инфлуенсери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Oct 2023 06:41:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png инфлуенсери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕК започнува анализа на деловните практики на инфлуенсерите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-zapochnuva-analiza-na-delovnite-praktiki-na-influenserite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-zapochnuva-analiza-na-delovnite-praktiki-na-influenserite/#respond Thu, 19 Oct 2023 06:41:55 +0000 https://kurir.mk/?p=890596

Европската комисија соопшти дека заедно со властите на земјите членки на ЕУ во рамки на Мрежата за заштита на потрошувачите, во следните недели ќе ги следи објавите на т.н. инфлуенсери на социјалните мрежи со цел да утврди дали тие со своите објави ги доведуваат потрошувачите во заблуда, јави дописникот на МИА од Брисел. Како што посочи ЕК, инфлуенсерите кои се вклучени во редовни комерцијални активности, како рекламирање производи или услуги на одредени марки на производители, согласно законодавството за потрошувачи на ЕУ, се сметаат за трговци и имаат обврска да ги објавуваат рекламите на транспарентен начин. Според проценките на ЕУ, маркетингот што го вршат инфлуенсерите во глобални рамки во 2023 година ќе оствари приход од 19,98 милијарди евра, со што се претвора во еден од столбовите на дигиталната економија. Целта на анализата е да се утврди дали има потреба за измени во законодавство за дигиталните пазари, со цел тие да станат побезбедни за потрошувачите. Според еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс, инфлуенсерите мора да ги почитуваат правилата за фер комерцијални практики, а нивните следбеници на социјалните мрежи имаат право на транспарентни и веродостојни информации. - Бизнисот на инфлуенсерите се развива и многу потрошувачи, пред се млади луѓе, па дури и деца, им веруваат на нивните препораки, истакна Рејндерс. Сепак, како што нагласи еврокомесарот, и за овој бизнис мора да важат законските обврски, па затоа ЕК ја лансираше платформа „Правен центар за инфлуенсери“ (ИЛХ), која ќе им овозможи на актерите во овој сектор да се запознаат со правилата на ЕУ. - Ги повикувам инфлуенсерите да играат по тие правила, додаде Рејндерс. На ИЛХ платформата инфлуенсерите и авторите на онлајн содржини можат да најдат информации за законодавството на ЕУ поврзано со фер комерцијалните практики, што би им помогнало да се прилагодат и да ги почитуваат правилата. Платформата нуди анимирани видео обуки и архива на регулативи, преку кои инфлуенсерите можат да ги дознаат нивните законски обврски, особено кога, каде и како треба да ги објават своите рекламни активности на социјалните медиуми, како и кои права ги имаат потрошувачите кога купуваат производи или услуги директно од нив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-zapochnuva-analiza-na-delovnite-praktiki-na-influenserite/feed/ 0
Британскиот парламент: Децата „инфлуенсери“ се соочуваат со бројни опасности https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-parlament-decata-influenseri-se-soochuvaat-so-brojni-opasnosti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-parlament-decata-influenseri-se-soochuvaat-so-brojni-opasnosti/#respond Thu, 12 May 2022 11:05:55 +0000 https://kurir.mk/?p=675619

Родители ги искористуваат своите деца „инфлуенсери“ за да заработат пари на интернет, а тоа има доживотни последици, предупредуваат членови на Британскиот парламент во неодамна објавен извештај. Комитетот за дигитални, културни, медиумски и спортски активности спроведе истражување за културата на „инфлуенсерството“ и откри примери на деца кои добивале закани за киднапирање, и претрпеле тормозење, што оставило последици врз нивното ментално здравје. Извештајот објавен во понеделникот заклучува дека „децата ‘инфлуенсери’ се изложени на опасност од експлоатација“ и дека има „неприфатливо ниски стапки на усогласеност со правилата за рекламирање“ на интернет-просторот. Британскиот Комитет откри и дека порастот на културата на „инфлуенсери“ поттикнува голем број регулаторни недостатоци – особено во однос на заштитата на децата, без разлика дали лицето е „инфлуенсер“ или само гледач. Затоа ја повикаа Владата да ги зајакне мерките за работни односи и регулативата за рекламирање. Во извештајот се наведува и загриженост дека „некои деца се искористуваат од родителите и членовите на семејството“ за да се заработат пари. - Како и кај другите ‘инфлуенсери’, комерцијализацијата на профилот кај успешните деца ‘инфлуенсери’ може да биде примарен извор на приход за семејството. Добро е познато дека славата на млада возраст може да има штетни последици врз развојот на детето. Ова не е доволно истражено, но сепак, постојат докази дека и славата на социјалните мрежи може да има сериозни психолошки последици, се вели во извештајот. Комитетот истакна уште една темна страна на културата на „инфлуенсерите“: - Објавувањето содржини за деца на интернет може да влијае на нивната приватност, што носи и безбедносни опасности. На пр., известувањето за настани на социјалните мрежи или објавувањето фотографии од сиропиталиште може да ја открие нивната местоположба. По објавувањето на извештајот на Комитетот, пратеникот Џулијан Најт истакна дека иако културата на ‘инфлуенсерството’ носи нови можности за креативни дејности, постои опасност овие засегнати лица и нивните следачи да бидат експлоатирани. – Децата гледачи главно сѐ уште ја развиваат дигиталната писменост и затоа ваквите содржини се особено опасни за нив, бидејќи не се свесни дека ова е средина во која не е сѐ онака како што изгледа, рече тој. Постои загриженост и околу недостатокот на делување против експлоатацијата, па се препорачува Владата итно да го реши прашањето за Законот за детскиот труд. – Запазувањето и заштитата на децата е приоритет, поради што тие (властите, з.п.) работат на решавање на проблемот, нагласи владиниот претставник. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-parlament-decata-influenseri-se-soochuvaat-so-brojni-opasnosti/feed/ 0
Кина им даде рок од 10 денa на инфлуенсерите да си ги платат даноците, во спротивно следуваат казни https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-im-dade-rok-od-10-dena-na-influenserite-da-si-gi-platat-danocite-vo-sprotivno-sleduvaat-kazni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-im-dade-rok-od-10-dena-na-influenserite-da-si-gi-platat-danocite-vo-sprotivno-sleduvaat-kazni/#respond Thu, 23 Dec 2021 06:56:00 +0000 https://kurir.mk/?p=611912

Кина им даде рок од 10 дена на своите интернет ѕвезди да ги платат даноците откако наметна голема казна за познат инфлуенсер. Во понеделникот, инфлуенсерката Виа, позната во Кина по нејзините ТВ видеа, беше прогласена за виновна за даночна измама и осудена да плати рекордни 1,3 милијарди јуани (181 милион евра). „Должност на секој граѓанин е да си ги плати даноците“, соопштија вчера од даночната управа. Тие додадоа дека на ѕвездите им дава рок до крајот на годината да пресметаат даноци и се заканија во спротивно со големи санкции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-im-dade-rok-od-10-dena-na-influenserite-da-si-gi-platat-danocite-vo-sprotivno-sleduvaat-kazni/feed/ 0
„Инфлуенсерите“ ќе си го наполнат ќесето- еве колку пари се одвојуваат за нив https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/influenserite-kje-si-go-napolnat-kjeseto-eve-kolku-pari-se-odvojuvaat-za-niv/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/influenserite-kje-si-go-napolnat-kjeseto-eve-kolku-pari-se-odvojuvaat-za-niv/#respond Sun, 01 Aug 2021 09:07:00 +0000 https://kurir.mk/?p=544647

Истражувачката и аналитичка куќа Инсајдер Интелиџенс (Insider Intelligence) ја објави својата анализа на пазарот за маркетинг во врска со рекламирањето на социјалните мрежи со користење на влијателни и познати луѓе, т.н. инфлуенсери. Според нивните податоци, оваа година, само во САД, маркетинг компаниите ќе инвестираат 3,69 милијарди долари преку инфлуенсери. Тоа ќе биде првпат оваа форма на рекламирање да инвестира над три милијарди долари во САД, а зголемувањето во однос на минатата година ќе изнесува над 33 проценти. Плаќањето на инфлуенсери за промоција на разни производи и услуги не е ново, а во последниве години бележи зголемено присуство ширум светот. Меѓутоа, индустријата на „инфлуенсери“ на социјалните мрежи минатата година порасна нешто побавно (за околу 14 проценти), бидејќи компаниите под влијание на пандемијата ги намалија своите буџети за оваа форма на промоција. Сепак, аналитичарите предвидуваат дека сето ова ќе биде компензирано оваа година и дека инфлуенсерите повторно ќе заработат добро од платената содржина што ја создаваат за своите клиенти. Следната година, за оваа форма на маркетинг во САД ќе бидат наменети повеќе од четири милијарди долари, а во 2023 година, речиси пет милијарди долари. Иако овие проценки важат за американскиот пазар, лесно е да се заклучи дека трендовите не се разликуваат на другите големи пазари, како што се Далечниот Исток или Европа. Инвестициите анализирани тука вклучуваат само плаќање на инфлуенсери за нивната содржина во готово, така што анализата не вклучува разни бесплатни производи, услуги, патувања и слични придобивки што влијателите редовно ги компензираат за нивните услуги. Годинешното зголемување на пазарот на инфлуенсери се припишува и на реактивирање на туристичката индустрија, бидејќи компаниите од туристичкиот сектор се традиционално големи инвеститори и често користат инфлуенсери за промоција. Кога станува збор за платформите, Инстаграм се уште е лидер со околу 50 проценти удел на пазарот, а потоа следат Јутјуб и Фејсбук. ТикТок е малку послаб во апсолутна смисла, но бележи високи стапки на раст. За споредба, американските компании ќе дадат 3,69 милијарди на инфлуенсери оваа година, и тие ќе инвестираат дури 58,66 милијарди долари во класичен маркетинг на социјалните мрежи – така што очигледно има простор за раст на приходите за влијателните лица. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/influenserite-kje-si-go-napolnat-kjeseto-eve-kolku-pari-se-odvojuvaat-za-niv/feed/ 0
Бесплатно патување: Се бараат 4.400 туристи, кои ќе го вратат животот на островот Бали https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/besplatno-patuvanje-se-baraat-4-400-turisti-koi-kje-go-vratat-zivotot-na-ostrovot-bali/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/besplatno-patuvanje-se-baraat-4-400-turisti-koi-kje-go-vratat-zivotot-na-ostrovot-bali/#respond Sat, 26 Sep 2020 13:08:15 +0000 https://kurir.mk/?p=408921

Индонезискиот остров Бали ќе нагажира 4.400 инфлуенсери за да го заживее туризмот погоден од пандемијата на коронавирусот. Инфлуенсерите ќе уживаат во бесплатното патување по Бали од октомври до ноември и своите искуства ќе ги објавуваат на социјалните мрежи во рамките на кампањата „Го сакаме Бали“, според соопштението на островскиот Оддел за туризам. Ковид-19 нанел тежок удар на економијата на Бали, на општествениот и здравствениот сектор, вклучително и на туризмот, наведува управата и додава дека околу 75.000 туристички работници останале без работа. Целта на компанијата е промоција на „Нова ера на туризмот“ во кои посетителите ќе мора да ги почитуваат здравствените препораки за носење маска, социјална дистанца и редовно миење на рацете, се наведува во соопштението. Бали при крајот на јули се отвори за туристите од останатите делови на Индонезија, а планот за отворање за странци на 11 септември пропадна поради порастот на новозаразени со коронавирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/besplatno-patuvanje-se-baraat-4-400-turisti-koi-kje-go-vratat-zivotot-na-ostrovot-bali/feed/ 0
Вртоглави цени: Еве колку заработуваат инфлуенсерите на социјалните мрежи https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vrtoglavi-ceni-eve-kolku-zarabotuvaat-influenserite-na-socijalnite-mrezi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vrtoglavi-ceni-eve-kolku-zarabotuvaat-influenserite-na-socijalnite-mrezi/#respond Mon, 18 Nov 2019 12:15:20 +0000 https://kurir.mk/?p=265403

Износот кој во последните неколку години преку социјалните мрежи го заработија инфлуенсерите е огромен. Една маркетинг компанија, ги открива просечните цени на спонзорираните фотографии на Инстаграм објавувајќи дека истата се зголемила со 134 долари во 2014 година на 1.642 долари оваа година. Се чини дека брендовите се подготвени добро да ги плаќаат спонзорираните постови, видео снимки, стории и блогови. Сепак, еден познавач на оваа област тврди дека ваквиот тренд нема да претставува крај на традиционалното огласување. -Дигиталниот маркетинг е еквивалент на усниот, но секогаш постои комбинација измеѓу овој вид и традиционалното огласување, изјавил Јувал Бен-Итзак извршниот директор на платформата Socialbakers која се занимава со маркетинг на социјалните мрежи. Извештајот опфатил спонзорирани содржини на Фејсбук, ЈуТјуб, Инстаграм и блоговите истражувајќи ги договорените цени од 2014-2019 година. -Просечната цена за спонзорирани Инстаграм фотографии се зголемила за 44% само од 2018 до 2019 година -Цена на спонзориран пост на блог од 7,39 долари во 2006 година, се зголемила на 1.442 долари во 2019 година. -ЈуТјуб видеата се најскапи и бележат раст од 420 долари во 2014 година, на 6.700 долари оваа година -Цената на Фејсбук статус се зголемила од осум долари во 2014 година на 395 долари во 2019 долари -Цената на Твитер е од 29 долари во 2014 година на 422 долари годинава -Објавите на блоговите од 407 долари се зголемиле на 1.442 долари Со оглед на фактот дека се поголем број луѓе сакаат да станат инфлуенсери на социјалните мрежи, индустријата доби поголема контрола на објавите од регулатроните органи. Минатиот месец тројца инфлуенсери објавиле на Инстаграм содржина поврзана со производи за слабеење коо подоцна се забранети, наведено е дека се „неодговорни“. Истражувањето вели дека спонзорираните инфлуенсер објави од минатата година пораснале за 150 проценти и дека употребата на хаштаг #ad е зголемена повеќе од двојно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vrtoglavi-ceni-eve-kolku-zarabotuvaat-influenserite-na-socijalnite-mrezi/feed/ 0