индија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 22 Oct 2023 13:30:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png индија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Индија испрати 38,5 тони хуманитарна помош во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-isprati-38-5-toni-humanitarna-pomosh-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-isprati-38-5-toni-humanitarna-pomosh-vo-gaza/#respond Sun, 22 Oct 2023 13:30:54 +0000 https://kurir.mk/?p=891933

Индија денеска испрати 38,5 тони хуманитарна помош на египетскиот полуостров Синај за палестинските цивили во Појасот Газа, изјави портпаролот на индиското Министерство за надворешни работи, Ариндам Багчи. „Транспортен авион Боинг Ц-17 на индиските воздухопловни сили, кој превезуваше речиси 6,5 тони медицински материјали и 32 тони хуманитарна помош за народот на Палестина, замина за египетскиот аеродром Ел Ариш“, рече Багчи. Индија го осуди Хамас за „терористичкиот напад“, но исто така ја потврди својата долгогодишна позиција за поддршка на создавање независна палестинска држава. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-isprati-38-5-toni-humanitarna-pomosh-vo-gaza/feed/ 0
Индија и се закани на Канада, 41 канадски дипломат ја напуштија земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-i-se-zakani-na-kanada-41-kanadski-diplomat-ja-napushtija-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-i-se-zakani-na-kanada-41-kanadski-diplomat-ja-napushtija-zemjata/#respond Fri, 20 Oct 2023 06:25:15 +0000 https://kurir.mk/?p=891040

Четириесет и еден канадски дипломат веќе ја напуштија Индија поради несогласувањата околу убиството на сепаратистичкиот водач на Сиките, јави Би-Би-Си. Министерката за надворешни работи на Канада Мелани Жоли вчера потврди дека многу канадски дипломати и членовите на нивните семејства ја напуштиле Индија и дека поради намалениот број на персонал, Канада ќе мора да ги ограничи своите услуги во земјата; главно во Бангалор, Мумбаи и Чандигар. Пред две недели, Индија побара од Канада да го повлече најголемиот дел од својот дипломатски персонал и се закани дека ќе го откаже нивниот имунитет доколку останат. Канада има 62 дипломати во Индија, а Индија порача дека 41 треба да ја напуштат земјата, пишува Би-Би-Си. Канадските власти рекоа дека заканата е кршење на меѓународното право. Односите меѓу Индија и Канада се сериозно затегнати откако канадските власти соопштија дека имаат веродостојни информации за вмешаноста на Њу Делхи во убиството на лидерот на сепаратистичкиот водач на Сиките и канадски државјанин Хардиб Синг Ниџар (45) во јуни во канадска провинција. Индија ги отфрли обвинувањата како апсурдни и во септември, како одговор на протерувањето на висок индиски разузнавач од Канада, протера канадски дипломат и исто така ги суспендираше визите за Канаѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-i-se-zakani-na-kanada-41-kanadski-diplomat-ja-napushtija-zemjata/feed/ 0
Најмалку 10 загинати во поплавите во Индија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-10-zaginati-vo-poplavite-vo-indija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-10-zaginati-vo-poplavite-vo-indija/#respond Wed, 04 Oct 2023 20:06:57 +0000 https://kurir.mk/?p=885286

Најмалку 10 лица загинаа, а 82, од кои 23 припадници на армијата, се водат како исчезнати по обилните врнежи предизвикани од невремето во индиската држава Сиким, соопштија денеска локалните власти. Во североисточната индиска паднаа 40,9 милиметри дожд помеѓу вторникот и средата наутро, соопшти Индискиот метеоролошки оддел (IMD) – речиси пет пати повеќе од нормалната стапка од 8,6 милиметри за овој период од годината. - Досега се извлечени 10 тела од различни локации. Уште најмалку 82 лица се водат како исчезнати, а 22 лица се повредени, некои од нив сериозно, рече главниот секретар на Сиким, В. Б. Патак.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-10-zaginati-vo-poplavite-vo-indija/feed/ 0
Индија: Откриени повеќе отровни сирупи поврзани со смртта на 141 дете ширум светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-otkrieni-poveke-otrovni-sirupi-povrzani-so-smrtta-na-141-dete-shirum-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-otkrieni-poveke-otrovni-sirupi-povrzani-so-smrtta-na-141-dete-shirum-svetot/#respond Wed, 04 Oct 2023 17:49:13 +0000 https://kurir.mk/?p=885250

Индискиот регулатор за лекови открил дека сирупите за кашлица и за алергија направени од Норис Медицинс се токсични, според владиниот извештај, неколку месеци откако индиските сирупи за кашлица беа поврзани со смртта на 141 дете ширум светот. Лековите биле контаминирани со диетилен гликол или етилен гликол, кој е пронајден во сирупите за кашлица кои предизвикуваат смртни случаи во Гамбија, Узбекистан и Камерун од средината на минатата година. Х.Г. Кошија, комесар на Управата за храна и лекови во индиската држава Гуџарат, изјави денеска дека минатиот месец ја провериле фабриката Норис и наредиле да го прекине производството. Индискиот федерален регулатор за лекови откри дека три пратки со сируп Колд аут (COLD OUT) произведен од индиските лаборатории Фуртс (Fourrts) исто така биле контаминирани со наведените хемикалии. Светската здравствена организација (СЗО) во август објави дека пратка од тој сируп продадена во Ирак има неприфатливо ниво на тие хемикалии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-otkrieni-poveke-otrovni-sirupi-povrzani-so-smrtta-na-141-dete-shirum-svetot/feed/ 0
Ужас во болница во Индија, 12 бебиња починале во еден ден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhas-vo-bolnitsa-vo-indija-12-bebina-pochinale-vo-eden-den/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhas-vo-bolnitsa-vo-indija-12-bebina-pochinale-vo-eden-den/#respond Tue, 03 Oct 2023 18:43:45 +0000 https://kurir.mk/?p=884773

Дванаесет бебиња починаа за еден ден во болница во индиската држава Махараштра, што предизвика гнев во јавноста, а опозицијата ја обвини регионалната власт и раководството на болницата за небрежност. Бебињата починале во неделата и се меѓу 24-те смртни случаи тој ден во државната болница Шанкарао Чаван во областа Нандед, на околу 600 километри од Мумбаи. Еден од сведоците, кој е чичко на починато дете, рече дека тој ден во неонаталното одделение во болницата било преполно и дека во еден инкубатор биле сместени дури четири или пет бебиња. Директорот на болницата Шјамрао Вакоде не одговори во врска со наводите или обвинувањата на опозицијата за небрежност. Тој за новинската агенција АНИ изјави дека 12 возрасни пациенти починале од различни болести, вклучувајќи дијабетес, откажување на црниот дроб и откажување на бубрезите. Директорот тврди дека нема недостиг на лекови или лекари и дека на пациентите им била укажана соодветна помош, но тие не реагирале на терапијата. Властите започнаа истрага за смртта на доенчињата и другите пациенти во болницата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhas-vo-bolnitsa-vo-indija-12-bebina-pochinale-vo-eden-den/feed/ 0
Канада сомничи индиски агенти во убиството на лидерот на Сиките https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanada-somnichi-indiski-agenti-vo-ubistvoto-na-liderot-na-sikite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanada-somnichi-indiski-agenti-vo-ubistvoto-na-liderot-na-sikite/#respond Tue, 19 Sep 2023 05:51:35 +0000 https://kurir.mk/?p=879320

Канадските власти соопштија во понеделникот дека имаат веродостојни информации коишто наводно поврзуваат агенти на индиската влада со убистовото на канадската заедница на Сиките во покраината Британска Колумбија во јуни годинава, и објави дека потерала висок дипломат и функционер на индиската разузнавачка служба. Премиерот Џастин Трудо изјави дека секоја вмешаноста н странска влада во убиство на канадски државјанин е „неприфатливо кршење на суверенитетот“ на земјата, Хардип Сингх Нижар е убиен од огнено оружје на 18-ти јуни пред сикиски храм во Сари, во Британска Колумбија. Нижар заговарал форамирање на татковина на Сиките, во форма на независна држава Калистани, а Индија го сметаше за терорист. „Канадските безбедносни служби активно ги истражуваат веродостојните обвинувања за потенцијална поврзаност на агенти на индиската влада и убиството на канадскиот државјанин Хардип Сингх Нижар“, изјави Трудо во итното обраќање во Долниот дом на парламентот. „Канада им ја изрази својата длабока загриженост на највисоките разузнавачки и безбедностни фунцкионери на индиската влада. Минатата седмица на (самитот) на Г20 (во Њу Делхи) лични и директно му ги пренесов на премиерот (на Индија, Нардендра) Моди“, додаде Трудо. Минатата седмица официјален Њу Делхи соопшти дека премиерот Моди на својот канадски колега по должност Трудо ми ја пренел длабоката загриженоста поради протестите во Канада против Индија. Канадската министерка за надворешни работи Мелани Жоли изјави за новинарите дека Отава го протерала шефот на разузнавачката служба во Канада, но не изнесе дополнителни поединости. Жоли нагласи дека Отава „нема да толерира никакво мешање во нејзините работи“. Министерката за надворешни работи додаде дека очекува „целосна соработка“ од Њу Делхи по ова прашање. Во Канада живее најголемата популација на Сики надвор од нивната родна територија сега сојузната држава Пенџаб во Индија. Во Канада, особено последните седмици се одржаа бројни протести коишто го разгневија Њу Делхи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanada-somnichi-indiski-agenti-vo-ubistvoto-na-liderot-na-sikite/feed/ 0
СТРАШНО ЗЛОСТОРСТВО ВО ИНДИЈА: Девојче (14) било групно силувано, па живо запалено https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/strashno-zlostorstvo-vo-indija-devojche-14-bilo-grupno-siluvano-pa-zhivo-zapaleno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/strashno-zlostorstvo-vo-indija-devojche-14-bilo-grupno-siluvano-pa-zhivo-zapaleno/#respond Sun, 10 Sep 2023 13:37:43 +0000 https://kurir.mk/?p=876411

Индија е потресена од случајот со групното силување на четиринаесетгодишно девојче.Имено, во Раџастан неколку мажи силувале го силувале девојчето, а по страшното злосторство ја запалиле. Девојчето исчезнало откако излегло од дома за да ги чува козите, а нејзиното тело го идентификувал нејзиниот брат кој и го открил накитот во рерна. Индиската полиција обвини 11 мажи за нападот во Раџастан. Полицајците за „Тајмс оф Индија“ изјавија дека братот на девојчето видел неколку шпорети со јаглен поставени од луѓе од номадската заедница. Вниманието му го привлекло чадот од еден од шпоретите бидејќи тие не биле активни навечер. Со стап ја претурал печката и ги прегледал јагленисаните предмети, а потоа ја видел нараквицата што ја нашол неколку дена претходно и ѝ ја дал на својата сестра. Полицијата подоцна ги идентификувала деловите од телото и облеката и обувките на жртвата. Било потврдено дека жртвата била сè уште жива кога била запалена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/strashno-zlostorstvo-vo-indija-devojche-14-bilo-grupno-siluvano-pa-zhivo-zapaleno/feed/ 0
Индија го лансираше своето прво вселенско летало за проучување на Сонцето https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-go-lansirashe-svoeto-prvo-vselensko-letalo-za-prouchuvane-na-sontseto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-go-lansirashe-svoeto-prvo-vselensko-letalo-za-prouchuvane-na-sontseto/#respond Sat, 02 Sep 2023 08:27:03 +0000 https://kurir.mk/?p=873652

Две недели по успешното спуштање на сонда на Месечината, Индија денеска го лансираше и своето прво вселенско летало за проучување на Сонцето. Вселенското летало Aditya-L1беше лансирано од вселенскиот центар Срихарикота во јужна Индија со цел да го проучува Сонцето на оддалеченост од околу 1,5 милиони километри од Земјата. Леталото е опремено да ги проучува сончевата корона, хромосферата, фотосферата и сончевиот ветер, соопшти Индиската организација за вселенско истражување (ИСРО). Aditya-L1 се упати кон точката L1 на системот Земја-Сонце, што овозможува непрекинат поглед на Сонцето. Се очекува вселенското летало да обезбедува сигурни индикации за напливот на честички и радијација поради зголемената сончева активност која има потенцијал да ги уништи електричните мрежи на Земјата. Напредното предупредување може да ги заштити сателитите кои играат важна улога во глобалната економија, како и екипажот на другите вселенски станици. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-go-lansirashe-svoeto-prvo-vselensko-letalo-za-prouchuvane-na-sontseto/feed/ 0
Мерки против мајмуните пред Самитот на Г20 во Индија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merki-protiv-majmunite-pred-samitot-na-g20-vo-indija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merki-protiv-majmunite-pred-samitot-na-g20-vo-indija/#respond Wed, 30 Aug 2023 16:02:21 +0000 https://kurir.mk/?p=872630

Во пресрет на Самитот на лидерите на Г20 што ќе се одржи во Индија од 9 до 10 септември, во главниот град Њу Делхи се преземени одредени мерки за да се држат мајмуните подалеку од посетителите и местата што ќе се користат за време на Самитот. Според извештајот на Би-Би-Си, локалните власти направиле планови да ги спречат мајмуните да им наштетат на посетителите и локациите за време на Самитот на Г20. Една од мерките, како што наведуваат, е да се направат мајмуни од картон во природна големина со цел да се исплашат. Надлежните рекоа дека картоните ќе бидат закачени на места каде често се гледаат мајмуни, како и во хотели каде ќе престојуваат делегатите кои ќе присуствуваат на Самитот. Официјалните лица рекоа дека меѓу 30 и 40 обучени луѓе кои можат да ги имитираат звуците на ленгурите, исто така ќе бидат распоредени за да ги исплашат мајмуните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merki-protiv-majmunite-pred-samitot-na-g20-vo-indija/feed/ 0
Индискиот ровер потврди присуство на сулфур во близина на јужниот пол на Месечината https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indiskiot-rover-potvrdi-prisustvo-na-sulfur-vo-blizina-na-juzhniot-pol-na-mesechinata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indiskiot-rover-potvrdi-prisustvo-na-sulfur-vo-blizina-na-juzhniot-pol-na-mesechinata/#respond Wed, 30 Aug 2023 11:42:31 +0000 https://kurir.mk/?p=872522

Индискиот ровер „Прагјан“ потврди присуство на сулфур, алуминиум, железо, калциум, хром, титаниум, манган, кислород и силициум во близина на јужниот пол на Месечината додека бара траги од замрзната вода речиси една недела по нејзиното историско слетување на сателитот на Земјата. Како што соопшти Индиската вселенска агенција, се очекува роверот од мисијата „Чандрајан - 3“ да спроведува експерименти 14 дена. Роверот бара знаци на замрзната вода што би можеле да им послужат на идните мисии на астронаутите како потенцијален извор на вода за пиење или за производство на ракетно гориво. Како што е најавено, роверот ќе ја проучува и атмосферата и сеизмичката активност на Месечината. Трасата на роверот беше репрограмирана завчера кога се приближуваше до кратерот широк четири метри и сега безбедно оди по нова патека, истакнаа од Индиската вселенска агенција. Роверот се движи бавно, околу 10 сантиметри во секунда, за да ги минимизира ударите и оштетувањата од грубиот терен на Месечината. По неуспешниот обид за слетување на Месечината во 2019 година, Индија минатата недела им се придружи на САД, Советскиот Сојуз и Кина како четврта земја што го постигна овој успех. Се проценува дека индиската мисија на Месечината чини 75 милиони долари. Индија ја планира својата прва мисија на Меѓународната вселенска станица следната година, во соработка со САД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indiskiot-rover-potvrdi-prisustvo-na-sulfur-vo-blizina-na-juzhniot-pol-na-mesechinata/feed/ 0