индекси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 07 Dec 2021 08:27:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png индекси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Индексите на азиските берзи пораснаа од најниските нивоа во последната година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indeksite-na-aziskite-berzi-porasnaa-od-najniskite-nivoa-vo-poslednata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indeksite-na-aziskite-berzi-porasnaa-od-najniskite-nivoa-vo-poslednata-godina/#respond Tue, 07 Dec 2021 08:27:40 +0000 https://kurir.mk/?p=605131

Акциите на азиските берзи денеска пораснаа, исто како и на Волстрит ден претходно, бидејќи се намалија стравувањата од новиот сој омикрон на коронавирусот, а новите економски стимулации во Кина ги охрабрија инвеститорите. Азиско-пацифичкиот берзански индекс MSCI, без јапонскиот, утринава во 7 часот порасна за 0,6 отсто, откако вчера се лизна на своето едногодишното најниско ниво. На берзата во Токио индексот Никеи скокна за повеќе од два отсто, додека цените на акциите во Шангај, Јужна Кореја, Австралија и Хонг Конг пораснаа меѓу 0,1 и 1,8 отсто. Азиските инвеститори се охрабрени од новите стимулативни мерки во кинеската економија. Кинеската Централна банка најави дека ќе го намали износот што банките треба да го чуваат како задолжителна резерва, на приближно 188 милијарди долари, со цел да се стимулира кредитирањето, а со тоа и економскиот раст. Ова е втор ваков потег годинава бидејќи по минатогодишното силно закрепнување од кризата со коронавирусот, растот на втората по големина светска економија забавува поради забавувањето на производствениот сектор, проблемите со недвижностите и постојаниот ризик од Ковид-19. Позитивно на берзите се одрази и вчерашниот скок на берзанските индекси на Волстрит за повеќе од еден отсто. Најголемата светска берза е нестабилна веќе десет дена, откако се појави веста за омикрон сојот на коронавирусот, што може да биде позаразен од претходните и отпорен на постоечките вакцини. Затоа, инвеститорите се плашат од повторно затворање на економиите, што би го забавило закрепнувањето од кризата со коронавирусот. Но, тие стравови се намалија вчера, откако др. Ентони Фаучи, советник во Белата куќа за здравствената криза, рече дека и покрај брзото ширење, омикрон засега не претставува високо ниво на загриженост. -Инвеститорите сега се помалку загрижени за омикрон, рече Кинг Лип, стратег во Baker Avenue Asset Management. Благодарение на тоа, шпекулациите за заострување на монетарната политика на американската Централна банка, кои ги држеа инвеститорите во последните денови, вчера беа во втор план. А на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо падна. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест главни светски валути, се движи околу 96,22 поени, додека вчера во ова време беше 96,26 поени. Истовремено, цената на нафтата дополнително порасна, откако вчера скокна за речиси пет отсто. На лондонскиот пазар цената на барелот поскапе за 0,7 отсто на 73,65 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за еден отсто на 70,20 долари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indeksite-na-aziskite-berzi-porasnaa-od-najniskite-nivoa-vo-poslednata-godina/feed/ 0
Првите индекси од УКИМ за 2019/2020 врачени на бруцоши од ФМУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvite-indeksi-od-ukim-za-2019-2020-vracheni-na-brucoshi-od-fmu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvite-indeksi-od-ukim-za-2019-2020-vracheni-na-brucoshi-od-fmu/#respond Tue, 01 Oct 2019 09:57:37 +0000 https://kurir.mk/?p=246588

Првиот академски час од учебната 2019/2020 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ симболично почна на Факултетот за музичка уметност каде што индексите на новите бруцоши им ги врачи ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски. На новозапишаните студенти им порача да учат и да стекнат знаења со кои ќе бидат конкурентни затоа што, како што рече, пазарот на знаење и пазарот на трудот се брутално сурови и бараат квалитет, одличност и извонредност, не признаваат површност и импровизација. Истакна дека направиле вистинска одлука со изборот да студираат на Скопскиот универзитет затоа што дипломите се препознатливи и на меѓународниот пазар на трудот. -Во наредните четири години ќе се сретнете со сериозни предизвици, но најбитно од сè е да не се откажувате без оглед со колку предизвици ќе се соочите. Учете да бидете трпеливи и да одите напред. Можеби ќе наидете и на одредени тешкотии, можеби ќе имате и сериозни падови и порази. И од нив, исто така, може многу да научите. Вашиот младешки ентузијазам, желба за знаење и изборот на вашите студии се формула за успех, бидејќи УКИМ е познат и признат по својот квалитет, истакна Јанкуловски. Ги запозна студентите дека универзитетот на кој се запишале е најстариот и најголем во земјава, кој оваа година заокружи 70 години постоење и  денес е заедница од 23 факултети, пет научни институти, како и придружни членки. УКИМ организира настава на повеќе од 480 студиски програми во сите научни области.  Рече и дека има долгорочна билатерална соработка која ја остварува со 180 странски универзитети. Им порача на новите студенти и да се  охрабрат да ги искористат можностите за студентска мобилност преку програмата Еразмус+  кои им ги нуди УКИМ. Добредојде на ФМУ им посака и деканот на овој факултет, Живко Фирфов, кој  рече дека со тоа што го положиле приемниот испит и се запишале на факултетот, направиле уште еден чекор во остварувањето на нивниот професионален сон. -Сте избрале убава и достоинствена професија – музичката уметност. Што и да работите во иднина, дали ќе бидете музички творци, истражувачи, изведувачи, педагози, музички уредници, секогаш ќе ја имате со вас креативната енергија и духот на вашите претходници и современици кои ја создаваа и ја создаваат македонската и светската музичка култура. Колку подобри професионалци ќе станете, толку поголем ќе биде и вашиот влог во оваа заедничка работа, рече Фирфов. Соодветно за факултетот домаќин, кој постои од 1966 година, првиот академски час имаше и музичка програма со настап на хорот „Драган Шуплевски“ и на студенти од инструменталните оддели на ФМУ. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvite-indeksi-od-ukim-za-2019-2020-vracheni-na-brucoshi-od-fmu/feed/ 0