индиго – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 08 Apr 2019 11:22:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png индиго – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Србија е хит, а сега доаѓа во Македонија: Претставата „Индиго“ на Лечиќ е нешто кое треба да се погледне https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-srbija-e-hit-a-sega-doagja-vo-makedonija-pretstavata-indigo-na-lechikj-e-neshto-koe-treba-da-se-pogledne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-srbija-e-hit-a-sega-doagja-vo-makedonija-pretstavata-indigo-na-lechikj-e-neshto-koe-treba-da-se-pogledne/#respond Mon, 08 Apr 2019 11:22:25 +0000 https://kurir.mk/?p=183842

Српската хит- претставата „Индиго“ во режија на Бранислав Лечиќ и со текст на Душко Премовиќ, ќе гостува во Скопје, на 13-ти април од 19 часот во Домот на Арм. Главните улоги ги ги играат Бранислав Лечиќ и две дами, Даница Максимовиќ и Марија Вицковиќ. Драмата „Индиго“ е приказна за животот на една жена во модерното општество, нивните стравови, интереси, цели и амбиции. Две доминантни дами, Бела (Марија Вицковиќ) и Ана (Даница Максимовиќ), работат во иста канцеларија долг низ години не знаејќи една за друга апсолутно ништо. Нивните приватни животи се распаѓаат во целост. Изгубени се, осамени и исцрпени од работата.
Марија Вицковиќ и Бранислав Лечиќ ќе бидат двојка во претставата.
По многу расправии, навреди, подметнувања, лажни телефонски повици, се зближуваат и се поддржуваат една со друга, за да ги пребродат нивните проблеми. Во најубавите моменти се разделуваат. Бела останува сама, се додека не се појави маж (Бранислав Лечиќ) во нејзиниот живот, домар и екс-затвореник, кој ја вади од магичниот круг на секојдневието понудувајќи ѝ брак. Билетите можете да ги набавите на продажните места на mktickets и Југотон во ГТЦ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-srbija-e-hit-a-sega-doagja-vo-makedonija-pretstavata-indigo-na-lechikj-e-neshto-koe-treba-da-se-pogledne/feed/ 0