инфекции – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Apr 2023 10:17:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png инфекции – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Предупредување: Мумиите се можен извор на смртоносни габични инфекции https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/predupreduvane-mumiite-se-mozhen-izvor-na-smrtonosni-gabichni-infektsii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/predupreduvane-mumiite-se-mozhen-izvor-na-smrtonosni-gabichni-infektsii/#respond Tue, 04 Apr 2023 10:17:35 +0000 https://kurir.mk/?p=819982

Мексиканскиот национален институт за антропологија и историја предупреди дека мумиите што се изложени во Мексико Сити и често се движат на тури низ земјата, може да претставуваат закана за здравјето на луѓето. Позната како „Мумиите на Гуанхуато“, изложбата што 2009 година е претставена и во САД, неодамна, во Мексико Сити, каде што биле изложени шест мумии во стаклени куќишта, поттикна загриженост кај стручњаците, особено имајќи предвид дека не се знае дали тие стаклени кутии се херметички затворени и доволно безбедни. Институтот соопшти дека можна појава на габи на таква „патувачка изложба“ предизвикува загриженост за болести поради начинот на којшто се управува со мумиите, при претставувањето во јавноста. „Уште повознемирувачко е што тие сè уште се изложени без никакви заштитни мерки за јавноста од биолошки опасности. Од некои од објавените фотографии, барем еден од изложените трупови, којшто Институтот го прегледал во ноември 2021 година, покажува знаци на пролиферација на можни габични појави“, се вели во соопштението Смртоносните габични инфекции кај мумија се ретки, но не и невообичаени. Според „ИФЛ Сајенс“ (IFL Science), 10 од 12 научници присутни на отворањето на гробот на кралот Казимир Четврти во Полска, 1970 година, починале неколку недели по настанот, веројатно од габична инфекција. „Сѐ тоа треба внимателно да се проучи за да се увиди дали има знаци на опасност за културното наследство, како и за оние кои се занимаваат со тоа и посетителите кои доаѓаат да ги видат“, предупредуваат од Институтот. Мумиите се дел од мексиканската култура уште од 1860-тите. Кога семејствата на починатиот не можеле да плаќаат давачки за погреб, телото било ексхумирано. Таквото зачувување на мртво тело, се покажало делотворно и доволно занимливо за љубопитните граѓани и посетители и кои биле подготвени и да платат да ги видат мумиите. Околу 1900 година, во поставеноста, некои тела биле намерно оставано со прекрстени раце над градите и отворени вилици, заради впечаток дека мумијата вреска, што сѐ уште предизвикува контроверзии. Според „Нејшнал џиографик“ (National Geographic), од 1969 година, експонатите се изложени во новиот Музеј на мумиите (Museo de las Momias) во Гуанхуато. „Тоа се само обични луѓе кои се содржат информации за периодот во којшто живееле. Оделе по овие улици, на стариот пазар... Тие не треба да бидат претставени како изроди“, нагласи Џералд Конлог, почесен професор по дијагностичка слика на Универзитетот Квинипијак во Хамден, Конектикат, САД. Во февруари 2022 година, беа почнати напори да се идентификуваат мумиите. (МИА) Фото: ЕПА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/predupreduvane-mumiite-se-mozhen-izvor-na-smrtonosni-gabichni-infektsii/feed/ 0
Нови податоци на СЗО: Намален бројот на смртни случаи од Ковид-19 во однос на минатата недела, се намалуваат и новите инфекции https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-podatoci-na-szo-namalen-brojot-na-smrtni-sluchai-od-kovid-19-vo-odnos-na-minatata-nedela-se-namaluvaat-i-novite-infekcii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-podatoci-na-szo-namalen-brojot-na-smrtni-sluchai-od-kovid-19-vo-odnos-na-minatata-nedela-se-namaluvaat-i-novite-infekcii/#respond Fri, 26 Aug 2022 09:51:37 +0000 https://kurir.mk/?p=724263

На глобално ниво, бројот на смртните случаи од Ковид-19 се намали за 15 отсто минатата недела, а на нови инфекции со коронавирус за девет проценти, покажаа податоците на Светската здравствена организација (СЗО). Од почетокот на пандемијата во светот евидентирани се вкупно над 596 милиони потврдени заразени и повеќе од 6,4 милиони смртни случаи поврзани со коронавирусот. Изминатата седмица регистрирани се над 5,2 милиони новозаразени, што е пад од девет проценти во однос на претходната. Бројот на смртните случаи е над 13.680, помалку за 15 отсто. Регионално, бројот на починати се зголеми за повеќе од 183 проценти во Африка, а доживеа пад за речиси една третина во САД. Но, СЗО предупреди дека податоците веројатно се сериозно потценети, бидејќи многу земји се откажаа од процедури за тестирање и надзор, што значи оти се откриваат помалку случаи. Доминантен вид на коронавирусот глобално, моментално е подваријантата на омикрон БА.5, што сочинува над 70 отсто од позитивните примероци, појасни агенцијата на Обединетите Нации со седиште во Женева. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-podatoci-na-szo-namalen-brojot-na-smrtni-sluchai-od-kovid-19-vo-odnos-na-minatata-nedela-se-namaluvaat-i-novite-infekcii/feed/ 0
Не сте ни свесни колку е опасно! Три причини зошто не е добро да седите во мокри костими за капење https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ne-ste-ni-svesni-kolku-e-opasno-tri-prichini-zoshto-ne-e-dobro-da-sedite-vo-mokri-kostimi-za-kapenje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ne-ste-ni-svesni-kolku-e-opasno-tri-prichini-zoshto-ne-e-dobro-da-sedite-vo-mokri-kostimi-za-kapenje/#respond Tue, 05 Jul 2022 07:28:19 +0000 https://kurir.mk/?p=700090

Доколку одите на одмор, во куферот дефинитивно треба да спакувате најмалку два костими за капење кои можете да ги носите наизменично. Иако менувањето на вашиот костим за капење на плажа е незгодно, ако го направите тоа многу би направиле за вашето здравје. Имено, седењето во влажен костим за капење никако не е лекарска препорака, па затоа треба да облечете сув костим за капење секогаш кога ќе излезете од вода. Носењето влажен костим за капење може да предизвика бројни проблеми кои воопшто не се безопасни. На одмор дефинитивно сакате да избегнете каков било здравствен проблем, па добро е да знаете какви се можни последици доколку подолго време останете на плажа во влажен костим за капење. Алиса Двек, гинеколог од Медицинскиот факултет Маунт Синај, вели дека габите и бактериите се развиваат во влажни и темни области, како што се костими за капење или облека за вежбање. Жените со ослабен имунолошки систем, кои имаат дијабетес или земаат одредени лекови, додека носат влажни костими за капење, се изложени на ризик да добијат инфекција. Поради овие три причини, не е добро да седите долго во влажен костим за капење: 1. Одличен супстрат за развој на бактерии Внатрешноста на костимот за капење е влажна и топла, што создава идеална област за бактерии. Материјалите за костими за капење апсорбираат различни хемикалии и бактерии кои се наоѓаат во базените или во морето. Откако ќе излезе од вода, половиот орган е во контакт со сите штетни материи кои остануваат во костимот. Ова го нарушува балансот на добрите бактерии во вагината и може да внесе штетни бактерии во уретрата и да предизвика разни болести како вагинитис и воспаление на уринарниот тракт. Симптоми на бактериски вагинитис: непријатен мирис, сивкаста боја на исцедок, чешање, оток и чувствителност. Симптоми на инфекција на уринарниот тракт: силна и постојана потреба за мокрење, чувство на печење при мокрење, болка во карлицата и заматена урина. Доколку имате симптоми на бактериски вагинитис, задолжително посетете лекар. Дотогаш пијте повеќе течности, особено сок од брусница, за кој е познато дека поволно делува на чистење на бактериите од уринарниот тракт и мочниот меур. 2. Габични инфекции Бидејќи габите напредуваат во топли и влажни подрачја, влажните носии може да предизвикаат бројни габични инфекции кај жените. Пролиферацијата на бактерии предизвикува раст на габични клетки во вагината или вулвата, што предизвикува непријатни симптоми како горење, чувствителност и грутчен исцедок. Симптоми: силно чешање во внатрешниот или надворешниот дел на вагината и бел исцедок како урда. Се препорачува да се земаат лекови во договор со лекар и да се користи крем против габи. 3. Чешање и осип Седењето во влажен костим за капење може да предизвика инфекција слична на атлетското стапало со ширење габи кои освен на гениталиите, можат да ги зафатат и внатрешните бедра и задникот. Инфекцијата е слична на габична инфекција, но разликата е во обликот на габата. Симптоми: чешање и осип на бутовите и пукнатини во пределот на гениталиите, црвенило и лупење на кожата каде што осипот е најцрвен во средината. Користете антигабичен крем или пудра за пределот на гениталиите и посетете лекар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ne-ste-ni-svesni-kolku-e-opasno-tri-prichini-zoshto-ne-e-dobro-da-sedite-vo-mokri-kostimi-za-kapenje/feed/ 0
ВАЖНИ СОВЕТИ: Како да се заштитите од инфекции при бањање во базен? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vazni-soveti-kako-da-se-zashtitite-od-infekcii-pri-banjanje-vo-bazen/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vazni-soveti-kako-da-se-zashtitite-od-infekcii-pri-banjanje-vo-bazen/#respond Fri, 03 Jun 2022 18:30:01 +0000 https://kurir.mk/?p=686391

Летните одмори почнуваат. Некој ќе ужива во море, друг во езеро. Но, доколку не сте заминале на некоја дестинација, а сакате да добиете потемен тен, сигурно базенот ви е решение за овој проблем. Сепак, како и при бањањето во море или езеро, така и базенот со себе носи ризик од инфекции. Токму поради тоа неопходно е да се послушаат советите на гинеколозите, за да не дојде до посериозен здравствен проблем. Решението е едноставно! По бањањето во базен, задолжително истуширајте се со чиста вода, земете со вас два пара костими за капење, па заменете го мокриот со сув. Дамите, по консулатција со гинеколог можат да користат вагинални пробиотици.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vazni-soveti-kako-da-se-zashtitite-od-infekcii-pri-banjanje-vo-bazen/feed/ 0
СЗО: Речиси 200 нови инфекции со мајмунски сипаници во повеќе од 20 земји https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-rechisi-200-novi-infekcii-so-majmunski-sipanici-vo-povekje-od-20-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-rechisi-200-novi-infekcii-so-majmunski-sipanici-vo-povekje-od-20-zemji/#respond Fri, 27 May 2022 15:58:32 +0000 https://kurir.mk/?p=682627

Речиси 200 нови случаи на мајмунски сипаници се пријавени во повеќе од 20 земји, каде главно нема епидемии на невообичаени болести, но епидемијата е под контрола, соопшти денеска Светската здравствена организација. СЗО предложи создавање резерви за еднаква дистрибуција на вакцини и достапни лекови низ целиот свет. Во соопштението се вели дека се уште има многу неодговорени прашања за тоа како настанала епидемијата, но нема докази дека некакви генетски промени во вирусот се одговорни за тоа. „Првата секвенца на вирусот покажува дека сојот не се разликува од соевите што можеме да ги најдеме во земјите каде што вирусот е ендемичен и епидемијата веројатно се должи на промена во однесувањето на луѓето“, се вели во извештајот. Претходно оваа недела, главниот советник на СЗО рече дека епидемијата во Европа, САД, Израел, Австралија и пошироко е веројатно поврзана со интимни односи на две забави во Шпанија и Белгија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-rechisi-200-novi-infekcii-so-majmunski-sipanici-vo-povekje-od-20-zemji/feed/ 0
Вашата крвна група кажува колку сте здрави – дознајте ги овие работи за себе https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vashata-krvna-grupa-kazuva-kolku-ste-zdravi-doznajte-gi-ovie-raboti-za-sebe/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vashata-krvna-grupa-kazuva-kolku-ste-zdravi-doznajte-gi-ovie-raboti-za-sebe/#respond Wed, 22 Sep 2021 20:47:59 +0000 https://kurir.mk/?p=567085

Отпорноста на телото на бактерии, инфекции и разни болести е одредена од многу фактори, вклучувајќи ја и крвната група. Носителите на одредени крвни групи имаат поголеми шанси да се справат со нападите врз нивното тело и во таа смисла, носителите на крвната група 0 го направија најдоброто. Имено, долгорочните студии покажаа дека крвната група 0 е најсилна меѓу сите крвни групи. Докажано е дека носителите на оваа крвна група се поотпорни и имаат помал ризик за развој на кардиоваскуларни заболувања, како и мозочни удари и срцеви удари, тие ретко страдаат од болести поврзани со меморијата, и докажано е дека можат да страдаат од рак на желудникот и панкреасот. Поради отпорноста на телото на болести, луѓето кои имаат крвна група 0, живеат најдолго во споредба со другите. Една од најважните причини е фактот дека крвната група 0 содржи помалку молекули кои предизвикуваат згрутчување на крвта, а мозочен удар и срцев удар се предизвикани од слаба коагулација на крв. Работите што се добри за срцето се добри и за мозокот, бидејќи многу од факторите на ризик кои предизвикуваат кардиоваскуларни заболувања се слични на ризиците од развој на ментална болест. Што се однесува до прашањето која крвна група е „најслаба“, тешко е конечно да се одреди, иако експертите велат дека тоа е група А, бидејќи носителите на оваа крвна група се најмалку отпорни на маларија. Затоа, можеме да кажеме дека крвната група А е послаба од другите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vashata-krvna-grupa-kazuva-kolku-ste-zdravi-doznajte-gi-ovie-raboti-za-sebe/feed/ 0
СЗО: Се очекува втор посмртоносен бран на коронавирус инфекции https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-se-ochekuva-vtor-posmrtonosen-bran-na-koronavirus-infekcii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-se-ochekuva-vtor-posmrtonosen-bran-na-koronavirus-infekcii/#respond Mon, 18 May 2020 05:58:04 +0000 https://kurir.mk/?p=347109

Европските земји мора да се подготват за смртоносен втор бран на коронавирус инфекции затоа што пандемијата не е завршена, рече во интервју за „Дејли телеграф“, д-р Ханс Клуге, директор на Светската здравствена организација во Европа. Клуге ги предупреди земјите што почнуваат да ги олеснуваат своите ограничувања, дека сега е „време да се подготват, а не да слават“. Претставникот на СЗО истакна дека тоа што бројот на случаи на Ковид-19 во земји како Велика Британија, Франција и Италија почнува да се намалува, не значи дека пандемијата завршува. Епицентарот на европскиот појава сега е на исток, при што бројот на случаи се зголемува во Русија, Украина, Белорусија и Казахстан, предупреди тој. – Државите треба да го искористат ова време мудро и да почнат да ги зајакнуваат системите за јавно здравје, како и да градат капацитети во болници, одделенија за итни случаи и интензивна нега. Сингапур и Јапонија сфатија рано дека ова не е време за славење, туку време за подготовка. Скандинавските земји го прават истото – тие не исклучуваат втор бран, но се надеваат дека тој ќе биде локализиран и тие ќе можат брзо да го надминат, изјави тој. Клуге предупреди дека вториот бран може да се совпадне со појава на други заразни болести. – Јас сум многу загрижен за можноста за двоен бран – наесен може да имаме втор бран на Ковид-19 и друг сезонски грип или сипаници. Пред две години имавме 500.000 деца кои немале своја прва вакцина против сипаници, додаде Клуге. – На почетокот на овој месец, на шпанското население му беше дозволено спортување надвор за првпат во седум недели, а рестораните во некои делови на Германија повторно се отворија. Во Франција, на луѓето повеќе нема да им требаат дозволи за патувања за да објаснат зошто си заминале од дома. Но, во отсуство на ефикасно лекување на вирусот или вакцина, според Клуге, секоја блокада мора да биде придружена со строги мерки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-se-ochekuva-vtor-posmrtonosen-bran-na-koronavirus-infekcii/feed/ 0
Од инфекции предизвикани од гризнување годишно умираат 55.000 лица https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/od-infekcii-predizvikani-od-griznuvanje-godishno-umiraat-55-000-lica/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/od-infekcii-predizvikani-od-griznuvanje-godishno-umiraat-55-000-lica/#respond Mon, 05 Feb 2018 20:31:05 +0000 http://kurir.mk/?p=18550

Секоја година милиони луѓе претрпуваат гризнување од куче, според податоците на Светската здравствена организација. Се проценува дека 55.000 луѓе годишно умираат од инфекции кои може да се спречат. Експертите предупредуваат дека при гризнувањето од кое било животно, најдобро е раната да ја прегледа доктор дури и во случај кога мислите дека се работи само за гребнатина. При гризнувањето важно е да се провери статусот на вакцина против тетанус, бидејќи во спротивно може да се развие тешка инфекција која бара интензивно лекување. Докторите проценуваат дали е потребна вакцинација против беснило. Стручните лица предупредуваат дека не треба да се потценуваат гризнатините кои изгледаат како површински повреди. Тешко може да се процени оштетувањето на ткивото без медицинско знаење.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/od-infekcii-predizvikani-od-griznuvanje-godishno-umiraat-55-000-lica/feed/ 0