индиски сој – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 06 Jul 2021 11:48:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png индиски сој – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Има 43 години и се вратил од Англија – детали за случајот со велешанецот кој има Делта сој на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ima-43-godini-i-se-vratil-od-anglija-detali-za-sluchajot-so-veleshanecot-koj-ima-delta-soj-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ima-43-godini-i-se-vratil-od-anglija-detali-za-sluchajot-so-veleshanecot-koj-ima-delta-soj-na-koronavirus/#respond Tue, 06 Jul 2021 11:45:17 +0000 https://kurir.mk/?p=532792

Четириесет и тригодишниот пациент од Велес, кај кого е регистриран делта сојот на ковид-19, се вратил од Англија пред две недели. Лицето е хоспитализирано на Инфективното одделение во болницата во Велес, пренесе СДК.МК. „Лицето е вратено од Англија пред две недели, а хоспитализиран е седум дена на Инфективното одделение. Пациентот е со полесна клиничка слика и не е на кислородна поддршка“,  рече д-р Елеонора Јованова, портпаролка на Болницата. Министерот за здравство Венко Филипче утрово кажа дека кај пациент од Велес е регистриран индискиот (делта) сој на коронавирусот, и со тоа, во земјава досега со делта сојот се заразени 4 пациенти, а за уште четворица се чекаат резултатите. Лицата немаат примено вакцина против ковид-19, додаде тој. 43-годишникот е единствен пациент кој е хоспитализиран како позитивен на велешкото Инфективно одделение. Во Велес има уште еден активен случај на ковид-19, според податоците на Институтот за јавно здравје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ima-43-godini-i-se-vratil-od-anglija-detali-za-sluchajot-so-veleshanecot-koj-ima-delta-soj-na-koronavirus/feed/ 0
Состојбата на двајцата пациенти заболени од индискиот сој е добра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sostojbata-na-dvajcata-pacienti-zaboleni-od-indiskiot-soj-e-dobra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sostojbata-na-dvajcata-pacienti-zaboleni-od-indiskiot-soj-e-dobra/#respond Wed, 23 Jun 2021 13:25:07 +0000 https://kurir.mk/?p=527087

Состојбата на двајцата пациенти заболени од индискиот сој на вирусот е добра, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој рече дека сè уште во светот нема точни и прецизни информации како може да влијае индискиот сој, но се покажало дека 95 отсто од вакцинираните, кои се заразиле од него, имале лесна клиничка слика. – Тие кои имаат имунитет и заболуваат од овој сој на вирусот, имаа лесна форма на болеста. Во таа смисла, нема потреба од некакви рестриктивни мерки, но будно ја следиме состојбата, вели Филипче. Министерот за здравство појасни дека за да се постигне колективен имунитет потребно е да се вакцинирани 60 до 70 проценти од населението. Во пресметката не се внесуваат оние 150 илјади граѓани кои го прележале вирусот оти не се знае дали некои од тие се вакцинирани, ниту пак колкав е точно нивниот број. – Докажано е дека имунитетот којшто се развива како резултат на вакцинацијата, е подолготраен. Не можеме точно да претпоставиме колкав е вкупниот број на луѓе што прележале заради тоа што има прилично голем број на луѓе коишто прележаа асимптоматски. Во однос на вкупниот број потврдени случаи близу 150 илјади, тој се движи помеѓу три и седум пати повеќе, што значи дека има една сериозна бројка, не само кај нас туку насекаде, коишто асимптоматски ја прележале болеста и веројатно развиле одреден степен на имунитет. Но, колективниот имунитет го сметаме само врз основа на луѓето коишто се вакцинирани, појасни Филипче. Тој рече дека е можно индискиот сој да ја смени епидемиолошката слика, но, потенцира дека вакцинираните, коишто евентуално би заболеле од него, нема да има тежок облик на болеста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sostojbata-na-dvajcata-pacienti-zaboleni-od-indiskiot-soj-e-dobra/feed/ 0
Лисабон: Над 60 отсто од новите случаи на Ковид-19 се од индискиот сој https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lisabon-nad-60-otsto-od-novite-sluchai-na-kovid-19-se-od-indiskiot-soj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lisabon-nad-60-otsto-od-novite-sluchai-na-kovid-19-se-od-indiskiot-soj/#respond Mon, 21 Jun 2021 06:23:09 +0000 https://kurir.mk/?p=525908

Повеќе од 60 проценти од новите случаи на коронавирус во главниот град на Португалија, Лисабон, се должат на варијантата Делта, што за првпат е откриена во Индија, јави ДПА, повикувајќи се на Националниот здравствен институт. Поради стравувањата од зголемување на заразените со тој сој, Лисабон од петокот е во блокада, што ќе заврши утрово. За време на периодот на заклучување, на 2,8 милиони луѓе кои живееја во градот им беше дозволено да ги напуштат своите домови само поради итни причини. Влегување во главниот град е дозволено само во посебни околности. Во зависност од ситуацијата, властите ќе одлучат дали да воведат ваква блокада на крајот на следната недела – од 25 до 28 јуни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lisabon-nad-60-otsto-od-novite-sluchai-na-kovid-19-se-od-indiskiot-soj/feed/ 0
Втор случај на индиски сој во државата, за влез во Грција доволен е и брз тест https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtor-sluchaj-na-indiski-soj-vo-drzavata-za-vlez-vo-grcija-dovolen-e-i-brz-test/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtor-sluchaj-na-indiski-soj-vo-drzavata-za-vlez-vo-grcija-dovolen-e-i-brz-test/#respond Sun, 20 Jun 2021 07:10:53 +0000 https://kurir.mk/?p=525559

Уште еден пациент со индиски сој на вирусот Ковид-19 е регистриран во државата. Во меѓувреме, македонските државјани вчера масовно заминаа за вакцинирање во Србија, а на сила стапија и новите правила за патување во Грција, кои дозволуваат да се патува и со негативен рапид (брз) тест. Индискиот сој на вирусот Ковид-19 е регистриран кај пациентот кој бил на работа во Ирак – колега со првооткриениот случај со овој мутиран сој во државата. Пациентот не е во ризик, неговата состојба е под контрола. Министерот за здравство Венко Филипче вчера напомена дека епидемиолошките анкети кои се правени покажале дека не постои ризик, а со тоа и некаква потреба од некакви дополнителни мерки. Тој уште еднаш потенцираше дека сите вакцини штитат од тешка форма на болеста или од смртен исход дури и од таква мутирана форма на вирусот. -Стравување од индискиот сој или таква некоја евентуална нова форма на мутација која што може да биде позаразна од сегашните постои насекаде. Но, битно е дека сите вакцини штитат од тешка форма на болеста или од смртен исход дури и од таква мутирана форма на вирусот. Кон крајот на месецов во С.Македонија ќе пристигнат поголеми количини на вакцини, рече Филипче. Инаку, на 28 јуни се очекуваат нови 100 илјади вакцини на „Фајзер“ преку КОВАКС-механизмот, а на 27 и 30 јуни треба да пристигнат 500 илјади вакцини на „Синовак“. Министерот ги повика граѓаните од повозрасна категорија кои се пријавени а уште не се вакцинирани, да аплицираат повторно преку матичните лекари во системот „Мој термин“ за да се коригираат овие пропусти. Во меѓувреме, македонските државјани вчера масовно заминаа за Србија на вакцинирање. Во Белград и Ниш и вчера и денеска се ревакцинираат најголемиот број од околу 15.000 македонски државјани кои кон крајот на март ја примија првата доза на вакцината „Астра Зенека“. Дописникот на МИА од Белград јави дека од вчера наутро на Белградскиот саем, во салите 3 и 11 од 8 часот почна ревакцинацијата за македонските државјани и останатите странски граѓани. На Белградскиот саем денеска треба да се ревакцинираат 5.000 странски државјани. Македонските државјани и вчера и денеска се ревакцинираат и во Ниш, во салата Чаир, а термин за повторна вакцинација имаат 5.700 македонски граѓани кои во март во Ниш ја примија „Астра Зенека“, кога вакцинирањето беше организирано преку Регионалната стопанска комора. Според директорот на Здравствениот дом во Ниш, Милорад Јеркан, сите кои во Ниш ја примиле првата доза ќе можат да ја примат и втората доза. Инаку, согласно новите правила во Грција, македонските државјани ќе можат да патуваат во оваа земја и со негативен антигенски рапид (брз) тест направен 48 часа пред пристигнувањето, јави вчера дописничката на МИА од Атина. Исто така, деца до 12-годишна возраст нема потреба да имаат негативен тест, а постари од 12 години треба да поседуваат брз или ПЦР тест. Освен двете промени, останатите правила се исти како и претходно и ќе бидат во сила до 26 јуни оваа година. За патување кај јужниот сосед задолжителен е документ поврзан со Ковид-19, односно или сертификат за вакцинација, 14 дена по примената втора доза, или негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид (брз) тест до 48 часа пред пристигнувањето во Грција или потврда за прележан коронавирус, како и пополнет PLF формуларот. Кон Северна Македонија отворен е само граничниот премин Евзони (Богородица) со работно време од 7 до 23 часот по локално, односно од 6 до 22 часот по македонско време. Со оглед на тоа што Грција, веќе го воведе дигиталниот Ковид сертификат, додадена е и оваа можност како алтернатива, односно туристите можат да влезат во земјата со ваков сертификат во дигитална или печатена форма, кој треба да ги содржи податоците во врска со вакцинацијата или резултатот од последната проверка со употреба на брзи антигени тестови или ПЦР тест или потврда за прележан Ковид-19. Дополнително, за патување, задолжителен е и електронскиот формулар PLF (Passenger Locator Form), кој треба да биде пополнет преку интернет страницата https://travel.gov.gr пред поаѓањето, по што се добива потврда со QR-код и се смета за неопходен документ за влез во Грција. За прекршување на законските мерки и обврски, предвидени се парични казни од 500 и 5.000 евра. Што се однесува до бројот на новозаболените од Ковид-19, вчера во земјава беа регистрирани четири нови случаи, од направени 3.074 тестирања. Едно лице почина, а оздравени се 68 пациенти. Четирите нови случаи со Ковид-19 се од Скопје, Прилеп, Тетово и Кочани. Досега во земјата се направени вкупно 851.408 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.616. Бројката на оздравени пациенти е 149.790, на починати е 5.475, а на активни случаи изнесува 351.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtor-sluchaj-na-indiski-soj-vo-drzavata-za-vlez-vo-grcija-dovolen-e-i-brz-test/feed/ 0
Втор случај на заболен со индискиот сој на коронавирус во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtor-sluchaj-na-zabolen-so-indiskiot-soj-na-koronavirus-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtor-sluchaj-na-zabolen-so-indiskiot-soj-na-koronavirus-vo-makedonija/#respond Sat, 19 Jun 2021 13:56:33 +0000 https://kurir.mk/?p=525452

Евидентиран е уште еден пациент заболен од индискиот сој на коронавирус, потврди денеска министерот за здравство Венко Филипче. Досега во Македонија се регистрирани само двајца граѓани кои се заразиле со индиската мутација. Првиот заболен беше откриен во јуни, а претходно престојувал во Ирак. -Пред два дена имавме состанок во рамките на Берлинскиот процес со германскиот министер за здравство и сите министри од регионот од Западен Балкан. Стравување од индискиот сој или некоја нова форма на мутација која може да виде позаразна од сегашните актуелни постои насекаде. Но, битно е дека сите вакцини штитат од тешка форма на бoлеста или од смртен исход, дури и од таква мутирана форма на вирусот. Досега епидемиолошките анкети кои се направени покажаа дека некаков ризик, а со тоа и дополнителни мерки не треба да се прават, рече министерот Филипче денес во Битола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtor-sluchaj-na-zabolen-so-indiskiot-soj-na-koronavirus-vo-makedonija/feed/ 0
Британските лекари го идентификуваа индискиот сој на новиот коронавирус како најопасен и заразен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskite-lekari-go-identifikuvaa-indiskiot-soj-na-noviot-koronavirus-kako-najopasen-i-zarazen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskite-lekari-go-identifikuvaa-indiskiot-soj-na-noviot-koronavirus-kako-najopasen-i-zarazen/#respond Fri, 18 Jun 2021 08:54:33 +0000 https://kurir.mk/?p=525059

Британските лекари го идентификуваа индискиот сој на новиот коронавирус како најопасен и заразен, покажува студијата објавена во „Лансет“. Специјалисти анализираа случаи на пациенти во Шкотска помеѓу 1 април и 28 мај оваа година. Кај 99 отсто од нив е извршен целосен преглед на текот на болеста. За време на разгледуваниот период, регистрирани се 19.543 потврдени случаи на вирусот. Врз основа на добиените податоци, истражувачите заклучуваат дека ризикот од хоспитализација кај пациенти со индиски сој на Ковид-19 е двојно поголем отколку  британскиот. Лекарите исто така забележуваат дека ризикот од хоспитализација е значително поголем кај пациенти кои имаат пет или повеќе други заболувања. Истражувањата покажуваат дека вакцинацијата е сигурен начин да се намали ризикот од инфекција, иако Астра Зенека и Фајзер се помалку ефикасни против индиската верзија отколку британскиот сој. Сепак, лекарите наведуваат дека немаат доволно податоци за хоспитализирани пациенти со новиот коронавирус за да ги споредат вакцините.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskite-lekari-go-identifikuvaa-indiskiot-soj-na-noviot-koronavirus-kako-najopasen-i-zarazen/feed/ 0
Потврден прв случај на индискиот сој во Македонија, за вакцина по избор и без закажаување македонските државјани одат во Србија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potvrden-prv-sluchaj-na-indiskiot-soj-vo-makedonija-za-vakcina-po-izbor-i-bez-zakazauvanje-makedonskite-drzavjani-odat-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potvrden-prv-sluchaj-na-indiskiot-soj-vo-makedonija-za-vakcina-po-izbor-i-bez-zakazauvanje-makedonskite-drzavjani-odat-vo-srbija/#respond Tue, 08 Jun 2021 06:02:25 +0000 https://kurir.mk/?p=520282

Опаѓа бројот на заболени и починати од Ковид-19, во земјава детектиран прв случај на „индискиот“ сој Продолжува да се намалува бројот на новозаболени и починати од Ковид-19. Во текот на вчерашниот ден беше регистриран само еден нов случај на заболен, поточно од Куманово. Минатата недела во државата беше детектиран и „индиски“ сој на вирусот, и тоа кај еден пациент хоспитализиран во приватна болница, кој претходно бил во Ирак. Според извештајот на Министерството за здравство, вчера беа направени 1.375 тестирања, а регистриран е еден нов случај на Ковид-19 од Куманово. Вкупно се регистрирани 204 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени 815.893 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 155.418. Оздравени пациенти се 149.496, а починале вкупно 5.458. Бројот на активни случаи изнесува 464. Во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 126 ковид пациенти, и има околу 500 слободни кревети во ковид центрите. Што се однесува до главниот град, таму вчера беа хоспитализирани двајца нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 51 лице сомнително и потврдено за Ковид 19 се лекува на инфективните одделенија во главниот град, а во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 75 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. – Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало еден примен пациенти и еден нови заболен е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома е пуштен еден оздравен пациент, се наведува во извештајот на Министерството за здравство. Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 31 мај до 6 јуни тестирани се вкупно 19.672 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 9,1 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 155 нови позитивни случаи од 21 град во државата со намалување од 29,5 отсто во однос на минатата недела. Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка. Министерството за здравство вчера соопшти дека има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени. Инаку, минатата недела кај еден пациент кој е хоспитализиран во приватна болница, е детектирано присуство на „индиски“ сој на вирусот СарсКов2. Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пациентот се вратил од Ирак, каде претходно десет дена бил болен и хоспитализиран. Кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата. Надлежните соопштија дека состојбата на пациентот е стабилна и овој пациент не е знак за ризик. Министерот за здравство Венко Филипче вчера на Фејсбук повторно апелираше до сите граѓани кои досега не се пријавиле за вакцинација да го сторат тоа што поскоро. Филипче синоќа на Фејсбук објави дека пристигнале дополнителни 12.870 дози од производителот Фајзер обезбедени преку директните преговори со производителот и преку ЕУ која ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe). Според најавите државава треба да добие 30.000 вакцини „Синовак“ од Турција, а се очекува неделава да пристигнат и 500.000 дози од овој производител. Вакцинацијата против Ковид-19 во државава започна на 17 февруари. Заклучно со 6 јуни аплицирани се: 60.526 дози на „Фајзер/Бионтек“ (43.441 со прва доза и 17.085 со втора доза), 45.168 дози на „Спутник В“ (22.875 со прва доза и 22.293 со втора доза), 32.875 дози на „Астра Зенека“ (32.843 со прва доза и 32 со втора доза) и 251.705 дози „Синофарм“ (147.998 со прва доза и 103.707 со втора доза).До завчера во државава вакцинирани се вкупно 247.157 лица со барем една доза на вакцина против Ковид-19. Комплетно се вакцинирани вкупно 143.117 лица. Во меѓувреме, македонските граѓани одат да се вакцинираат и во соседна Србија. Во Врање досега се вакцинирани вкупно 2.032 Македонци, а без закажување е можно вакцинирање и во Ниш и Нови Сад. Како што јави дописникот на МИА од Белград, според последните податоци на Градскиот штаб за вонредни состојби во Врање за време на викендот вакцинирани се 927 граѓани на Република Северна Македонија. Од ПР службата на Здравствениот дом во Врање соопштија дека досега во овој град со првата доза се вакцинирани 2.032 граѓани на Северна Македонија. Македонските државјани можат да се вакцинираат и на главниот пункт за вакцинација во Врање, во Спортската сала, без претходно закажување и претходно подготвени списоци. Од Здравствениот дом во Ниш за МИА изјавија дека и во овој град македонските државјани можат да се вакцинираат без закажување преку е-Управа.Покрај граѓаните на Србија, македонските граѓани и граѓаните на БиХ, можат да се вакцинираат и во Нови Сад без покана од е-управа. Достапни се вакцините на Синофарм, АстраЗенека и Фајзер, додека „Спутник В“ се дава само на граѓаните кои добиле покана од е- Управа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potvrden-prv-sluchaj-na-indiskiot-soj-vo-makedonija-za-vakcina-po-izbor-i-bez-zakazauvanje-makedonskite-drzavjani-odat-vo-srbija/feed/ 0
Опасната индиска мутација на коронавирусот пристигна во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opasnata-indiska-mutacija-na-koronavirusot-pristigna-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opasnata-indiska-mutacija-na-koronavirusot-pristigna-vo-makedonija/#respond Mon, 07 Jun 2021 18:57:06 +0000 https://kurir.mk/?p=520236

Опасниот и позаразен индиски сој на Ковид-19 стигна и во Македонија. Мутацијата минатата недела била откриена кај пациент кој е хоспитализиран во приватна болница. Тој се вратил од Ирак каде што 10 дена бил болен. Кога стигнал во земјата веднаш со санитетско возило го транспортирале на болничко лекување, соопштија од Министерството за здравство. Индиската варијанта на вирусот е речиси 40 проценти позаразна од британската и како што велат инфектолозите, повеќе е загрижувачка за ранливата популација. Масовната вакцинација може да спречи повторна експанзија на вирусот, но експертите предупредуваат дека тоа не значи граѓаните да се опуштат. -Дали ќе дојде до ширење и експанзија зависи од процентот на вакцинирани. Колку е поголем тој процент толку е помала шансата да дојде до експанзија на вирусот како што беше со британскиот сој и воведување на карантински мерки. Лицата кои се вакцинирани со две дози имаат делумен имунитет и од оовј сој и според некои студии дури 80 проценти од нив ќе бидат заштитени од потешки форми, вели Д-р. Маја Дуганова раководител на инфективно одделение во ГОБ 8-ми септември, пренесува Сител. Во 8-ми Септември во моментот имаат 27 пациенти со Ковид-19 и велат дека состојбата е драстично подобрена во споредба од пред два месеци кога само дневно имаа над 250 прегледи. -Ние се уште имаме пациенти на Интензивна и во Инфективното одделение, меѓутоа бројот е драстично намален и јас сум оптимист дека ќе се задржи оваа состојба, вели Дуганова. Иако индиската мутација е присутна во земјата тоа нема да ги смени рестрикциите кои се на сила. Актуелните мерки ќе важат до 15-ти јуни одлучиле утринава на Главниот координативен кризен штаб по предлог на Министерот за здравство. Дали по 15-ти ќе биде укинат полицискиот час ќе зависи од епидемиолошката состојба. Во моментот активни случаи на вирусот има помалку од 700-тини а на болничко лекување се 126 болни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opasnata-indiska-mutacija-na-koronavirusot-pristigna-vo-makedonija/feed/ 0
Во каква здравствена состојба е заразениот со индиски сој на коронавирус кој се лекува во Скопје? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-kakva-zdravstvena-sostojba-e-zarazeniot-so-indiski-soj-na-koronavirus-koj-se-lekuva-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-kakva-zdravstvena-sostojba-e-zarazeniot-so-indiski-soj-na-koronavirus-koj-se-lekuva-vo-skopje/#respond Mon, 07 Jun 2021 14:15:29 +0000 https://kurir.mk/?p=520138

Заболениот од индискиот сој на ковид-19, кој се лекува во приватна болница во Скопје, е во добра состојба, дознава Плусинфо. Тој е во добра општа состојба и не прима специфична терапија. Инаку утринава министерството за здравство информираше дека кај еден пациент кој е хоспитализиран во приватна болница минатата недела е детектирано присуство на индиски сој на вирусот СарсКов2. -Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пациентот се вратил од Ирак, каде претходно 10 дена бил болен и хоспитализиран, кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата. Состојбата на пациентот е стабилна и овој пациент не е знак за ризик, соопштија од МЗ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-kakva-zdravstvena-sostojba-e-zarazeniot-so-indiski-soj-na-koronavirus-koj-se-lekuva-vo-skopje/feed/ 0
„Индискиот“ сој на коронавирус детектиран во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/indiskiot-soj-na-koronavirus-detektiran-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/indiskiot-soj-na-koronavirus-detektiran-vo-makedonija/#respond Mon, 07 Jun 2021 09:21:18 +0000 https://kurir.mk/?p=519991

Минатата недела кај еден пациент кој е хоспитализиран во приватна болница, е детектирано присуство на „индиски“ сој на вирусот СарсКов2, соопшти денеска Министерството за здравство. Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пациентот се вратил од Ирак, каде претходно 10 дена бил болен и хоспитализиран. -Кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата. Состојбата на пациентот е стабилна и овој пациент не е знак за ризик, информираат од Министерството. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/indiskiot-soj-na-koronavirus-detektiran-vo-makedonija/feed/ 0