инаугурација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 19 May 2023 15:16:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png инаугурација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Подгорица зголемени безбедносни мерки и блокади на улици https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-podgoritsa-zgolemeni-bezbednosni-merki-i-blokadi-na-ulitsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-podgoritsa-zgolemeni-bezbednosni-merki-i-blokadi-na-ulitsi/#respond Fri, 19 May 2023 15:16:30 +0000 https://kurir.mk/?p=836491

Поради вечерашното одбележување на Денот на независноста на Црна Гора и утрешната инаугурација на новиот претседател Јаков Милатовиќ, во Подгорица во сила се зајакнати безбедносните мерки. Сообраќајот целосно или делумно ќе биде во прекин во одредени делови на главниот град, како во општините Тузи и Зета. Целосен или делумен прекин на сообраќајот ќе има на улиците кои водат кон центарот на Подгорица, соопштија од Полициската управа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-podgoritsa-zgolemeni-bezbednosni-merki-i-blokadi-na-ulitsi/feed/ 0
Повеќе од 100 припадници на американската Национална гарда кои ја обезбедуваа инаугурацијата на Бајден позитивни на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-100-pripadnici-na-amerikanskata-nacionalna-garda-koi-ja-obezbeduvaa-inauguracijata-na-bajden-pozitivni-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-100-pripadnici-na-amerikanskata-nacionalna-garda-koi-ja-obezbeduvaa-inauguracijata-na-bajden-pozitivni-na-kovid-19/#respond Sat, 23 Jan 2021 08:15:37 +0000 https://kurir.mk/?p=458832

Меѓу 100 и 200 припадници на Националната гарда кои ја обезбедуваа инаугурација на американскиот претседател Џозеф Бајден се позитивни на коронавирусот, соопштил американски официјален претставник. Службеникот, кој се согласи да зборува под услов да остане анонимен, рекол дека бројот на заразени може да биде многу поголем, бидејќи тој ден во градот имало 25.000 припадници на безбедносните сили. Тој напомена дека тоа е сепак мал број на заразени, земајќи предвид колку војници биле присутни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-100-pripadnici-na-amerikanskata-nacionalna-garda-koi-ja-obezbeduvaa-inauguracijata-na-bajden-pozitivni-na-kovid-19/feed/ 0
Инаугурацијата на Бајден ја гледале околу 40 милиони https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/inauguracijata-na-bajden-ja-gledale-okolu-40-milioni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/inauguracijata-na-bajden-ja-gledale-okolu-40-milioni/#respond Fri, 22 Jan 2021 06:31:48 +0000 https://kurir.mk/?p=458316

Околу 40 милиони луѓе ја гледаа на телевизија инаугурацијата на демократот Џо Бајден за претседател на САД. Тоа е за четири проценти повеќе од гледаноста на инаугурацијата на Доналд Трамп во 2017 година, соопшти компанијата Нилсон, врз основа на податоците од шест телевизиски станици што ја емитувале церемонијата. Податоците се однесуваат на 30-минутен период од времето кога Бајден положи заклетва, а потоа го одржа својот инаугуративен говор. Тука спаѓаат гледачи кои ги вклучиле своите телевизори во текот на тие 30 минути, на Еј Би Си, Си Би Ес, Ен Би Си, Фокс Њуз, Си Ен Ен и Ем Ес Ен Би Си. Во 2017 година, околу 38,3 милиони луѓе ја гледаа инаугурацијата на Трамп на овие телевизии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/inauguracijata-na-bajden-ja-gledale-okolu-40-milioni/feed/ 0
ВИДЕО: Село во Индија ја прослави инаугурацијата на американската потпретседателка Камала Харис https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-selo-vo-indija-ja-proslavi-inauguracijata-na-amerikanskata-potpretsedatelka-kamala-haris/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-selo-vo-indija-ja-proslavi-inauguracijata-na-amerikanskata-potpretsedatelka-kamala-haris/#respond Wed, 20 Jan 2021 10:54:02 +0000 https://kurir.mk/?p=457461

Жителите на малото село Туласендрапурам во Индија, од каде што потекнува дедото на новата потпретседателка на САД, Камала Харис, денеска подготвија огномет и поделија слатки за да ја прослават нејзината инаугурација. Календари со ликот на американскиот претседател Џо Бајден и Камала Харис им беа подарени на сите жители на ова село, кое се наоѓа на околу 320 километри јужно од индискиот град Ченај. Претставник на властите одржа специјална молитва, а атмосферата во во селото беше во целосна спротивност на мрачното расположение коешто во тој миг владееше во Вашингтон. Под засилени безбедносни мерки и заканата од коронавирусот во воздухот, Бајден и Харис денеска положија заклетва. Харис, чија мајка е Индијка и чијшто татко е од Јамајка, го посетила Туласендрапурам кога имала пет години и често зборува за нејзините спомени од прошетките со нејзиниот дедо на плажите во Ченај, каде што тој и неговото семејство се преселиле од неговото родно село пред скоро 90 години. Камала Харис е првата жена и прва личност со индиско-афроамериканско потекло, избрана за потпретседателка на Соединетите Американски Држави. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-selo-vo-indija-ja-proslavi-inauguracijata-na-amerikanskata-potpretsedatelka-kamala-haris/feed/ 0
За прв пат во изминативе децении – Доналд Трамп заминува од функција без да присуствува на инаугурација на својот наследник https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-prv-pat-vo-izminative-decenii-donald-tramp-zaminuva-od-funkcija-bez-da-prisustvuva-na-inauguracija-na-svojot-naslednik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-prv-pat-vo-izminative-decenii-donald-tramp-zaminuva-od-funkcija-bez-da-prisustvuva-na-inauguracija-na-svojot-naslednik/#respond Wed, 20 Jan 2021 10:15:59 +0000 https://kurir.mk/?p=457420

Доналд Трамп ќе биде првиот претседател на САД во изминатите неколку децении што си заминува од функција а кој нема да присуствува на инаугурацијата на својот наследник, објави Њујорк тајмс. Но, во подалечното минато се случило неколкупати претседател да не присуствува на царемонијата. Во поголемиот дел од историјата на САД, промената на претседатели се смета за симбол за мирен трансфер на власта. И други претседатели на САД не присуствувале на инаугурацијата на новиот претседател, вклучително и четворица шефови на држави кои беа убиени за време на мандатот: Абрахам Линколн (1965),Џејмс Гарфилд (1881), Вилијам Мекинли (1901) и Џон Кенеди (1963). Во 1974 година, претседателот Ричард Никсон поднесе оставка и не присуствуваше на заклетвата на Џералд Форд во Белата куќа. Во 1921 година, Вудроу Вилсон имал намера да присуствува на заклетвата на Ворен Хардинг и да отпатува со него во Капитол на церемонијата, но се разболел. Во деветнаесеттиот век, некои претседатели одлучија да не се појавуваат од незадоволство или непријателство. Весникот како примери ги наведува Џон Адамс, Џон Квинси Адамс и Ендру Џонсон. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-prv-pat-vo-izminative-decenii-donald-tramp-zaminuva-od-funkcija-bez-da-prisustvuva-na-inauguracija-na-svojot-naslednik/feed/ 0
Мајк Пенс нема да се појави на церемонијата за збогувањето на Трамп – планирано е да присуствува на инаугурацијата на Бајден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majk-pens-nema-da-se-pojavi-na-ceremonijata-za-zboguvanjeto-na-tramp-planirano-e-da-prisustvuva-na-inauguracijata-na-bajden/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majk-pens-nema-da-se-pojavi-na-ceremonijata-za-zboguvanjeto-na-tramp-planirano-e-da-prisustvuva-na-inauguracijata-na-bajden/#respond Wed, 20 Jan 2021 09:43:09 +0000 https://kurir.mk/?p=457384

Актуелниот потпретседател на САД, Мајк Пенс, нема да се појави на церемонијата на збогувањето на Доналд Трамп во базата Ендрус, потврдено е од неговиот кабинет, пишува Си-Ен-Ен. Според календарот на неговите обврски, Пенс ќе присуствува на инаугурацијата на Џо Бајден во Вашингтон, така што тој не може да биде на две места истовремено, изјави извор за Си-Ен-Ен. Трамп утрово ќе полета со хеликоптер од Белата куќа и тоа ќе биде можност Пенс да се збогува од него. На Твитер, Пенс им се заблагодари на Американците за привилегијата четири години да бидат потпретседател на Соединетите држави и сподели фотографии направени за време на неговиот мандат, но ниту една не го покажува претседателот Доналд Трамп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majk-pens-nema-da-se-pojavi-na-ceremonijata-za-zboguvanjeto-na-tramp-planirano-e-da-prisustvuva-na-inauguracijata-na-bajden/feed/ 0
Еве како Трамп посакал да биде испратен од Белата куќа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eve-kako-tramp-posakal-da-bide-ispraten-od-belata-kukja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eve-kako-tramp-posakal-da-bide-ispraten-od-belata-kukja/#respond Wed, 20 Jan 2021 07:26:31 +0000 https://kurir.mk/?p=457300

Американскиот претседател во заминување Доналд Трамп ќе полета од Вашингтон четири часа пред инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Цо Бајден, соопшти Белата куќа. Трамп и првата дама Меланија Трамп ќе заминат за Флорида во 8 часот по локално време. Претходно Трамп соопшти дека нема да присуствува на инаугурацијата на Бајден. Церемонијата е закажана за пладне, по локално време. Околу 25.000 припадници на Националната гарда се во Вашингтон. Безбедносните мерки во градот се драконски. Според Си Ен Ен Трамп побарал да биде испратен со црвен тепих, воен лимен оркестар и почесна стрелба од 21 пушка. Засега не е познато дали неговото барање ќе биде исполнето, пред да го почне неговиот постпретседателски живот во неговиот голф ресорт Мар а Лаго во Палм Бич. На само неколку часа пред напуштањето на функцијата, Трамп го помилува својот поранешен главен стратег Стив Банон. Во соопштението од Белата куќа се посочува дека листата со помилувани содржи 73 имиња, како и 70 на кои казната им е намалена. Меѓу помилуваните се и Елиот Броиди, поранешен соработник за прибирање финансиски средства за Трамп, кој минатата година се изјасни за виновен за кршење на законите за странско лобирање и поранешниот градоначалник на Детроит Кваме Килпатрик, кој издржуваше 28-годишна затворска казна по обвиненија за корупција. Раперите Лил Вејн и Кодак Блек, кои беа гонети за федерални дела за оружје, исто така добија помилување. Сепак, голем број лица за кои се шпекулираше дека ќе бидат помилувани не се појавија на последната листа на претседателот, вклучително Руди Џулијани, Џулијан Асанж, Едвард Сноуден и Џо Егзотик. Трамп, исто така, наспроти гласините, не потпиша помилување за себе или членови на своето семејство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eve-kako-tramp-posakal-da-bide-ispraten-od-belata-kukja/feed/ 0
Дел од факти при инаугурација на американски претседател низ годините https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/del-od-fakti-pri-inauguracija-na-amerikanski-pretsedatel-niz-godinite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/del-od-fakti-pri-inauguracija-na-amerikanski-pretsedatel-niz-godinite/#respond Wed, 20 Jan 2021 07:05:50 +0000 https://kurir.mk/?p=457293

Дваесеттиот амандман на американскиот Устав, усвоен во 1933 година, го направи 20 јануари официјален датум за инаугурацијата на американските претседатели. Пред тоа, датумот беше 4 март. Првиот кој положи заклетва на овој датум беше Френклин Д. Рузвелт – во 1937 година, кога почна вториот од четирите негови мандати. „Луѓето не се заробеници на судбината, туку само на сопствениот ум“, рече тој во својот говор. Оттогаш, Американците се сведоци на церемониите на повеќе од десет претседатели преку медиумите. Кога ја презеде функцијата во 1953 година, претседателот Ајзенхауер избра да изрецитира молитва што самиот ја состави. Во 1961 година, Џон Ф. Кенеди ја изговори историската фраза во својот говор по заклетвата: „Не прашувајте што може вашата земја да направи за вас. Прашајте што можете да направите за вашата земја“. „Единственото од кое треба да се плашиме е самиот страв“, рече Френклин Рузвелт во 1933 година. Најкраткиот говор бил 135 зборови – од Џорџ Вашингтон, најдолгиот – од 8.445 од Вилијам Харисон во 1841 година. Линдон Џонсон стана првиот претседател по смртта на Кенеди кој се возел во блиндирана лимузина од Капитол до Белата куќа за неговата инаугурација во 1964 година. Тринаесет години подоцна, Џими Картер ја одбил лимузината и тргнал по традиционалната маршрута со своето семејство. Можеби една од најдраматичните инаугурации се случи во 1981 година, кога Роналд Реган стана 40-ти претседател на САД. Неколку минути по заклетвата, беа ослободени 52 американски заложници од ирански киднапери кои ги задржаа за време на администрацијата на Картер. Првата заклетва на американски претседател не беше извршена во Вашингтон, туку во Њујорк, кога Џорџ Вашингтон стана шеф на државата во 1789 година. Текстот на заклетвата е напишан во Уставот и содржи 35 зборови, со кои претседателот свечено се заколнува. И покрај тоа, понекогаш има грешки. Една се случи во 2009 година, кога Барак Обама повтори погрешно дадени зборови од претседателот на Врховниот суд Џон Робертс и заклетвата беше дадена повторно следниот ден во Белата куќа со правилен текст. Нема барање да се користи Библијата, но тоа е традиција. Сите претседатели од Линдон Џонсон во 1965 година, чија сопруга ја држеше Библијата, положија заклетва врз Библијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/del-od-fakti-pri-inauguracija-na-amerikanski-pretsedatel-niz-godinite/feed/ 0
Инаугурација на новиот американски претседател Бајден, ова е програмата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/inauguracija-na-noviot-amerikanski-pretsedatel-bajden-ova-e-programata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/inauguracija-na-noviot-amerikanski-pretsedatel-bajden-ova-e-programata/#respond Wed, 20 Jan 2021 06:59:51 +0000 https://kurir.mk/?p=457283

Новоизбраниот претседател на САД, Џозеф Бајден денеска ќе положи заклетва во Вашингтон и официјално ќе стане 46-ти претседател на таа држава. Церемонијата на инаугурацијата наречена „Обединета Америка“ нема да биде како претходните инаугурации, бидејќи организаторите и локалните власти во Вашингтон ги повикаа Американците да не доаѓаат, туку да ја следат церемонијата преку интернет во своите домови. Безбедноста во Вашингтон ќе биде зајакната додека Пентагон објави дека ќе испрати најмалку 20.000 војници на Националната гарда. Во текот на утрото на 20 јануари, Бајден ќе присуствува на миса во катедралата Сент Метју во Вашингтон. Тој ги покани демократите Ненси Пелоси и Чак Шумер, како и републиканците Кевин Мекарти и Мич Меконел да бидат со него на мисата. Избраниот претседател потоа ќе маршира со конвој до Капитол Хил каде што започнува церемонијата на инаугурација во 11 часот по локално време (17 часот по средноевропско време) на големиот подиум поставен спроти Националниот трговски центар. Националната химна ќе ја пее поп-sвездата Лејди Гага на скалите на Капитол Хил, а пејачката Џенифер Лопез ќе одржи „музички перформанс“, според организацискиот одбор. Бајден и потпретседателката Камала Харис ќе положат заклетва во 12:00 часот, потоа претседателот ќе го одржи својот инаугуративен говор во кој треба да ја потврди својата визија за желбата да се победи пандемијата, подобро да се реконструира, обедини и да се лекува нацијата, според организацискиот комитет. Во раните попладневни часови, Бајден ќе замине на Националните гробишта во Арлингтон близу Вашингтон за да положи венец на гробот на Незнајниот херој заедно со поранешните американски претседатели Барак Обама, Џорџ В. Буш и Бил Клинтон и нивните сопруги. Тој ќе се врати со конвој во Вашингтон. Конвојот треба да запре на неколку десетици метри од Белата куќа за да му се дозволи на Бајден да влезе пеш опкружен со воена придружба. Тој таму ќе ги потпише првите претседателски укази попладнето. Вечерта по локално време Бајден и Камала Харис ќе и се обратат на нацијата за време на специјалното шоу на кое домаќин е актерот Том Хенкс. Специјалната емисија „Celebrating America“ ќе се емитува од 20.30 до 22.00 часот по локално време на каналите ABC, CBS, NBC, CNN и MSNBC, како и на YouTube. Меѓу гостите на Хенкс ќе бидат Џон Бон Џови, Џастин Тимберлејк и Деми Ловато. Претседателот во заминување Доналд Трамп најави дека нема да присуствува на инаугурацијата. Поранешниот претседател на САД, демократот Џими Картер (96), нема да биде присутен на свечената заклетва поради возраста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/inauguracija-na-noviot-amerikanski-pretsedatel-bajden-ova-e-programata/feed/ 0
Вашингтон бара зголемени безбедносни мерки за инаугурацијата на Бајден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-bara-zgolemeni-bezbednosni-merki-za-inauguracijata-na-bajden/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-bara-zgolemeni-bezbednosni-merki-za-inauguracijata-na-bajden/#respond Mon, 11 Jan 2021 10:39:56 +0000 https://kurir.mk/?p=453704

Градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Боусер побара дополнителни безбедносни мерки за време на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден, по немирите од минатата недела и упадот во американскиот Конгрес на приврзаниците на претседателот во заминување Доналд Трамп. Опишувајќи го минатонеделниот напад во зградата на Конгресот како „невиден терористички напад“, градоначалничката на Вашингтон во соопштение наведува дека инаугурацијата на Бајден на 20 јануари бара „поинаков пристап“ во споредба со претходните инаугурации. „Иако ќе се обратам до голем број локални, регионални и федерални служби да ја зајакнат меѓусебната соработка во врска со овој настан, пред сè го повикувам Министерството за внатрешна безбедност да подготви соодветен пристап кон инаугурацијата во согласност со моменталните околности, напиша Боусер во писмото до Џад Волф, кој го предводи ова министерство. Во своето писмо, градоначалничката наведува дека областа Колумбија, каде што се наоѓа Вашингтон, бара прогласување „состојба пред катастрофа“ за да се овозможи федерална помош. Таа го повика Министерството за внатрешна безбедност да ја координира својата работа со министерствата за правда и за одбрана, Врховниот суд и Конгресот и да развие федерален план за распоредување на безбедносните сили за заштита на целиот федерален имот. Вашингтон останува во состојба на готовност пред инаугурацијата на Бајден, и иако настанот традиционално привлекуваше стотици илјади посетители во градот, тоа сега не се очекува поради тешката ситуација со пандемијата на Ковид-19. Трамп минатата недела потврди дека нема да присуствува на инаугурацијата на новиот претседател.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-bara-zgolemeni-bezbednosni-merki-za-inauguracijata-na-bajden/feed/ 0