инциденти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 07 Dec 2022 09:56:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png инциденти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Инциденти во Солун и Атина меѓу Роми и полицијата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/incidenti-vo-solun-i-atina-megju-romi-i-policijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/incidenti-vo-solun-i-atina-megju-romi-i-policijata/#respond Wed, 07 Dec 2022 09:56:58 +0000 https://kurir.mk/?p=772154

Инциденти меѓу Роми и полицијата се случија доцна синоќа во делови на Солун и Атина откако припадници на ромската заедница протестираа поради 16-годишниот Ром кој во понеделникот беше застрелан од полицаец и е во критична состојба, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, Ромите палеле канти за отпадоци и ја нападнале полицијата, како во Солун, така и во Атина, а државната новинска агенција АНА-МПА објави дека по инцидентите во Атина, повредени биле десет полицајци, а уапсени седум лица. Во понеделникот 16-годишниот Ром застанал на бензинска станица во Солун, наполнил бензин, побегнал без да плати и била информирана полицијата, по што полицајци со мотори го бркале возилото управувано од момчето, кое откако не одговорило на барањата да застане, според медиумите, било застрелано во пределот на главата од еден од полицајците и е хоспитализирано во критична состојба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/incidenti-vo-solun-i-atina-megju-romi-i-policijata/feed/ 0
Поднесени обвиненија за инцидентите за време на протестите во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podneseni-obvinenija-za-incidentite-za-vreme-na-protestite-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podneseni-obvinenija-za-incidentite-za-vreme-na-protestite-vo-skopje/#respond Tue, 12 Jul 2022 12:11:16 +0000 https://kurir.mk/?p=703877

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведената претходна постапка, денеска до надлежниот суд поднесе обвинителни предлози против вкупно 12 лица, од кои 9 се обвинети за кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 став 1 од Кривичниот законик, а три лица се гонат за – Предизвикување општа опасност согласно член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. За време на јавен собир на граѓани, на 5 и 6 јули, деветмина обвинети учествувале во толпата што изврши кривично дело – насилство пред Собранието на Република Северна Македонија. Тие со камења, бекатон плочки, железни предмети, сообраќајни знаци, корпи за отпадоци и пиротехнички средства фрлале кон полициските службеници распоредени во полициски кордон за заштита на зградата на Собранието. Притоа, на еден полициски службеник му била нанесена тешка телесна повреда, а 26 полицајци се здобиле со телесни повреди. Обвинетите причиниле штета на Собранието во вкупен износ од 576.665 денари, оштетиле полициска опрема и едно полициско возило Шкода Јети. Обвинителен предлог е поднесен и против двајца скопјани, на возраст од 18 и 26 години, кои со општо опасно дејствие предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето на место каде што биле собрани поголем број луѓе. Едниот обвинет подготвил „молотов коктел“, ставајќи бензин и парче ткаенина во стаклено шише, по што општо опасното средство го подал на другиот обвинет кој го фрлил кон поставениот кордон од полициски службеници. За предизвикување општа опасност се гони 40-годишен скопјанец, кој на 6 јули, на платото пред плоштадот „Скендербег“, со општо опасно средство – пиштол марка Волтер модел Р 99 со калибар 9х19 мм, кој го поседувал со дозвола, предизвикал значителна опасност за животот или телото на луѓето. За време на движењето на групата граѓани кои учествувале на јавниот собир, обвинетиот во два наврати испукал по два куршума во воздух. За седум од обвинетите судот во текот на претходна постапка определи мерка куќен притвор, додека за петмина беше определена мерка притвор. Со цел да се обезбеди присуството на обвинетите во текот на постапката, надлежните јавни обвинители денеска до судот доставија и предлози за продолжување на вака определените мерки.​ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podneseni-obvinenija-za-incidentite-za-vreme-na-protestite-vo-skopje/feed/ 0
Жестоки парични казни и суспензии за Гостивар и Пелистер за инцидентот во „Младост“! https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/zestoki-parichni-kazni-i-suspenzii-za-gostivar-i-pelister-za-incidentot-vo-mladost/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/zestoki-parichni-kazni-i-suspenzii-za-gostivar-i-pelister-za-incidentot-vo-mladost/#respond Mon, 16 May 2022 20:22:43 +0000 https://kurir.mk/?p=677561

Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) експресно изрече санкции по инцидентот во салата „Младост“ меѓу екипите на Гостивар и Пелистер . И двете страни минаа со казни, а дел од актерите и се суспендирани. Суспензии од КК Гостивар добија физиотерапевтот Ѓорѓески како и тренерот Димитриески, а повеќе актери минаа со парични казни. Кај Пелистер, суспендирани се Стајиќ и Најдовски, како и тренерот Марјан Илиевски, поради жестоката реакција откако беше удрен од трибините со тврд предмет. Паричната казна која ја добија двата тима изнесува преку 300.000 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/zestoki-parichni-kazni-i-suspenzii-za-gostivar-i-pelister-za-incidentot-vo-mladost/feed/ 0
Инциденти во Рен и Париз пo претседателските избори во Франција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/incidenti-vo-ren-i-pariz-po-pretsedatelskite-izbori-vo-francija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/incidenti-vo-ren-i-pariz-po-pretsedatelskite-izbori-vo-francija/#respond Mon, 25 Apr 2022 08:14:19 +0000 https://kurir.mk/?p=667529

Непосредно по објавувањето на резултатите од претседателските избори, неколкуте стотици демонстранти, главно млади „антифашисти“ и „антикапиталисти“, протестираа против реизборот на Емануел Макрон во неколку градови во Франција, обележани со инциденти во Рен, како и во Париз, јави дописникот на МИА. Набргу по објавувањето на победата на Макрон над Марин Ле Пен, во Рен, околу 250 луѓе се собраа под транспарентот: „Она што нема да го поминеме низ гласачките кутии, ќе го добиеме преку улица“. Собир одржан и покрај забраната и воочливо големо полициско присуство. Демонстрантите запалија неколку канти за ѓубре, принудувајќи ги пожарникарите да интервенираат три пати, според префектурата која ги забрани демонстрациите. Полицијата употреби солзавец во близина на каналот што го минува Рен. „Сакаме да демонстрираме за да покажеме дека Ле Пен воопшто не ја сакаме, но не го сакаме ниту Макрон“, изјави една учесничка на демонстрациите. „Мораме да се организираме за да најдеме контрасила“. Двајца демонстранти беа уапсени во средината на вечерта, соопшти префектурата. Во центарот на Париз, 250 до 300 демонстранти „антифашисти“ демонстрираа со извици, особено „Оди си Макрон“, понекогаш судирајќи се со полицијата која ги напаѓаше. Заминувајќи од Халите, тие извикуваа „Марин Ле Пен, одвратно е“ и „Ману Макрон, одвратно е“ или „Макрон, оди си!“, се до Плоштадот на Републиката, обезбеден од големи полициски сили. Попатно беа превртени велосипеди, скутери и канти за ѓубре, а неколку проектили беа фрлени врз камиони на органите на редот. Статуата на Републиката беше испишана со графити како „Светот гори“. Во центарот на Нант, поворка од околу 400 до 500 луѓе тргна зад транспарент со натпис „Потреба од револуција“. Во Тулуз, околу 500 луѓе исто така учествуваа на демонстрациите чиј слоган беше „Ни Макрон, ниту Ле Пен, револуција“. „Доста е, доста е ова општество, кое лови имигранти без документи и го става Земур на телевизија“, пееја тие. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/incidenti-vo-ren-i-pariz-po-pretsedatelskite-izbori-vo-francija/feed/ 0
Грчката крајбрежна служба: Низа инциденти со турски патролни бродови во Егејското море https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-krajbrezna-sluzba-niza-incidenti-so-turski-patrolni-brodovi-vo-egejskoto-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-krajbrezna-sluzba-niza-incidenti-so-turski-patrolni-brodovi-vo-egejskoto-more/#respond Fri, 02 Apr 2021 10:56:35 +0000 https://kurir.mk/?p=491268

Во морскиот регион североисточно од грчкиот остров Лезбос, утрово, според грчката крајбрежна служба, имало три инциденти со турски патролни бродови, од кои два се однесувале на чамци со мигранти, јави дописничката на МИА од Атина. Рано утрово, турски патролен брод, навлегол во грчките територијални води и вознемирил грчки патролен брод, за што од крајбрежна служба на Грција објавија и видео за кое велат дека ги покажува „опасните маневри врз грчкиот патролен брод“. Другите два случаи се поврзани со чамци со мигранти, за кои од грчката крајбрежна служба велат дека кон грчките територијални води се движеле во придружба на турски патролни бродови. За едниот од двата чамци во двата одвоени случаи, од крајбрежната служба се обиделе да стапат во контакт со турските колеги, но без резултат, по што подоцна мигрантите, без да влезат на грчка територија биле спасени од патролен брод на Турција. Во вториот случај, според грчката крајбрежна служба, на чамецот му се приближиле два турски патролни бродови, „кои безуспешно, се обидоа да го истуркаат во грчките територијални води“. За инцидентите во кои биле вклучени мигранти, министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис вели дека е обид на Турција да „предизвикаат ескалација со Грција“. -Ја повикуваме Турција: да ја запре оваа неоправдана провокација; овие мигранти безбедно да ги врати во Турција и да се усогласи со заедничката изјава од 2016 година на ЕУ и Турција за миграцијата, вели Митаракис. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-krajbrezna-sluzba-niza-incidenti-so-turski-patrolni-brodovi-vo-egejskoto-more/feed/ 0
Инциденти на протестот пред судот во Атина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/incidenti-na-protestot-pred-sudot-vo-atina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/incidenti-na-protestot-pred-sudot-vo-atina/#respond Wed, 07 Oct 2020 12:38:36 +0000 https://kurir.mk/?p=413471

Инциденти се случија пред судот во Атина, кусо откако беше соопштена одлуката дека Златна зора е криминална организација, а тензиите започнаа кога полицијата беше нападната со предмети и одговори со солзавец, шок бомби, но и со цистерна со топови вода за растерување демонстранти, јави дописничката на МИА од Атина. Протестот беше масовен и веројатно ги надмина очекувањата, со оглед на тоа дека според процените на грчката полиција, учествувале нешто помалку од 20.000 лица. На протестот под слоганот „Не се невини” учествуваа, здруженија, организации, но и политички партии. Меѓу демонстрантите беше и лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, врз кој во еден момент беше фрлена пластична чаша со кафе. Делот околу судот беше под драконски безбедносни мерки, со ангажирани над 2.000 полицајци, хеликоптери и дронови, како и четири цистерни со топови вода за растерување демонстранти. Безбедносните мерки беа строги не само пред судот, туку и во внатрешноста. За новинарите да го следат рочиштето, потребна е специјална акредитација и ограничен е бројот на претставниците на медиумите, иако интересот е голем, како од грчките, така и од странските. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/incidenti-na-protestot-pred-sudot-vo-atina/feed/ 0
Поради инцидентите во Црна Гора ќе одговараат 54 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-incidentite-vo-crna-gora-kje-odgovaraat-54-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-incidentite-vo-crna-gora-kje-odgovaraat-54-lica/#respond Thu, 25 Jun 2020 14:49:28 +0000 https://kurir.mk/?p=362961

Црногорската полиција уапсила 41 лице за предизвикување инциденти во неколку градови, додека 54 лица ќе бидат кривично и прекршочни одговорни, соопшти полициската управа. Се наведува дека граѓаните вчера се собирале без претходна регистрација на јавни собири и без одобрение, и тоа во Будва, Подгорица, Никшиќ, Бар, Беране и Бјело Поље и оти предизвикале инциденти во тие општини. Тие се обвинети за блокирање на сообраќајот и нарушување на јавниот ред, каменување, употреба на димни бомби и стаклени шишиња против припадници на полицијата. Се тврди дека во инцидентите се повредени девет припадници на полициската управа, како и дека е причинета голема материјална штета на зградите на општина Будва и Центарот за безбедност на Будва. Нема информации дали некој од граѓаните е повреден. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-incidentite-vo-crna-gora-kje-odgovaraat-54-lica/feed/ 0
Инциденти во ромска населба во Грција каде што се регистрирани 35 случаи на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/incidenti-vo-romska-naselba-vo-grcija-kade-shto-se-registrirani-35-sluchai-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/incidenti-vo-romska-naselba-vo-grcija-kade-shto-se-registrirani-35-sluchai-na-kovid-19/#respond Fri, 15 May 2020 20:12:32 +0000 https://kurir.mk/?p=346436

Жителите на ромската населба Неа Смирни во грчкиот град Лариса, предизвикаа инциденти, запалија стари гуми и спречија претставници на Националната организација за јавно здравје на Грција да ги префрлат позитивните на Ковид-19 во објект во кој ќе бидат во изолација, објавија грчките медиуми. Во конкретната населба, по втор пат се појави новиот коронавирус, а 35 лица од 637 направени тестови се позитивни на Ковид-19 со што рано утрово со одлука на Секретаријатот за цивилна заштита се воведе полициски час во следните две седмици, јави дописничката на МИА од Атина. Паралелно, позитивните лица требаше да бидат префрлени во карантин во објектот на центар за рехабилитација, по што и се случија инцидентите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/incidenti-vo-romska-naselba-vo-grcija-kade-shto-se-registrirani-35-sluchai-na-kovid-19/feed/ 0
Скопје како Бејрут, убиства и вооружени пресметки го полнат полицискиот билтен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-kako-bejrut-ubistva-i-vooruzeni-presmetki-go-polnat-policiskiot-bilten/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-kako-bejrut-ubistva-i-vooruzeni-presmetki-go-polnat-policiskiot-bilten/#respond Tue, 24 Dec 2019 10:57:14 +0000 https://kurir.mk/?p=281516

Убиство, рафални истрели кон хотел, пукање од автомобили во движење. Ова се само дел од дневните настани евидентирани во полицискиот билтен во последниот месец кои внесоа дополнителен немир кај граѓаните. Главниот град на Македонија се почесто станува арена на вооружени пресметки, најчесто криминални. Инцидентите зачестија, а вознемиреноста и стравот кај граѓаните се зголеми. Последен во низата настани се случи синоќа на полноќ кога беше застрелан Борис Мутков - Фантом, додека се движел со возило, по што бил пренесен во приватна болница за укажување помош. Утринава од МВР информираа дека во врска со случајот приведен е 23 годишниот С.Е., но повеќе информации не се откриваат. Фантом важеше за пријател и соработник до Џелал Ајети – Џељо од Арачиново, водач на криминалната група „Беланоца“ која се бавеше со лихварство и трговија со дрога. Само неколку дена претходно, јавноста беше сведок на убиство кое во вечерните часови се случи во населбата Тафталиџе. Сопственик на продавница, по расправија со зет за сестра, со пиштол го усмрти шурата, додека неговиот син го повреди. Како причина за убиството се наведуваат нарушени семејни односи и нарушени имотно – правни односи. На почеток на овој месец полицаец беше повреден од огнено оружје откако е обидел да запре две лица за кои се посомневал дека ќе извршат кривично дело. Настанот се случил пред продажен објект на улицата „Методија Митевски“ . Се уште е свежо сеќавањето на вооружениот напад кој се случи во хотелот Александар Палас. Во јавноста се појавија многу информации, а МВР соопшти дека било пукано кон пет лица кои седеле во ресторанот на хотелот, од страна на три лица. Обвинителството за случајот отвори постапка против четири лица за загрозување на сигурноста на полициски службеници. Тројца од пријавените се лишени од слобода, а по четвртиот се уште се трага. -Пријавените, како што информираат од ОЈО, ја загрозиле сигурноста на 11 службени лица  – полициски службеници кои вршеле службено дејствие – легитимирање, на начин што упатиле сериозна закана дека ќе нападнат врз животот на полициските службеници. Во поглед на кривично-правниот настан кој следел во хотелот неколку часа по сега пријавеното кривично дело, од страна на Министерството за внатрешни работи се уште не е утврден идентитетот на сторителите кои со огнено оружје пукале кон сега пријавените лица, се вели во соопштението. Во врска со пукањето во „Александар Палас“, од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека јасно се потврдува тезата дека во Република Македонија постои тесна врска помеѓу подземјето и министерството за внатрешни работи. -Целата македонска јавност знае дека во Скопје има два нарко картела кои што се директно заштитени од две различни групации од министерството за внатрешни работи. Тоа што се случуваше во Александар Палас во 21-ви век е само потврда за сето она што ние го говориме изминатиот период, истакна Ѓеорѓиевски. Во Палас имаше класична пресметка помеѓу две групации штитени од полицијата, едната е Арачиново другата е Грчец, а сега во моментов се гонат оние кои беа мета на ликвидација, а не оние кои што беа напаѓачи, изјави Орце Ѓорѓиески од ВМРО-ДПМНЕ. На социјалните мрежи граѓаните коментираат се случува вистински ужас и црнила. Сметаат дека не се безбедни, а дадените ветувања на Спасовски се покажале како лажни.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-kako-bejrut-ubistva-i-vooruzeni-presmetki-go-polnat-policiskiot-bilten/feed/ 0
Инцидентите со фанови во Англија покренаа дебата за безбедноста на фудбалерите https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/incidentite-so-fanovi-vo-anglija-pokrenaa-debata-za-bezbednosta-na-fudbalerite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/incidentite-so-fanovi-vo-anglija-pokrenaa-debata-za-bezbednosta-na-fudbalerite/#respond Mon, 11 Mar 2019 09:01:29 +0000 https://kurir.mk/?p=173454

Фудбалот во Велика Британија се соочи со нови проблеми со навивачите во изминатиот круг. На неколку стадиони на Островот имаше проблеми со навивачи кои упаднаа на теренот и на тој начин ги доведоа во опасност играчите. Најтешко настрада фудбалерот на Астон Вила, Џек Грилиш во градското дерби со Бирмингем. Фан влезе во теренот во деветтата минута и го удри капитенот на Вила со тупаница во лицето. Во саботата сличен инцидент имаше и во Премиер лигата на Шкотска, кога капитенот на Ренџерс беше нападнат од фан на Хибернијан. До сериозни судири не дојде, но навивачот се појави непречено до страничната линија. Последната случка се случи на дербито помеѓу Арсенал и Манчестер јунајтед, кога фан на домаќините го испровоцира Крис Смолинг од „црвените ѓаволи“. Англискиот закон предвидува забрана за посета на натпревари, а најтешката мерка е и доживотна забрана. Многу често овие фанови добиваат и ефективни казни, кои се по неколку месеци затвор. Во моментов полицијата во Шкотска, како и во Западен Мидлендс и Лондон ги испитуваат трите инциденти. Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) пак свика вонредна седница за да разговара за подобрување на безбедноста на стадионите. – Ова не е нормално, затоа што по трет пат фан влетува на теренот. Некој пат ќе се појави таков кој ќе држи нешто во рака и така ќе го загрози животот на играчите”, се пожали капитенот на Манчестер јунајтед, Ешли Јанг. Тој побара да се преземат итни мерки од ФА, Премиер лигата или ФИФА. – Она што се случи со Грилиш, а сега и со Крис е неприфатливо, додаде бекот. Поранешниот играч на „црвените ѓаволи“, Фил Невил посочи дека проблемот е многу сериозен. – Во Бирмингем видовме дека играчите реагираа веднаш и успеаја да го истуркаат напаѓачот настрана, за да не се случи нешто полошо со Џек. Но се прашувам што треба да се случи, за да се реши овој проблем. Не сакам да си помислям дека некој може да биде прободен со нож, рече Невил. Легендата на Јунајтед смета дека треба да се преземат мерки, за англискиот фудбал да не се врати кон „мрачните времиња од 80-тите години на 20 век“, кога бевме сведоци многу потешки инциденти. – Сите треба да седнеме заедно – играчи, раководни органи, сојузи и други, за да се реши ова прашање, заврши Невил.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/incidentite-so-fanovi-vo-anglija-pokrenaa-debata-za-bezbednosta-na-fudbalerite/feed/ 0