имунизација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 24 Apr 2023 20:17:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png имунизација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СЗО: Почна Европската недела на имунизација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-pochna-evropskata-nedela-na-imunizatsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-pochna-evropskata-nedela-na-imunizatsija/#respond Mon, 24 Apr 2023 20:22:40 +0000 https://kurir.mk/?p=827081

Светската здравствена организација во Северна Македонија соопшти дека денеска почна Европската недела на имунизација, настан кој од организацијата се опишува како од темелно значење за СЗО во годината на „Големото надополнување на пропуштеното“. Од организацијата информираат дека во текот на оваа година се забележува загрижувачки пад на опфатот со вакцинација кај децата ширум светот, а многу од причините за овој пад, според нив, може да се припишат на влијанијата предизвикани од пандемијата со Ковид-19. СЗО тврди дека во европскиот регион, како и насекаде низ светот, невакцинираните и нецелосно вакцинирани лица остануваат изложени на ризик од заразување со болести што може да се спречат, како што се малите сипаници, дифтеријата и детската парализа. - Во Северна Македонија, опфатот во 2020 и 2021 година, како и прелиминарните податоци за 2022 година покажуваат дека некои деца пропуштиле една или повеќе дози вакцина, вклучително и првата доза вакцина против мали сипаници. Од суштинско значење е родителите да ја разберат важноста за надополнување на одложените или пропуштените дози на вакцини на своите деца, се вели во соопштението на СЗО во земјава. Оттаму исто така велат дека заедно со Министерството за здравство на Северна Македонија, Националниот комитет за имунизација, Институтот за јавно здравје, Центрите за јавно здравје и здравствените домови кои обезбедуваат услуги за имунизација, а со поддршка од другите партнери на Обединетите Нации, СЗО има работено и на иденфикацијата на невакцинираните и нецелосно вакцинираните лица и на олеснувањето на пристапот до Ковид-19 и рутинските вакцини. - СЗО ја поддржа и иницијативата за зголемување на достапноста до знаења за вакцинација на локално ниво која исто така почнува оваа недела. Поддршката е дадена и на вакцинацијата на лице место „од врата до врата“, преку распоредување мобилни тимови за вакцинација низ целата земја, а во исто време и делење информативни материјали за вакцинација, изработени врз основа на медицината базирана на докази. Овие напори ќе продолжат се додека сите што ги исполнуваат условите за вакцинација не бидат целосно заштитени, се вели понатаму во соопштението. Со навршување на 75 години од основањето на организацијата, посочуваат од СЗО, преку соработка со националните власти како и со други многу бројни партнери, остварен е голем напредок на организацијата во европскиот регион во подобрувањето и заштитата на јавното здравје што во голем дел се должи, како што се вели, на ефективноста на вакцините. Во однос на тоа, СЗО го наведува примерот на искоренувањето на дестката парализа уште од 2002 година во Европскиот регион, а во земјава, работата во однос на елиминацијата на ендемското пренесување на болестите како што се мали сипаници и рубеола, како и ХПВ вакцината што им се нуди на сите девојчиња од 2009 година, за заштита од карцином на грлото, на матката и други видови на карцином.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-pochna-evropskata-nedela-na-imunizatsija/feed/ 0
Комисијата за имунизација на Грција препорачува: Вакцинација против Ковид-19 на деца со здравствени проблеми меѓу шест месеци и 4 години https://arhiva.kurir.mk/svet/region/komisijata-za-imunizacija-na-grcija-preporachuva-vakcinacija-protiv-kovid-19-na-deca-so-zdravstveni-problemi-megju-shest-meseci-i-4-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/komisijata-za-imunizacija-na-grcija-preporachuva-vakcinacija-protiv-kovid-19-na-deca-so-zdravstveni-problemi-megju-shest-meseci-i-4-godini/#respond Tue, 01 Nov 2022 17:43:59 +0000 https://kurir.mk/?p=754049

Националната комисија за имунизација на Грција предлага вакцинација против Ковид-19 за деца меѓу шест месеци и четири години доколку имаат здравствени проблеми, а им се дава можност и на здрави деца на оваа возраст да ја примат вакцината, по согласност од лекар, соопшти претседателката на комисијата Мариа Теодориду на денешната прес конференција, јави дописничката на МИА од Атина. Теодориду истакна дека во 2022 година со доминацијата на варијантата Омикрон е зголемен бројот на заразени деца и додаде дека комисијата минатиот месец веќе излезе со позитивно мислење за вакцинација со бустер доза за децата со здравствени проблеми меѓу пет и 11 години. Во однос на процесот на имунизација во земјата, генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус соопшти дека досега се аплицирани над 21.660.000 дози од вакцините. Целосно вакцинирани (со две дози) се над 7.630.000 граѓани, односно 72,7 отсто од општото и 81,3 проценти од полнолетното населени. -Просекот во Европската Унија е 72,6 отсто од општото население и 82,3 проценти од полнолетното население, а Грција, во двете категории, се наоѓа на 14 позиција, согласно Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ), рече Темистоклеус. Додаде дека Грција е на 14 позиција во ЕУ и во однос на вакцинацијата со третата, односно со бустер дозата, со вакцинирани 66,1 отсто од полнолетните граѓани. Со втора и трета бустер доза вакцинирани се 23,3 отсто од лицата над 60-годишна возраст. Темистоклеус истакна дека програмата за вакцинација продолжува и во земјата функционираат 1.600 центри за вакцинација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/komisijata-za-imunizacija-na-grcija-preporachuva-vakcinacija-protiv-kovid-19-na-deca-so-zdravstveni-problemi-megju-shest-meseci-i-4-godini/feed/ 0
Во Грција почнува имунизација со прилагодените вакцини за новите подваријатни на Омикрон https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-pochnuva-imunizacija-so-prilagodenite-vakcini-za-novite-podvarijatni-na-omikron/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-pochnuva-imunizacija-so-prilagodenite-vakcini-za-novite-podvarijatni-na-omikron/#respond Mon, 03 Oct 2022 08:15:37 +0000 https://kurir.mk/?p=740277

Од денеска во Грција започнува имунизација со ажурираните и прилагодените вакцини против Ковид-19 кои заштитуваат од подваријантите БА.4 и БА.5 на мутацијата Омикрон, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретните вакцини, кои минатата седмица пристигнаа во Грција, ќе се користат само како прва или втора бустер доза, односно само за оние кои се веќе вакцинирани до две или три дози. Во четвртокот се отвори платформата за закажување термин за вакцинација, а според грчката новинска агенција АНА-МПА, за само еден ден биле закажани 12.185 термини. Пред 20 дена започна имунизацијата со вакцините наменети за варијантата Омикрон БА.1, а приоритет и за двете ажурирани вакцини имаат граѓаните над 60-годишна возраст и лицата од 12 до 59 години со здравствени проблеми. Новите вакцини може да се примат три месеци по вакцинацијата или по прележан Ковид-19, а се наменети само за вакцинираните, додека пак оние кои се невакцинирани, ќе се имунизираат со постоечките вакцини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-pochnuva-imunizacija-so-prilagodenite-vakcini-za-novite-podvarijatni-na-omikron/feed/ 0
Владата ја донесе Програмата за задолжителна имунизација на населението во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ja-donese-programata-za-zadolzitelna-imunizacija-na-naselenieto-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ja-donese-programata-za-zadolzitelna-imunizacija-na-naselenieto-vo-makedonija/#respond Tue, 11 Jan 2022 21:37:48 +0000 https://kurir.mk/?p=618215

Владата денеска ја донесе Програмата за задолжителна имунизација на населението во Македонија за 2022 година која се носи секоја година и која ја опфаќа вакцинацијата на лица на одредена возраст, која се спроведува континуирано, во текот на целата година против: акутен вирусен хепатит Б (Hepatitis B), туберкулоза (Tuberculosis), заболувања предизвикани од хемофилус инфлуенца тип Б (Hib), дифтерија (Diphtheria), тетанус (Tetanus), голема кашлица (Pertussis), детска парализа (Poliomyelitis acuta), мали сипаници (Morbilli), заразни заушки (Parotitis epidemica), црвенка (Rubeоla), инфекции предизвикани од хуман папилома вируси (HPV), инфекции предизвикани од ротавируси и инфекции предизвикани од Streptococcus pneumoniae за сите лица на одредена возраст согласно Календарот за имунизација. Во Програмата е приложен Календарот за имунизација на деца од 0 до 18 години и Календарот за catch-up имунизација за нередовно вакцинираните деца од 5 до 18 година, како и планот за обезбедување годишни потреби на вакцини за задолжителна имунизација и вакцини по епидемиолошки индикации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ja-donese-programata-za-zadolzitelna-imunizacija-na-naselenieto-vo-makedonija/feed/ 0
Во Словенија во иднина ќе може да се имунизира само со овие две вакцини! https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-slovenija-vo-idnina-kje-moze-da-se-imunizira-samo-so-ovie-dve-vakcini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-slovenija-vo-idnina-kje-moze-da-se-imunizira-samo-so-ovie-dve-vakcini/#respond Mon, 11 Oct 2021 15:00:46 +0000 https://kurir.mk/?p=577210

Во иднина, имунизацијата на населението против Ковид-19 во Словенија ќе се извршува со mRNA вакцини (Фајзер/Бионтех и со Модерна), а со векторска (Астра Зенека и Џонсон и Џонсон) само во исклучителни случаи, односно по лично барање, потврди министерот за здравство на таа држава Јанез Поклукар. Ова го препорачаа група медицински експерти откако девојка неодамна почина помалку од две недели по вакцинација со Џoнсон и Џoнсон. Поклукар на прес -конференција рече дека векторските вакцини ќе бидат достапни само за лица кои имаат контраиндикација за вакцинација со mRNA вакцини или на експлицитна желба да добијат доза од векторската вакцина. Експертите, исто така, и сугерираа на владата да користи вакцина „Фајзер“ за млади под 30-годишна возраст, поради новите податоци за ризикот од развој на воспаление на срцевиот мускул по примањето вакцина на Модерна. Поклукар рече дека половина од Словенците се вакцинирани со mRNA, а другите половина со векторски вакцини. Вкупно 49,5 проценти од населението е вакцинирано. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-slovenija-vo-idnina-kje-moze-da-se-imunizira-samo-so-ovie-dve-vakcini/feed/ 0
АЗЛП: Проверката на сертификатите за имунизација не е злоупотреба на лични податоци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/azlp-proverkata-na-sertifikatite-za-imunizacija-ne-e-zloupotreba-na-lichni-podatoci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/azlp-proverkata-na-sertifikatite-za-imunizacija-ne-e-zloupotreba-na-lichni-podatoci/#respond Tue, 10 Aug 2021 16:08:20 +0000 https://kurir.mk/?p=548861

Доколку при реализација на одлуката на Владата за спречување на ширењето на Ковид-19, се врши само визуелна проверка на потврдата за извршена имунизација од вирусот SARS-CoV-2 (по принципот „приложил или не приложил потврда), таквата активност излегува надвор од опсегот на Законот за заштита на личните податоци и следствено не би претставувала злоупотреба на личните податоци, соопшти Агенцијата за заштита на лични податоци (АЗЛП). Законот за заштита на личните податоци, појаснуваат, се применува само во случај кога се врши обработка на личните податоци. Под обработка на лични податоци согласно Законот се смета секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување. – Ако се врши само визуелна проверка на потврдата за извршена имунизација од вирусот Sars-Cov-2 (без оглед дали е во хартиена форма или се чува на дигитален уред) и притоа не се задржуваат лични податоци при ваквата проверка, тоа не претставува „обработка на личните податоци“ и следствено, ваквата активност излегува надвор од опсегот на Законот за заштита на личните податоци, нагласуваат од Агенцијата. -Имајќи го предвид погоре наведеното, а со оглед дека со донесената одлука од 7 август 2021 година меѓу другото се забранува влез во секаков објект, вклучително и во угостителски објекти, каде што има повеќе од 30 присутни посетители/гости/лица, за настан од секаков вид (прослава, веселба, свадба, роденден, крштевка, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културен или спортски настан), без поседување и приложување на потврда за извршена имунизација од вирусот SARS-CoV-2, најмалку прва доза на вакцина, почнувајќи од 16 август 2021 година, произлегува дека доколку при реализацијата на оваа одлука се врши само визуелна проверка на потврдата за извршена имунизација од вирусот SARS-CoV-2 (по принципот „приложил или не приложил потврда), таквата активност излегува надвор од опсегот на Законот за заштита на личните податоци и следствено не би претставувала злоупотреба на личните податоци, наведуваат од АЗЛП. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/azlp-proverkata-na-sertifikatite-za-imunizacija-ne-e-zloupotreba-na-lichni-podatoci/feed/ 0
Данаиловски: Потврдата за извршена имунизација нема никаква епидемиолошка смисла https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danailovski-potvrdata-za-izvrshena-imunizacija-nema-nikakva-epidemioloshka-smisla/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danailovski-potvrdata-za-izvrshena-imunizacija-nema-nikakva-epidemioloshka-smisla/#respond Mon, 09 Aug 2021 08:53:41 +0000 https://kurir.mk/?p=548256

Ако биде потребна потврда за извршена имунизација, најмалку со една доза, тоа ќе се коси со Резолуцијата 2361 (2021) на Парламентарното собрание на Советот на Европа (2), иако таа, наводно, „не спречува имплементација на вакцинални пасоши“ (3), пишува доктор Драган Данаиловски. Во продолжение можете да го прочитате целиот став на д-р. Данаиловски во врска со потврдата за извршена имунизација: Осамнаа мерките за сузбивање на бранот на КОВИД-19, донесени на 97-мата седница на Владата. Предмет на постов е само сегментот што се однесува на потврдата за извршена имунизација. „Од 16 август 2021 година се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).“ (1) Мислам дека е неопходно да укажам на некои работи. Ако биде потребна потврда за извршена имунизација, најмалку со една доза, тоа ќе се коси со Резолуцијата 2361 (2021) на Парламентарното собрание на Советот на Европа (2), иако таа, наводно, „не спречува имплементација на вакцинални пасоши“ (3). Меѓутоа, на сите нас, после година и пол постојан стрес, ни е дозлогрдено од притисоци, поделби, дискриминации. Со вакви мерки само непотребно тие би се потенцирале. Зошто? Зашто потврдите дефинитивно значат дискриминација! И може да попримат мирис на „жолти ленти“... За мене, многу поважно е што оваа мерка нема никаква епидемиолошка смисла! Зошто? Затоа што сега имаме работа со делта сојот, кој во одредена мера го заобиколува имунитетот стекнат природно или со вакцина. Оттаму, подеднакво опасни ширачи на вирусот се и невакцинираните и вакцинираните со една доза! Вакцинираните само со една доза имаат заштита од симптоматска болест само од 33% (студија 1 - Public Health England), односно 36% (студија 6 - Индија) (4). А тоа е исто како да се невакцинирани! Која е, тогаш, логиката на комисијата за заразни болести што дале таков предлог!? Од друга страна, дури и кога би се барала потврда за две примени дози и тоа не е гаранција дека тие не се заразени! Во студијата 1 (Public Health England)(4), заштита од заразување на две дози Фајзер е 80%, а во студија 5 (Израел) е 64%. (4) Да потсетам, цело време зборуваме за делта сојот! Ова се бројки за Фајзер! За сите други вакцини – логично е – бројките се сигурно многу помали. Ако земеме предвид дека кај нас преку 70% од вакцинираните се со кинески вакцини, можеме да замислиме колкава им е заштитата на вакцинираните само со една доза... Има и нешто друго. Ако потврдите се замислени со нив да се направи притисок за вакцинирање, тоа веќе нема смисла. Зошто? Затоа што сега и да се вакцинираат поголем број, полната заштита со Синовак ќе ја добијат после 9 недели (3 недели меѓу двете дози, плус 6 недели после втората доза – додека почнат антитела да се формираат). Значи, тоа сега не е приоритет. Сега треба да биде приоритет израмнување на епидемиската крива преку рестриктивни мерки – засега – на места каде што е најголем интензитетот на ширење на вирусот - свадбите, веселбите, угостителските објекти, обложувалниците, јавниот сообраќај итн. Затоа што сега императив е намалување на забрзувањето на бројките. Ако периодот на удвојување во овие градови е три дена (бидејќи имаме експоненцијален раст со Rt = 4,2 - не сакам ни да сметам колку случаи – само во овие градови – би имале до крај на месецов... Среќа во несреќа е што немаме хомогена дистрибуција на ризиците низ целата територија на државата! Практично, буквално насекаде - освен Скопје, Тетово и Гостивар - имаме очекувана, умерена динамика на ширење карактеристична за алфа. Сѐ уште имаме „локално ширење“, а не „ширење низ заедницата“ (community spread). Вакцинацијата нема промптен ефект... Нека тече таа како што тече. Низ личен опит, сите скептици полека сами ќе увидат дали треба или не треба да се вакцинираат – без принуда, без барање било какви потврди! Во пресрет на есента, треба да се фаворизира вакцинацијата на постарите граѓани и хроничните болни. Процентот на вакцинирани само со една доза во возрасните групи преку 50 години од околу 60% е недоволен. А колку меѓу нив се со две дози? Кога станува збор за делта сојот, на сите во светот им стана јасно дека не може да се смета само на вакцинацијата, која мора да се интензивира. Но, неопходни се и повремени рестрикции во ситуации каква што е нашата актуелна. Што да се прави? По мое скромно мислење, целисходно може да биде барање на негативен антигенски (рапид) тест за – и вакцинирани и невакцинирани и прележани! Зошто? Бидејќи концентрацијата на вирусот е повисока, таа спаѓа во опсегот на детекција на рапид антигенските тестови. Или, може да се бара потврда со број на антитела – независно дали се работи за прележани или вакцинирани со една или две дози! Зошто? Затоа што, многумина кои формално имаат потврда дека се вакцинирани со две дози, може да се случи да имаат НУЛА антитела! И со потврдата ќе одат на свадба, во кафеана... и ќе го шират вирусот - подмолно... ------------------ Да расчистиме и една дилема за прележаните! Тие имаат повисоко ниво на заштита од вакцинираните само со една доза. Ако им се даде само една доза Фајзер, добиваат повисоко ниво на заштита од непрележаните вакцинирани со две дози. Со втора доза, не се постигнува никаков ефект (5,6,7,8). Ако би се користела Синовак, веројатно би биле потребни две дози. И конечно, во официјалните соопштенија за дневните бројки на заразени, крајно време е да се соопштува колку се вакцинирани (со една и две дози) и прележани, а колку се невакцинирани. Референции: 1. https://koronavirus.gov.mk/vesti/222518 2. https://pace.coe.int/en/files/29004/html...) 3. https://www.reuters.com/article/factcheck-coe-idUSL1N2LM1N1 4. https://www.healthline.com/.../heres-how-well-covid-19... 5. https://www.thelancet.com/.../PIIS2352-3964(21.../fulltext 6. https://www.medpagetoday.com/special.../exclusives/93784 7. https://newsroom.ucla.edu/.../only-single-dose-needed-for... 8. https://www.sciencedaily.com/rel.../2021/06/210623091222.htm ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danailovski-potvrdata-za-izvrshena-imunizacija-nema-nikakva-epidemioloshka-smisla/feed/ 0
Присуство на спортски настани во Македонија само со доказ за имунизација https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/prisustvo-na-sportski-nastani-vo-makedonija-samo-so-dokaz-za-imunizacija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/prisustvo-na-sportski-nastani-vo-makedonija-samo-so-dokaz-za-imunizacija/#respond Sun, 08 Aug 2021 07:09:48 +0000 https://kurir.mk/?p=547848

Владата вчера навечер донесе нови рестриктивни мерки околу пандемијата со ковид-19. Од 16 август, присуство на спортски настани низ земјава ќе биде дозволено само со доказ за имунизација. Задолжително ќе биде да се приложи сертификат за примена најмалку една доза вакцина против корона-вирусот, за љубителите на спортот да можат од трибини да ги следат спортските настани. Ова се однесува за лица постари од 18 години. Овие мерки се воведоа откако изминативе денови бројот на новозаразени значително порасна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/prisustvo-na-sportski-nastani-vo-makedonija-samo-so-dokaz-za-imunizacija/feed/ 0
Од денеска дистрибуција на вакцините „Синовак“ во центрите за имунизација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-distribucija-na-vakcinite-sinovak-vo-centrite-za-imunizacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-distribucija-na-vakcinite-sinovak-vo-centrite-za-imunizacija/#respond Tue, 29 Jun 2021 05:12:09 +0000 https://kurir.mk/?p=529148

Епидемиолошката ситуација во државата е стабилна и само мал број пациенти се лекуваат во болниците. Министерот за здравство Венко Филипче вели, доколку продолжи овој тренд би можело да се случи во август или на почеток на септември годинава да се прогласи крај на епидемијата. За да се прогласи крај на епидемијата, потребно е да нема нови дијагностицирани случаи два репродуктивни циклуса од 14 дена, а предвидувањата покажуваат дека ако продолжи овој тренд тоа би можело да се случи во август или на почетокот на септември оваа година. Од денеска почнува дистрибуција на вакцините на „Синовак“ во сите центри за имунизација и во центрите за масовна вакцинација, односно спортските сали и здравствените домови. Филипче посочи дека со ова се спремни за една динамика на давање прва доза на вакцина на 10 до 15 илјади граѓани на ден, како и дека од 15-ти или 20 јули е предвидена да започне теренската вакцинација. Петстоте илјади вакцини на кинескиот производител „Синовак“ што ги набави Владата пристигнаа во неделата. Станува збор за најголема пратка вакцини пристигната во земјава. За ефикасноста и безбедноста на вакцината „Синовак“, Филипче порача дека таа е високо ефикасна за превенција на тешка болест. – Еве ги официјалните карактеристики на вакцината Синовак објавени од СЗО – Инкативиран САРС-Ков2 вирус, потребни се две дози, втората доза од 14-28 дена по првата доза, високо ефикасна за превенција на тешка болест, се дава мускулно во рамо, препорачана за употреба кај бремени жени кога придобивките од вакцинацијата за бремената жена се поголеми од потенцијалните ризици. Препорачана за употреба кај доилки, како и кај други возрасни лица, напиша Филипче на „Фејсбук“. Здравствените експерти повикуваат на масовна вакцинација, бидејќи според нив тоа е единствениот начин да се заврши епидемијата. – Соочувањето со новиот бран на нов сој на делта вирусот ќе направи луѓето да станат посвесни дека масовната вакцинација е единствениот начин да се заврши оваа пандемија, заклучија д-р Драган Даниловски, д-р Александар Петличковски, д-р Александра Грозданова и министерот за здравство Венко Филипче на вчерашната трибина на тема „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“. Д-р Драган Даниловски истакна дека индискиот мутант или делта варијанта, која што веќе е присутна во преку 92 земји, веројатно не може да не избегне и нас, но порача дека е потребно да се учи од туѓите и од сопствените искуства од изминатиов период и дека масовната вакцинација е единствениот излез од оваа ситуација. – Јавното здравје го штитиме со масовна вакцинација во што пократко време, значи нема друга опција освен што помасовно да се опфати населението во што пократко време, односно летово да се опфати што поголем број на граѓани со две дози на вакцини. Делта варијантата е толку продорна, толку е повеќе заразна што е потребно праг на колективниот имунитет меѓу 80-85 отсто вакцинирани за да може да се смета на многу мал ризик за епидемиско ширење, заклучи д-р Даниловски. На вчерашната трибина беше истакнато и дека не постои вакцина која нема несакани ефекти, односно дека со сите вакцини се поврзуваат некакви несакани ефекти. Но, како што велат експертите кога ќе се разгледаат бројките станува јасно дека се работи за исклучително безбедни вакцини. Доктор Александар Петличковски вели дека е мал процентот на оние кои ја имале првата алфа варијанта на коронавирусот да се заразат со нова делта варијанта, бидејќи студиите што се достапни покажуваат дека имунитетот стекнат со прележување на болеста или со целосно вакцинирање е прилично ефикасен. Објасни дека ефикасноста се мери на неколку нивоа, првото е инфективноста на делта варијанта кон прележани или имунизирани лица, второ е тешка болест и трето е исход од болеста. Како што вели, за тешките форми на вирусот и хоспитализација е јасно дека имунитетот во голем дел штити од повторна зараза. Д-р Даниловски напомена дека најважно од се е што сите вакцини нема да дозволат тешки симптоми и умирање од вирусот. Во текот на претходното деноноќие, од направени 1.342 тестирања беа регистрирани три нови случаи на Ковид-19, сите во Скопје, а оздравеле шест пациенти. Повторно не се регистрирани починати лица. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 155.676, бројката на оздравени пациенти е 149.967, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 225.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-distribucija-na-vakcinite-sinovak-vo-centrite-za-imunizacija/feed/ 0
СЗО: Имунизацијата на децата не е висок приоритет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-imunizacijata-na-decata-ne-e-visok-prioritet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-imunizacijata-na-decata-ne-e-visok-prioritet/#respond Fri, 04 Jun 2021 06:33:17 +0000 https://kurir.mk/?p=518813

Вакцинацијата на деца не е приоритет од гледна точка на Светската здравствена организација, иако сè поголем број богати земји одобруваат вакцини против Ковид-19 за тинејџери и деца. Експертот на СЗО за вакцинација д-р Кејт О’Брајан вели дека имунизацијата на децата против коронавирусот „не е голем приоритет“, со оглед на исклучително ограниченото глобално снабдување со вакцини. Таа истакнува дека вакцинирањето на децата „не е приоритет од гледна точка на СЗО“, иако се поголем број богати земји одобруваат вакцини против Ковид-19 за тинејџери и деца. О’Брајан вели дека вакцината на децата, кои обично не се изложени на ризик да се разболат сериозно или да починат од Ковид-19, главно има за цел да го запре пренесувањето, наместо заштита од болеста. Канада, САД и Европската унија неодамна одобрија неколку вакцини против Ковид-19 за деца на возраст од 12 до 15 години, кога се приближуваат кон целите за вакцинација на возрасните. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус претходно ги повика богатите земји да ги донираат своите вакцини на сиромашните, наместо да ги имунизираат своите адолесценти и деца. Помалку од еден процент од вакцините против Ковид-19 се даваат на сиромашните земји. О’Брајан вели дека не е потребно да се вакцинираат децата пред да се испратат на училиште ако возрасните кои се во контакт со нив биле имунизирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-imunizacijata-na-decata-ne-e-visok-prioritet/feed/ 0