индекс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Jan 2023 09:02:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png индекс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонија на 85-то место според индексот на корупција на ТИ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-na-85-to-mesto-spored-indeksot-na-koruptsija-na-ti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-na-85-to-mesto-spored-indeksot-na-koruptsija-na-ti/#respond Tue, 31 Jan 2023 09:02:35 +0000 https://kurir.mk/?p=794058

Северна Македонија e рангирана на 85-тото место меѓу 180 земји во светот според Индексот за перцепција на корупцијата за 2022 година на Транспаренси интернешнл. Во однос на лани земјава напредувалата за една позиција. Северна Македонија има 40 поени на скалата на која 0 означува најкрумпирана, а 100 најмалку корумпирана земја. Од државите во регионот, најдобро позиционирана е Словенија на 41. место, Грција е на 51, Црна Гора 65, Бугарија 72, Косово 84, Србија е 101, а Босна и Херцеговина е на 110-то место. Најмалку корупција, според Транспаранси интернешенел, има во Данска, Финска, Нов Зеланд и Норвешка, а најкорумпирани земји во светот се Јемен, Либија и Северна Кореја.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-na-85-to-mesto-spored-indeksot-na-koruptsija-na-ti/feed/ 0
ТИ со нов Индекс на перцепција на корупцијата: Македонија за 2021 година се наоѓа помеѓу 87-95 место, остануваме помеѓу најкорумпираните држави во Европа! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ti-so-nov-indeks-na-percepcija-na-korupcijata-makedonija-za-2021-godina-se-naogja-pomegju-87-95-mesto-ostanuvame-pomegju-najkorumpiranite-drzavi-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ti-so-nov-indeks-na-percepcija-na-korupcijata-makedonija-za-2021-godina-se-naogja-pomegju-87-95-mesto-ostanuvame-pomegju-najkorumpiranite-drzavi-vo-evropa/#respond Tue, 25 Jan 2022 08:47:34 +0000 https://kurir.mk/?p=622690

Транспаренси Интернешнал во најновиот Индекс на корупцијата во светот објавен денеска наведува дека Република Македонија има индекс 39, и се наоѓа на средината на табелата, односно во овој извештај на ТИ, Македонија е сместена на позицијата од 87 до 95 место од 180 земји во светот. Од земјите во регионот индекс од 39 има и Косово, а нешто полоши се Србија со 38 и Босна и Херцеговина со индекс 35. Подобро во оваа сфера стојат Црна Гора која има индекс 46 по што следат Романија и Бугарија со индекси 45, односно 42. Инаку, новиот Индекс на перцепција на корупцијата покажува дека нивоата на корупција остануваат во мирување ширум светот, при што 86 насто од земјите постигнале мал или никаков напредок во последните 10 години. Транспаренси интернешнал открива дека земјите кои ги прекршуваат граѓанските слободи постојано постигнуваат пониски резултати. Самозадоволството во борбата против корупцијата ги влошува прекршувањата на човековите права и ја поткопува демократијата, предизвикувајќи маѓепсана спирала. Како што овие права и слободи еродираат и демократијата опаѓа, авторитаризмот го зазема своето место, придонесувајќи за уште повисоки нивоа на корупција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ti-so-nov-indeks-na-percepcija-na-korupcijata-makedonija-za-2021-godina-se-naogja-pomegju-87-95-mesto-ostanuvame-pomegju-najkorumpiranite-drzavi-vo-evropa/feed/ 0
Индекс: Луѓето во светот масовно даваат откази https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indeks-lugjeto-vo-svetot-masovno-davaat-otkazi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indeks-lugjeto-vo-svetot-masovno-davaat-otkazi/#respond Sat, 04 Dec 2021 12:48:53 +0000 https://kurir.mk/?p=604022

Светските економии се во голема неволја затоа што работниците почнаа масовно да даваат откази од нивните сегашни работни места, најмногу во продавниците и услужниот сектор. Фактот што работниците почнаа да ги откажуваат договорите за работа во потрага по подобро вработување ја искомплицира и онака затегнатата ситуација во светската трговска мрежа, па менаџерите и работодавците мора да се справат со две кризи. Од една страна им станува сè потешко и поскапо да добијат средства за бизнис, а од друга страна работниците се селат на други работни места. Феноменот е најраширен во САД, но се прошири и во остатокот од светот, иако не секаде на ист начин. Бројот на работници кои дале отказ се зголеми од 3,3 милиони месечно во април 2021 година на 4,3 милиони месечно во септември оваа година, што е историско ниво. Според истражувањето на примерок од 6.000 работници во Велика Британија, дури 69 проценти од работниците планираат да бараат нова работа во следните неколку месеци и 24 отсто во следните три до шест месеци. Агенцијата за вработување што го спроведе истражувањето проценува дека во претходните години можеле да очекуваат 11 проценти од работниците да ја сменат работата. Од 7.500 анкетирани претприемачи во Германија, 66 отсто рекле дека не можат да најдат доволно квалификувани работници. Истражувањето на Мајкрософт 2020, на примерок од 30.000 работници, покажа дека 41 отсто од испитаниците планираат да дадат отказ. Ситуацијата во Европа е многу помалку драматична отколку во САД бидејќи, по правило, има помалку осцилации во вработеноста/невработеноста и работниците се помалку мобилни. Во април 2020 година, поради пандемија и затворањето, стапката на невработеност во САД нагло скокна од 4 на 14 проценти, но брзо се врати на 5 отсто. Од друга страна, нема остар скок на невработеноста во ЕУ, но сепак е над 7 проценти повисока отколку во САД. Сепак, тоа е историска константа и очекувана со оглед на разликите во социјалните и работничките права меѓу ЕУ и САД, потсетува Индекс.хр. Аналитичарите на пазарот на труд главната причина ја гледаат во пандемијата и нејзините политики. Затворањата ги принудија луѓето да забават и да размислат за нивните кариери и животи. Високиот раст на вработеноста по отворањето им даде можност да ги спроведат своите идеи за промена на кариерата. Со повеќе од 10 милиони слободни работни места – таа промена е релативно лесна. Покрај тоа, 2020 година беше година на големи заштеди. Бидејќи голем дел од работите беа затворени во поголемиот дел од годината, тогаш луѓето трошеа помалку, односно ги менуваа потрошувачките навики. Рекордните нивоа на заштеди им овозможија да соберат доволно пари за да поминат одредено време пред да најдат нова работа и да можат воопшто да си дозволат да одат во потрага. Американското биро за статистика на трудот објави податоци во октомври кои покажуваат раст на вработеноста во сите сектори освен јавниот. Просечната саатница порасна за 4,9% во последната година (на 30,96 долари), а бројот на работни часови неделно паѓа од 34,8 на 34,7 часа. Работодавачите се во паника поради новонастанатата состојба и подобрите услови, се обидуваат да задржат работници и да привлечат нови. Работниците ја користат новонастанатата ситуација не само за да ги подобрат условите за работа, туку и да постигнат подобар баланс помеѓу приватниот и работниот живот. Тоа особено им помогна на жените да зајакнат, на кои, според досегашните истражувања, рамнотежата меѓу приватниот и деловниот живот им е поважна отколку на мажите, и повеќе го вреднуваат слободното време, грижата за семејството и децата, хобијата и рекреацијата. Податоците за САД покажуваат дека жените постигнале побрз раст на платите од мажите, 4,9 отсто во споредба со 3,4 отсто. Бенефиции имаа и оние кои смениле работа бидејќи платите им пораснале за 5,4 во однос на 2020 година, додека оние кои не смениле работа пораснале за 3,9 проценти. Платите на средните и нискоквалификуваните работници повеќе растеле отколку на високообразованите луѓе, а помладите работници имале поголем раст на платите од постарите. Еден аспект на „масовните откази“ е и промената на деловната култура во однос на локацијата на работата, т.е. с е повеќе компании дозволуваат вработените да бидат дислоцирани од канцеларија и да работат од дома. Ваквиот развој не ги погодува само работниците, туку и малите градови, кои не се наоѓаат во близина на големи деловни и индустриски центри. Луѓето се повеќе се враќаат да живеат во мали места, поттикнати од можноста за работа од далечина, но и помалите животни трошоци. Ако некој не мора, подобро е да не живее во скапи градски центри, а моменталната ситуација им овозможува на се повеќе луѓе да бираат и да изберат да работат од дома во оддалечен мал град со пониски трошоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indeks-lugjeto-vo-svetot-masovno-davaat-otkazi/feed/ 0
„Економист“: Македонија е хибриден режим според индексот на демократија, земјава рангирана на 78 место https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekonomist-makedonija-e-hibriden-rezim-spored-indeksot-na-demokratija-zemjava-rangirana-na-78-mesto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekonomist-makedonija-e-hibriden-rezim-spored-indeksot-na-demokratija-zemjava-rangirana-na-78-mesto/#respond Wed, 03 Feb 2021 07:42:31 +0000 https://kurir.mk/?p=463458

Македонија се најде на 78-мото место и во групата на хибриден режим во најновиот извештај на угледниот „Економист“ за индексот на демократија во светот за 2020 година. Земјава е во група со Боливија, Сенегал, Црна Гора, Танзанија, Молдавија, Уганда, Бутан, Либан, Нигерија... Според податоците од „Економист“ од 2016 година до 2020 Македонија бележи пад во оцената според индексот на демократија во однос на претходните години кога бодувањето било над 6. Ова е втора поразителна ранг листа која земјава за добива за кратко време. Пред само неколку дена „Транспаренси Интернешнл“ ја смести Македонија на 111 место според индексот на корупција. На оваа ранг листа земјава е во друштво на Монголија, Панама и БиХ. Ова е најлошиот резултат за Македонија откако се мери корупцијата во земјава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekonomist-makedonija-e-hibriden-rezim-spored-indeksot-na-demokratija-zemjava-rangirana-na-78-mesto/feed/ 0
Бишевац: Резултатот од владеење на СДСМ и Заев е хибриден режим и 106 место на индексот на корупција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bishevac-rezultatot-od-vladeenje-na-sdsm-i-zaev-e-hibriden-rezim-i-106-mesto-na-indeksot-na-korupcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bishevac-rezultatot-od-vladeenje-na-sdsm-i-zaev-e-hibriden-rezim-i-106-mesto-na-indeksot-na-korupcija/#respond Thu, 05 Mar 2020 19:02:49 +0000 https://kurir.mk/?p=312716

Може да има мало влијание, но секако нема да биде решавачко за резултатот на овие избори, вели поранешниот пратеник и новинар Сафет Бишевац во гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија, за мини извештајот од Европската Комисија за напредок на државата и за можното добивање на датум за почеток на преговорите на Република Македонија со Европската Унија. -Погледнете ги оценките на влијателни меѓународни организации или агенции за степенот на слободата во земјата, ние се уште сме во групата на делумно слободни. Македонија е хибриден режим, се наоѓа на 106 место според индексот на перцепција на корупцијата. Тоа се резултатите на владеењето и тоа резултатот на управувањето на државата и општеството во овие речиси три години, истакна Бишевац. Во однос на судската пресуда на главниот уредник на медиумот Инфомакс Александар Митовски, Бишевац рече дека не се согласува дека не е во ред да се бара одговорност од страна на новинар, бидејќи на тој начин се испраќа ужасна порака и до останатите новинари да не објавуваат документи од јавен интерес. -Ние имаме судска пресуда за казна затвор од 6 месеци на новинар. Не навлегувам јас колку е точно тоа што тој го пишувал во неговиот медиум, патем и јас бев еден од тие кои што беа жестоко напаѓани од страна на тој медиум, но не можам да се согласам дека ова е времето каде што новинарите треба да лежат затвор и дека тоа е одговорот на власта кон тој новинар. Ужасното е што се испраќа ужасна порака кон оние кои што би можеле да дојдат во ситуација да се прашаат дали да го објавам или да не го објавам документот кој што е од јавен интерес. Наместо власта да си расчисти како тој документ излегол од судот да се расчисти кои ги преслушувал обвинителите во обвинителството, да се расчисти тоа кој го пушти Никола Груевски да избега од државата, како е можно да нема никаква одговорност во државата. Тоа е таа политичка неказнивост, посочи Бишевац.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bishevac-rezultatot-od-vladeenje-na-sdsm-i-zaev-e-hibriden-rezim-i-106-mesto-na-indeksot-na-korupcija/feed/ 0