имунолошки систем – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 22 Nov 2021 17:32:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png имунолошки систем – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ова треба да го знаете: Што го загрозува вашиот имунитет? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-treba-da-go-znaete-shto-go-zagrozuva-vashiot-imunitet/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-treba-da-go-znaete-shto-go-zagrozuva-vashiot-imunitet/#respond Mon, 22 Nov 2021 17:32:27 +0000 https://kurir.mk/?p=598411

Имунолошкиот систем е збир на органи, ткива и жлезди кои го штитат телото од штетни супстанци, бактерии, вируси и слично. Неговото неправилно функционирање и слабеење зависи од многу фактори. Прочитајте ги најчестите: Секојдневните навики, невнимателноста, нездравата исхрана, честите стресови можат значително да го ослабнат имунолошкиот систем. Британските научници предупредуваат за следните причинители. Премногу благо Конзумирањето големи количини на слатки го ослабнува имунолошкиот систем. Истражувањата покажале дека 100 грама шеќер дневно значително ја намалува способноста на белите крвни зрнца да се борат со бактериите. Внимателно со чоколадите. Премалку вода Водата му е потребна на организмот за да се исфрлат отровите и другите штетни супстанци, а недоволното конзумирање на истата доведува до нивно задржување. Освен водата, и умереното конзумирање на кафе и чај се прифатливи извори на течност. Вишок килограми Вишокот килограми штетно влијае врз срцето, крвните садови, мозокот и другите органи, а со тоа и на имунолошкиот систем. Освен тоа, кај луѓето со вишок килограми се поголеми шансите од инфаркт, мозочен удар и хормонски дисбаланс. Сув нос Причина плус да се радувате кога ви тече носот. Сувиот нос им го олеснува патот на бактериите и вирусите до телото, а носот кој „тече“ е добра заштита против настинката и грипот. Доколку сувоста е привремена, не паничете и побарајте соодветни средства во блиската аптека, но доколку преминува во хронична, посетете доктор. Постојан стрес Многубројни истражувања покажале дека стресот го ослабнува имунолошкиот систем. Долготрајниот и секојдневен стрес со себе носи и намален или премногу зголемен апетит, кои следствено делуваат штетно на здравјето. Чести настинки Честите настинки се знак дека имунолошкиот систем е ослабнат. Доколку се разболувате повеќе од вообичаеното, што е два до три пати годишно, посоветувајте се со доктор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-treba-da-go-znaete-shto-go-zagrozuva-vashiot-imunitet/feed/ 0
Пронајдени бактерии непознати за човековиот имунолошки систем https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pronajdeni-bakterii-nepoznati-za-chovekoviot-imunoloshki-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pronajdeni-bakterii-nepoznati-za-chovekoviot-imunoloshki-sistem/#respond Mon, 05 Apr 2021 09:54:21 +0000 https://kurir.mk/?p=492465

Бактерии кои научници ги собрале на четири километри под површината на Тихиот Океан се толку непознати за човековиот организам што се дури невидливи за нашиот имунолошки систем. Овие наоди се целосно спротивни на едно од главните начела на имунологијата, дека човековиот имунолошки систем еволуирал толку да може да го регистрира секој поединечен микроб. За да се тестира ова начела, наулниците морале да најдат бактерија за која е малку веројатно дека досега имала контакт со имунолошки систем на цицач. -Не баравме само на голема длабочина, туку и на подрачјето на Тихиот Океан кој е најзаштитен и најодалечен, објаснува морскиот еколог Ренди Роџан од Универзитетот во Бостон. -На длабочина од 4000 метри нема цицачи, а се работи за екваторијално подрачје на кое нема китови. Тоа беше добро место за истражување на бактерии кои се целосно различни од оние со кои се среќаваме на копното, додава тој. Научниците со подморница собирале морски бактерии од примероци вода, сунѓери, морски ѕвезди. Потоа во лабораторија размноѓиле 117 пронајдени соеви на бактерии. Невидливи за нашиот имунолошки систем Откако ги проучиле нивните карактеристики, внесе 50 соеви во имунолошките ќелии на глувци и луѓе. На нивно изненадување откриле дека 80 проценти од микробите, кои припаѓаат на видот Moritella, биле целосно невидливи за имунолошкиот систем. Рецепторите на имуно-ќелиите воопштво не реагирале на овие микроби. Бактериите не се опасни за луѓето Овие бактерии за среќа не претставуваат опасност за човековиот организам. -Малку е веројатно дека по нас, луѓето, овие бактерии се опасни бидејќи температурата, притисокот и хемиското опкружување во нашето тело се различни од оние во океанот. Тие бактерии не би преживеале долго надвор од своето природно живеалише, објаснува Роџан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pronajdeni-bakterii-nepoznati-za-chovekoviot-imunoloshki-sistem/feed/ 0