инцест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 13 Sep 2023 07:02:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png инцест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Франција за првпат во јавност кампања против инцест https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-frantsija-za-prvpat-vo-javnost-kampana-protiv-intsest/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-frantsija-za-prvpat-vo-javnost-kampana-protiv-intsest/#respond Wed, 13 Sep 2023 07:02:36 +0000 https://kurir.mk/?p=877528

Француската Влада ја почна првата кампања против инцест во земјата, а за оваа табу-тема неодамна проговорија актерката Емануел Беар и ќерката на поранешниот министер за надворешни работи. -Првпат една влада го користи зборот „инцест“ во кампања и првпат зборува за ова сексуално насилство во семејството, рече државната секретарка Шарлот Кобел и додаде дека секоја трета минута во Франција некое дете е сексуално злоупотребувано. Националната кампања, која почна вчера на социјалните мрежи и во медиумите пред да се појави на јавни места и во кино, се занимава со тема која долго време е исклучена од јавната дебата во Франција. Така, во последната владина кампања за криминалот врз децата, која датира од 2002 година, не се споменуваше инцест. Оттогаш, темата се наметна во Франција, прво благодарение на книгата 2021 на ќерката на поранешниот министер и ко-основач на невладината организација Лекари без граници, Бернар Кушнер. Во книгата Камиј Кушнер го опишува инцестот што го претрпел нејзиниот брат во 80-тите, кој бил малтретиран од неговиот очув, познатиот политиколог и јавна личност Оливие Диамел. Диамел подоцна ја признал злоупотребата, но истрагата не била покрената поради застареноста на настанот. Аферата, сепак, доведе до формирање на независна комисија за инцест и сексуално насилство врз деца, која ги повика државните власти да дејствуваат. Актерката Емануела Беар неодамна во документарна програма на телевизија изјави дека била жртва на инцест на возраст од 10 до 14 години.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-frantsija-za-prvpat-vo-javnost-kampana-protiv-intsest/feed/ 0
Актерка откри дека била жртва на инцест во детството: „Ти го правеше тоа 4 години, никој не забележа“ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/akterka-otkri-deka-bila-zhrtva-na-intsest-vo-detstvoto-ti-go-praveshe-toa-4-godini-nikoj-ne-zabelezha/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/akterka-otkri-deka-bila-zhrtva-na-intsest-vo-detstvoto-ti-go-praveshe-toa-4-godini-nikoj-ne-zabelezha/#respond Fri, 08 Sep 2023 11:47:23 +0000 https://kurir.mk/?p=875997

Ѕвездата на филмот „Невозможна мисија“, француската актерка Емануеле Барт, реши да ја сподели со јавноста својата шокантна приказна за тоа дека како девојче била жртва на инцест. 60-годишната актерка изнесе шокантни тврдења во новиот документарен филм „Un silence si bruyant“, кој премиерно ќе биде прикажан во Франција на 24 септември, на каналот М6. Нејзината помошничка режисерка Анастасија Микова за медиумите изјави дека напаѓачот не е нејзиниот татко, пејачот Ги Бер, но дека идентитетот на лицето нема да и биде откриен на јавноста. Во моментов е познато дека злоставувањето започнало кога актерката имала 10 години и продолжило до нејзината 14. Актерката изјавила дека на почетокот не сакала да зборува за себе, туку за другите жртви на инцест. -Но, нивната искреност и храброст ме натераа да проговорам, рече таа. Во еден дел од документарецот се слуша нејзиниот глас упатен до нејзиниот насилник. „Бидејќи татко ми, мајка ми и моите пријатели не забележаа ништо, можеше да го повториш ова, и го правеше, четири години“. Ја спасила нејзината баба, открила актерката. Барт, која се занимава со глума од 1972 година, зад себе има повеќе од 60 филмски и телевизиски улоги и е добитничка на бројни награди. Во првиот филм од франшизата „Невозможна мисија“ од 1996 година, во режија на Брајан Де Палма, таа ја играше улогата на агентката Клер Фелпс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/akterka-otkri-deka-bila-zhrtva-na-intsest-vo-detstvoto-ti-go-praveshe-toa-4-godini-nikoj-ne-zabelezha/feed/ 0
Внукот на Рики Мартин се откажа од тужбата за инцест https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/vnukot-na-riki-martin-se-otkaza-od-tuzbata-za-incest/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/vnukot-na-riki-martin-se-otkaza-od-tuzbata-za-incest/#respond Fri, 22 Jul 2022 06:55:53 +0000 https://kurir.mk/?p=708711

Внукот на пејачот Рики Мартин, Денис Жадел Санчез се откажа од обвинувањата за инцест, а судијата ја укина привремената забрана за доближување. „Како што очекувавме, Судот не ја продолжи наредбата за привремена заштита. Тужителот му потврди на Судот дека неговата одлука за поништување на случајот е само негова, без никакво надворешно влијание или притисок. Ова никогаш не било ништо повеќе од случај со проблематична личност која дава лажни тврдења и наводи без апсолутни докази во нивна поткрепа. Драго ни е што нашиот клиент виде дека правдата е задоволена и сега може да продолжи понатаму“, се вели во соопштението на адвокатскиот тим на Рики Мартин. Претходно, внукот тврдеше дека тој и Рики имале седуммесечна сексуална врска, а откако таа завршила, Рики, според зборовите на внукот, почнал да го демне и тормози.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/vnukot-na-riki-martin-se-otkaza-od-tuzbata-za-incest/feed/ 0
Рики Мартин обвинет за инцест: Му се закануваат 50 години затвор https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/riki-martin-obvinet-za-incest-mu-se-zakanuvaat-50-godini-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/riki-martin-obvinet-za-incest-mu-se-zakanuvaat-50-godini-zatvor/#respond Sat, 16 Jul 2022 08:24:17 +0000 https://kurir.mk/?p=706087

Рики Мартин е обвинет од неговиот 21-годишен внук за инцест. Доколку биде прогласен за виновен, може да се соочи со казна затвор до 50 години. На почетокот на месецов, на познатиот пејач му беше одредена забрана за приближување по обвинение за семејно насилство, но идентитетот на жртвата не е познат. Неговиот брат, Ерик Мартин, тогаш ја идентификуваше жртвата како внук на пејачот, Денис Јадиел Санчез, објави шпанската новинска агенција „Марка“. Рики Мартин е обвинет дека физички и психички го малтретирал Санчез за време на нивната седуммесечна врска, која завршила пред околу два месеци. Адвокатот на Мартин ги нарече наводите за злоупотреба „целосно лажни и измислени“. Судењето на Мартин е закажано за 21 јули во Порторико. Според порториканските медиуми, Мартин и Санчез раскинале пред два месеци, по седум месеци врска. Санчез тврдеше дека Мартин не го прифатил раскинувањето и бил виден како лута во близина на неговиот дом во најмалку три наврати. Тој исто така изјавил дека Мартин „конзумирал големи количини алкохол и дрога“. Адвокатите на пејачот ги отфрлија обвинувањата и подготвуваат одбрана против Санчез, за ​​кого се вели дека неодамна го тужела една жена, откако тој наводно ја малтретирал и „и се заканил дека ќе и го уништи животот“. Адвокатскиот тим на Мартин изјави за „Дејли Мејл“ дека жртвата „се бори со длабоки проблеми со менталното здравје“ и целосно ги отфрлила „одвратните“ наводи. „Рики Мартин, се разбира, никогаш не бил – и никогаш нема да биде вклучен – во каква било сексуална или романтична врска со својот внук“, рече во петокот адвокатот Мартин Сингер. „Таа идеја не само што е невистинита, туку е одвратна. Сите се надеваме дека овој човек ќе ја добие помошта што итно му е потребна. Но, најмногу од сè, очекуваме овој ужасен случај да биде отфрлен веднаш штом судијата ќе ги погледне фактите.“ додаде тој. Ерик Мартин го повтори тврдењето на адвокатот, велејќи дека Санчез страда од „ментални проблеми“ и дека е „многу сигурен дека неговиот млад братучед не ја кажува вистината“. И претставникот на Мартин за медиумите потврди дека Санчез е биолошки братучед, оспорувајќи ги првичните информации дека внукот е дете на полубрат и сестра. Наредбата за забрана е потпишана на 1 јули, а од полицијата велат дека лицето што го поднело барањето не контактирало со нив, што имплицирало дека нема доволно докази за да се подигне обвинителен акт, туку барањето „отишло“ директно на суд. Порториканскиот закон многу сериозно ги сфаќа обвинувањата за инцест. Доколку се потврди наводната романса меѓу Мартин и Санчез, пејачот може да се соочи со 50 години затвор поради обвинение за инцест. На 3 јули, Мартин ги упати обвинувањата на Твитер, каде што ги окарактеризира наводите како „лажни“. „Бидејќи правната работа е во тек, во овој момент не можам да дадам детални изјави. Благодарен сум за безбројните пораки на солидарност и ги прифачам со цело срце“, додаде тој. Тој не даде дополнителни изјави во врска со наводите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/riki-martin-obvinet-za-incest-mu-se-zakanuvaat-50-godini-zatvor/feed/ 0
Шокантен инцест го потресе регионот: 46-годишна жена осомничена за силување на својот малолетен син https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shokanten-incest-go-potrese-regionot-46-godishna-zena-osomnichena-za-siluvanje-na-svojot-maloleten-sin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shokanten-incest-go-potrese-regionot-46-godishna-zena-osomnichena-za-siluvanje-na-svojot-maloleten-sin/#respond Sun, 03 Feb 2019 10:16:38 +0000 https://kurir.mk/?p=159607

Хрватската јавност е шокирана откако по вторпат за половина година една 46-годишна жена е приведена поради сексуално злоставување на својот малолетен син. По распитот во Жупанискиот суд во Сплит за нејзе е побаран задржување во истражен затвор. Сепак, истражниот судија одлучил таа да се брани од слобода бидејќи веќе и е изречена мерка забрана за приближување и контакт со синот, кој во меѓувреме станал полнолетен и не живее со нејзе, објави Слободна Далмација. Мајката з апрв пат е приведена во септември лани под сомнение за полов однос, во периодот од 2017 до 2018 година, со нејзиниот малолетен син, роден во 2000 година. Таа во својата одбрана изјавила дека синот лаже и дека за тоа го наговорил нејзиниот маж од кого е разведена. Тогаш и беше одреден истражен затвор каде мина 50 денови, по што стапи во сила забраната за приоѓање и контактирање со синот. Тој потоа заминал и живее со други членови од фамилијата. Мајката се сомничи дека синот сексуално го злоставувала и во текот на 2007 и 2008 година, а таа го негира тоа. Обвинителството по распитот повторно побарало одредување истражен затвор поради можност за влијание врз сведоци и повторување на делото. По сослушувањето, истражниот судија не го прифатил барањето поради тоа што мајката и синот веќе не живеат заедно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shokanten-incest-go-potrese-regionot-46-godishna-zena-osomnichena-za-siluvanje-na-svojot-maloleten-sin/feed/ 0
Ужасот се претвори во хорор: Сопствената ќерка му родила дете, па го убил семејството и се самоуби https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzasot-se-pretvori-vo-horor-sopstvenata-kjerka-mu-rodila-dete-pa-go-ubil-semejstvoto-i-se-samoubi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzasot-se-pretvori-vo-horor-sopstvenata-kjerka-mu-rodila-dete-pa-go-ubil-semejstvoto-i-se-samoubi/#respond Fri, 13 Apr 2018 13:57:18 +0000 https://kurir.mk/?p=40196

Американецот кој поради инцест дошол на светските насловни страни, ја убил својата ќерка, нејзиниот очув и бебето кое го имал со неа. Потоа си пресудил самиот. Локалните власти објавиле дека 43-годишниот Стивен Пладл бил пронајден мртов во Њујорк во четвртокот наутро. Телата на неговата ќерка, 20-годишната Кејти Пладл, нејзиниот очув Антони Фуско и 7-месечниот Бенет, детето кое го добил со Кејти, биле пронајдени подоцна во неговата куќа во Северна Каролина. До трагедијата дошло само два месеци откако Стивен и Кејти Пладл биле обвинети за инцест, откако властите откриле дека таткото и ќерката се венчале и добиле дете. "Не можам да верувам дека ова се случува" Локалната телевизија "WTVR" објавила дека Стивен на својата мајка во телефонски разговор и кажал дека го убил малиот Бенет. Полицијата објавила дека мајката на Стивен имала старателство над бебето. -Син ми ми се јави и ми кажа дека го убил своето дете, рекла шокираната мајка во телефонскиот повик до полицијата. -Неговата сопруга вчера го остави преку телефон. Таа е во Њујорк и тој ми кажа дека ќе и го однесе детето и потоа ќе се врати, рекла таа. "Го уби детето. Ми кажа да се јавам во полиција и да не доаѓам таму. Ја убил својата сопруга. Не можам да верувам дека ова се случува". Пладл се оженил со својата ќерка минатата година во таен обред, кога веќе била бремена. Во 1998. година Пладл и биолошката мајка Алиша ја дале Кејти на посвојување, а во 2016. година Кејти преку социјалните мрежи ги пронашла своите биолошки родители. По само неколку месеци Пладл и Алиша се разделиле и започнала инцестуозната врска на таткото и ќерката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzasot-se-pretvori-vo-horor-sopstvenata-kjerka-mu-rodila-dete-pa-go-ubil-semejstvoto-i-se-samoubi/feed/ 0
Татко ја оставил жената поради нивната ќерка: Имале секс и сакале да се венчаат, а тогаш се случило најлошото https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/tatko-ja-ostavil-zenata-poradi-nivnata-kjerka-imale-seks-i-sakale-da-se-venchaat-a-togash-se-sluchilo-najloshoto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/tatko-ja-ostavil-zenata-poradi-nivnata-kjerka-imale-seks-i-sakale-da-se-venchaat-a-togash-se-sluchilo-najloshoto/#respond Mon, 05 Feb 2018 21:38:13 +0000 http://kurir.mk/?p=18561

Американецот Стивен Волтер Пладл (42) уапсен е поради инцест со својата ќерка Кејти Роуз (20). Тој ја оставил својата сопруга поради врска со ќерката, која парот ја дал на посвојување штом се родила. Стивен и 20-годишната Кејти уапсени се во Северна Каролина откако ги пријавила неговата жена, односно мајката на Кејт. Кога наполнила 18 години Кејти одлучила да ги пронајде своите билошки родители, јавува КРОН 4. Откако ги пронашла се доселила кај нив во Ричмонд во Вирџинија. Три месеци подоцна Стивен и неговата жена се разделиле па таа се одселила. Жената наскоро дознала дека нејзината ќерка е трудна, а во мај 2017. година дознала дека Стивен е таткото на бебето, откако го прочитала дневникот на своето друго дете. Стивен со поранешната сопруга има две деца на кои им рекол својата сестра да ја викаат мајка. По тоа, неговата поранешна жена се јавила на Стивен и го прашала дали Кејт е трудна од него а тој потврдил. Кејт во јули на социјалните мрежи објавила дека ќе се венчаат, иако тоа законски не можеле да го остварат. Во ноември издадени се налози за нивно апсење, а уапсени се два месеци подоцна. Со нив во моментот на апсење бил нивниот четиримесечен син. Одредена им е кауција од милион долари на секого. Стивен својата кауција ја платил  и моментално е на слобода, додека Кејт и понатаму е зад решетки, не е познато каде е нивното дете.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/tatko-ja-ostavil-zenata-poradi-nivnata-kjerka-imale-seks-i-sakale-da-se-venchaat-a-togash-se-sluchilo-najloshoto/feed/ 0