80 километри од главниот град Исламабад, каде Кан моментално се наоѓа од безбедносни причини. Случајот е поврзан со дипломатските комуникации меѓу Вашингтон и Исламабад, за кои Кан вели дека се дел од американски заговор за соборување на неговата влада. Судијата Абул Хаснат, кој пристигна од Исламабад, на барање на обвинителството го продолжи притворот на Кан до 10 октомври.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pakistanski-sud-mu-go-prodolzhi-pritvorot-na-imran-kan-za-ushte-14-dena/feed/ 0
Уставниот суд на Пакистан нареди олободување на Имран Кан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ustavniot-sud-na-pakistan-naredi-oloboduvane-na-imran-kan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ustavniot-sud-na-pakistan-naredi-oloboduvane-na-imran-kan/#respond Tue, 29 Aug 2023 12:35:27 +0000 https://kurir.mk/?p=872093

Уставниот суд на Пакистан одлучи дека притворот на поранешниот премиер Имран Кан е „незаконски“ и дека тој треба веднаш да биде ослободен, јавува Анадолија. Според телевизијата „Гео њуз“, жалбата на пакистанската Партија за движење на правдата (ПТИ) против апсењето на Кан била разгледана во Уставниот суд, кој одлучил дека тоа било сторено на незаконски начин и дека тој треба веднаш да биде ослободен. Високиот суд во Исламабад во вторникот нареди апсење на Кан (70), што предизвика насилни протести низ целата земја, додека Антикорупцискиот суд, исто така, во главниот град, во средата одделно го обвини Кан во случај поврзан со нелегално купување и продавање подароци добиенио во странство додека бил на функцијата премиер. Апсењето дојде еден ден откако Кан обвини висок воен функционер дека планирал да го убие. Адвокатите на Кан го бојкотираа рочиштето откако судијата одби да го одложи неговото обвинение во судскиот процес, популарно познат како „случајот Тошахан“. Кан на судењето се изјасни за невин. Кан беше приведен од припадници на пакистанските паравоени сили „Ренџерс“ и тоа токму во моментите кога судот во Исламабад му одобри привремена кауција во седум случаи, јави „Дуниа Њуз“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ustavniot-sud-na-pakistan-naredi-oloboduvane-na-imran-kan/feed/ 0
Покрената нова истрага против поранешниот пакистански премиер Кан поради наводно оддавање државни тајни https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pokrenata-nova-istraga-protiv-poraneshniot-pakistanski-premier-kan-poradi-navodno-oddavane-drzhavni-tajni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pokrenata-nova-istraga-protiv-poraneshniot-pakistanski-premier-kan-poradi-navodno-oddavane-drzhavni-tajni/#respond Mon, 21 Aug 2023 15:33:44 +0000 https://kurir.mk/?p=869241

Пакистанските власти покренаа нова истрага против поранешниот премиер Имран Кан, кој се наоѓа во затвор, и против тројца негови соработници поради обвинение за оддавање државни тајни, потврди денеска добро информиран извор од пакистанскиот безбедносен сектор. Истрагата се однесува на доверлива телеграма испратена до Исламабад од пакистанскиот амбасадор во Вашингтон на почетокот на минатата година, која Кан наводно ја објавил во јавноста. Имран Кан, 70-годишниот политичар и поранешен играч на крикет, обелодени дека доверливата телеграма била дел од американскиот заговор, пакистанската војска да се принуди да го собори од власт со гласање недоверба во 2022 година, бидејќи тој ја посетил Москва пред рускиот напад врз Украина, но и официјален Вашингтон и пакистанската војска ги негираат обвинувањата на Кан. Кан моментално отслужува тригодишна затворска казна поради корупција и му е забрането пет години да се занимава со политиката. „Нашата истрага е во фаза на собирање докази за покренување обвинение против Имран Кан за оддавање службени тајни“, вели безбедносен извор директно одговорен за истрагата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pokrenata-nova-istraga-protiv-poraneshniot-pakistanski-premier-kan-poradi-navodno-oddavane-drzhavni-tajni/feed/ 0
Поранешниот пакистански премиер Имран Кан доби петгодишна забрана да се занимава со политика https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-pakistanski-premier-imran-kan-dobi-petgodishna-zabrana-da-se-zanimava-so-politika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-pakistanski-premier-imran-kan-dobi-petgodishna-zabrana-da-se-zanimava-so-politika/#respond Tue, 08 Aug 2023 20:08:41 +0000 https://kurir.mk/?p=864796

Изборната комисија на Пакистан денеска на поранешниот премиер Имран Кан му забрани да се кандидира за политичка функција во следните пет години, откако беше прогласен за виновен по обвиненијата за корупција, јавија британските медиуми. Неколку телевизиски канали јавија дека Изборната комисија на Пакистан одлуката ја донела во согласност со пресудата што беше донесена против него пред три дена. Според законите во Пакистан, осудено лице не може да се кандидира за избрана функција во рок определен од Изборната комисија, но не повеќе од пет години. Кан во саботата беше осуден на три години затвор. Тој беше уапсен во неговиот дом во Лахоре и одведен во затвор во близина на Исламабад. Поранешниот премиер беше обвинет за нелегална продажба на државни подароци додека беше на функцијата во периодот 2018-2022 година. Адвокатите на Кан поднесоа жалба на пресудата, а Вишиот суд во Исламабад утре ќе ја разгледа жалбата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-pakistanski-premier-imran-kan-dobi-petgodishna-zabrana-da-se-zanimava-so-politika/feed/ 0
Уапсен поранешниот пакистански премиер Кан под обвинение за корупција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-poraneshniot-pakistanski-premier-kan-pod-obvinenie-za-koruptsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-poraneshniot-pakistanski-premier-kan-pod-obvinenie-za-koruptsija/#respond Sat, 05 Aug 2023 10:29:32 +0000 https://kurir.mk/?p=863628

Поранешниот пакистански премиер и лидер на опозицијата Имран Кан е уапсен денеска, откако пакистанскиот суд го осуди на три години затвор под обвинение за корупција. -Претседателот на ПТИ е уапсен од неговата резиденција во Лахоре, се вели во соопштението на пакистанската партија Техрик-е-Инсаф. Судот во Исламабад го обвини Кан дека лажел за државните подароци добиени за време на неговиот мандат, потврди партискиот портпарол за ДПА. Со пресудата, која беше изречена во воздржаност, на Кан му се забранува политичка функција во следните пет години. Кан, кој отсекогаш ги негираше наводите, сепак може да поднесе жалба на пресудата. Овој потег веројатно ќе поттикне дополнителни тензии во земјата. Кога Кан последен пат беше уапсен во мај, неговите поддржувачи упаднаа во владините институции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-poraneshniot-pakistanski-premier-kan-pod-obvinenie-za-koruptsija/feed/ 0
Кан изведен пред суд https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kan-izveden-pred-sud/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kan-izveden-pred-sud/#respond Wed, 10 May 2023 12:59:35 +0000 https://kurir.mk/?p=832738

Поранешниот премиер на Пакистан, Имран Кан денеска се појави на сослушување, на кое од судијата беше побарано да одобри притвор од 14 дена. Се очекува судијата за притворот на Кан да ја соопшти во текот на денот. Кан е уапсен вчера под обвинение за повеќе случаи на корупција. Неговото приведување предизвика насилни демонстрации на неговите приврзаници во повеќе градови. Само во пакистанската провинција Пенџаб приведени се 945 демонстранти а во немирите повредени се 130 полицајци. Додека најмалку 2.000 демонстранти сè уште се околу резиденцијата во Лахоре, која беше оштетена во пожар. Поддржувачите на поранешниот пакистански премиер Кан за денеска подготвуваат протестен марш до главниот град Исламабад. Кан беше уапсен вчера од пакистанската служба за борба против корупцијата по наредба на Врховниот суд. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kan-izveden-pred-sud/feed/ 0
Поддржувачите на поранешниот пакистански премиер подготвуваат протестен марш до Исламабад по неговото апсење https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poddrzhuvachite-na-poraneshniot-pakistanski-premier-podgotvuvaat-protesten-marsh-do-islamabad-po-negovoto-apsene/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poddrzhuvachite-na-poraneshniot-pakistanski-premier-podgotvuvaat-protesten-marsh-do-islamabad-po-negovoto-apsene/#respond Wed, 10 May 2023 06:54:48 +0000 https://kurir.mk/?p=832504

Поддржувачите на поранешниот пакистански премиер Имран Кан подготвуваат протестен марш до главниот град Исламабад, каде што тој е во притвор за случај за корупција. Кан беше уапсен вчера од пакистанската служба за борба против корупцијата по наредба на Врховниот суд. Полицијата соопшти дека рочиштето ќе се одржи во полициската гостинска куќа каде што тој е сместен. Апсењето дојде еден ден откако армијата го обвини Кан дека постојано обвинувал висок армиски офицер дека се обидел да го организира неговиот атентат и поранешниот шеф на вооружените сили дека го поттикнал неговото сменување од премиер минатата година. Како одговор, неговото Движење за правда повика на „блокирање“ на целата земја, а во многу градови поддржувачите на Кан се судрија со полицијата. Во Лахор и Равалпинди беа нападнати армиски згради. Поддржувачите на Кан во северозападната провинција Хајбер Пахтунхва беа повикани да се соберат рано утринава во градот Сваби за да заминат за Исламабад.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poddrzhuvachite-na-poraneshniot-pakistanski-premier-podgotvuvaat-protesten-marsh-do-islamabad-po-negovoto-apsene/feed/ 0
Пакистан: Имран Кан го обвини актуелниот премиер дека стои зад вчерашниот напад врз него https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pakistan-imran-kan-go-obvini-aktuelniot-premier-deka-stoi-zad-vcherashniot-napad-vrz-nego/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pakistan-imran-kan-go-obvini-aktuelniot-premier-deka-stoi-zad-vcherashniot-napad-vrz-nego/#respond Fri, 04 Nov 2022 18:29:43 +0000 https://kurir.mk/?p=755950

Поранешниот пакистански премиер Имран Кан денеска изјави дека двајцата напаѓачи кои отворија оган врз него во Вазирабад се обиделе да го убијат. Во вчерашниот напад Кан беше застрелан додека предводеше протестен марш со барање за предвремени избори. Според Кан, едно лице загинало, а единаесет се повредени во пукањето. Тој ја даде својата изјава од болница во градот Лахоре, каде што беше примен по нападот. Имран Кан рече и дека три лица биле заговорници за негов атентат. Кан од болницата ги именуваше актуелниот пакистански премиер Шахбаз Шариф, министерот за внатрешни работи Рана Санаула и генерал-мајор Фајсал Насер од разузнавањето како нарачатели на нападот. „Овие тројца се обидоа да ме убијат“, рече тој во изјавата објавена на Јутјуб. Шариф и Санаула ги негираа обвинувањата и повикаа на брза истрага за случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pakistan-imran-kan-go-obvini-aktuelniot-premier-deka-stoi-zad-vcherashniot-napad-vrz-nego/feed/ 0
ВИДЕО: Застрелан поранешниот премиер на Пакистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-zastrelan-poraneshniot-premier-na-pakistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-zastrelan-poraneshniot-premier-na-pakistan/#respond Thu, 03 Nov 2022 12:24:48 +0000 https://kurir.mk/?p=755172

Поранешниот пакистански премиер Имран Кан е застрелан во стапалото денеска на политички митинг, но тој е во стабилна состојба, изјави негов советник. „Тој е во стабилна состојба“, изјави Рауф Хасан, советник на Кан. Тој додаде дека – „Ова беше обид да го убијат, да извршат атентат врз него“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-zastrelan-poraneshniot-premier-na-pakistan/feed/ 0
Поранешниот пакистански премиер Кан најави протестен марш за нови избори https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-pakistanski-premier-kan-najavi-protesten-marsh-za-novi-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-pakistanski-premier-kan-najavi-protesten-marsh-za-novi-izbori/#respond Wed, 26 Oct 2022 07:21:59 +0000 https://kurir.mk/?p=750505

Поранешниот пакистански премиер Имран Кан најави дека во петок ќе почне протестен марш за повик на предвремени избори, потег што се смета за негов последен притисок да ја собори владата, пренесе ДПА. – Ние имаме за цел мека револуција, им рече Кан на новинарите во источниот град Лахоре доцна синоќа. Кан рече дека маршот ќе биде мирен и последен круг од неговата борба да ја собори, како што ја нарече, „увезената“ влада на премиерот Шехбаз Шариф. Почнувајќи од Лахоре, маршот ќе помине околу 380 километри по најпрометната транспортна артерија во земјата, патот ГТ. Кан рече дека е отворен за дискусии и оти е подготвен да се соочи со затвор за каузата. Властите во главниот град направија планови да го спречат маршот, вклучително и распоредување на дополнителни полициски и паравоени сили и блокирање патишта со повеќе од 500 бродски контејнери. Во 2014 година, кога партијата на Шариф дојде на власт, пакистанскиот Техрик-е-Инсаф (ПТИ) на Кан организираше 126-дневно седење пред парламентот барајќи повторни избори. Многумина веруваат дека армијата беше зад протестот. Кан дојде на власт во 2018 година, ветувајќи дека ќе ја искорени корупцијата и ќе ја заживее економијата, но не успеа да ги исполни повеќето од своите ветувања. Тој привлече огромни толпи на митинзи кои бараа предвремени избори откако беше сменет од функцијата преку гласање недоверба во април. Тој отворено ја критикуваше моќната војска на земјата што не застана на негова страна кога се соочи со гласање недоверба и ги обвини САД дека стојат зад промената на власта. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-pakistanski-premier-kan-najavi-protesten-marsh-za-novi-izbori/feed/ 0