индијанци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 19 Oct 2020 15:01:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png индијанци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најмалку половина од 1,3 милијарди Индијанци веројатно ќе бидат заразени со Ковид-19 до февруари 2021 година. https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-polovina-od-1-3-milijardi-indijanci-verojatno-kje-bidat-zarazeni-so-kovid-19-do-fevruari-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-polovina-od-1-3-milijardi-indijanci-verojatno-kje-bidat-zarazeni-so-kovid-19-do-fevruari-2021-godina/#respond Mon, 19 Oct 2020 15:18:30 +0000 https://kurir.mk/?p=418194

Најмалку половина од 1,3 милијарди Индијанци веројатно ќе бидат заразени со новиот коронавирус до февруари 2021 година. Тоа го објави член на владина комисија со задача да направи прогноза за ширењето на вирусот. Индија е втора земја во светот по САД со најмногу случаи на заразерни со коронавирус – околу 7,5 милиони. Но, новите случаи се намалуваат во Индија по пикот во средината на септември. Секој ден се пријавувале во просек 61.390 случаи. – Нашиот математички модел покажува дека околу 30 отсто од населението е моментално заразено и може да се зголеми на 50 отсто до февруари, рече Маниндра Агравал, професор на индискиот Технолошки институт во Канпур и член на комисијата. Комисијата проценува дека многу повеќе луѓе се заразиле отколку што истражувањето на владата во септември покажа дека 14 отсато од Индијците заболеле од вирусот. Комисијата е составена од вирусолози, научници и други експерти кои се потпираат на математички модел што ги зема предвид случаите што не се потврдени со тест. Предупредувааѕ дека заразените може да се искачат на 2,6 милиони месечно доколку не се почитуваат мерки како што се социјално растојание и носење маска. Експертите предупредуваат дека случаите може повторно да се зголемат со приближувањето на сезоната на празници и фестивали. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-polovina-od-1-3-milijardi-indijanci-verojatno-kje-bidat-zarazeni-so-kovid-19-do-fevruari-2021-godina/feed/ 0
Директорот на скопска зоолошка ги нарекува Албанците индијанци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-skopska-zooloshka-gi-narekuva-albancite-indijanci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-skopska-zooloshka-gi-narekuva-albancite-indijanci/#respond Wed, 20 May 2020 18:57:26 +0000 https://kurir.mk/?p=348478

Чаирчани, памтам добри бевте во изборна кампања, дури ве сметаа како рамноправни граѓани на Скопје Gjorgi Galetanovski најмалку што можеш да направиш е јавно да им се извиниш на чаирчани или ако не сакаш да имаш ништо со индијанци, поднеси си оставка за да не зимаш плата од нивниот данок А btw дечково што коментира најверојатно е припадник на МВР Фејсбук статус на новинарот Фуркан Салиу. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-skopska-zooloshka-gi-narekuva-albancite-indijanci/feed/ 0
Американците го слават Денот на благодарноста, Индијанците Денот на жалоста https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikancite-go-slavat-denot-na-blagodarnosta-indijancite-denot-na-zalosta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikancite-go-slavat-denot-na-blagodarnosta-indijancite-denot-na-zalosta/#respond Thu, 28 Nov 2019 07:40:17 +0000 https://kurir.mk/?p=270366

Денеска на 28 ноември, четвртиот четврток во ноември во САД се слави Денот на благодарноста, додека домородните Индијанци го одбележуваат како Ден на жалост. Во Плимут, Масачусетс, каде што во 1620 година пристигна бродот „Мејфлаур“ во кој се наоѓаа нови доселеници кои себеси се нарекуваа аџии, следната година свечено ќе бидат одбележани 400 години од новото населување на британската колонија Нова Англија, во североисточниот дел на САД. На тој ден, тие ќе се заблагодарат, како и сите претходни 400 години, за добрата жетва, но и на припадниците на индијанското племе Вампаноаг и нивниот поглавица Машасоит, што им донеле храна и со тоа ги спасиле од глад во текот на зимата. Во исто време, приврзаниците на Денот на жалоста, потомците на оние домородци кои им помогнаа на своите нови соседи да преживеат, ќе одржат говори за Плимут, во кои ќе потсетат на сите проблеми што им ги донесоа доселениците. Обединетите Индијанци од Нова Англија ќе зборуваат за геноцидот на милиони нивни сонародници, за „кражбата“ на нивната земја и немилосрдниот напад врз нивните културни традиции. Додека траат говорите на Индијанците, низ цела Нова Англија останатите домородци ќе тропаат на тапани за да покажат дека се уште се таму, иако повеќето од домородците починале од заразни болести кои ги донеле доселениците. Еден од претставниците на Индијанците потсети дека доселениците од Европа немало да преживеат доколку нивните соседи Индијанци не ги научиле како да ловат и како да подготват храна од овошје и зеленчук кои растеле во нивната нова татковина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikancite-go-slavat-denot-na-blagodarnosta-indijancite-denot-na-zalosta/feed/ 0
Вашингтон наместо Колумбо ги слави Индијанците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-namesto-kolumbo-gi-slavi-indijancite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-namesto-kolumbo-gi-slavi-indijancite/#respond Sun, 13 Oct 2019 07:49:20 +0000 https://kurir.mk/?p=251000

Градските власти на Вашингтон соопштија дека „празникот на Кристофер Колумбо“, првиот европски колонизатор, кој стигна во Америка и чии критичари ги осудуваат сторените злосторства, ќе го заменат со прослава на американските Индијанци. Денот на Колумбо официјално стана федерален празник во 1937 година и „покрај фактот што Колумбо не ја откри Северна Америка, дека во време на неговото доаѓање во Северна Америка веќе живееле милиони луѓе и дека тој никогаш не стапнал на брегот на денешните САД, изјави локалниот претставник Дејвид Гросо образложувајќи ја одлуката. Гросо наведе дека морепловецот од Џенова „испратил во ропство, колонизирал, осакатил и масакрирал илјадници и илјадници Индијанци во Америките“. Повеќе американски сојузни држави, како Мејн, Вермонт, Њу Мексико и Хаваи, како и повеќе од сто града веќе го „преименувале“ октомврискиот празник во чест на автохтоните заедници. – Оваа промена е можност за подигнување на свеста за единствената и богата историја на оваа земја, која е блиску поврзана со првите народи кои живееја во неа и која е постара од патувањата на Кристофер Колумбо, соопшти Националниот конгрес на американските Индијанци. Одлуката на градот Вашингтон сепак сите не ја прифатија добро. Од Федерацијата на Италоамериканците ја оценија како „презирна, вознемирувачка и раздорна“ и апелираа до американската престолнина „повторно да ја разгледаат“ промената на празникот што го слават „повеќе од 20 милиони Италоамериканци“. Според податоците, првата средба на европските колонизатори и индијанското племе Накочтанк, кое живееше на просторот на денешен Вашингтон, се случи во 1608 година. Во текот на следните 40 години исчезнаа три четвртини од автохтоното население, како жртви на болестите што ги донесоа Европејците или поради војната со колонизаторите. БЕТА – Белград ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-namesto-kolumbo-gi-slavi-indijancite/feed/ 0
Негативните мисли создаваат болест на умот, духот и телото: 10 индијански правила за спокоен живот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/negativnite-misli-sozdavaat-bolest-na-umot-duhot-i-teloto-10-indijanski-pravila-za-spokoen-zivot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/negativnite-misli-sozdavaat-bolest-na-umot-duhot-i-teloto-10-indijanski-pravila-za-spokoen-zivot/#respond Fri, 14 Dec 2018 10:18:09 +0000 https://kurir.mk/?p=140115

Овие 10 правила ќе ве инспирираат да размислите за својот живот и да го подобрите, но и да живеете поспокојно. 1. Бидете толерантни кон оние кои не се на истиот пат со вашиот. Незнаењето, лутењето и љубомората се само дел од изгубените души. Тие не се за вас. 2. Пронајдете се себеси. Не дозволувајте другите да управуваат со вашиот пат. Тоа е само ваш пат. 3. Бидете обзирни кон гостите во вашата куќа. Послужете им најдобра храна, понудете им најдобар кревет, бидете чесни и праведни кон нив. 4. Не земајте ништо што е ваше, од никаде. Не сте го заслужиле, ниту пак добиле тоа. 5. Станете со сонцето и помолете се. Молете се сами и често. Најдете мир во тоа. 6. Почитувајте го мислењето на другите, нивните желби и зборови. Никогаш не ги прекинувајте додека зборуваат, не замерувајте и не ги навредувајте. 7. Сите луѓе грешат. Секоја грешка може да биде простена. 8. Негативните мисли создаваат болест на умот, духот и телото. Вежбајте оптимизам. 9. Децата се иднината. Всадете љубов во нивните срца, водете ги со мудрост и учете ги за животот. 10. Секогаш бидете искрени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/negativnite-misli-sozdavaat-bolest-na-umot-duhot-i-teloto-10-indijanski-pravila-za-spokoen-zivot/feed/ 0
Индијански хороскоп: Ги открива и најситните детали за нашиот карактер https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/indijanski-horoskop-gi-otkriva-i-najsitnite-detali-za-nashiot-karakter/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/indijanski-horoskop-gi-otkriva-i-najsitnite-detali-za-nashiot-karakter/#respond Wed, 07 Feb 2018 14:42:49 +0000 http://kurir.mk/?p=19114

Индијанскиот хороскоп е еден од најстарите. Според него, секој од нас има животно кое е негов заштитник. Како и стандардниот хороскоп, и тој има 12 знаци. Гуска (22 декември – 21 јануари) Силните гуски се мирни, живеат во склад со природата и моралните вредности и остануваат верни на себе во текот на целиот живот. Тие се многу морални и одлучни личности, и најважни им се довербата и верноста. Можат да поднесат многу болка, но на нивното лице секогаш постои насмевка додека имаат вистинска љубов покрај себе. Видра (22 јануари – 18 февруари) Видрите се родени хуманитарци. Тие се топли, љубезни и милостиви. Не можат да поднесат кога луѓето патат и сакаат да им помогнат. Со својата милост можат да ги променат живототите на луѓето околу нив, но и лесно да направат некој да се заљуби во нив. Волк (19 февруари – 20 март) Многу независни личности со храбро срце. Тие се меѓу најпосветените, најдоверливите и најгрижливите личности. Многу интелигентни, но често и алчни. Или ќе ви веруваат целосно или ќе ве отфрлат од себе. Кај нив нема средина. Секогаш е сѐ или ништо. Сокол (21 март – 19 април) Соколите се личности кои се насочени кон иднината. Имаат отворено гледиште за животот и тешко да осудат некогаш некого за неговите сфаќања или начин на живот. Тие живеат многу слбоодно, но и заштитнички се настроени кон оние кои ги сакаат. Секогаш летаат високо, но со себе ги носат и тие што ги сакаат. Дабар (20 април – 20 мај) Овие личности се вредни сонувачи. Тие сакаат да ги градат нештата, без оглед на тоа дали станува за кариерата или пак туѓите пропаднати животи и соништа. Многу емпатија и нежност имаат во себе, но знаат да бидат и насилни ако некој им се заканува. Често поставуваат нови цели и принципи и сакаат да бидат креативци во животот. Елен (21 мај – 20 јуни) Родените во овој знак се многу затворени и интровертни. Тивки се и се држат на страна, дури и во своето друштво на луѓе кои добро ги познаваат. Знаат да бидат многу забавни, но често сакаат повеќе да поминуваат време во осаменост, а природата им е втор дом. Клукајдрвец (21 јуни – 21 јули) Клукајдрвците се одлучни, истрајни и полни со волја. Тие директно се движат кон целта, додека не постигнат успех. Нивната енергија е заразна и умеат да ги мотивираат другите. Не гледаат ништо освен целта во својот живот и не се смируваат додека соништата не им се исполнат како што замислиле. Лосос (22 јули – 22 август) Луѓето родени во овој знак пливаат против струите. Тие се родени бунтовници и секогаш се борат против неправдите. Го гледаат светот поинаку од другите и ги рушат сите трендови. Тие се тврдоглави личности кои живеат на импресивен начин. Сакаат со сета своја енергија. Мечка (23 август – 22 септември) Овие луѓе се страствени и лојални. Многу се заштитнички настроени, но не и посесивни. Нежни се кон оние кои ги пуштаат во својот живот, но умеат и да ги растргнат на парчиња оние кои ќе ги повредат своите сакани. Иако се смирени и топли, умеат да направат пекол од оние кои се бунат против нивниот авторитет. Гавран (23 септември – 22 октомври) Тивки, внимателни и таинствени по природа, гавраните знаат да бидат многу драги личности. Нивното гледање на светот сепак е многу мрачно. Обично не сакаат да ги повредат другите, но нивната комплицирана личност не е за секого. Мистериозни се по природа, многу затворени додека не најдат личност пред која ќе се отворат. Змија (23 октомври – 21 ноември) Змиите се многу инстинктивни и мистериозни по природа. Имаат емпатија во себе, но нивните чувства се цврсто заклучени. Умеат да се стават во туѓа кожа и да го видат светот низ туѓи очи. Тие се меѓу ретките кои сакаат да разбираат, отколку да критикуваат. Тие се вистинско богатство. Був (22 ноември – 21 декември) Овие личности се меѓу најмудрите и најталентираните личности на светот. Умеат да ги искористат своите шанси и да го извлечат најдоброто од светот. Таму каде другите гледаат мрак, тие гледаат нова шанса.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/indijanski-horoskop-gi-otkriva-i-najsitnite-detali-za-nashiot-karakter/feed/ 0