in memoriam – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 05 Jun 2022 18:12:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png in memoriam – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почина Глигорие Гоговски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-gligorie-gogovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-gligorie-gogovski/#respond Sun, 05 Jun 2022 18:12:02 +0000 https://kurir.mk/?p=686961

Гоговски беше долгогодишен генерален директор на волнарскиот комбинат „Tетекс“ oд Тетово и претседател на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје. Роден е во Тетово, во 1943 година. Во 1968 година дипломирал на Електро-машинскиот факултет во Скопје, а магистрирал на Универзитетот во Загреб. Во периодот од 1986 до 1991 година ја извршувал функцијата претседател на последниот Извршен совет на С.Р. Македонија. Во улога на премиер на преодната влада, тој ги подготвил првите слободни и повеќепартиски избори. Менаџерскиот капацитет, посветеноста, професионалноста, одговорноста и капацитетот за носењето на вистинските деловни одлуки на Гоговски беа од суштинско значење за успешното управување и предводење на „Тетекс“, којшто, 70 години до денес, успеа да чекори по патот на успехот. Визионерството во водењето на тековната и развојната економска стратегија на комбинатот „Тетекс“ беше основниот двигател во сите процеси од основањето, најнапред, на Тетекс Банка АД Скопје, подоцна Тетекс – Кредитна банка АД Скопје, а потоа и ТТК Банка АД Скопје, а почнувајќи од амбицијата децениското егзистирање, традицијата и искуството да се обликуваат во нов, модерен начин на банкарство којшто ќе креира вредност и поддршка за граѓаните и домашните мали и средни бизниси. Како претседател на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје беше активен учесник во креирањето на стратешките цели на денешната ТТК Банка АД Скопје којашто низ годините се покажа како стабилен, профитабилен и сигурен банкарски играч. Ценетата лична и професионална експертиза на Гоговски ќе продолжи да опстојува како успешен пример за стопанската, финансиската и општествената фела.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-gligorie-gogovski/feed/ 0
Тажна вест: Почина Љубе Рајевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tazna-vest-pochina-ljube-rajevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tazna-vest-pochina-ljube-rajevski/#respond Sun, 10 Nov 2019 20:15:37 +0000 https://kurir.mk/?p=262386

По тешко боледување на 10 ноември 2019 година почина Љубе Рајевски. Роден е на 11 март 1955 година во Скопје. Беше долгогодишен директор и член на Управниот одбор во НЛБ банка и придонесе во развојот од штедилница до една од водечките банки во земјата и НЛБ групацијата. Беше активен и во други професионални и општествени подрачја, претседател и член на одбори (Македонската развојна фондација за претпријатија, Триглав). Љубе Рајевски важеше за еден од најпочитуваните банкари во Македонија, но почитта ја стекна со тоа што беше човек пред се, посветен на семејството, другарството, соседството и заедницата. Погребот е на 12 ноември 2019 на гробиштата Бутел Скопје во 13 часот (капела 12 до 13 ч.).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tazna-vest-pochina-ljube-rajevski/feed/ 0